» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Блог» Тагови» Форум
ФОТО ВЕСТ: Свечено отворен Музејскиот комплекс „Македонска борба“

Со свечено обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и положување на декларацијата за независност на Република Македонија, вечерва беше отворен Музејскиот комплекс – Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музејот на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Културната установа се простира на површина од 2500 метри квадратни, од кои 800 метри квадратни му се отстапени на Музејот на жртвите на комунистичкиот режим. Комплексот е поделен на 16 одделенија, мултимедијален простор наменет за семинари и конференции, библиотека и интернет – кафе.

 

Во рамките на објектот се поставени 109 восочни фигури на историски личности, 16 портрети во масло на платно и 21 сцена од историски настани. Програмската содржина на истиот ја изработи директорот на Архивот на Македонија Зоран Тодоровски. Музејскиот комплекс, како сегмент од „Скопје 2014“, го изгради компанијата „Бетон“ од Штип, а надзорот на изградбата го вршеше „АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“. Како автор на идејното решение на објектот се јавува архитектот Зоран Јордановски. За целосно завршување на музејскиот комплекс се потрошени над 10 милиони евра обезбедени од државниот буџет.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Фото галерија

Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба
Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба Музеј на македонска борба

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

17.09.2014 Скопскиот боемски живот на нова локација во Дебар Маало
16.09.2014 Два нови факултети ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ
15.09.2014 АЕК ќе донира милион евра за изградба на Панорамското тркало
15.09.2014 Втора фаза од изградбата на општинската зграда во Карпош
11.09.2014 Создадени услови за изградба на градинката „Кочо Рацин“ во Капиштец
11.09.2014 ФОТО ВЕСТ: За туристите барокни фасади, за станарите кошмар и ужас
10.09.2014 Ќе се обнови ентериерот на Галеријата на Мартиноски во Крушево
10.09.2014 Скопје и понатаму најинтересно за изградба на нови станови
10.09.2014 Општина Центар ќе се советува околу изградбата на ресторанот „Езерце“
10.09.2014 Расте понудата на нови станови во Скопје, опаѓа нивната цена



РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона

Градот е на граѓаните, а не на автомобилите. Ако ова е концептот за идниот развој на централната зона на една метропола, тогаш сигурно е дека некогашните закрчени сообраќајници треба да заминат во историјата и да го отстапат просторот на пешачките зони. Работењето …




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе