![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 119120121122123 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ШИЛЕГОВ ЈА НАЈАВИ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ЗА ОВА ЛЕТО
Градот Скопје почнува градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници во вредност од 760 милиони денари, во тековната и наредната година, најави градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција. - Како што неодамна најавив, светската пандемија на корона вирусот нема да ги запре инфраструктурните градежни активности што се во надлежност на Град Скопје, туку напротив, тие ќе продолжат со исто или засилено темпо. Ова го правиме од една здраворазумска и хумана причина за која зборував на почетокот на овој месец. Во изминатите две години Град Скопје покажа одлични финансиски резултати. Советот две години по ред усвојува завршни сметки од кои јасно се гледа дека буџетот е на стабилни нозе и дека може да ги исполни своите цели. Ваквите финансиски резултати овозможуваат Град Скопје да нема рестрикции во планираната изградба и реконструкција на градската инфраструктура, притоа откажувајќи се од дел од средствата од најголемите свои приходи - комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор и слично. Ова го правиме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор кој е одговорен за голем број вработени и учествува со сериозен дел во БДП на Република Северна Македонија. Сакаме да ги сочуваме сите работни места во десетиците стопански гранки кои ги обединува градежништвото – рече денеска Шилегов. Тој додаде дека Градот Скопје ќе продолжи со интензивна изградба и реконструкција на градските сообраќајници, односно, до крајот на 2020 година ќе бидат завршени тендерските постапки и ќе почне изградба и реконструкција на следните сообраќајници: Изградба и реконструкција на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај Клубот на пратеници; Изградба и реконструкција на улицата Македонско-косовска бригада – фазна реализација; Изградба и реконструкција на булеварот Никола Карев (фазна реализација - до Момин поток); Изградба на улицата Есенинова и подземни бунари со линиски системи; Реконструкција на булеварот Александар Македонски (фазна реализација, од улицата 16.Македонска бригада до излезот на Скопје); Реконструкција на булеварот Киро Глигоров (фазна реализација); Реконструкција на булеварот Видое Смилевски Бато (фазна реализација, од булеварот Јане Сандански до улицата Февруарски поход); Реконструкција на улицата 11.Октомври од раскрсницата со булевар Кочо Рацин до раскрсницата со улица Филип Втори Македонски; Реконструкција на улицата Востаничка; Реконструкција на улицата Васил Ѓоргов (од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза); Реконструкција на улицата Никола Парапунов; Реконструкција на улицата Никола Карев, од раскрсницата со булевар Трета македонска бригада до раскрсницата со булевар Кузман Јосифовски – Питу; Реконструкција на булеварот 8.Септември (од булеварот Илинден до улицата Скупи) Реконструкција на улицата Џон Кенеди (од улицата Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош); Реконструкција на улицата Лазар Личеновски - фаза 2; Реконструкција на улицата Благоја Стефковски (фазна реализација -трета фаза). Шилегов нагласи дека Градот Скопје продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови и во сите 10 скопски општини – следната недела ќе биде пуштен во употреба булеварот Христијан Тодоровски Карпош, интензивно се работи на втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди и на првата фаза од булеварот Босна и Херцеговина, а наредната недела се очекува да почне и втората фаза од изградбата на овој булевар. -Очекувам да биде пуштен во употреба булеварот АСНОМ во првата фаза, а наредната година очекувам да го пуштиме во употреба и мостот преку Вардар. Годинава очекувам да почнат градежни активности на големата раскрсница кај Момин поток и на мостот во Карпош 4, да почнат градежни работи на продолжението на булеварот Борис Трајковски и да ја почнеме третата фаза на булеварот АСНОМ низ Ќерамидница. Развојот на сообраќајната инфраструктура во нашиот град не смее да запре. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно ќе придонесеме за намалување на економската криза, не само во нашиот град, туку и во целата држава. Ова го правиме за доброто на сите нас. Кризата ќе помине, животот продолжува. Чекор по чекор градот ќе продолжи да се развива – рече денеска градоначалникот Шилегов. https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/29042020_najava_gradezna_ofanziva/?fbclid=IwAR12e9CR0MlimLFgtoBcHVYXF-HNKMBvWBRC4HR6_weMUjcfVdEfnUTtENI |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Значи, конечно ќе се продолжи Љубљанска преку Вардар, годинава?
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Фазна реконструкција на Видое Смилевски Бато од ЈС до ФП, што е всушност целата негова должина?! Истото важи и за улицата Никола Карев, за која сега приметив дека го носи истото име со булеварот Никола Карев. Пожелно би било еден од нив да го смени името.
На 31 декември може да се провери мапава: Тиркиз - пуштање во употреба Сино - се работи Зелено - изградба Жолто - изградба и реконструкција Црвено - реконструкција Не сум сигурен за фазите на Благоја Стефковски, Киро Глигоров, Индира Ганди и Лазар Личеноски ![]() Edited by Staro Skopje - 14-May-2020 at 19:24 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И со маски ќе бидеме гласни – порача сојузот на синдикати на денот на трудот
6 часот изутринава бучава ги разбудила жителите на улицата „МАНАПО“ во населбата Карпош. Никој не очекувал дека тајфа работници со градежни машини ќе асфалтираат улица. Но, ништо не би било невообичаено ако змејата не беше во вонредната состојба, и светот да не го одбележуваше меѓународниот ден на празникот. Дваесетина работници и врвулици од минувачи кои подзастанува и коментираа пред камерата на Телма. Одговорните на фирмата „Битем“ не креваат на телефон за да објаснат зошто им пречеше камерата на Телма и се обидуваа да ја избркаат новинарската екипа, и зошто токму на 1-мај одлучија ударнички да асфалтираат. Градот Скопје им дозволил да постават гасоводна мрежа и им оставиле 3 до 4 месеци период на располагање. Улицата и пред корона вирусот стоела недовршена. Но, каде работодавачите ја „закопаа“ солидарноста особено во кризата со вирусот прашуваат и синдикалците ? Пандемијата не ги замолчи синдикалците кои борбата за поквалитетени работнички права ја преселија на интернет. „И со маски ќе бидеме гласни порача сојзуот на синдикати.“ Економските мерки ги оценија како навидум силни, а по синоќешниот состанок во владата денеска и испорачаа 4 барања и десетина предлози „ Да се донесе уредба дека платите на работничките и работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20% за време на кризата, како што е дефинирано со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Изминативе недели, многу фирми ги намалуваа платите за дури 50%, повикувајќи се на „виша сила“, што не смее да се дозволи, тврди сојузот на синдикати. И прогресивен данок за они кои заработуваат повеќе, а ниту, денар помош владина за оние фирми кои отпуштаат работници во кризна состојба, побара синдикалците. Владата експресно одговори и забрани отпуштања во фирмите кои добиле државна помош од 14.500 денари за работник. За работниците стасаа вообичаените честитки по повод празникот, од вицепремиерката Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, техничкиот премиер Оливер Спасовски и од лидерите на најголемите политички партии. Работниците не ги заборави и претседателот Стево Пендаровски честитајќи им го празникот. Но, работниците сод година во година ја губат силата разединети и обесхрабрени. Само една третина од вработените во Македонија се членови на синдикат, а причините за изгубената доверба се политиката и мешањето на политичари во највисоките раководни функции во синдикатите покажа последното универзититеско истражување на оваа тема. Повеќе од 130 години од ќотекот и смртта на работниците во Чикаго работниците во светот го чествуваат денот на трудот, работникот и борбата за неговите права. https://telma.com.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на ул.9-ти Мај-Центар
![]() ![]() https://www.facebook.com/gamagradba.mk/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/gamagradba.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна реконструкцијата на улица „20“ во Долно Лисиче
![]() ![]() ![]() Општина Аеродром деновиве ги почна градежните работи на реконструкција и обнова на улица „20“ во Долно Лисиче. Оваа улица ќе се обнови со нов асфалт со површина од околу 4 200 м2, со тротоари од бехатон. Градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните активности и истакна дека оваа реконструкција е од големо значење за жителите на Долно Лисиче, бидејќи ќе придонесе за олеснување на нивното секојдневно функционирање. Општина Аеродром продолжува интензивно да работи на изградба на нова, како и на подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината. http://aerodrom.gov.mk |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Update
Главните инфраструктурни проекти (поправете доколку сум испуштил или згрешил нешто): Исполнето (1/25; +0): Довршување на булевар „Трета Македонска Бригада“ (стр. 32) + По изборите најавен и довршен булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ Во тек/делумно исполнето (5/25; +5): Изградба на нови велосипедски патеки Кисела Вода-Карпош-Ѓорче Петров и Бутел-Чаир-Центар (стр. 17) Проширување на булеварот „Никола Карев“ и на „Александар Македонски“, т.н. „Северен булевар“. (стр. 17) Колектор за отпадни води (стр. 19) Проширување на улица „Босна и Херцеговина“ во булевар (стр. 33) Пешачки мост Ќерамидница-Аеродром - По изборите најавена изградба на булевар (стр. 34) Најавено/подготовка/минимално исполнето (9/25; +4): Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел од Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“. (стр. 17) Пробивање на „Словенечка“ (стр. 18) Гасификација (стр. 22) Приоритетна лента за јавен превоз - По изборите најавен БРТ (стр. 24) Изградба на булевар „Хрватска“ (стр. 34) Продолжување на „Љубљанска“ со изградба на мост преку Вардар (стр. 36) Поврзување на Кисела Вода и Аеродром со врска преку пругата (стр. 37) Мал Ринг - пешачка зона (стр. 39) Подобрување на пристапот кон Шуто Оризари (стр. 41) + По изборите најавено проширување на остатокот од булевар „Борис Трајковски“ Сѐ уште без активност (9/25; -10): Спуштена раскрсница кај Мавровка (стр. 18) Надградба на рекреативните содржини на кејот на Вардар (стр. 25) Натпатник кај Алкалоид (стр. 34) Кружен тек кај мостот кон Сарај (стр. 35) Зелен коридор по Лепенец - велосипедска патека и рекреативна зона (стр. 35) Нов железнички надвозник во населбата Даме Груев (стр. 35) Затворање за сообраќај на кејот кај ГТЦ (стр. 39) Врска Матка-автопат (стр. 38) Ново сообраќајно решение кај Јаја-паша (стр. 40) Откажано (1/25; +1): Мост од „Илинденска“ кон Ѓорче Петров (стр. 18) Градоначалникот е на власт скоро 2 години и 7 месеци |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Имавме и тема за оценување на градоначалниците некаде низ форумов (иако гледам дека си се фокусирал исклучиво на инфраструктура така што апсолутно му е местото на постов овде) и за Трифун (еј колку ни е стар форумов) а и за Коце. Туку ова ми фати око (неповрзано со сообраќајот):
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Не сум видел досега некој политичар да биде испрашуван исклучиво по изборната програма. Оваа конкретно има 44 делумно исполнети страници и најбитните елементи од неа може да се поминат во едно интервју од час и половина.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Каде, како? |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
ВРСКА МАТКА-АВТОПАТ
ПОМАЛКУ МОТОРИЗИРАН СООБРАЌАЈ НИЗ САРАЈ! Ја поврзуваме Матка со автопатот Скопје-Тетово, за да ја направиме леснопристапна до сите делови од Скопје. Го намалуваме сообраќајот на главната улица низ Сарај и Шишево. Ја зголемуваме безбедноста на децата од селата и ја унапредуваме животната средина. Пристапноста на Матка отвора многу повеќе можности за развој на туризмот и на рекреативните содржини на локацијата, а со тоа повеќе пари и работни места за локалните жители. Веројатно некоја ваква врска, само малку тешко со ритчињата ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Истиот проект го има и во Стратегијата за локален економски развој на Град Скопје 2018-2021: https://skopje.gov.mk/media/4911/strategija-za-lokalen-ekonomski-razvoj-na-grad-skopje-so-akcionen-plan-period-2018-2021.pdf
33.Обиколен пат од стариот пат Скопје –Тетово (наплатна рампа) до полициската станица Матка. Стратешка цел: Подобрување на просторни квалитети и функции на градот Краток опис: Реализација на проект за обиколен пат од стариот пат Скопје – Тетово (наплатна рампа) до полициската станица Матка. Поврзување на Матка со автопатот Скопје-Тетово, во насока на нејзина лесна достапност до сите делови од Скопје. Намалување на сообраќајот на главната улица низ Сарај и Шишево. Зголемување на безбедноста на децата од селата и унапредување на животната средина. Пристапноста на Матка отвора многу повеќе можности за развој на туризмот и на рекреативните содржини на локацијата, а со тоа повеќе пари и работни места за локалните жители. Цел: Подобро функционирање, растеретување и побезбеден сообраќај.. Целни групи/ носители: Граѓани на Град Скопје, Град Скопје 2018 – 2021 година Подобро функционирање, растеретување и побезбеден сообраќај Го има и во Програмата за работа на Владата 2017-2020: https://vlada.mk/sites/default/files/programa/2017-2020/Programa_Vlada_2017-2020_MKD.pdf и во некојси памфлет „Приоритетни проекти за локален развој“ на СДСМ: http://www.sdsm.org.mk/Gis/Upload/PDF/Pripritetni_proekti.pdf, но без никакви детали. Не најдов информации за отпочнување на негова реализација. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Како приоритети на кои треба да се размислува пред се е решавање на раскрсницата кај Мавровка за да има поента мостот кој се гради низ Ќерамидница како и целосно довршување на Јужен Булевар...
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
но се согласувам дека решавањето на Мавровка и други раскрсници во градов драстично ќе го реши проблемот |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Дали е почнато барем проектирање на раскрсницата кај Мавровка? Ниту најава дека наскоро ќе се гради не сум видел, а не па нешто друго.
Се надевам дека по онаа кај Хубо, ќе започнат со реализирање на оваа раскрсница. Во оваа вест од март, покрај клучката кај Хубо се споменува висечки кружен тек (и) на спојката Пластичарска-Словенија. Нешто утнале, или планирана е уште една клучка помеѓу Качанички пат и бул. Словенија? Edited by Staro Skopje - 08-May-2020 at 19:56 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар ќе реконструира три улици
Општина Центар од Светска банка ќе добие финансиска поддршка за реконструкција на три локални улици со кумулативна должина од три километри. Ова е резултат на јавниот повик објавен на 23.05.2019 година од страна на Министерството за финансии, на кој Општина Центар аплицираше за „Проект за реконструкција на локални патишта и улици во општините во Република Северна Македонија”. Реконструкцијата на трите улици, како што информираше градоначалникот Саша Богдановиќ, ќе започне по завршување на тендерската постапка. Станува збор за улиците: „Козара” во Капиштец, со должина од 3.330 квадратни метри, „Народен Фронт” исто така во Капиштец, со должина од 9.040 квадратни метри и „Аминта Трети” во Дебар маало, со должина од 7.510 квадратни метри. https://www.vecer.press/општина-центар-ќе-реконструира-три-ул/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Привршува реконструкцијата на ул.9-ти Мај во Центар
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/gamagradba.mk/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Некој да им објасни во општина Центар или евентуално на новинарот во Вечер дека метри квадратни не е мерка за должина. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улица Индира Ганди во Шуто Оризари. Завршена и втората фаза
![]() ![]() https://www.facebook.com/petreshilegov |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 119120121122123 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |