» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
Заврши реставрацијата на Мустафа-пашината џамија

По петгодишна реставрација, денес беше свечено отворена за верски обреди Мустафа-пашината џамија во Скопје [» мапа], а на настанот присуствуваше висока делегација од Турција предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг. Проектот опфати зајакнување на темелите на објектот и реконструкција на минарето и куполите. Исто така беше реконструиран шадрванот и беа обновени внатрешните декорации. Градежните работи ги вршеше турската компанија „Рена Иншаат“ (Rena İnşaat), а санацијата на темелите се работеше по проект подготвен од скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Финансиите ги обезбеди турската агенција за соработка и развој (TIKA).

 

Мустафа-пашината џамија е изградена во 1492  година во таканаречениот раноцариградски стил. Главната купола со пречник од 22 метри е една од поголемите на Балканот. Џамијата претпе сериозни оштетувања во земјотресот од 1963, после што објектот беше само делумно саниран.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Состојба октомври 2007Состојба август 2008Состојба септември 2009

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

21.05.2013 Огромен скок на бројот на паркиралишта и гаражи во 2012 година
20.05.2013 Дополнителни 8,1 милиони евра за довршување на Археолошкиот музеј
20.05.2013 Постоечките се премалку, Градот Скопје сака да воведе нови такси стојалишта
19.05.2013 Аплицирањето за проектот „Купи куќа, купи стан“ продолжува до крајот на годинава
17.05.2013 1,3 милиони евра за ентериерно уредување етно селото кај Нерези
17.05.2013 Ќе се гради нов студентски дом на местото на „Медицинар“
16.05.2013 Обновена фасадата на Куќата на Бектешовци во Прилеп
16.05.2013 За една година ќе биде завршен мултимодалниот терминал во Скопје
16.05.2013 Отворен за сообраќај кружниот тек кај трговскиот центар „Треска“
13.05.2013 Промовирани новите рекламни паноа во Скопје



РЕПОРТАЖА: Приштина   (I дел)

„Божицата на трон“ пулсира со вербата за посветла иднина


  На помалку од два часа патување со автомобил, автобус или воз од Скопје на север, патот не одведе во главниот град на најмладата европска држава Косово. Сончевото пролетно утро ја означи средбата со градот, кој доколку не сте го посетиле во изминативе две – три години ниту еднаш, тогаш нема да го препознаете дури …



RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе