» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Почнува уредувањето на плоштадот Карпошово востание

#На плоштадот Карпошово востание наскоро ќе започнат обемни градежни работи. Се подготвува теренот за изградба на четири големи фонтани и поставување на нови споменици. Најголемата фонтана ќе се наоѓа во делот кон Старата чаршија, во близина на стоковната куќа „Мост“. Во нејзината средина ќе се издигне споменик на Филип Втори, чие официјално име засега е „Воин“. Споменикот ќе биде висок 13 метри и ќе биде поставен на #15-метарски постамент, со придружни скулптури и веќе стандардните релјефи.

 

Уште една голема фонтана ќе биде изградена во централниот дел на плоштадот, челно од Камениот Мост. Таа ќе биде украсена со женски фигури, а највпечатлива ќе биде скулптурата „Мајка со Дете“. До спомениците на просветителите ќе се направат уште две помали фонтани со скулптури на коњи.

 

Изведувач на градежните работи е ДГ „Бетон“ АД Скопје, додека надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три се потрошени за леење на скулптурите во Италија. Сите скулптури се дело на Валентина Стевановска, која е автор и на споменикот на Александар Македонски, споменикот на Филип Втори во Автокоманда и украсите на Триумфалната капија. Според Стевановска, ќе треба околу една година за да финишираат сите работи во врска со фонтаните на плоштадот Карпошово востание.

 

Во меѓувреме се одвиват градежни работи и на објектите кои го оформуваат плоштадот. При крај е изградбата на Музејскиот комплекс „Македонска борба“, а напредува и објектот на Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Архивот. За Министерството за транспорт и врски се спрема надградба и нова фасада. Во делот кај поранешната меѓуградска автобуска станица, според Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ е предвиден нов објект со кој плоштадот ќе ја добие одамна замислената полукружна форма.

 

Форумска дискусија на оваа тема » овде

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

25.01.2015 Првата финансиска зона ќе се гради во скопската касарна Илинден
24.01.2015 Наместо катна гаража, општина Центар ќе гради училиште
23.01.2015 Владините проекти ќе проголтаат 1.196 хектари од Националниот парк „Галичица“
22.01.2015 Тендер за изградба на нов парк во Аеродром
22.01.2015 Едно паркинг место во скопските катни гаражи чини и по 50 илјади евра
20.01.2015 Заблеска новото осветлување ма Милениумскиот крст
19.01.2015 ФОТО ВЕСТ: Новото седиште на ЕЛЕМ доведено до ниво на карабина
17.01.2015 Нова детска градинка во скопската општина Кисела Вода
16.01.2015 Наскоро обнова на ресторанот „Езерце“
16.01.2015 Уште една „барокна“ зграда ќе ја опколи Македонската опера и балет?



Doka ги подига параметрите за квалитет на глобалното градежништво

Што е заедничко за Бурџ Калифа како највисока зграда на светот и тунелот Готхард како еден од трите најдолги тунели на планетата? Одговорот може да се најде во употребата на оплатни системи со највисок квалитет на австриската групација Doka. Уште од 1958 година, компанијата …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе