» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
„Никофон“ ќе гради катна гаража во „барокен“ стил спроти Старата железничка станица, „Макоил“ близу плоштадот Македонија

Новите предвидени објекти спроти Старата железничка станицаКомпаниите „Никофон“ и „Макоил“ ќе градат две катни гаражи во строгиот центар на Скопје, откако на денешното електронско наддавање купија државно градежното земјиште за таа намена. Најповолен понудувач за парцелата спроти Старата железничка станица на која ќе се гради катна гаража со основа од 765 метри квадратни е „Никофон“. Во наддавањето во кое учествуваше и фирмата „Сити централ интернационал“, земјиштето со површина од 1.245 метри квадратни беше купено по цена од 6.150 денари за метар квадратен или вкупно 7.656.750 денари. Покрај простор за паркирање, инвеститорот ќе може до 15% од објектот да намени за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици или пак за деловни дејности. „Никофон“ е обврзан да гради во „барокен“ стил, според веќе избрано идејно решение од страна на државата.

 

Идејното решение за катната гаража спроти Старата железничка станица (кај „Автомакедонија“):

Визуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај Автомакедонија

 

 

Денеска беше продадена уште една градежна парцела во строгиот центар на Скопје, зад објектот „Метропол“ на плоштадот Македонија [»мапа], наменета за комунална супраструктура – катна гаража. Во конкуренција со „Дивелоп груп“, компанијата „Макоил“ го купи земјиштето со површина од 465 метри квадратни по цена од 34.560 денари за метар квадратен, односно вкупно 16.070.400 денари.  Инвеститорот ќе треба во рок од 9 месеци по потпишувањето на договорот и извршувањето на солемнизацијата да обезбеди одобрение за градење од општина Центар, а објектот ќе треба да го заврши во рок не подолг од 6 години од добивањето на градежната дозвола.

 

Сообраќајниот пристап до оваа гаража и новата управна зграда на „Телеком“, наместо преку подземна сервисна улица како што беше претходно планирано, ќе биде преку површинска улица која ќе поминува по кејот покрај Градскиот трговски центар, што наиде на жестоки оспорувања од пошироката јавност.

Тагови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,



Поврзани вести

30.05.2016 Индустриската зона во Визбегово функционира без инфраструктура
30.05.2016 Нови објекти тајно ќе никнат на Водно во делот на Општина Карпош
28.05.2016 Ревизорите открија дека „барокните“ фасади се бунар без дно
27.05.2016 „Радиус архитекти“ го уреди просторот кај „Езерце“
26.05.2016 „Хубо маркет“ бара Општина Карпош да го промени ДУП-от
26.05.2016 Со петиција и дружба жителите на Тафталиџе 1 ќе го бранат паркот
25.05.2016 Воз за Крива Паланка нема да видиме пред 2020 година
25.05.2016 Специјалното јавно обвинителство со истрага за проектот „Скопје 2014“
25.05.2016 Пробиени 95% од автопатот Штип - Миладиновци, СДСМ реагира
24.05.2016 Надворешните притисоци немале удел во развојот на пост - земјотресно Скопје



Што треба да знаете за добар избор на мебел

Размислувате да го смените стариот мебел со нов, или да преуредите некое катче во домот. Или можеби се подготвувате за уредување и опремување на вашиот нов стан или куќа? Купувањето нов мебел носи големо задоволство, но и бројни дилеми. Мебел не се купува секој ден, затоа …



RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе