» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Нова шанса за проектот Сончев град

Општина Сопиште објави оглас за продажба на неизградено градежно земјиште со површина од 83,56 хектари, на кое треба да никне елитната населба Сончев град. Во согласност со Урбанистичкиот план за селото Сопиште (разработка на блок 1 КО Сопиште), преку 60% од предвидените градби во комплексот треба да бидат наменети за домување, при што домувањето во индивидуални куќи учествува со 51%, уделот на станбените згради ќе треба да изнесува минимум 9%, додека групното домување е вкалкулирано со максимални 5%. Во идната населба ќе има три типа на живеалишта: луксузни куќи и вили со посебен режим на користење и заштита со минимална површина од 500 метри квадратни на секоја од парцелите за градба, индивидуално домување во различни видови на куќи – самостојни, двокуќи, куќи во низови и атриумски куќи, како и самостојни станбени згради и станбено – деловни зданија во блоковски низи.

 

Во комплексот е предвидено да се изградат комерцијални и деловни објекти кои би ги задоволувале потребите на тамошното население, исто како и јавните институции кои се предвидени да учествуваат со максимум 15%. Во урбанистичкиот план за идната населба е зацртано да се реализираат уредени зелени појаси, објекти за спорт и рекреација и меморијални простори на минимум 20% од целокупната понудена површина. Вкупната почетна цена на земјиштето изнесува над 1,6 милиони евра или 120 денари за метар квадратен. Локалната самоуправа предвидува ригорозни критериуми за сите заинтересирани инвеститори. Секој субјект заедно со пријавата за учество на електронската лицитација треба да достави банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 500.000 евра, со која треба да докаже дека ќе ја уплати крајната сума за земјиштето. По извршената уплата на средствата за земјиштето, најповолниот понудувач ќе треба да достави банкарска гаранција за изградба на целиот комплекс во висина од 500.000 евра.

 

Општина Сопиште му овозможува на идниот инвеститор да ја изгради елитната населба во неколку фази, така што тој во почетната етапа е должен да реализира најмалку 10% од целокупната површина наменета за градење, со обврска објектите да претставуваат логична и оправдана архитектонска целина и остварувањето на првиот сегмент да не ја попречува натамошната изведба на останатите градби од комплексот. Купувачот на земјиштето се обврзува да обезбеди одобрение за градење во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот, додека првата етапа од луксузната населба треба да ја заврши во рок од шест години од денот на добивањето на градежната дозвола. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 24 декември, а исходот на новата шанса за проектот Сончев град ќе се знае на 27 декември. Најавите за остварување на новата населба на јужните падини на Водно се стари повеќе од шест години, израелската компанија ИБЦ (IBC – Industrial Building Corporation) во 2007 година го купи земјиштето со тогашна површина од 64 хектари, но во текот на 2011 година инвеститорот се повлече од изградбата на ветеното.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

Тагови: , , , , , , , , ,



Поврзани вести

27.03.2015 Повторно се актуелизира идејата за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница
27.03.2015 На општинска седница во Охрид се утврди дека Студенчишкото блато не постои
26.03.2015 Граѓаните можат да се приклучат на кампањата „Му требаш на ГТЦ“
26.03.2015 Нова „бомба“ на СДСМ: Груевски лобира за барокни фасади на ЕВН и на „Сити галери“
26.03.2015 „Урбан инвест“ ќе го догради плоштадот „Пресвета Богородица“
25.03.2015 Градот Скопје ќе инвестира во проширување на улицата Маџари
25.03.2015 Почна изградбата на нов парк спроти „Мајчин дом“ во Аеродром
24.03.2015 ФОТО ВЕСТ: Новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е речиси готово
23.03.2015 Се продава земјиште за изградба на хотел и куќи на Мавровското езеро
23.03.2015 Нова „бомба“ за парцелите на Водно



РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан

Кога ќе влезеш во живата кал, можностите за опстанок се сведени на нула. Вложениот напор во извлекување е беспредметен, особено ако нема кој да ти помогне. Колку повеќе се обидуваш да постигнеш нешто, толку повеќе пропаѓаш во бездната. Вака накратко би можело да се …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе