» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Ќе се обновуваат 250 фасади на објекти со културно – историско значење

Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, денес го најави проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра, во неколку градови низ Македонија. Проектот стартува со интервенција врз пет објекти од 19 и почетокот на 20 век, која ќе се одвива во текот на оваа година. „Фасадите на пет објекти од старата градска архитектура до крајот на годинава ќе бидат конзервирани и реставрирани за да им се врати автентичниот изглед на градбите кои имаат културно – историско значење. Тие се наоѓаат во градските јадра на Крушево, Скопје, Прилеп, Битола и Кратово и за нивната санација Министерството за култура намени 11.234.000 денари“, истакна министерката. Ќе се обновуваат фасадите на семејната куќа на улица Партизанска бр 38 во Крушево, куќата на Бектешовци во Прилеп, поранешниот конзулат на Велика Британија во Битола, пет групирани дуќани во Ајдучка чаршија во Кратово и една куќа на влезот на Старата скопска чаршија, на улица Битпазарска бр 145.

 

Според зборовите на министерката, во завршна фаза е опсежната и детална анализа за состојбата на сите споменици и споменични целини во Македонија. Според доставените предлози од заводите и музеи, се работи за околу 250 значајни објекти на кои им е потребно враќање на автентичниот изглед. Во некои од објектите живеат семејства, кои немаат финансиска обврска во обновата, а реставраторите нема да се мешаат во ентериерното уредување туку ќе интервенираат само на фасадите, обновување на балконите и оградите, замена на прозорците и подобрување на статиката. Министестерството во соработка со Управата за заштита на културното наследство ќе ги одреди приоритетите и во наредните четири до пет години ќе се издвојуваат средства за санацијата.

 

 

* Семејна куќа на улица Партизанска бр 38 во Крушево

 

 

* Куќата на Бектешовци во Прилеп

 

 

* Поранешниот конзулат на Велика Британија во Битола

 

 

* Пет групирани дуќани во Ајдучка чаршија во Кратово

 

 

* Куќа на влезот на Старата скопска чаршија, на улица Битпазарска бр 145

 

 

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

27.07.2014 Во Чаир се гради нова џамија и исламски образовен центар
26.07.2014 Заврши реконструкцијата на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје
25.07.2014 Плоштадот „Скендербег“ ќе го премости булеварот Гоце Делчев
24.07.2014 Центар повторно ќе гласа за проблематичните ДУП-ови
24.07.2014 Се гради кружен тек на булеварот „Партизански одреди“
23.07.2014 Забрзано се работи на пробивање на автопатот Миладиновци - Штип
22.07.2014 Првата „барокна“ галија во Вардар отворена за гости
22.07.2014 Општина Центар додели 780 субвенции за купување велосипеди
21.07.2014 Се бара барок за нови објекти на улицата „Димитрие Чуповски“
21.07.2014 Новите урбанистички планови во Центар се незаконски донесени?



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе