» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Поставени два лава на мостот Гоце Делчев

Два од предвидените четири бронзени лава денска беа поставени на мостот „Гоце Делчев“, односно на неговиот западен приод. Постаментите се високи по 3,5 метри, а скулптурите чии автори се Дарко и Елена Дуковски се високи по 5 метри и тежат по 5 тони. Лавовите се претставени во стражарска позиција. Леени се во Фиренца и чинат 1 милион и 150 илјади евра. До Националниот празник, 8 септември, треба да завршат и сите преостанати работи, а според зборовите на авторот, пропратните релјефи на постаментите ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. Се најавува дека наскоро ќе бидат поставени и другите два лава, кои ќе бидат различни и ќе се наоѓаат на другата страна од мостот.



### ####

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

17.04.2015 ФОТО ВЕСТ: Се наѕира новиот изглед на Министерството за транспорт
17.04.2015 Започнува монтажата на милионската ограда на мостот кај Холидеј Ин
14.04.2015 Студентите по архитектура и утре ќе предаваат за ГТЦ
14.04.2015 Оградата на мостот „Слобода“ ќе проголта уште 260.000 евра!
12.04.2015 ФОТО ВЕСТ: Црквата „Св. Константин и Св. Елена“ после две и пол години изградба
09.04.2015 Значителен пад на предвидените станови за градење во февруари
08.04.2015 Владата ќе го враќа автентичниот изглед на Старата скопска чаршија
08.04.2015 Студентите од Архитектонски факултет утре ќе предаваат за ГТЦ
07.04.2015 Од јули ќе се тестира електронската наплата во скопските автобуси
06.04.2015 Музика и насмеани лица на почетокот од кампањата „Излези за ГТЦ“



РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан

Кога ќе влезеш во живата кал, можностите за опстанок се сведени на нула. Вложениот напор во извлекување е беспредметен, особено ако нема кој да ти помогне. Колку повеќе се обидуваш да постигнеш нешто, толку повеќе пропаѓаш во бездната. Вака накратко би можело да се …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе