» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Министерството за финансии ќе се сели во „Југобанка“

#Денес беше означен почетокот на долго најавуваниот проект за доградба на „вечната карабина“ на бившата „Југобанка“ во центарот на Скопје. Со инвестиција вредна 550 милиони денари, запуштената зграда треба се трансформира во современ административен објект во кој ќе се всели Министерството за финансии, вклучувајќи ги Управата за имотно-правни работи, Државниот девизен инспекторат и Бирото за јавни набавки. Министерството во моментов е дисперзирано во простории на осум различни локации, од кои за пет локации плаќа закуп.

 

#Карабината која почна да се гради во далечната 1987 година, според описот на надлежните ќе добие фасада во неокласичен стил. Зградата ќе располага со 14.000 метри квадратни, распоредени на 11 нивоа. Во склоп на објектот ќе има прес-центар , како и најсовремена компјутерска систем сала, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем, а пред се на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата.

 

Рокот за заокружување на проектот е првиот квартал на 2012 година, а изведувач на работите е словенечката компанија „Енергоплан“, која го доби тендерот, иако понуди повисока цена од домашен „Бетон“. Надлежните ова го образложија со разликата во квалитет помеѓу двете понуди. Проектот го изработи „Македонијапроект“.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

29.10.2014 Жителите на Центар не го сакаат „барокот“ на нивните згради
29.10.2014 Заврши гасификацијата на болницата „8 Септември“ во Скопје
29.10.2014 Проширувањето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доцни три месеци
28.10.2014 Повторно пролонгиран терминот за понуди за скопскиот трамвај
27.10.2014 Основниот проект за Универзална сала добива втора шанса
27.10.2014 Пет нови инвеститори купија земјиште во Илинден
27.10.2014 Ред во јавниот превоз со новиот систем за електронска наплата
26.10.2014 Саниран дел од Музејот на Македонија, отворена нова поставка
23.10.2014 Турски „Аселсан“ ќе ги модернизира македонските патарини
22.10.2014 Се најде инвеститор и за „барокната“ зграда на Македонски железници



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе