» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
На продажба се нудат две парцели од економската зона „Илинден“

Со завршувањето на локалните избори, општина Илинден ја продолжи постапката за продажба на државното градежно земјиште. Во дневните весници денеска беше објавен оглас за отуѓување на две градежни парцели со вкупна големина од 106.399 метри квадратни. Првата локација со површина од 87.065 метри квадратни е наменета за изградба на откупно – дистрибутивен центар, додека на втората со површина од 19.334 метри квадратни е предвидено да се гради лесна и незагадувачка индустрија. Почетната цена за овие две парцели на електронското јавно наддавање изнесува 61 денари за метар квадратен.

 

 

 

 

Двата објекта ќе се подигнат во економската зона „Илинден“, за која инвеститорите во изминатиов период пројавија значителен интерес. Домашните и странските компании треба да достават пријава за учество на електронската лицитација најдоцна до 13 мај, а наддавањето ќе се одржи на 17 мај годинава.

Тагови: , , , ,



Поврзани вести

25.11.2014 Фасадата на Министерството за транспорт и врски ќе чини 550 илјади евра
24.11.2014 Продолжува изградбата на затворениот базен во Куманово
22.11.2014 Приватен инвеститор ќе го гради „барокно“ ГТЦ?
20.11.2014 Тетово со нов театар и библиотека во 2018 година (ДОПОЛНЕТО)
19.11.2014 Мал интерес за понудените градежни парцели во Битола
17.11.2014 Ќе се утврдува потенцијалот на површинскиот коп „Брод - Гнеотино“
17.11.2014 Се планира санација на дел од кејот на Вардар во центарот на Скопје
14.11.2014 Државата продава градежно земјиште во Пехчево и Кривогаштани
13.11.2014 На продажба парцели за индустриски објекти во Неготино
12.11.2014 Висококатница ќе никне на местото на сапунарата „Цветан Димов“



РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан

Кога ќе влезеш во живата кал, можностите за опстанок се сведени на нула. Вложениот напор во извлекување е беспредметен, особено ако нема кој да ти помогне. Колку повеќе се обидуваш да постигнеш нешто, толку повеќе пропаѓаш во бездната. Вака накратко би можело да се …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе