» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Се поставуваат скулптурите на Мостот на уметноста, во Жена – парк поставен споменик и на Питу Гули

Денеска започна поставувањето на скулптурите на Мостот на уметноста, новиот пешачки мост на реката Вардар во Скопје, кој се гради помеѓу Градскиот трговски центар и објектот за Јавното обвинителство и Финансиската полиција, исто така во изградба [»мапа]. Мостот е долг 83 метри, а широк 9,20 метри (на краевите) и 12 метри (во средишниот дел). Неговата изградба, без сумата платена за скулптурите, чини околу 2,5 милиони евра. Изведувач на градежните работи е скопски „Бетон“, според идејното решение на архитектите Коста и Викторија Мангаровски. Проектот е изработен од „Градежен институт Македонија А.Д.“, фирма која воедно го врши и надзорот.

 

Предвидено е поставување на вкупно 29 скулптури, меѓу кои централна ќе биде онаа на Браќата Миладиновци, висока три метри, а страничните 28 скулптури (Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов и Тоше Проески) се високи по два метри.

 

Во текот на денешниот ден беше поставен и уште еден во низата нови споменици во паркот „Жена борец“. Се работи за коњанички споменик на Питу Гули, излеан во бронза, висок пет метри и поставен на постамент висок 3,5 метри, кој вообичаено ќе биде украсен со бронзени релјефи. Автор на идејното решение е Кристина Пауновска, а споменичната скулптура е излеана во српската леарница „Јеремиќ“ за цена од 118.192 евра.

 

 

Мост на уметностаМост на уметностаМост на уметноста

Мост на уметностаМост на уметностаМост на уметноста

Мост на уметностаМост на уметностаМост на уметноста

 

 

 

Споменик на Питу ГулиСпоменик на Питу ГулиСпоменик на Питу Гули

Споменик на Питу ГулиСпоменик на Питу ГулиСпоменик на Питу Гули

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

21.08.2014 Проблематичните ДУП-ови во Центар одат пред Уставниот суд
16.08.2014 „Докуфест“ ќе посвети внимание на „Скопје 2014“ и на јавниот простор
15.08.2014 Реконструирана уште една фасада на станбен објект во општина Центар
14.08.2014 Значително зголемен интересот за изградба на станови во јуни
13.08.2014 Ќе се врши експертиза за состојбата на мостот Гоце Делчев
13.08.2014 58 милиони денари за отворање на 14 нови градинки во земјава
12.08.2014 За арената „Филип Втори“ дополнителни 48 милиони денари
11.08.2014 Се реконструираат 2,5 километри автопат кај Петровец
08.08.2014 По половина година, повторно порасна цената на становите во Скопје
08.08.2014 Голем интерес за изградба на нови градинки и старечки домови



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе