» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
„Барокна“ ограда за мостот Гоце Делчев

Изглед на оградата според идејното решение на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски Градот Скопје денеска ја почна најавената замена на заштитната ограда на мостот „Гоце Делчев“. Новата ограда ќе ја сочинуваат 144 монтажни елементи со должина од 3,6 метри и височина од 1,2 метри, кои ќе бидат поврзани со столпчиња. На столпчињата на надворешните огради на мостот ќе се монтираат вкупно 26 канделабри за улично осветлување, по 13 од секоја страна, а со проектот се предвидува вградување и на рефлектори за амбиентално осветлување. Идејното решение за оградата на мостот е на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски. Работите на терен ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Поставувањето на новата ограда треба да заврши во рок од 90 работни дена, а Градот Скопје за овој проект издвои околу 370 илјади евра.

Тагови: , , , , , ,



Поврзани вести

23.11.2014 Плоштад „ВМРО“ чека идеи за спомен обележјето и фонтаната
22.11.2014 Приватен инвеститор ќе го гради „барокно“ ГТЦ?
21.11.2014 Со кредит ќе се гради водоводот во Шуто Оризари
18.11.2014 ФОТО ВЕСТ: Актерите ќе почекаат на новиот факултет покрај Вардар
17.11.2014 Владата ќе го гради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“?
17.11.2014 Се планира санација на дел од кејот на Вардар во центарот на Скопје
13.11.2014 Ја бојкотираат ли архитектите наградата „АСК - Архитектура Скопје“?
12.11.2014 Субрата Рој не се откажува од парцелата на плоштадот „Македонија“
12.11.2014 Висококатница ќе никне на местото на сапунарата „Цветан Димов“
11.11.2014 Новиот скопски плоштад „ВМРО“ ги скара политичките партии



РЕПОРТАЖА: Прошетка низ тажната судбина на главниот град на Јужен Судан

Кога ќе влезеш во живата кал, можностите за опстанок се сведени на нула. Вложениот напор во извлекување е беспредметен, особено ако нема кој да ти помогне. Колку повеќе се обидуваш да постигнеш нешто, толку повеќе пропаѓаш во бездната. Вака накратко би можело да се …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе