build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 86>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 06-Oct-2020 at 11:51
ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ПОГОЛЕМ БРОЈ АВТОБУСИ, НАЈАВИ ЈСП „СКОПЈЕ“

Поголем број автобуси ќе бидат пуштени од денеска на дел од линиите, најавуваат од ЈСП „Скопје“ и велат дека наместо според саботен возен ред, поголем број автобуски линии ќе возат според летен делничен возен ред.

Поголем број автобуси ќе бидат пуштени на линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите 9, 19, 20 и 23 како и во изминатиов период, продолжуваат да соораќаат по редуциран делничен возен ред.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 кои возеа до Средно Водно и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.

ЈСП „Скопје“ го редуцираше бројот на автобуси кои сообраќаат низ градот од почетокот на епидемијата на коронавирусот. И покрај поплаките на граѓаните дека долго чекаат автобус, градоначалникот Петре Шилегов изминативе 6 месеци велеше дека не може да се зголеми бројот на автобуси и да се врати вообичаениот возен ред бидејќи е намален бројот на патници и ЈСП работи со загуба.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-denes-ke-vozat-pogolem-broj-avtobusi-najavi-jsp-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 06-Oct-2020 at 08:50
Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“.

Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората постапка се очекува да се достават до 25 октомври, а потоа ќе следи постапка за избор на најповолна понуда.

„Податоците што ги поседуваме од Одделот за јавни набавки, велат дека немало понудувачи кои ги исполнувале потребните услови и како резултат на тоа постапката за јавна набавка мораше да се откаже. Огласот беше повторно објавен пред неколку дена и на 25 октомври треба да биде затворен. Потоа, продолжуваат другите фази како што се предвидени со одредбите на законот за јавни набавки“, велат од Општина Тетово.

Уште во декември минатата година градоначалничката на Тетово Теута Арифи вети дека од јануари годинава ќе започне формалната постапка за јавна набавка и дека истата ќе заврши за еден месец.

„Сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи во декември минатата година.

Со распишувањето на изборите во април годинава, се зголеми оптимизмот на Општина Тетово дека до крајот на оваа година граѓаните ќе можат да ги користат петте ветени автобуси.

До пред неколку дена, вината за нереализација на овој проект од страна на Општина Тетово беше префрлена на „корона вирусот“, тврдејќи дека „поради состојбата со пандемијата, постапките се откажани“.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово “ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Исто ветување, Арифи даде на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, на која според Арифи целата документација за снабдување на Тетово со пет автобуси е завршена и дека нивната набавка се очекуваше да заврши на крајот на јануари.

„Од Светска банка обезбедивме средства од 72,5 милиони денари за набавка на пет автобуси за јавното сообраќајно претпријатие, би сакала да ве известам дека вчера Министерството за финансии ни го испрати за потпишување договорот и започнување на постапките за набавка на автобуси. Според ова, како што се одвиваат работите, сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи на 30.12.2019 година.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по вторпат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не стана функционално и истото автоматски престана да работи поради законски рокови за ставање на истото во функција, а на последниот состанок на тетовскиот општински совет беше изгласан и статутот на ова претпријатие.

https://meta.mk/portalb-propadna-tenderot-za-nabavka-na-avtobusi-za-javen-prevoz-vo-tetovo-raspishan-nov/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 11-Sep-2020 at 14:01
Originally posted by ehrlich

Originally posted by stef4o

...рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/


Рече Шилегов и остана жив


Добро, правилно би било дека ланската продажба била 450% поголема од годинешната, што автоматски не значи дека годинава е 450% помала, процентите не работат така, ама мислам дека е јасна поентата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 10-Sep-2020 at 21:56
Прво автобуси кои загадуваат 700% помалку, сега 450% пад на продажба. Од извор на податок (кој и да е во ЈСП/ГС), преку објавувач (градоначалник), приемател (репортери) и преносител (медиуми), никој не се буни.

Да имаше пад од 450% полни ќе беа автобусите, особено со пензионери!

Мора повеќе автобуси за да се намалат гужвите (кои, сепак, се далеку помалку од март наваму). Ако има загуби, нека ја зголемат цената на единечните билети. Со тоа ќе се зголеми популарноста на годишните, а ќе се демотивира користењето на јавен превоз. Онлајн наставата доста помага тука, ќе се избегнат гужвите кај 7/13/19.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 10-Sep-2020 at 21:36
Originally posted by stef4o

...рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/


Рече Шилегов и остана жив
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 10-Sep-2020 at 13:23
Граѓаните нервозни, се „гужваат“ во ретките автобуси, Шилегов вели мора да се штеди

Неразбирливо за корисниците на јавниот сообраќај е зошто одлуката за редуциран број на автобуси по скопските улици е сеуште на сила, кога престанаа да важат ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години, фирмите ги вратија назад работниците кои работеа од дома, почна да функционира „Мој термин“, а клиниките и амбулантите примаат пациенти, кои неретко на лекар одат со автобус.

Автобусите на ЈСП секој ден се уште возат по саботен возен ред, кој беше воведен поради корона-кризата, иако работните активности на граѓаните се вратија во вообичаениот распоред.

Имено, претпријатието на почетокот на март донесе одлука да ги редуцира автобусите, како резултат на намалената фрекфенција на патници, поради пандемијата на ковид-19, што беше разбирливо и оправдано ако се земе предвид дека училиштата се затворија, а и голем дел од граѓаните почнаа да работат од дома.

Неразбирливо за корисниците на јавниот сообраќај е зошто одлуката за редуциран број на автобуси по скопските улици е сеуште на сила, кога престанаа да важат ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години, фирмите ги вратија назад работниците кои работеа од дома, почна да функционира „Мој термин“, а клиниките и амбулантите примаат пациенти, кои неретко на лекар одат со автобус.

Реакција на револтирани граѓани денеска стигна до редакцијата на Слободен печат.

– Автобусот со број 4 доаѓа еднаш на 40 минути. Дали знаете каков метеж се прави на автобуските станици за тој временски период? Во автобус за време на шпицот не можеш да се разминеш, а не пак да држиш растојание. Луѓе седат и на седиштата на кои пишува дека не смее да се седи, ама не ги обвинувам, и јас некогаш седам на нив, бидејќи во автобусот е таква гужва, што подобро да седнеме еден до друг, отколку да си дишеме во врат, вели наша сограѓанка која редовно го користи автобускиот превоз.

Слично мислење има и патничка која се вози во автобусот со број 24.

– Постојано слушаме дека треба да се држи растојание од два метра, но во автобус тоа не е можно. Би било многу полесно да се практикуваат протоколите за заштита од ковид-19 ако има почесто автобуси, бидејќи тоа ќе значи и помалку метеж и на автобуските и во автобусите.

Но, со ваквите реакции на граѓание не се согласува градоначалникот Петре Шилегов. Тој тврди дека автобусите возат полупразни, а и треба да се штеди.

– Анализите кои што ги правиме покажуваат дека во моментов превезуваме 0,6 патници на еден изминат километар, што значи дека фрекфенцијата на сообраќај не е на тоа ниво за да се вратиме на стариот возен ред, а мораме да ги правиме заштедите во транспортниот систем, имајќи во предвид дека добар дел од трошоците паѓаат на буџетот на Град Скопје. Таму каде што приметуваме дека на дневна основа, на определени места има гужви во шпицот, тие линии се појачуваат, меѓутоа кога ќе ги видите автобусите, ќе видите дека тие се де факто полупразни, рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 27-Aug-2020 at 15:47
Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници на РСМ-Транспорт за усогласување на возните редови на патничките возови и на јавниот превоз, но ситуацијата со ковид-19 кризата ги прекинала сите понатамошни контакти.

Од Град Скопје објаснуваат дека нивното ЈСП и државната железничка компанија се два различни оператори, така што постои потреба од меѓусебно усогласување со технички протоколи, како и усогласување и донесување на правни акти кои би овозможиле воведување на комбиниран билет за патување со воз и јавен превоз. Во моментов не постои временски термин во кој би се реализирале ваквите административни процедури.

И од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ веќе нагласија дека тие се заинтересирани за воведување на една ваква поволност за граѓаните, но дека постојат предуслови што треба допрва да се решат.

– За воведување на комбиниран билет на меѓуградскиот железнички превоз на патници и градскиот автобуски превоз, треба да се изготви студија за условите, оперативните и техничките можности за реализација на овој проект – велат од Железници на РСМ – Транспорт.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека бројките на превезени патници со јавен превоз во Скопје, но и со патничкиот железнички сообраќај во земјава во континуитет опаѓаат. Различни експерти во неколку наврати за нашиот медиум нагласија дека властите треба меѓусебно да соработуваат за да се воведат нови поволности за патување на граѓаните, како би можело да се запре трендот на опаѓање на бројот на патници во јавниот превоз и возовите.

Комбинираниот билет за воз и јавен превоз би бил најмногу користен од граѓаните од приградските населби на Скопје, како и од блиските градови Велес, Куманово и Тетово кои секојдневно патуваат до и од главниот град. Бидејќи не постои ваква поволност, на пример, граѓаните на Велес кои секојдневно патуваат на работа, училиште или за друга потреба во Скопје, плаќаат одделен месечен билет од 2.450 денари на Железници на РСМ-Транспорт, како и посебен месечен билет од 1.600 денари на ЈСП-Скопје, како би можеле да стигнат до посакуваната дестинација. Истото се однесува и за оние граѓани кои поретко патуваат, но се приморани да купат одделни возни билети за јавен превоз и за воз за да стигнат до посакуваната дестинација.

https://meta.mk/voveduvanjeto-kombiniran-bilet-za-voz-i-javen-prevoz-kje-pocheka-na-nadminuvanje-na-korona-krizata/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 18-Aug-2020 at 15:51
Има можност во некои автобуси внатре да се влегува со автобус? На автобусите кои сообраќаат за Водно може да им се извади по некое седиште и да монтираат држачи внатре.

Се надевам дека ќе обрнат внимание на мултимодалноста кај БРТ-то.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 18-Aug-2020 at 14:20
Градските власти ветуваат држачи само на подолгите линии што водат до Водно и Матка

Неформалната група на скопски велосипедисти „На точак“ прашуваат дали постои можност на новите еко автобуси на плин да се постават држачи за велосипеди, пилот-проект кој започна да се реализира уште во 2016 година, на нивно барање, но не траеше долго. Оттаму додаваат дека иако често било дискутирано на средбите со претставници од Градот и им било потврдувано од градските власти дека ќе постои можност за поставување на држачи, до денеска не гледаат држачи за велосипеди на новите автобуси.

Затоа, од „На точак“ прашуваат дали на донесените модели на автобуси има држачи за велосипеди и ако нема држачи, дали можат да се монтираат дополнително на одредени линии?

– Ако можат да се монтираат држачи за велосипеди, дали Градот планира да го направи тоа и кога. Претходните беа непрактични за користење. Беше разговарано да влезат во документацијата за набавка или барем да се имаат предвид кога се набавуваат автобусите да бидат компатибилни – потенцираат од „На точак“ од каде очекуваат одговор од градските власти по ова прашање, но ја поздравуваат одлуката да се зголеми возниот парк на ЈСП и со подобри автобуси.

Од Градот потврдија дека на новите автобуси не се поставени држачи за велосипеди, но велат оти размислуваат на опции да се постават на одредени линии кои би обезбедиле безбедно користење.

– Монтирањето на вакви држачи на автобуси кои се движат по градски линии, поради брзото застанување и заминување е небезбедно за градскиот сообраќај. Велосипедите не се заклучуваат и тие не можат да се гледаат преку ретровизорите што е дополнително небезбедно. Еден од проблемите кои ги увидовме за време на пилот-проектот и поставените неколку држачи на велосипеди во 2016 година, е и големиот број на кражби на велосипеди – одговорија градските власти.

Тие додаваат дека од овие причини, Градот и ЈСП планираат вакви држачи за велосипеди да постават на новите автобуси кога истите ќе започнат да сообраќаат до рекреативни центри, на подолга локација (Водно, Матка…). Засега, новите автобуси сообраќаат на градските линии 2, 5, 15 и 24.

Во однос на претходниот проект, од Градот објаснуваат дека станува збор за пилот-проект кој ЈСП го спроведе во 2016-та и 2017 година, на барање и предлог на неформалната група велосипедисти „На точак“.

– Вакви држачи беа поставени на неколку автобуси. Тогаш тие не беа често користени, а кога се користеа, се случија неколку кражби на велосипеди. Токму поради искуствата од овој пилог-проект беа донесени и одлуките, поставувањето на држачите да се движи во оваа насока – нагласија од Градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/градските-власти-ветуваат-држачи-сам/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 07-Aug-2020 at 14:45
Комбиниран билет за воз и јавен превоз нема, дивите таксисти со полни раце работа (инфографик)





Нема никакво придвижување од надлежните власти за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз, којшто би го користеле граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Скопје и околните градови Велес, Куманово и Тетово. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега немале разговори со Град Скопје и ЈСП-Скопје околу можноста за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз во главниот град.

– Во повеќето поразвиени земји од ЕУ комбиниран билет за воз и јавен превоз е воведен во големите градови каде постои и градска железница. Во тој случај истиот билет важи за било кој тип на јавен превоз што се одвива во градот. За воведување на комбиниран билет на меѓуградскиот железнички превоз на патници и градскиот автобуски превоз, треба да се изготви студија за условите, оперативните и техничките можности за реализација на овој проект – велат од Железници на РСМ – Транспорт.

Ваквата студија не само што не е изработена, се чини дека нема ниту волја за воведување на комбинираниот билет. Од ЈСП-Скопје и од Град Скопје побаравме одговори на прашањето дали планираат да го воведат комбинираниот билет и какви активности преземаат за да се воведе новата поволност за граѓаните, но до денешен ден не добивме одговори.

Во меѓувреме, бројките на превезени патници и со јавен градски превоз во Скопје, но и со патничкиот железнички сообраќај во континуитет опаѓаат. За да може да стигне на работа или на школо некој од Велес, треба да плати одделен месечен билет од 2.450 денари на Железници на РСМ-Транспорт, како и посебен месечен билет од 1.600 денари на ЈСП-Скопје за да може секојдневно да стигне до посакуваната дестинација.

Поради ова, дивите таксисти имаат полни раце работа и постојано расте бројот на патници што го користат ваквиот превоз меѓу Скопје и околните градови. Дивите таксисти се флексибилни, многу често возат до крајната дестинација што ќе ја побараат патниците, и тоа по конкурентни цени. И споделувањето места во автомобили има исто така зголемен тренд на користење кај граѓаните кои патуваат меѓу овие градови.

Како резултат на ова, статистичките податоци покажуваат континуирано намалување на бројот на патници што патуваат со воз. Во 2011 година од железничките станици во Велес со воз отпатувале 477.000 патници, а лани ова превозно средство го користеле само 162.000 патници. Опаѓање на бројот на патници има и кај ЈСП-Скопје, па така во 2015 година 52,9 милиони патници биле превезени во скопскиот јавен превоз, а минатата година тој број опаднал на 44,2 милиони патници.

Заедно со опаѓањето на интересот за користење на јавниот превоз и патничките возови, растат или потребите за дополнителни субвенции за одржување на превозот кај ЈСП-Скопје или натрупувањето долгови кај Железници на РСМ-Транспорт, кои пак секоја година добиваат субвенции од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски.

Покрај тоа што не е воведен комбиниран билет за јавен превоз и воз, „Мета.мк“ веќе пишуваше дека граѓаните не можат да го транспортираат својот велосипед во патничките возови и јавниот превоз во Скопје, а нема ниту паркинзи и можности за изнајмување велосипеди на автобуските стојалишта и железничките станици. Интегрирањето на овие видови транспорт и воведувањето на нови поволности за граѓаните се единствената можност за пораст на бројот на патници, сметаат експертите.

https://meta.mk/kombiniran-bilet-za-voz-i-javen-prevoz-nema-divite-taksisti-so-polni-racze-rabota-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 07-Aug-2020 at 09:54
Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите.

Општина Тетово на 12 јуни го објави повикот за доставување на понуди од страна на заинтересираните компании за набавка на автобусите за градски превоз. Рокот за доставување на понудите беше 15 јули, но поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, истиот беше продолжен до 24 јули.

– Моментално, се разгледуваат документите на секој економски оператор што доставил понуда – велат од Општина Тетово.

Според Општина Тетово, сè уште тече постапката во која комисијата врши проверка на документите на компаниите кои аплицирале.

– После отворањето, следи постапка во која комисијата врши верификација на документацијата и понудите и овој рок сè уште тече – рекоа за „Порталб.мк“ од Општина Тетово.

Ветувањето за повторно воведување на јавниот превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово го даде во нејзиниот прв мандат во Програмата за локалните избори за 2013 година со наслов „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

Истото ветување, Арифи го даде и на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, и според неа, набавката за автобусите се очекуваше да заврши на крајот на јануари 2020 година.

Во март 2020 година од Општина Тетово информираа дека јавната набавка не е сè уште започната.

На крајот на мај 2020 година, од општината рекоа дека пандемијата влијаела врз овој процес. Конечно, во јуни 2020 година беше објавен тендерот за купување на автобусите. Инаку, Општина Тетово во септември 2019 година по вторпат основаше јавно претпријатие за градски превоз „Тетово Транспорт“.

https://meta.mk/opshtina-tetovo-gi-razgleduva-ponudite-na-kompaniite-za-nabavka-na-gradski-avtobusi/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 08-Jul-2020 at 16:18
Овие беа тие што после пуштањето во употреба се увиде дека нема таква бензинска во Прилеп, па мораше еколошки да возат секој ден до Битола??     
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 08-Jul-2020 at 15:25
Сите 4?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 08-Jul-2020 at 08:26
Само една година откако Заев ги „благослови“ 4-те нови еко-автобуси во Прилеп , тие се во дефект и вон употреба



https://alfa.mk/samo-edna-godina-otkako-zaev-gi-blagoslovi-4-te-novi-eko-avtobusi-vo-prilep-tie-se-vo-defekt-i-von-upotreba/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 24-May-2020 at 18:38
Текст од февруари, но нафрла неколку битни поенти. Последниот параграф е... чуден.

Ќе стане ли конечно јавниот автобуски превоз во Скопје одржлив?

Иако Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје датира уште од годините веднаш по Втората светска војна, за жал се чини дека и неговата флота, како и фреквенцијата и квалитетот на услугата не покажале некој огромен напредок во децениите што следувале. Ќе се сложиме дека масовното подновување на возниот парк од пред неколку години кога се купија дизел автобуси од Кина и Украина, беше добра промена, но не може да се каже дека е избрано одржливо решение. Последново никако не се вклопува во концептите за модерен јавен автобуски превоз кој е општо прифатен стандард во светот кон кој се стремиме да се приближиме. Освен дизел моторите кои сериозно го загдуваат воздухот со ПМ честички, може да се дебатира и за недостатокот на простор во внатрешноста на автобусите, сериозните проблеми со нивното одржување, па дури и нивната оперативност во услови на остри скопски зими.

За поздравување е последната одлука за набавка на нови 30 автобуси кои ќе користат природен гас, како и најавата за имплементација на сосема нов концепт кај нас на т.н Bus Rapid Transit (BRT), но се чини дека сето ова стигнува помалку задоцнето, некоординирано и што е уште поважно првенствено во функција на политиката. Експертите од поодамна предупредуваат дека инвестициските циклуси мора да бидат одвоени од политичките односно изборните циклуси. Четири години се прекраток период кога станува збор за решавање на стратешки инфраструктурни прашања. Токму затоа, водени од мотиви кои не се многу блиски со одржливоста, економскиот бенефит и квалитет, се нудат решенија кои се парцијални, нецелосно анализирани и кои за жал често или неславно завршуваат или пак без очекуваниот успех. Параелно со ова, стои постојано отворено и прашањето на непопуларноста на јавниот автобуски превоз кај нас. Имено, факт е дека и покрај недостигот од паркинг-простор, сообраќајниот метеж и загадениот воздух, граѓаните сепак избираат да не го користат јавниот автобуски превоз доколку имаат друга опција. Ова е факт кој навистина треба да ги загрижи надлежните, но и да ги поттикне на акција, односно спроведување на конкретни анализи и истражувања со цел лоцирање на проблемите и одговорностите.

Во врска со актуелните состојби со јавниот превоз во Скопје, како и алтернативите за неговиот одржлив равој, во овој број на Порта 3 разговараме со м-р Горан Танчевски, дипл. машински инженер и дипл. инженер технолог, кој работи како консултант на УНИДО и ЕБРД, кој меѓу другото ја проучува одржливоста во областа на сообраќајот, особено јавниот превоз во Скопје.

(...)

Порта 3 се обиде да добие одговор за вклученоста на граѓанските организации во креирањето на политиките од оваа област. Побаравме мислење од МАЦЕФ, но од таму не добивме никаков одговор. До Центарот за климатски промени испративме прашања за тоа дали граѓанските организации се доволно вклучени во креирањето политики кога станува збор за урбанизацијата и сообраќајот и за какви се конкретно нивните искуства кога станува збор за решенијата кои се нудат во областа на јавниот превоз. Исто така, ги прашавме колку сегментот на сообраќајот воопшто, а посебно јавниот превоз во Скопје е препознаен како фактор на влијание од аспект на борбата со климатските промени. Град Скопје има направено студија Resilient Skopje, но дали предложените решенија подоцна се спроведуваат во пракса. Центарот за климатски промени учествуваше во подготовката на вториот национален извештај за климатските промени. Кои се сознанијата до кои се дојде a propos јавниот превоз во Скопје. Колку проекти биле реализирани, колку средства и какви се ефектите. Но, од Центарот за климатски промени ни рекоа дека нема да ни дадат одговор на прашањата.

porta3.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 22-May-2020 at 00:49
Една причина сериозна зашто на Скопје му се потребни гасифицирани автобуси. Пред некое време во ТВ дебата меѓу Коце и Шилегов беше изнесена една информација што мене вака како граѓанин ме изненади многу негативно. Пред неколку години додека беше Коце градоначалник морало да се пресели некоја гаража на комуналец од околината на пластичарска/топанско само заради тоа што навечер додека мирувале камионите не останувал полн резервоар на камион од кражби и морало да се однесе во друг дел од градот да не биде на достап на лопови.

Е сега верувам дека ова е случај и со ЈСП, ама заради политичка коректност према заедниците кои се склони на ваков тип ситен криминал, а вероватно и поради политички пазар унутар коалиции одредени "граѓани" да бидат оставени на мира да си тераат работа, па можда и некое ситно перење пари преку извлекување под изговор за кражби. Апелирам до град Скопје под итно да се гасифицира се што може зашто плин потешко се краде, или барем она што е на дизел од возен парк да биде чуван во гаража каде има помалку ваков криминал.

Во секој случај, ние не ни можеме вака оддалеку да замислиме на кој се начин крвари градскиот буџет и со какви се глупи ситно-политизирани проблемчиња се соочува градската управа. Не сум можел да замислам дека има некој што редовно ги празнел резервоарите на камионите преку вечер и тоа била редовна појава што се толерирала. Пострашно ми е да замислам дека тоа денес сеуште се случува негде! Путуј Европо, не не чекај нас!

Edited by user8642 - 22-May-2020 at 00:51
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 21-May-2020 at 00:44
Може да се воведе и такса за јавен превоз, која годишно би чинела 1000 денари во Скопје, 400-600 во останатите општини каде има јавен превоз и 50 денари онаму каде што нема (90% од последниве рамномерно би се рапсределиле низ ЈСП-ата во нивните региони, а 10% во останатите региони од државата). За почеток не би се намалила цената на билет, барем не поради оваа мерка - реобмислување на цените и билетите секако треба. Од плаќање такса би биле ослободени помладите од 14 години, бремените жени и примателите на социјална помош. Според ДЗС, во 2018 во скопскиот регион живееле 630,873 луѓе, од кои 115,954 биле до 14 години, родени биле 8,020 деца (минус близнаци, тризнаци = бремени жени), а бројот на социјални случаи веднаш не го најдов, но да претпоставиме дека 450,000 луѓе би платиле такса - тоа се 7.3 милиони евра.

Потоа, таксата значително би се зголемила (и тоа скалесто, во однос на примањата на граѓанинот и опслуженоста со јавен превоз во неговото место на живеење; оној кој има БРТ постојка пред куќа би плаќал повеќе од некој кој живее во планинско село во скопскиот регион каде што не оди автобус), а билетите би поевтиниле. Помладите од 18 (и средношколците кои веќе станале полнолетни) и студентите на додипломски и мастер студии на факултет во Македонија би се возеле бесплатно од 1 септември до 30 јуни (15 август до 15 јули, без викенд за студентите), а бремените жени и оние кои на било кој начин се наградени од државата (орден и сл.) би имале бесплатен превоз постојано. Повластувања би имало и за пензионерите, примателите на социјална помош и невработените.

Да се воведе и алтернативен начин на плаќање, како на пример со пластични шишиња кои ќе се остават за рециклирање на постојка или читање книга.

На сите избрани и именувани функционери и вработени во државните органи, органите на локалната самоуправа и сите јавни претпријатија под нивна надлежност во Скопје да им се скратат 1000 денари од платата (но не повеќе од 6% доколку износот го надминува тоа), а на оние од другите градови помалку, и да им се издаде слободен билет кој ќе важи од понеделник до петок (и во сабота и недела доколку истите се работно ангажирани). Да се поттикнат и приватните субјекти на слична мерка, онаму каде тоа е возможно.

Покрај таксата за јавен превоз, да се воведе и кредит за јавен превоз, во износ од 500 денари годишно, кој би овозможувал попуст при купување билет - па така 50 возења директно би можеле да чинат 25 наместо 35 денари, или пак 14 возења не би се плаќале на лице место, а 15-тото би било 10 денари поевтино.

Покрај стимулирање на јавниот превоз, треба да се дестимулира и автомобилскиот - со зголемени акцизи за нафта (применливо ли е ова?) и давачки за возила кои не се користат за директно извршување на работните потреби, затворање на центарот за сообраќај и нов концепт на плаќање паркинг. Треба и намалување на употребата на службени возила.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 20-May-2020 at 23:45
Најнапред, драбо ми е што се сложувате. Да се надополнам за точка 4. од погоре. Зашто државата исплаќа пари за превоз на вработени во јавна администрација низ Скопје, а има државно претпријатие кое ја обезбедува истата таа услуга. А не се малку такви, пола и повеќе од државната администрација е лоцирана во Скопје. Тоа што некогаш се плаќаше издвоено хранариа+превоз кроз тек на време се има слеано у плата и се има заборавено. Еве сега криза е, скупе су паре, а видовме дека државата многу лесно може со една одлука на влада да крати плати на администрација, па да им дадам еден предлог. На сите јавни слежбеници да им се скрати по 1000 денари од плата трајно на територија на сите градови каде што има јавен превоз и да им се даде слободни билети, па кој сака нека го користи. Оваа голгота мора да се прекрати. Ако се собере ова на куп, стимулација за приватни компании, јавна администрација сите да имаат билети, студенти, ученици, па ете ги 70% од оние што се движат низ градот. А со толку прилив на пари во ЈСП ќе има буџет за многу повеќе работи него сега.

Edited by user8642 - 20-May-2020 at 23:46
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 20-May-2020 at 22:18

Уште оперираме по стратегија од 1984

ЈСП, како бирократско-заостанато претпријатие, може да се боцне со либерализација на приватниот превоз и негово поголемо интегрирање во мрежата, сегашна и идна.

Под претпоставка дека ќе се изгради БРТ-то, може да се развијат неколку видови на автобуски линии, секоја од нив со свои специфики и различен возен ред, возила, рути:

1. Собирни линии - линии кои од сите страни на градот ќе возат патници до најблиската БРТ постојка, а потоа ќе се вратат назад. Би биле многу чести и опслужувани воглавно од возила со низок и среден капацитет.
2. Долги линии - линии кои ќе сообраќаат од една до друга страна на градот, понекогаш паралелно на БРТ. Би служеле за уште подобро поврзување на градот и растеретување на системот на бас рапид транзит, а ќе се користат возила со висок капацитет.
3. Кружни линии - кои ќе кружат околу градот.
4. Централни линии - би го опслужувале централното градско подрачје, неретко одејќи од постојка на едната до постојка на другата БРТ линија.
5. Приградски линии - поврзувајќи ги приградските населби кои сега се ужасно покриени меѓусебе со јавниот превоз, а БРТ не би ја подобрил ситуацијата.
5. Аграрни линии - би возеле од земјоделските села во околината на Скопје до зелените пазари и назад. Опслужени од модифицирани минибуси.
6. Конектирачки линии - би оделе од важните транспортни точки (аеродром, park 'n' ride, жел. станици) до БРТ постојки и објекти и области од поголемо значење, како на пример центарот на градот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 20-May-2020 at 21:57
Originally posted by user8642

1. Денес во светот се прават студии и и анализи на база да движење на мобилните уреди (based on податоци од Google, мобилни оператори) врз основа на кои се формираат нови линии според движењето на масите народ низ градот во текот на денот. Не постои анкета која може да открие постоење на некоја скриена маса од 200 луѓе од Ѓорче што работат у бунарџик и дека постојат други 100 од Хром што работат у Илинден па да може да се формира нова линија. Тие податоци не се откриваат според искористеноста на постоечките линии, нема како. Затоа, треба градот да најми ИТ компанија од Македонија, да се проба да се направи анализа на современ начин и да се утврдат нови линии.

Ова треба да биде проект во јавен превоз, а не 57ца дали проаѓала низ ГТЦ. Не сме ни свесни колку би се оптимизирале трошоците на ЈСП наспроти задоволените потреби на граѓаните за превоз.

2. Дозволување на приватни превозници на било која линија ако покажат интерес. Мора едноставно да се згусти временскиот распоред. Неможе од КиселаВода која е на 2 км од центар на град да има линија за према западно Скопје само на 20мин во работни денови, на 40мин викенди/празници/попладне и недела попладне воопшто да ја нема. Тоа едноставно не смее, затоа јавниот превоз не е атрактивен, не заради состојбата на возилата.

3. Двокатните да се лицитираат на продажба меѓународно доколку има интерес да се продадат. Да се понуди buy-back аранжман на Yutong доколку е можно у замена за нешто поефикасно. Опција за нивно гасифицирање. Било што да се направи, све ми паѓа на памет, ама тие двокатни локомотиви не треба да се трклаат веќе по Скопје. Тие автобуси се 4 пати понеефикасни од најефикасните на пазарот мерено во "литри нафта/број на превезени патници/саат", тоа се загубари на тркала.

4. Компании регистрирани на територија на Град Скопје кои ќе набават автобуски билети месечни за своите вработени да може да им се пресмета тој трошок во реинсвестирана добивка, односно во делот на даночно ослободување. Денес се чудат што да прават компаниите со тие пари, па купуваат возила за обнова на возен парк (одлив на девизи), па нивни деца/роднини ги возат со поломошно иако не се вработени во фирмите, купуваат телевизори и бела техника (повторно одлив на девизи). Разни законски вратоломии се прават за да се ушпара на данок, а тоа може да се слее во јавен превоз. Значи не исплата по 1000 денари на вработените за да си купат сами билети, него фиксно директно давање билет. Тогаш многу луѓе ќе се замислат да се качат во автобус кога веќе го имаат билетот, него ли сега. Може да важи истата мерка и за меѓуградски и межуопштински превоз за низ Македонија за оние кои патуваат пример Скопје-Куманово/Тетово/Велес секој ден.

5. Намалување на цената со една единствена цел, зголемување на наплата.


COPY PASTE на Шилегов во инбокс треба сите колективно. Не дека не му требаат идеи за двокатните, сигурен сум дека ќе имаат слух за да се ослободат од вмровските оставштини.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 86>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.