![]() |
![]() |
![]() |
Авиокомпании и линии |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 244> |
Author | ||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Чартер-летови од Скопје до Бургас Македонската туристичка агенција „Адриатик Маврово“ и бугарската компанија „Бест вакејшн“ од јули воведуваат чартер-летови од Скопје до Бургас. Авионите на компанијата Булгариан ер чартер секој понеделник,
почнувајќи од 19 јули, па до 23 август, ќе ги пренесуваат македонските
туристи од скопскиот аеродром „Александар Велики“ до бургаскиот аеродром
Сарафово. |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
ДАРКО МИЛАЧИЌ, ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КОН ТИКИ ТРАВЕЛ , МЕТРОПОЛИТАН ИНВЕСТМЕНТ ГРУП И МАТ ЕРВЕЈС МАТ ервејс ќе ја
поврзе Македонија со светот! Значи Метрополитан инвестмент груп и Кон Тики Травел формираа нова,
сосема нова компанија МАТ Ервејс на која со некогашниот МАТ Ерлајнс
единствено заедничко им е предзнакот МАТ и ништо повеќе. МАТ Ервејс е со
потполно нова сопственичка структура, со сосема нов капитал, со
потполно нов менаџмент. Од септември лани кога ја формиравме
компанијата, па досега, инвестиравме 5 милиони евра во Македонија. Еден
дел од инвестицијата е искористен за купувањето на новиот авион 737-500,
кој го излицитиравме и купивме на аукција во Лондон. Авионот се наоѓа
во Белград, потполно е сервисиран и можам да кажам дека во регионот ова
во моментов е најдобар авион. Тој ги има најновите ресурси за сигурност.
Другиот дел од инвестицијата се средствата неопходни за тековно
работење на компанијата МАТ Ервејс. Веќе имаме 60 вработени, а платите
на месечно ниво се 60 до 65 илјади евра. Дали сопствениците на новиот МАТ Ервејс имаат каква било поврзаност со стариот менаџмент на МАТ?
Новата компанија ја опремивте со нов авион. Дали планирате да ја проширите флотата? - Со еден авион кој го имаме е нереално да очекуваме да ги превеземе сите патници кои веќе практично ги имаме во резервација. Во бизнис-планот предвидовме земање на уште два авиона, што значи дека би ја дуплирале нашата инвестиција од 5 на 10 милиони евра до крајот на годинава. Покрај тоа успеавме да направиме одлична соработка со српската компанија Авиогенекс, потпишавме и договор со кој би направиле врска помеѓу македонскиот и српскиот пазар. Со три авиони ние веројатно за брзо време ќе бидеме еден од најголемите извозници во Македонија. Под чие знаме ќе лета копанијата МАТ Ервејс? - Ќе летаме под македонското знаме кое ќе биде на нашиот авион. бидејќи сакаме тоа да биде партнерски и двонасочен однос со македонската држава. МАТ Ервејс ќе биде еден од амбасадорите на оваа земја. Дали презедовте дел од вработените од МАТ Ерлајнс? - Донесовме сосема нов менаџмент, а што се однесува до останатиот персонал, направивме тим кој може сериозно да се носи со големите европски компании во чартер-делот. Зошто јас би вработувал стјуардеси од Белград кога сум сведок дека во Скопје има преубави девојки, кои можеби би можеле да ја работат оваа работа. Што се однесува до пилотите, имаме тројца кои се искусни пилоти од ЈАТ и кои поминаа специјална обука за овој тип авиони. Кои се плановите за работа на новиот авиопревозник во Македонија? - Наша идеја е чартер-сообраќај и како Кон Тики да станеме глобален играч. Не е исклучено по одредено време да се јавиме со барање за редовен авиосообраќај во Македонија. Сакаме прво да се докажеме дека сме добар чартер-превозник, а потоа да аплицираме за редовен авиосообраќај. Мислам дека ние во Македонија во наредните три до пет години веројатно ќе прераснеме во една сериозна авиокомпанија со чартер и редовен сообраќај. Дали ја поднесовте потребната документација за добивање дозвола од Агенција за цивилно воздухопловство и кога очекувате дека ќе можете да се вивнете над македонското небо? - Не можам да речам дека Агенција за цивилно воздухопловство не работи на нашето барање и тоа крајно професионално. Но, верувам дека работите можат малку да се забрзаат. Документацијата е одамна доставена, направен е чек на авионот и извештај дека тој е исправен да полета. Ние сега седиме во еден вакуум и бараме од АЦВ само да ја забрзаат работата. Гледајќи ја папирологијата на авионот кој го имаме во сопственост, финансиските средства што се тука на сметка, кои се гаранција на нашиот бизнис, Агенцијата практично дозволата може да ни ја издаде веднаш. Ова е многу сериозна инвестиција и ние не сме компанија која дојде да раскажува приказни. Колкав приход очекувате од работата за годинава? - Доколку ја добиеме дозволата во наредните пет до седум дена, бидејќи сезоната тргнува на 15 јуни, имаме сигурни 10 милиони евра промет за четири месеци. До крајот на годинава мислам дека вкупно 15 милиони евра приход е остварлив, а не би ме изненадило доколку тоа биде и повеќе. Што доколку во предвидениот рок не ја добиете дозволата за летање? - Доколку во наредните пет до седум дена не ја добиеме дозволата ние
ќе се повлечеме од Македонија. Се надевам дека до тоа нема да дојде во
интерес на двете страни. |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Ne znam dali porano ne sum sledel no mislam deka godinava ima edna ubava tendencija na zgolemuvanje na carter letovite do Ohrid.
|
||||||||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
МАТ ервејз ќе добие дозвола за летање идната недела
Инспекцискиот надзор над воздухопловот на МАТ ервејзџ е планиран за понеделник во Белград. Во тек е постапка за запишување на авионот во регистарот на воздухоплови на Република Македонија, а последната фаза е сертификација на компанијата. Тоа, според информациите на АЦВ, се очекува да се случи во текот на наредната недела
Оттаму потенцираат дека инспекцискиот надзор е во функција на утврдување на исполнување на условите на организација за управување со постојната пловидбеност и организација за техничко одржување. Инспекцискиот надзор над воздухопловот на МАТ ервејз е планиран за понеделник во Белград. Во тек е постапка за запишување на авионот во регистарот на воздухоплови на Република Македонија, а последната фаза е сертификација на компанијата. Тоа, според информациите на АЦВ, се очекува да се случи во текот на наредната недела. Од МАТ ервејз велат дека ги чекаат претставниците од АЦВ да дојдат во Белград и да ја проверат потребната документација се со цел работата да се заврши што е можно побрзо, односно пред почетокот на туристичката сезона како би можеле да се реализираат веќе договорени аранжмани. Кон тики травел и Метрополитан инвестмент лани во септември во Македонија формираа нова компанија, МАТ ервејз. Оттогаш досега имаат инвестирано 5 милиони евра во Македонија. Еден дел од инвестицијата е искористен за купување на новиот авион боинг 737-500", кој во моментов е најдобар авион во регионот. Другиот дел од инвестицијата се средствата неопходни за тековно работење на компанијата МАТ ервејз, во којашто се вработени веќе 60 лица. Планираниот буџет за оваа година, како што потенцира Милачиќ, е речиси 10 милиони евра и е наменет за купување на нови авиони и вработување на нов кадар. |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
MAT Ервејс: Почеток со работа за неколку денаНовата македонска чартер авиокомпанија формирана со српски капитал „Мат Ервејс“ денеска соопшти оти е во завршна фаза обезбедувањето документација за добивање дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија и оти ќе почне да сообраќа за неколку дена. Основачите на компанијата, најголемата српска туристичка агенција Кон Тики Травел и компанијата Метрополитен Инвестмент Груп, во соопштението истакнуваат дека АЦВ темелно, професионално и квалитетно ја врши својата работа и се надеваат наскоро да добијат дозвола за летање со која ќе почнат со работа за неколку дена. Од авиокомпанијата, која располага со сопствен авион од типот Боинг 737 - 500, информираат дека веќе организирале неколку летови за Охрид. Според основачите на новата авиокомпанија, поранешната авиокомпанија МАТ, која е во стечај, нема никаква врска со МАТ Ервејс, ниту пак сопственикот на МАТ Златко Петровски има удел во сопственичката и управувачката структура на новоформираната компанија. МАТ Ервејс размислува да го промени името за да нема поврзаност со поранешен МАТ, што, како што стои во соопштението, може да се одрази на работењето. - Името и логото на поранешната авиокомпанија ги сочувавме бидејќи сметаме дека е од национален интерес на Македонија и нејзините граѓани новата авиокомпанија да носи име кое е обележје на државата, но без оглед каква одлука ќе донесеме македонското знаме ќе биде симбол на чартер компанијата, се вели во соопштението. http://www.time.mk/read/d81f94e5e4/d4f4073e1f/index.html |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
МАТ Ервејс размислува да го промени иметоАвтор: Александар Поповски 05 јуни 2010, 14:07 Извор: Макфакс
Српските компании кои ја основаа авио чартер компанијата „МАТ ервејс“ размислуваат да го променат името, поради зачестените поврзувања со старото раководството на авиокомпанијата „Macedonian airlineas“ Ова се наведува во денешната соопштение на основачите на „МАТ ервејс“, упатено до македонските медиуми, во кое се негира поврзаност со старата компанија. Реакцијата уследи, откако меѓу македонската јавност вчера беше изнесен сомнеж дека зад новата компанија стои Златко Петровски сопственикот на затворената МАТ. „Напоменуваме дека старата компанија нема никаква врска со новата, како и дека Златко Петковски нема никаков удел ниту во сопственичката, ниту во управувачката структура на новоформираната компанија, ниту пак постои можност да потпишува било какви документи“, се вели во реакцијата. Истовремено во соопштението се наведува дека стопостотни сопственици на новата компанија се српски компании, што може да се провери со увид во комплетната документација. „Компанијата размислува за евентуална промена на името од причина да не доаѓа повеќе до поврзаност со поранешната компанија, што може да се одрази на нашето работење“, стои во соопштението. Воедно се појаснува дека името и логото на поранешната македонска компанија биле задржани поради национален интерес на Македонија и нејзините граѓани. Агенцијата за цивилна воздушна пловидба деновиве врши контрола на воздухопловот на МАТ Ервејс по што наскоро ќе се произнесе дали новата авиокомпанија ќе добие дозвола да лета над македонското небо.http://www.time.mk/read/6a6631a403/bdf003e58b/index.html |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
На ССЦ налетав на еден многу интересен сајт, кој го следи токот на авионите над Европа во реално време. Еве каков беше тој пред 10 минути: над Македонија моментално немаме ниту еден авион. Исто така може да се кликне на секој авион и излегува информација за дестинацијата и компанијата. На велико европјаните одат на одмори, голем дел од авионите се чартери за Грција, Турција и Бугарија.
http://www.radarvirtuel.com/ ![]() |
||||||||||||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
widete ja svajcarija.....
koga gi vidov site ovie letovi ne se cudev, sum se naucil da mi leta sekoj 2 minuti avion nad klava!!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Картава е испомешана. Што бара лет Барбадос - Велика Британија над Унгарија и уште неколку слични појави? Колку што приметив во главно сообраќајот е концентриран околу Лондон, а другото е дисперзирано по неколку поголеми аеродроми. Западаен Балкан вклучително и Грција се неоптеретени.
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
На времето требаше да се инсталираат триста софтвери за ваква работа, добро е што сега е вака лесно достапно
![]() |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Добра визуелизација во каков мизерен дел од континентот живееме (рака на срце и поретко населен во секој случај).
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
НОВ ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ
Новото лого на МАТ ервејс симболизира туризам, патувања и сигурност.
Во слоганот "Touch the sky" - Допрете го небото, свртени се пораките кои
симболизираат доверба, препознатливост меѓу туроператорите и
авиопревозниците. МАТ ервејс минатата недела доби работна дозвола од Агенцијата за
цивилно воздухопловство. |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
"МАТ ЕРВЕЈС" И "КОН ТИКИ" ТУРБО СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА
Тој уверува дека со цените на аранжманите што наскоро ќе ги понудат
ќе ги придобијат граѓаните да патуваат со нив. Тој најавува дека од следната недела ќе започнат со маркетиншка
кампања преку која ќе ја информираат јавноста за летните аранжмани. Тој најавува дека планираат од 20 јули да воспостават лет
Белград-Охрид со кој ќе носат српски туристи на охридското крајбрежје. Во плановите на "МАТ ервејс" е да лета чартер-линии за Германија
(Минхен, Франкфурт, Дизелдорф), потоа Цирих во Швајцарија, а
размислуваат и за Лондон и Париз, но се уште ја испитуваат исплатливоста
на таквите дестинации. ![]() -Моментално гледам отпор кон името и кон знамето на авионот и размислуваме што понатаму за промена на името. Ние одиме со ново лого, со кампања со цел потполно да се дистанцираме од старата приказна. Ќе остане само стариот предзнак - МАТ. Ако видиме дека и тоа не дава резултати со тоа име, бидејќи луѓето не поврзуваат со старите сопственици и тоа влече некои хипотеки од минатото што ни го отежнува функционирањето, тогаш ќе мораме да го промениме иако ќе ни биде многу жал тоа да го направиме. Затоа апелирам до македонската јавност да не поддржи, а ние ќе им вратиме со подобри услуги и цени и на тој начин ние подобро ќе ја приближиме Македонија до Европа како МАТ - вели Милачиќ. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=804FECAA7FBD94478519815C44A479F8 |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Внимавајте со која чартер компанија летате на одмор!![]()
Македонија
е сиромашна земја, но пари за одмор секогаш има. Драстично зголемување
бележат чартер летовите за оваа сезона. Дури за 44% повеќе најавени
чартери во однос на лани. Пријавени се 137 летови, додека лани од
скопскиот аеродром се реализирани само 95 операции.
Зголемениот обем на работа на чартер компаниите сепак носи и ризик за патниците, но и за угледот на тур операторите. Не ретко се случува авионите да доцнат со часови. “ Најмалку се виновни патниците тоа е договор меѓу туристичките агенции и превозникот, агенцијата треба да отвора очи со кого склучува договор, а патниците да внимаваат какви чартер летови избираат“, вели Драги Поп Стојанов- Туристичка комора на Македонија. Најчесто соработуваме со авиопревозници од државите каде што летуваат патниците со што гаранцијата е поголема, смируваат агенциите. “Не може да има откажан лет. Ако авионот има технички проблем, најчесто се оди на друга варијанта, се изнајмува авион од друга авиокомпанија“, вели Никола Голубов- Аурора турс. Зголемениот број на чартер летови годинава најмногу се должи на бројниот интерес на Македонците за шпанските летувалишта. Кон останатите дестинации фреквенцијата е на ниво од лани. Бизнисот со чартер летови околу 80%, пред да згасне го имаше домашната авиокомпанија МАТ.
28.06.2010, 13:27
http://www.time.mk/read/0fda7d0f67/5ae8bb392d/index.html |
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
МАТ ЕРВЕЈС ОВА ЛЕТО ЌЕ ЛЕТА САМО ОД БЕЛГРАД Зголемен бројот на чартер-летови за Шпанија
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Скајвингс: До Виена за само 29 евра
Авиокомпанијата “Скајвингс“ само за 29 евра ќе ги превезува патниците на редовната авиолинија за Виена со авионите на “Ерлифт“. “Со оваа цена за Виена , Скајвингс го најавува поефтинувањето на
билетите на скоро сите дестинации на кои Ерлифт се обраќа редовно. Со
што редовниот домашен авиопревозник Скајвингс ќе стане прва авиокопанија
од Македонија што ќе може реално да им конкурира на лоњ-цост
авиокомпаниите ширум Европа“, соопштуваат од компанијата. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=73789&kategorija=2
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Пред некој да се израдува, само да напоменам дека цената е без аеродромски такси, и е во еден правец. Со аеродромски такси ќе кошта 100 евра
|
||||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||
Добро де, и за радување е. Ипак до сега немало такви цени. Ај да се надеваме ќе се најдат и други и ова ќе повлече чекор.
|
||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 244> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |