» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Камен темелник за зграда на Обвинителството и Финансиската полиција

Извадок од ДУПЗапочна изградбата на уште еден објект од проектот „Скопје 2014“. Вчера официјално беше удрен камен темелник на нова зграда за Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција, лоцирана на кејот на Вардар, на платото пред Македонската опера и балет. Засега обвинителството е кираџија во објектот на ССМ, а финансиската полиција е сместена на улица Димитрија Чуповски, близу нејзиното матично Министерство за финансии.


Објектот ќе има цилиндрична форма и ќе располага со површина од 9.620 метри квадратни. Реализацијата на овој проект ќе чини 813 милиони денари, односно над 13 милиони евра. Изведувач е „Бетон“ А.Д. Скопје, а ангажирани се уште дваесетина други фирми како подизведувачи и слично. Се проценува дека во изградбата секојдневно ќе бидат вклучени помеѓу 150 и 200 луѓе. Рокот за завршување на градежните работи е 12 месеци.



Форумска дискусија за овој проект » овде

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

30.08.2014 Министерството за финансии се всели во нова зграда
28.08.2014 Архитектонската изложба СТАВ презентирана и пред битолчани
27.08.2014 Спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ денеска свечено ги отворија вратите
25.08.2014 Крива Паланка доби нов плоштад и општинска зграда
25.08.2014 АДСДП нуди на продажба 240 станови
22.08.2014 И „Сити Галери“ ќе се преоблече во „барок“
22.08.2014 Државата ќе плати 4,8 милиони евра за канализацијата во „Сончев град“ и Сопиште
21.08.2014 Проблематичните ДУП-ови во Центар одат пред Уставниот суд
16.08.2014 „Докуфест“ ќе посвети внимание на „Скопје 2014“ и на јавниот простор
15.08.2014 Реконструирана уште една фасада на станбен објект во општина Центар



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе