» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Грчки инвеститор ќе ги гради Офицерскиот дом и хотелот на Плоштад Македонија

#Атрактивното државно земјиште на Плоштадот Македонија со вкупна површина од 6.308 метри квадратни, на кое треба да се изгради хотел и да се обнови Офицерскиот дом, го купи фирмата „ДЦ Приме пропертиес“ која беше единствен учесник на јавното наддавање што го организираше Министерството за транспорт и врски. Земјиштето е купено за вкупна сума од 38.478.800 денари, односно околу 100 евра за метар квадратен. Според телевизијата „Алфа“, се работи за филијала на грчката „Demco prime properties“ која е дел од групацијата на милјардерот Деметрис Кондоминас, а партнер за хотелот ќе им биде ланецот „Marriott“. Покрај истоимениот бренд, „Marriott“ ги поседува и брендовите „Renaissance Hotels“, „Ritz-Carlton“ и „BULGARI Hotels & Resorts“.


#Се најавува дека вкупната инвестиција ќе биде помеѓу 30 и 50 милиони евра. Инвеститорот е должен да исполни неколку услови. Треба да ја дооформи едната парцела која сега делумно им припаѓа на други приватни сопственици и да се држи до насоките за архитектонското обликување и претходно изготвените проекти од страна на државните институции. Хотелот мора да има најмалку четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец со минимум 250 хотели во светот, а дел од Офицерскиот дом без надокнада да го отстапи во функција на матична служба и резиденцијален дел на Градската куќа.


Инвеститорот треба да обезбеди градежни дозволи во рок од 12 месеци. Изградбата на објектите треба да заврши најдоцна 6 години сметано од денот на добивање на дозволите. Во спротивно ќе биде активирана казна во висина од 2% од купопродажната цена на земјиштето за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот од 6 години, по што доколку и во тој период не бидат изградени објектите, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на државата.



Форумски дискусии:

» Офицерски дом

» Хотел

Тагови: Административни, Градска Куќа Скопје, ДЦ Приме пропертиес, Мал Ринг, Мериот, Офицерски Дом, Скопје, Скопје 2014, Тендери и лицитации, Хотели



Поврзани вести

30.09.2016 Швеѓани ќе ја консултираат ЕЛЕМ за проектот „Вардарска долина“
30.09.2016 Трет Конкурс за идејно решение за катната гаража во Охрид
30.09.2016 Во завршна фаза е надградбата на експресниот пат Штип - Велес
29.09.2016 Ќе има трет тендер за доградба на жичарницата на Водно
29.09.2016 Жителите на Карпош 4 со петиција против изградбата на плоштад
29.09.2016 СДСМ: 3 милијарди евра за изградба на патишта во наредните 10 години
28.09.2016 АКТО организираше кич тура низ македонската метропола
28.09.2016 Се отвори „Парк Хотел и Спа“ во Градскиот парк во Скопје
28.09.2016 Обновени три фасади од старата градска архитектура во Битола
28.09.2016 Жданец со нови скали и нов плоштад



Кои населби се најатрактивни за купување на стан во Скопје?

Купувањето на нов стан е една од најзначајните одлуки во животот, но дали сте се запрашале кои се основните карактеристики на еден просечен стан во Скопје? Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе