» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Филип Втори поставен на плоштадот „Карпошово востание“

План за уредување на плоштадот „Карпошово востание“Бронзена скулптура на Филип Втори, висока околу 15 метри, денес беше поставена на 13-метарскиот постамент на плоштадот „Карпошово востание“, на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и зградата на Министерството за транспорт и врски. Скулптурата која официјално го носи името „Воин“ е изработена во леарницата „Гвастини“ од Виченца, Италија. Нејзин автор е Валентина Стевановска. Околу „Воинот“ се гради и монументална фонтана, а сето тоа е дел од проектот за уредување на плоштадот „Карпошово востание“, кој започна минатото лето и кој вклучува изградба на уште три фонтани со скулптури и длабоки релјефи во бронза и мермер. Според тогашните информации, целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три милиони за леење на скулптурите во Италија. Покрај ова, планирана е и реконструкција на објектот на Министерството за транспорт и врски.

 

» Форумска дискусија на оваа тема овде

 

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II

 

Споменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип IIСпоменик на Филип II

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

16.12.2014 Малцинство советници ќе можат да менуваат урбанистички планови!
16.12.2014 Обзнанета комисијата што го избра дизајнот на двете нови згради во кампусот на УКИМ
15.12.2014 Војниците можеби ќе дочекаат стан од проектот „АРМ - мој вистински дом“
15.12.2014 Приватен инвеститор ќе го гради новиот Драмски театар
14.12.2014 Општина Центар свечено го отвори паркот „Капиштец“
13.12.2014 Поддршка за иницијативата „Го сакам ГТЦ“ на улица Македонија
11.12.2014 Плоштад „Скендербег“ ќе се накити со мозаици
11.12.2014 Град Скопје продолжува со „барокни“, Општина Центар со енергетски ефикасни фасади
10.12.2014 Позитивни статистички показатели за градежништвото во октомври
09.12.2014 Карпош ќе ја обновува инфраструктурата со кредит од 800 илјади евра



РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан

Кога ќе влезеш во живата кал, можностите за опстанок се сведени на нула. Вложениот напор во извлекување е беспредметен, особено ако нема кој да ти помогне. Колку повеќе се обидуваш да постигнеш нешто, толку повеќе пропаѓаш во бездната. Вака накратко би можело да се …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе