» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Наскоро ќе започне возобновувањето на киното на браќата Манаки

#Локалната власт од Битола ги потпиша договорите за реализација на првиот дел од проектот за обнова на некогашното кино „Балкан“ на Широк сокак во Битола. Предвидено е да се изгради објект со површина од 378 метри квадратни кој ќе содржи и музејска поставка. Битолската градежна компанија „БВ Инженеринг“ е задолжена за реализација на високоградбата, електриката, водоводната, хидрантската и канализационата мрежа, додека фирмата „Техно“ исто така од Битола, ќе ја изведе инсталацијата за греење, ладење и вентилација. Вкупната инвестиција во првата фаза од возобновувањето на киното на браќата Манаки според предвиденото ќе изнесува 18.990.565 денари, односно околу 310 илјади евра.

 

Избраните изведувачи имаат рок од 12 месеци за целосно завршување на својот дел од работите, така што се очекува киното „Балкан“ да профункционира во текот на наредната година. Во кино салата ќе се монтира најсовремена опрема, а плановите се во зданието да се одржува и дел од програмата на меѓународниот фестивал „Браќа Манаки“. Киното „Балкан“ се смета за дел од репрезентативната архитектура на Широк сокак, лоцирано било кај ресторанот „Корзо“ и постоело до избувнувањето на големиот пожар во 1939 година.

Тагови: , , , , , ,



Поврзани вести

19.05.2015 Владата ќе го унифицира ликот на Старата скопска чаршија
13.05.2015 ДОПОЛНЕТО: Новиот објект на Турскиот театар остана на темели!
12.05.2015 Физибилити студија за помало загадување од РЕК „Битола“
04.05.2015 Се санира фасадата на Архивската зграда во Струмица
29.04.2015 Архитектонскиот факултет организира изложба во Битола
26.04.2015 Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат
24.04.2015 Удобноста во домот – една од поважните компоненти за квалитетен живот
09.04.2015 Значителен пад на предвидените станови за градење во февруари
08.04.2015 Владата ќе го враќа автентичниот изглед на Старата скопска чаршија
07.04.2015 2,4 милиони евра за реконструкција на болници



Удобноста во домот – една од поважните компоненти за квалитетен живот

Покрај мекиот кревет, убавата храна, пријатната облека, добриот автомобил, има една компонента во нашиот дом која е многу поважна и на која треба посебно да се внимава, доколку сакаме да се чувствуваме удобно и економски комфорно. Како ќе се греееме (ладиме) во просториите во …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе