» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Поставени сите десет АСНОМ-ци спроти Собранието

Привршува монтажата на спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ во паркот „Жена борец“ во Скопје. Композицијата е составена од десет бронзени скулптури на делегати на заседанието, од кои три се претставени во седечка позиција, со висина од 3,2 метри и седум во стоечка позиција со висина од 4 метри. Во стоечка позиција се претставени Панко Брашнаров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Тихомир Милошевски, Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров и Веселинка Малинска, а во седечка Бане Андреев, Методија Андонов – Ченто и Михајло Апостолски.

 

Скулптурите се поставени на правоаголен постамент кој го изведе градежната компанија „Конструктор инженеринг“. Постаментот е висок 1,9 метри, обложен е со травертин и украсен е со 10 релјефи во бронза со вкупна површина од 21,6 метри квадратни. Скулптурите и релјефите ги излеа италијанската леарница „Фердинандо Маринели“. За изработка на споменикот се потрошени 1,9 милиони евра.

 

Автор на спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ е Слободан Милошевски. Негови други дела се скулптура на муза за фасадата на Стариот театар, скулптури на маж и жена во галичка носија за објектот на МНР и скулптури на Ристо Шишков и Живко Чинго за Мостот на уметноста.

 

 

Споменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМ

Споменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМСпоменик АСНОМ

Тагови: , , , , , , ,



Поврзани вести

28.08.2015 „Градска куќа“ без кров, прозорци и врати
26.08.2015 Булеварот „Партизански одреди“ ќе се проширува
26.08.2015 Продолжуваат сплетките со ДУП-от за населбата Карпош 4
25.08.2015 Велосипедистите бараат слободно да се движат по Кејот на Вардар
24.08.2015 Легализацијата на дивоградбите се дави во проблеми
21.08.2015 Од новата фонтана на плоштадот „Македонија“ прскаат нови договори
21.08.2015 „Бауер БГ“ ќе го изведува новиот кружен тек во населбата Железара за 730 илјади евра
21.08.2015 Цените на становите пораснаа и во вториот квартал од 2015 година
20.08.2015 Граѓаните порачаа: На Скопје не му требаат објекти налик на Дизниленд
20.08.2015 Се подготвува реконструкција на „Партизанска“



Dokadek 30 – Еволуција на оплатните системи за плочи

Реномираната австриска компанија Doka нуди широка палета на оплатни системи за плочи за различни области на примена. Новиот модуларен оплатен систем за плочи Dokadek 30 има значајни предности во однос на другите системи што досега беа достапни на македонскиот …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе