» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
И главната зграда на МЕПСО со класицистичка фасада

Само неколку денови по распишаниот оглас за обнова на фасадите на „Сити Галери“ и „Метропол“ од страна на Град Скопје, Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денес објави конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадата на објектот, во кој е сместена дирекцијата на оваа државна компанија во строгиот центар на Скопје, веднаш до зградата на Телеком. Во објавените критериуми од огласот е наведено дека новиот изглед на објектот треба да се изведе во стилот на класицизмот, архаичен архитектонски правец кој е обележје на голем дел од зданијата предвидени со проектот „Скопје 2014“.

 

Критериумите по кој ќе се избере најдоброто решение се противречни едни со други. Покрај класицистичката фасада, МЕПСО од заинтересираните субјекти за учество на конкурсот бара да бидат оригинални во своите идејни решенија и да се инвентивни во пристапот на обликување. Новиот надворешен изглед на зградата ќе треба да ги задоволи сите прописи и нормативни акти за проектирање и реконструкција на фасадите, целосно да ги почитува програмските барања, а решението треба да биде економично, изводливо и одржливо. Предвидено е доделување на 3 награди (прва награда во висина од 500.000 денари, втора награда во висина од 200.000 денари и трета награда во висина од 100.000 денари). Крајниот рок за доставување на трудовите е 18 април. Одговорните од МЕПСО засега не излегуваат со проценка колку ќе чини обновувањето на фасадата на овој административен објект.

 

Дирекцијата на МЕПСОДирекцијата на МЕПСО

Тагови: , , , , , , ,



Поврзани вести

30.01.2015 Новиот театар „Центар“ би се изградил за три и пол години
30.01.2015 Ќе се гради нова полициска станица во Ѓорче Петров
30.01.2015 И пристапна улица за плоштадот „ВМРО“
29.01.2015 „Метропол“ ќе порасне на осум ката и ќе добие купола
29.01.2015 СДСМ: Проектот „Скопје 2014“ чини 584 милиони евра
29.01.2015 Се создаваат услови за реализација на плоштадот „ВМРО“
28.01.2015 Никој не е заинтересиран за изградба на трамвајот во Скопје
28.01.2015 „Барокен“ деловен објект ќе се гради кај спортскиот центар „Кале“
28.01.2015 Избран изгледот на новите плажи долж Охридското езеро
26.01.2015 Распишан тендер за ентериерно уредување на палатата „Панко Брашнаров“



Doka ги подига параметрите за квалитет на глобалното градежништво

Што е заедничко за Бурџ Калифа како највисока зграда на светот и тунелот Готхард како еден од трите најдолги тунели на планетата? Одговорот може да се најде во употребата на оплатни системи со највисок квалитет на австриската групација Doka. Уште од 1958 година, компанијата …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе