» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Споменици на Васил Чакаларов и Христо Узунов за 450.000 евра

Општина Центар за лиење на скулптура и рељефи во бронза за спомен – обележјата на Васил Чакаларов и Христо Узунов ќе одвои 27.712.772 денари или нешто повеќе од 450.000 евра, иако првичната сума што се наведуваше на седницата на Советот на општината во текот на минатиот јуни изнесуваше околу 140.000 евра за двата споменика. Финалната реализација на спомен – обележјето за Васил Чакаларов ќе ја изработи РЖ Институт за 20.532.000 денари, а споменикот ќе биде комплетиран до крајот на ноември годинава. Скопската леарница „Панко“ ќе ја лее во бронза скулптурата на Васил Узунов за 7.180.772 денари, при што обележјето за овој македонски револуционерен деец ќе биде завршено до крајот на август годинава.

 

Автори на споменикот на Васил Чакаларов се уметниците Дарко и Елена Дуковски, додека Сокол Цфарку го изработи споменикот на Христо Узунов. Новиот кружен тек на вкрстувањето помеѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџивасилев Јасмин и Костурски херои е локацијата на која ќе се постави споменикот на Чакаларов, додека второто обележје ќе се смести спроти Министерството за правда на улицата Димитрја Чуповски во центарот на Скопје. Двата споменика ќе биде бидат високи по пет метри.

 

Планираната локација на споменикот на Христо УзуновПланираната локација на споменикот на Васил Чакаларов

Тагови: , , , ,



Поврзани вести

01.07.2015 Новата градинка во Капиштец доведена на ниво на карабина
01.07.2015 Општина Центар ќе инвестира во реконструкција и надградба на ОУ „Гоце Делчев“
29.06.2015 Ќе се реконструираат 23 основни училишта низ цела Македонија
29.06.2015 Нова детска градинка се гради во Пинтија
29.06.2015 Започна изградбата на водовод во Шуто Оризари
26.06.2015 Почнува изградбата на спортска сала за Домот за деца без родители „11 Октомври“
25.06.2015 Споменикот на Мајка Тереза обвиткан со велот на тајноста
24.06.2015 Државната кардиохирургија се всели во нови простории
23.06.2015 Кај „Холидеј Ин“ ќе се постави споменик на бегалците од Граѓанската војна во Грција
23.06.2015 Центар повторно инвестира во нови термички фасади за стари објекти



Решение за хигиенски и трајно сигурен водоводен систем во вашиот дом

Неретко ни се случува да почувствуваме лош мирис на водата од славина во нашиот дом. Секогаш се жалиме дека водата не е квалитетна… итн итн. Но, Македонија е една од ретките земји во светот која природно има чиста вода за пиење, што би можело да го предизвикува тој лош …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе