» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Камен темелник за новиот објект на АЕК

#Уште еден камен темелник од проектот „Скопје 2014“. Премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски денес го означија почетокот на изградба на зградата предвидена за потребите на Агенцијата. Локацијата е на Кејот Димитар Влахов, на просторот помеѓу објектите на Уставниот суд и Обвинителството кои се исто така во изградба, како дел од „Скопје 2014“.

 

Своето ново седиште Агенцијата за електронски комуникации ќе го гради од сопствени средства. Вредноста на инвестицијата до клуч на рака е 8,5 милиони евра, кои треба да дојдат од буџетите на оваа институција за 2011 и 2012 година. Објектот се гради на основа од 387 метри квадратни и ќе има корисна површина од 3.300 метри квадратни. Проектот е изработен од страна на „Неимар инженеринг“, а изведувач на градежните работи е „Гранит“, кој победил на тендерот помеѓу осум кандидати, но цената на понудите не била пресуден критериум. Надзорот го врши „Геинг“. Рокот за изведба е 15 месеци.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

 

Тагови: Агенција за електронски комуникации, Административни, Армстронг, Геинг КуК, Гранит Скопје, Кнауф, Мал Ринг, Неимар инженеринг, Скопје, Скопје 2014, Сува градба



Поврзани вести

27.09.2016 Градот Скопје почнал преговори за воведување на автобуси што ќе глумат трамваи
27.09.2016 Објектот „Палома Бјанка“ привремено куртули од „барок“
27.09.2016 6 милиони евра за изградба на два студентски дома
27.09.2016 СДСМ ја бара пругата од Битола до границата со Грција
26.09.2016 Груевски планира воведување на автобуси што ќе глумат трамваи во Скопје
26.09.2016 Нов објект за училиштето „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода
26.09.2016 ВМРО-ДПМНЕ најавува субвенции за набавка на електрични возила
25.09.2016 Започна асфалтирањето на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопски Сингелиќ
25.09.2016 СДСМ планира да ја запре изградбата на Свети Климентовиот Универзитет во Охрид
25.09.2016 Училиштето „Кирил и Методиј“ во Центар ќе добие спортска сала



Кои населби се најатрактивни за купување на стан во Скопје?

Купувањето на нов стан е една од најзначајните одлуки во животот, но дали сте се запрашале кои се основните карактеристики на еден просечен стан во Скопје? Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе