» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Официјален камен темелник за новото МНР

Иако градежните активности на локацијата се во тек од пред два и пол месеци, денеска со поставување камен-темeлник, премиерот Груевски и министерот Милошоски официјално го означија почетокот на изградбата на новиот објект на Министерството за надворешни работи. Објектот ќе се наоѓа на просторот од левата страна на Вардар, кај аголот помеѓу улицата Стив Наумов и кејот. Ќе има две подземни нивоа, приземје, седум ката, рамна тераса и купола, со вкупна висина од 27 метри и ќе располага со површина од 13.500 метри квадратни. Автори на идејното решение за новата административна зграда, која е во духот на проектот Скопје 2014, се Благоја и Лидија Стојановски.


Извадок од ДУП Мал Ринг. Министерството за надворешни работи се гради на маркичката 7.10Според најновите информации, инвестицијата изнесува 830 милиони денари односно околу 13,5 милиони евра, средства кои ќе се издвојат во две буџетски години. Рокот за извршување на градежните активности е 18 месеци, изведувач е Бетон Скопје, а надзорот ќе го врши Евро Консалтинг Скопје. Министерството за надворешни работи во неговото сегашно седиште се соочува со голем број проблеми поради недоволен простор за извршување на обврските и надлежностите, како и несоодветен паркинг, а вработените во Министерството се распределени на повеќе локации за кои државата издвојува значителни средства за закупнина.




Форумска дискусија за овој проект –> овде

Тагови: , , , , , , ,



Поврзани вести

01.07.2015 Новата градинка во Капиштец доведена на ниво на карабина
01.07.2015 Општина Центар ќе инвестира во реконструкција и надградба на ОУ „Гоце Делчев“
29.06.2015 Ќе се реконструираат 23 основни училишта низ цела Македонија
29.06.2015 Нова детска градинка се гради во Пинтија
29.06.2015 Започна изградбата на водовод во Шуто Оризари
26.06.2015 Почнува изградбата на спортска сала за Домот за деца без родители „11 Октомври“
25.06.2015 Споменикот на Мајка Тереза обвиткан со велот на тајноста
24.06.2015 Државната кардиохирургија се всели во нови простории
23.06.2015 Кај „Холидеј Ин“ ќе се постави споменик на бегалците од Граѓанската војна во Грција
23.06.2015 Центар повторно инвестира во нови термички фасади за стари објекти



Решение за хигиенски и трајно сигурен водоводен систем во вашиот дом

Неретко ни се случува да почувствуваме лош мирис на водата од славина во нашиот дом. Секогаш се жалиме дека водата не е квалитетна… итн итн. Но, Македонија е една од ретките земји во светот која природно има чиста вода за пиење, што би можело да го предизвикува тој лош …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе