![]() |
![]() |
![]() |
Фасади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 9899100101102 165> |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ЕВН/ЕСМ
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Дали некој знае што прават на зградата на УЈП?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ЕВН/ЕСМ
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Зградата над "Мекиците од стража". За жал почнаа и тука
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Продолжува замената на старите фасади со нови
Со реконструкцијата на зградите чии фасади беа распаднати, полни со мувла и влага, покрај тоа што се обезбеди поубав надворешен изглед, се придонесе за поекономични сметки за електрична енергија на граѓаните. ![]() ИНВЕСТИЦИИ НА ОПШТИНИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Проектот за реконструкција на фасадите на зградите што го спроведуваат градските власти и општините Карпош и Центар придонесе за поквалитетен и поекономичен живот на граѓаните што живеат во тие станбени објекти. Со реконструкцијата на зградите чии фасади беа распаднати, полни со мувла и влага, покрај тоа што се обезбеди поубав надворешен изглед, се придонесе за поекономични сметки за електрична енергија на граѓаните. Дел општини заедно со здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ реконструираа голем број фасади. Оттука се поставува прашањето, кога веќе овој проект е толку добар и позитивен, зошто преостанатите општини не се приклучија во оваа акција, со која директно им се помага на граѓаните. КАРПОШ ЌЕ РЕКОНСТРУИРА 165 ЗГРАДИ Општината Карпош како една од првите општини што го започна овој проект досега реконструирала шест фасади на згради. - Заедно со „Хабитат“ досега реконструиравме шест фасади, а во фаза на реализација се уште пет, во согласност со склучениот договор со граѓаните и фирмата што има обврска да заврши уште пет згради, или вкупно 11 згради - велат од Карпош. Оттаму додаваат дека на територијата на општината треба да се реконструираат вкупно 165 згради. - До есен, според нашата програма за енергетска ефикасност, треба да се реконструираат вкупно 165 згради во вредност од осум милиони евра, плус учеството на граѓаните во замената на прозорците на рати со „Хабитат“. Динамиката ќе зависи од обезбедувањето на финансиските конструкции за група објекти за што се аплицира и кај разни фондови и донатори - информираат од Карпош. Од општината Аеродром, пак, информираат дека дел од заедниците на сопственици од зградите во Аеродром веќе почнале да ги менуваат фасадите, а за дел се врши скенирање на состојбата. - Општината Аеродром во соработка со здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ деновиве почна да работи на проект, со кој ќе се избројат сите станбени згради во општината и ќе се формира регистар на станбени згради и регистар на управители - велат надлежните. Оттаму додаваат дека целта на овој проект е да се направи база на податоци со регистар на станбени згради во општината и да се уочи актуелната состојба на зградите. - Ќе се утврди колку од зградите се енергетски ефикасни и на колку од објектите треба дополнително да се интервенира. Со проектот ќе се издигне јавната свест за значењето на енергетската ефикасност, како и за потенцијалот што го има за создавање нови работни места и подобри бизнис-можности - информираат општинските власти. КИСЕЛА ВОДА ИНВЕСТИРА ВО ЈАВНИ ОБЈЕКТИ Од општината Кисела Вода, пак, се со поинаков став. Оттаму велат дека реконструкцијата на фасадите е одговорност на сопствениците или на заедницата на станари. - Одржувањето на фасадите на зградите, односно нивната замена со енергетски ефикасни, како објекти што се во приватна сопственост, е комплетна одговорност на сопствениците, односно на заедницата на станари - велат оттаму. Според нив, тие како општина се насочени кон енергетска ефикасност, но во делот на јавните институции. - Вложувањето во енергетската ефикасност е стратегиска насока кон која општината интензивно се движи, за што говорат вложувањата од над 43 милиони денари, но во јавните објекти што се во нејзина надлежност, како детски градинки, основни училишта и бараките во кои е сместена оваа локална самоуправа - велат од Кисела Вода. Според нив, за посветеноста на енергетската ефикасност говорат и проектите како што е комплетна замена на системот за греење и воведување нов, комплетно енергетски ефикасен метод на греење со биомаса во новоотворената градинка во Црниче и во уште две други градинки во Драчево. Тука се користат овошни семки и пелети како енергент, финансиските заштеди во потрошувачката на топлинска енергија се околу 80 отсто, а штетните емисии на јаглероден диоксид се сосема избегнати, што е огромен придонес во заштитата на животната средина - нагласуваат оттаму. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52615918208&id=14&prilog=0&setIzdanie=23476 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од Твитер, снимено на 19 мај (веројатно од хотел Ибис)...
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Охридска банка во Охрид. Фотографија од 9 мај. Преземена од твитер профилот на Митков.
![]() https://twitter.com/_Mitkov_/media Edited by Џоле - 03-Jun-2015 at 21:44 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
УШТЕ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА БАРОКНИ ФАСАДИ НА УЛИЦАТА „МАКЕДОНИЈА“
![]() Градот Скопје ќе потроши повеќе од половина милион евра за нови барокни фасади на улицата „Македонија“. Градските власти, преку Бирото за јавни набавки, бараат фирма за реконструкција на изгледот на зградите со број 43 и 45, кои се лоцирани во централното градско јадро. За новите фасади од градскиот буџет ќе се одвојат 33,8 милиони денари, без ДДВ. Огласот е отворен до 23 јуни, кога ќе биде познато која фирма ќе ги преоблече двете згради на улица „Македонија“. Досега, во рамките на проектот „Скопје 2014“, во барок се направија фасадите на потегот од кафеаната „Пелистер“ до плоштадот „Пела“, објектот над „Тренд“, како и една зграда на улицата „Никола Вапцаров“. Барокна фасада доби и зградата на Министерството за правда. Пред извесно време, проектот почна да ги зафаќа и објектите на улица „Македонија“, во моментов скелиња се поставени на една локација, а наскоро ќе се прошири и на уште две згради. Во моментов се работи и на нови барокни фасади на „Никола Вапцаров“, како и на „Димитрие Чуповски“, сите улици во непосредна близина на строгиот центар на градот. http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=EA94689168F4144088385A552D0D91C1 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Улица Македонија во ново руво (ФОТО)
5.06.2015 - 13:05:00 Во тек е изведбата на две нови барокни фасади на улицата „Македонија“, а Градот Скопје во исто време бара проекти за промена на надворешниот изглед на четири згради лоцирани на улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“. Фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци е избрана да ги изведува градежните работи на објектите со број 25 и 35 на главната пешачка улица во Скопје. Според тендерската документација фасадата на зградата со број 35, којашто се наоѓа на страната на познатиот ресторан „Мекиците од Стража“, ќе има поставено и статуи, а целиот објект со фигурите на кровот ќе наликува на новото Министерство за надворешни работи. Покрај централната пешачка зона, нови фасади ќе имаат и објектите кои гравитираат околу новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Градските власти распишаа огласи за пронаоѓање на бироа што ќе ги изготват основните проекти за менување на постоечкиот изглед на зданијата лоцирани на улицата „Димитрие Чуповски“ со број 13 и на три објекти што имаат адреса на улицата „Даме Груев“ со број 14 и 18. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/10222554/ulica-makedonija-vo-novo-ruvo-foto |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се обновува фасадата на објектот каде што е сместено „Радио Охрид“
Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек се активностите за обнова на фасадата на уште еден објект од старата градска архитектура во Охрид, соопштија од Министерството. ![]() – Станува збор за објект на улицата „Св. Климент Охридски“ бр. 4 во Охрид во кој е сместено Радио Охрид. Проектот за обнова на фасадата на овој значаен објект од охридската староградска архитектура го изработија стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, а неговата реализација треба да започне до крајот на јуни 2015 година. Станува збор за објект кој се состои од приземје, кат и мансарда, со дрвена меѓукатна и покривна конструкција. Во согласност со проектот, на оваа масивна градба, изградена во класичен стил во почетокот на 20 век, ќе бидат реализирани конзерваторско-реставраторски зафати на фасадата, а ќе се изврши и промена на надворешната столарија – се вели во соопштението на министерството за култура. Во рамките на проектот на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во Република Македонија, во Охрид е обновена фасадата на куќата на семејството Бојаџиеви во стариот дел на градот, извршена е конзервација на фасадите на три индивидуални станбени објекти на ул. „7 Ноември“, обновени се фасадите на куќата на Патчеви и на куќата на Ајри Доко, а обновени се фасадите и променета е столаријата на: куќата на Робевци, куќата на Ѓурчинови и куќата на Христо Узунов. Годинава Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, во рамките на проектот, освен фасадата на објектот во кој е сместено Радио Охрид, ќе ги обнови и фасадите на куќите на семејствата Ѓурчинови и Димзови. http://republika.mk/?p=441227 |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Хех, ја сликнав куќава пред 10тина дена незнаејќи дека е радио - рекламата е тргната, т.е. само пластиката, неонките стојат.
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Еве, морав малку да ја сецнам одоздоле. ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Мислам дека е одлично обновена фасадата, барем вака од прв поглед ми се чини. Би било убаво повеќе станбени згради да се реновираат на истиот начин. ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ѕирка фасадата на една од зградите во Центар...
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
mnogu se popristojni i poprifatlivi ovie intervencii od site gluposti sto gi napravija kako MNR, AEK, EVN i MEPSO
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се обновуваат фасадите на два објекти на булевар „Илинден“
Во тек е изведбата на санаторско-реставраторските работи на фасадите на објектите бр. 68 и бр. 80 на булеварот „Илинден“во Скопје, датирани од периодот меѓу двете светски војни. ![]() Проектот е дел од Акцискиот план на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во нашата држава. ![]() За таа цел, од страна на надлежната установа од областа на заштитата на недвижното културно наследство за Скопје и Скопско, НУ Конзерваториски центар – Скопје, во 2014 години изготвени се основни проекти, завршени административните процедури на одобрување и јавните набавки. Фасадите на објектот на бул. „Илинден“ бр. 80 (или позната како зградата на МЦМ) планирано е да блеснат во полн сјај во текот на летото, а санацијата на фасадите на бул. „Илинден“ бр. 68 треба да биде завршена до почетокот на есента 2015 година. ![]() Надлежната установа, во текот на минатата година ги реставрираше фасадите на објектите со број бр. 41 и 63 лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна, а во текот на 2015 година ќе бидат изработени и 5 основни проекти за конзервација и реставрација на објекти во споменичката целина- Стара скопска чаршија. ![]() http://republika.mk/?p=444966 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 9899100101102 165> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |