» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Хотели и викенд – куќи ќе се градат во СРЦ Пониква

Натамошниот развој на спортско – рекреативниот центар Пониква добива централно внимание од локалната самоуправа на Кочани. Општината понуди на продажба државно градежно земјиште меѓу кое се и две локации за изградба на хотели и десет локации за подигање на викенд – куќи во скијачкиот центар на Осоговските планини. Градежните парцели за изградба на хотели се со површина од 1.625 и 1.932 метри квадратни и се нудат по почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Парцелите за викенд – куќи се со големина од 283 до 567 метри квадратни и нивната почетна цена исто така изнесува 61 денар за метар квадратен.

 

Електронското јавно наддавање за парцелите наменети за изградба на викенд – куќи е закажано за 3 јуни, додека земјиштето за хотели ќе се продава на 10 јуни. Потенцијалните инвеститори треба да достават пријави за учество најдоцна до 27 мај и 5 јуни. Покрај атрактивните локации на Пониква, локалната власт од Кочани нуди на продажба и пет парцели за изградба на индустриски објекти од областа на лесната индустрија и малото стопанство во месноста „Драчевик“ и 12 парцели за подигање на индивидуални куќи на повеќе места на територијата на општината. Вкупната површина на понуденото земјиште за продажба изнесува 20.160 метри квадратни, при што минималниот приход на локалната власт од неговото отуѓување е проектиран на 1.229.760 денари.

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

11.09.2014 Се продава земјиште за изградба на трговски центар во Илинден
10.09.2014 Општина Центар ќе се советува околу изградбата на ресторанот „Езерце“
10.09.2014 Инфраструктурно ќе се поврзе комплексот „Милци“ во близина на ГП „Богородица“
06.09.2014 Нови три милиони евра за ентериерно уредување на седиштето на владата
06.09.2014 Се намалуваат трошоците за изградба на индивидуални домови
05.09.2014 Општина Струмица ја гасифицира индустриската зона „Север“
05.09.2014 Се нудат парцели за изградба на фабрики и куќи во општина Илинден
04.09.2014 На почетокот на ноември ќе се знае кој ќе го гради трамвајот во Скопје
03.09.2014 Привршува изградбата на филтер станицата во скопската железарница
03.09.2014 Општина Валандово ќе формира нова индустриска зона во Јосифово



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе