Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#181 Posted: 21-May-2011 at 16:17 |
Рудник за бакар во Пехчево
Се планира
инвестиција од 100 милиони евра и 100 директни вработувања, како и уште
стотина лица да бидат индиректно ангажирани во работењето на овој
рудник.
Стартуваа
деталните геолошки истражувања на бакар на пехчевска Кадиица, на 1700
метри надморска висина. Првата дупчалка, ќе зарони во длабочина од 250
метри и таа треба да го дефинира рудното богатсво. Според експертите
кои први го потврдиле бакарот на Кадиица уште пред неколку години, на
овој локалитет има бакарна руда што тежи 250 милиони тони, со 0,25 %
бакар во форма која е многу лесна и економична за добивање.
-
Моите проценки се дека начинот на добивање на овој тип на бакар е
за 4 пати поевтин од бакарот во Бучим и рудникот кој овде ќе никне ќе
биде меѓу 10-те наголеми фирми во Македонија, вели проф.д-р Марин
Александров, геолог.
Истражувањата ги врши фирмата Кадиица Метал, член на семејството на
рускиот Солвеј и рудникот Бучим. Стартната инвестиција на Русите е 250
илјади евра, а планирано е за две години, со над 100 милиони евра да се
изгради модерен рудник кој ќе има 100 директни вработувања.
- Рудата ќе се преработува по пат на лужење, вели Николајчо Николов, директор на Бучим.
Оваа инвестиција ја враќа надежта во пасивниот малешевски крај.
-
Ова е иницијална каписла за Истоков, вели градоначалникот на Пехчево, Јован Станоевски.
-
Во наредните месеци интензивно ќе се работи и следната година ќе има
200 нови вработувања, вели Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник.
Интензивните геолошки истражувања ќе траат две години. Планирани се
над 20 илјади метри дупчења на теренот, а очекувањата се оптимистички
дека Пехчево ќе добие рудник за бакар.
Даниела Такева
http://www.time.mk/read/NONE/3f1d14b69e/index.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#182 Posted: 12-May-2011 at 22:41 |
Германска инвестиција во рудникот за габро
Германскиот инвеститор Гинтер Капраун" ја продолжува
инвестицијата во рудникот за габро во близина на селото Пантелеј во
кочанскиот регион. Поставен е првиот темел од платформата на која ќе се
постави машината за преработка на каменот габро. Во германскиот град
Хановер се подготвуваат и товарат постројките од дробилницата за да
бидат транспортирани до рудникот. За потребите на рудникот кај селото
Пантелеј и за реализација на проектот на којшто работи фирмата Бетон"
пробиен е и тампониран патот меѓу селата Спанчево и Пантелеј, којшто
изнесува 8,5 километри, а што ќе озовможи непречен транспорт на рудата.
http://www.time.mk/read/495185b336/30b19d59d9/index.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#183 Posted: 02-May-2011 at 23:52 |
РУДАРСКИОТ ИНСТИТУТ ИСТРАЖУВА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО
Геолозите бараат руда за нов рудник
Ако бидат
потврдени очекувањата на инвеститорот за рудните резерви, ќе бидат
вложени околу 60 милиони евра во нов рударски капацитет
Нов рудник ќе биде отворен во Кривопаланечко ако се потврдат
очекувањата за рудните резерви на олово, цинк, бакар, антимон, злато и
на сребро во локалитетот Самар, во селото Луќе. Истражувањата на теренот
веќе ги почна Рударскиот институт „Енергетика“ од Скопје, кој ја има
добиено концесијата за отварање рударски капацитет.
- Со
геолошките истраги треба да бидат утврдени подробни резултати за
расположивите резерви на металите. Ако се потврдат очекувањата,
инвеститорот планира да вложи околу 60 милиони евра во отворање нов
рудник. Станува збор за мешовита австралиско-македонска фирма која е
заинтересирана и подготвена за отворање нов рударски капацитет. Тоа ќе
значи економско заживување на општината, а најголем бенефит ќе има
месното население од руралниот регион, кое ќе биде работно ангажирано -
вели градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
На
локалитетот Самар, кој се наоѓа во близина на тромеѓата Македонија,
Србија и Бугарија, своевремено се вршени одредени истражувања при што се
откриени резерви на олово-цинкова руда, бакар, но и процент на
благородни метали, односно, злато и сребро. Според геолозите, Самар се
вбројува меѓу рудните лежишта каде што покрај олово и цинк, се
претпоставува дека има и значајни резерви на злато.
Рударскиот
институт од Скопје во оваа фаза на истражувачките работи ќе врши
геодетски мерења и обележувања на теренот во Луќе, како и геофизички
испитувања. Според концесионерот, при овие мерења и испитувања нема да
се врши никаква деградација на теренот и на шумата, нема да се користат
вода и дизел-опрема и нема да има ископи и оштетувања на подрачјето.
-
Испитувањата ќе се вршат со инструменти и апарати и ќе се одвиваат во
наредните 4-5 месеци - наведуваат од Рударскиот институт во
известувањето до локалната самоуправа.
Концесионерот, заедно со
градоначалникот Алексовски, имаше средба и со месното население од
селото Луќе, кое со задоволство го прифати проектот за истражување и
искористување на потенцијалите на рудното наоѓалиште. Во новата
инвестиција тие гледаат можност за нови вработувања и заживување на
пограничниот регион.
Во близина на локалитетот Самар се наоѓа и
некогашниот рудник на антимон и киселгур - „Крстов Дол“, кој е затворен
поради недоволна истраженост, а има потенцијали повторно да биде
активиран. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AF5DD7BC54BA0C469FA8BA72DB2809E5
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#184 Posted: 27-Apr-2011 at 14:37 |
Се навестуваат нови рударски окна по изборите
Прилеп и Кавадaрци лежат на никел и железо?!
 Дали
ќе се отворат четири нови рударски окна во околината на Прилеп, Кичево и
Кавадраци треба да покажат деталните геолошки истражувања на неколку
заинтересираните инвеститори, кои сe уште се кријат од јавноста. Бидејќи
Владата на Никола Груевски, предизборно не смее да склучува никакви
договори, и иднината на овие потенцијални рудни наоѓалишта се одложува
за по изборите. Првичните информации на геолозите во земјава се дека кај
локалитетите Ракле и Црна Тумба во околината на Прилеп најверојатно има
големи наоѓалишта на никел и железо. Кај локалитетот Арничко, пак, во
близина на Кавадраци, геолозите навестуваат дека длабоко под земјата има
резерви на хром. Во локалитетот Стрелци во Осломеј, пак, геолозите
проценуваат дека миоже да се ископа молибден и други метали. Иако во
Министерството за економија знаат кои домашни и странски компании сакаат
да ја добијат концесијата за детални геолошки истражувања на овие
локалитети, сe уште е неизвесно кои и кога овие потенцијални рудници ќе
почнат да се истражуваат. Анализите на концесионерите треба да покажат
дали ќе се отворат нови рудници за железо, никел и молибден во земјава. Отворањето
на нови рударски окна го посакуват и македонските компании кои ја
преработуваат оваа руда и Владата, бидејќи тоа ќе значи раст на
македонската економија, отворање нови работни места, како и поевтина
домашна руда. Можното отворање на рудници во Прилепско е особено
позитивно ако се земе предвид фактот дека токму кавадаречки Фени
преработува фероникел. “Македонија има добар потенцијал и за истражување
и за експлоатација на металните минерални суровини. Постојано има
странски компании, докажани во истражувањето на минералните суровини,
кои сакаат детално да ги истражуваат потенцијалите на земјава. Кога е
рударството во прашање, Македонија има потенцијали кои допрва треба да
се истражуват”, вели Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални
суровини во Министерството за економија.
Министерството уште од
септември минатата година почна постапка за давање концесии за
истражување на минерални суровини на 73 локации. Надлежните одлучиле
дека најповолни понуди пристигнале само за 31 локација, која може да се
истражува. Според Николајчо Николов, директор на рудникот Бучим и
претседател на Македонската Асоцијација за рударство (МАР) оценува дека
доделувањето нови концесии за детални истражувања ќе биде значителен
инпут во рударството, гранка која годинава дава знаци на заздравување од
кризата. “Ќе вршиме детални геолошки истражувања на бакар на
локалитетот Боров Дол кај Пехчево, што ќе значи продолжување на
континуитетот на работата на Бучим од Радовиш за следните 10 години.
Годинава
треба да почнеме и со истражување на локалитетот Кадиица кај Радовиш,
кој очекуваме дека ќе го продолжи континуитет на Бучим во периодот
2019-2030 година. Се работи за инвестиција од неколку стотини милиони
евра, секако, доколку истражувањето ги даде очекуваните рудни резерви”,
објаснува Николов. Тој додава дека можното отворање нови радарски окна е
значаен момент за рударството и за неговиот понатамошен индустриски
развој. “Во последните 5-6 години не се отворени нови рудници. Очекуваме
позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, што ќе значи
нови вработувања и, секако, раст нa македонската економија”, вели
Николов. Во моментов во Македонија доделени се 300 концесии за
експлоатација и 109 концесии за детални геолошки истражувања. Дури 28
локалитети во земјава богати со кварц, варовник, доломит, глина, андезит
и шкрилец го чекаат својот концесионер. http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65779/prilep_i_kavadarci_lezhat_na_nikel_i_zhelezo_!.aspx
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#185 Posted: 11-Apr-2011 at 13:04 |
Македонското рударство полека излегува од кризата која го имаше
зафатено на крајот од 2008 година и во сите сегменти се бележи зголемен
обем на производство, соопшти Николајчо Николов претседател на
Македонската рударска асоцијација.

Друга добра вест е и тоа што за првпат се доделени над 300 концесии за детални геолошки истражувања.
- Овие истражувања се неопходен услов за отварање на нови рудни
копови. Ние освен мали каменоломи што се отвараат во Македонија, можеме
да забележиме дека не е отворен ниту еден рудник во последните години
изјави Николајчо Николов.
За две до три години треба да се очекува отварање на нови рударски
капацитети, при што особено значајни се трите нови рудници за бакар.
Едниот од овие три рудници се очекува да биде отворен на локалитетот
Иловица Струмица, вториот во месноста Боров двор Радовиш и третиот во
околината на Пехчево. Во овие локалитети се очекува да бидат инвестирани
над 200 милиони евра.
За првпат во Македонија ќе се појави прооизводство на готов бакар.
Тој ќе се произведува во новоизградениот објект во рудникот Бучим
Радовиш. Станува збор за инвестиција од 12 милиони евра и во овој
производствен комплекс ќе можат да се вработат околу 50 лица.
Расте и производството на градежен камен па така во 2009 година биле
произведени 690 илјади тони, а во 2010 година произведени се 950 илјади
тони.
Николов соопшти дека се значително подобрени односите со
Министерството за економија, а тоа се гледа од самиот факт дека на јавен
и транспарентен начин доделени се над тристта концесии. Но исто така за
пофалба е и тоа што од страна на министерството зголемен е бројот на
инспектори кои треба да ја спречат бесправната експлатација на
македонското рудно богаство.
http://daily.mk/cluster3/e8b7a5a99fa5ae004db839827c88564c/680766
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#186 Posted: 11-Apr-2011 at 12:54 |
http://www.time.mk/read/0c05e26336/9d6d641e96/index.html Доделени 300 концесии за геолошки истражувања
Од крајот на 2010 до почетокот на оваа година, после подолг
застој, се доделени над 300 концесии за геолошки истражувања,
информираше претседателот на Македонската рударска асоцијација и
извршниот директор на Бучим- Радовиш, Николајчо Николов.
Тој истакна дека се доделени три концесии за геолошки истражувања
на Кадица кај Пехчево, Боров дол во Радовиш и една концесија за општина
Струмица. Според досегашните очекувања на тие локации за две до три
години ќе никнат нови рудници, оцени Николов.
Претседателот на МАР информираше дека македонското рударство
излегува од кризата што го зафати од крајот на 2008 и почетокот на 2009
година.
“Ппроблемите се санирани и има зголемен обем на производство на руда“, изјави Николов.
Исто така, забележан е и пораст на производството на градежен
камен, за споредба, во 2009 година се произведени 695,000 тони, а во
2010 година 953,000 тони градежен камен.
Претседателот на Бучим најави ново инвестиционо вложување на рудникот.
“За прв пат во Македонија ќе се произведува готов бакар. Првото
пуштање на производството ќе биде на Денот на рударите, 28. Август. Се
планира годишното производство на бакар да биде 2,500 до 3,000 тони.
Инвестицијата е вредна 12 милиони евра и ќе обезбеди 50 до 60 нови
вработувања “, објасни Николов.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#187 Posted: 31-Mar-2011 at 10:21 |
Рудникот „Бучим“ ќе отвори фабрика за лужење руда
Нова фабрика за лужење и производство на катоден бакар ќе се отвори во радовишкиот рудник за бакар и злато „Бучим“.
Заменик менаџерот на „Бучим“, Николајчо Николов најавува отворање на фабриката на Денот на рударите.
- Опремата е нарачана, почнати се подготовките. Фабриката е монтажна зграда во која ќе биде инсталирана опремата и очекуваме со работа да почнеме на крајот на август, вели Николов.
„Бучим“ произведува сулфидна бакарна руда, која се преработува по пат на флотација, по што се добива бакарен концентрат, а новата фабрика ќе биде за преработка на оксидната руда, која досега не се преработуваше и како историски отпад стоеше во кругот на рудникот.
- Имаме и ново рудно тело „Вршник“, каде што има околу 7 милиони тони оксидна руда и 7 милиони тони сулфидна руда. Оксидната руда се наоѓа над сулфидната руда и треба да се извади и за да не се фрла, разработивме технологија за лужење. Што значи растварање на бакарот, односно оксидната руда е растворлива со вода и тоа го објаснува бојата на водите, кои излегуваат од рудникот, појасни Николов.
Тој додава дека со помош на електролиза се добива чист катоден бакар, кој како готов производ ќе се продава на светските берзи. Отварањето на новата фабрика и новиот начин на производство на катоден бакар е технологија, која за првпат ќе се примени во земјата.
Новата инвестиција на „Бучим“ ќе донесе искористување на рудниот отпад, кој со години се зголемува, а од аспект на заштита на животната средина водите на Меденска река нема да бидат обоени со боја на бакар
http://www.kurir.mk/republika/opstini/24464-Rudnikot-Bucim-ke-otvori-fabrika-za-luzenje-ruda |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#188 Posted: 28-Feb-2011 at 13:08 |
malku poopsirno Кај Пехчево ќе никне нов рудник за бакар

Се очекува вo новиот рудник да има работа за 200 лица
Иван Бојаџиски
Штип – На месноста Кадиица над Пехчево ќе никне нов рудник за оксиден
бакар. Него ќе го гради руската компанија „Солвеј“ преку својата
новоформирана фирма во нашата земја „Кадиица метал“. Се планира
инвестиција од над сто милиони евра. Во малото гратче на истокот од
државата, на разговор со градоначалникот беше целокупниот менаџерски и
стручен тим на рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш, кој, исто така, е
во сопственост на „Солвеј“.
Експертите по геологија го посетија
местото каде што треба да никне новиот рудник и на кое во периодот
2001-2009 година американската компанија „Фелпс Доџ“ вршеше геолошки
истражувања, но се откажа од оваа постапка, по што Министерството за
економија распиша нов тендер, а работата ја доби и ја продолжува
„Кадиица метал“. Извештаите и резултатите од истражувањата Американците
му ги предадоа на нашето Министерство за економија и тие сега се во
неговите архиви, па многу работи со рудните потенцијали на Кадиица се
познати.
„Наша обврска е со геолошките истражувања да завршиме за
период не подолг од четири години. На терен ќе ги испратиме нашите
најдобри геолози, а за процесот на дупчење со кој се утврдуваат рудните
резерви и нивниот квалитет ќе ангажираме фирма од Бугарија, една од
најдобрите во Европа за ваков тип работа што поседува најсовремена
технологија за дупчење. Сите досега извршени истражувања ни влеваат
огромен оптимизам во постоењето рудни резерви на оксиден бакар погодни
за економска експлоатација“, вели Николајчо Николов, управител на
„Кадиица метал“ и заменик-генерален директор на „Бучим“.
За
Јованчо Станоевски, градоначалник на Пехчево, доаѓањето на целиот
менаџерски и стручен тим на руската компанија, која во Македонија ги
купи рудниците „Саса“ и „Бучим“ и кои одлично ги менаџира, е најубавото
нешто што во последните две децении и' се случило на малата општина.
„Ова
ниту на сон не можевме да го сонуваме. Пехчево го носи името од стара
рударска традиција, од зборот пешти, односно печки во кои се топела
железна руда. Од тие прастари времиња на рударење во нашиот крај се'
уште постојат јасни траги. Доаѓале фирми да истражуваат и си заминувале,
но никогаш кај нас не дошол толку репрезентативен тим. Тоа ни дава
надеж дека сега работата станува крајно сериозна и ние веруваме во
ветувањата на менаџерите дека овде ќе никне нов, значаен стопански
капацитет што исклучително позитивно ќе влијае врз економскиот и
социјалниот развој на нашето неразвиено подрачје, потенцира
градоначалникот Станоевски. Тој додава дека општината веќе го
почувствувала првиот благодат од рудникот.
„На име концесии за
геолошки истражувања добивме 120.000 евра, пари што пристојно го
освежија нашиот скромен буџет. Кога ќе стартува рудникот над 60 проценти
од буџетот ќе се полни со пари од концесијата што општината ќе ги
добива по основа на експлоатацијата на бакарот“, појаснува Станоевски.
Веста
за присуството на десетмина менаџери и експерти на руската компанија
бргу се пронесе низ малото гратче. Многу луѓе се собраа на плоштадот и
разговараа со дојденците за нивната нова перспектива. Полна со нова
надеж Сузана Теохарова, продавачка во трафика за весници, ни рече дека
толку убава вест во своето Пехчево не слушнала со децении.
„Ни
избегаа младите, бидејќи овде ништо добро не се случува. Да имав можност
и јас ќе побегнев некаде во нормалниот свет. Имам син наскоро ќе се
стекне со диплома за електроинжинер, сака да остане во родното место, се
надевам дека ја носат нашата нова радост. Верувам во овие луѓе штом на
такво ниво дојдоа во местото во кое часовникот на надежта одамна
застанал“, вели Теохарова.
Антонио Карбински има 30 години, исто
така, работи во трафика. За себе вели дека е млад човек што ја изгубил
сета надеж и поради тоа не планира да се создава семејство, бидејќи нема
со што да издржува. „Ова што денес ни се случи ги свртува работите, го
олеснува стегите на нашиот огромен песимизам и влева нова верба дека за
младите ќе се отворат перспективи. Од медиумите читам дека рудниците во
кои влегоа Русите работат одлично, а Радовиш и Македонска Каменица
доживеаја вистинска социоекономска реинкарнација. Убеден сум дека таква
убава иднина не' чека и нас младите во овој град, од кој сите убави
нешта одамна избегаа“, вели Карбински. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4ABC149AD7CCC4458FBE76D3FAB9104F
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#189 Posted: 27-Feb-2011 at 13:02 |
Бакарот го враќа оптимизмот во Малешевијата
Бакарот од
пехчевска Кадиица излегува на површина гарантирајќи економска ренесанса
на Малешевијата. За три месеци стартуваат првите дупчења и геолошките
истражувања на површина од 12,35 квадратни километри, а за две години
ќе започне постапката за отворање на рудник за бакар во Пехчево.
Првите луѓе и експертите од фирмата „Кадиица-Метал“ од семејството
на московската “Солвеј“, која ги доби концесиите за истражувања,
излегоа на теренот, ги видоа локациите каде ќе се работи и ја
договорија соработката со Општина Пехчево.
-
-Очекуваме дека ќе се утврди големо количество на рудни богатства и
квалитет и нашиот план е овде да се развие нова технологија-подземно
лужење, да нема деградирање на просторот. Бучим е отворен рудник, главно
сите рудници на бакар се отворени, овде треба да биде внатре во самиот
рудник од каде ќе се добива готов бакар, вели Николајчо Николов,
управител на “Кадиица-Метал“ .
Во малешевскиот бакар, Русите ќе инвестираат над 100 милиони евра, а
во зависност од применетата технологија за експлоатација ќе се вработат
најмалку 100 работници. Ова во пасивниот малешевски крај го враќа
оптимизмот.
Веќе на сметката на Општина Пехчево се инкасирани 120 илјади евра
,пари од концесијата за геолошки истражувања, кои претставуваат
половина од буџетот на сиромашната општина. Општината ги искористи за
решавање на инфраструктурните проблеми..
-Ова не само за Пехчево, туку и за МАлешевијата и за Истоков ќе биде
една каписла, подем што треба да го подобри животот на луѓето, вели
Јован Станоевски, градоначалник на Пехчево.
Пред 10 години се вршени детални геолошки истражувања на Кадиица-
Пехчево. Тогаш се потврдени рудни резерви на бакар тешки околу 200
милиони тони. Според екпертите, квалитетот на рудата одговара за
директно добивање на бакар-метал. „Солвеј“ ќе врши геолошки истражувања
на бакар и во месноста Боров Дол во атарот на Штип и Конче.
Даниела Такева
27.02.2011, 12:58
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71918
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#190 Posted: 21-Feb-2011 at 14:27 |
Потпишани договори за концесии за истражувања на минерални суровини
Министерот за економија, Фатмир Бесими, денеска потпиша 18 нови
договори за концесии за истражувања на минерални суровини. Со
концесиите, 31 локалитет ќе биде геолошки истражуван од домашни фирми.
„Ние продолжуваме во правец на поттикнување на развојот на
рударството со тоа што веќе во тек е и тендерот за доделување на
концесии за детални геолошки истражувања по што очекувам во блиска
иднина повторно да склучиме нови договори за концесии. Притоа, по основ
на надоместок за геолошки истражувања уплатени се средства во износ од
скоро 41 милион денари од кои што 22 отсто се приход на Буџететот или
речиси 9 милиони денари, додека останатите 78 отсто се приход на буџет
на општините“, изјави Бесими.
Засега, договори за концесии добија следните фирми: „Кадиица метал“
- Скопје, „Боровдол“-Радовиш, „Фелпс доџ Вардар“ – Скопје, „РФ
Индустриал солушнс“-Радовиш, Цементарница УСЈЕ – Скопје, ИГМ
Џумајлија-Лозово, „Емви комерц“- Василево, „Градба промет“ – Кавадарци,
„Концепт маркетинг“ – Скопје, „Борос“ – Куманово, „Хепро компани“ –
Радовиш, „Фидем“ – Скопје, „Корп минералс“ – Куманово, „А-БРИК компани“ –
Битола, „Алфадиас“ – Богданци и „Пела ЗЦ 2010“ – Охрид.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=83042&kategorija=2
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#191 Posted: 04-Feb-2011 at 17:30 |
Нови инвестиции од рекордната цена на бакарот
„Бучим“,
единствениот рудник за бакар во Македонија, месецов ќе почне со геолошки
истражувања на нови резерви во близина на сегашниот рудник, како и кај
Пехчево каде што за три години се очекува да проработи нов рудник
Рекордно високата цена на бакарот на Лондонската берза на метали,
која деновиве достигна речиси 10.000 долари за тон, се должи на
ограничените резерви на бакар во светот и на намаленото производство на
некои големи рудници. Вака високата цена може позитивно да се одрази на
производството во Македонија бидејќи резервите на овој метал се
проценуваат за најмалку уште три-четири децении.
Вака ја
оценуваат состојбата стручњаците во засега единствениот рудник за бакар
кај нас „Бучим“ од Радовиш, кој во 2005 година го купи и го рестартира
руски „Солвеј“. Заменик-генералниот директор на „Бучим“, Николајчо
Николов, вели дека кога пред шест години го рестартирале рудникот цената
на тон бакар на светските берзи била 2.500 долари. Потоа континуирано
растела сe до крајот на 2008 година и стигнала до 8.000, но за неколку
месеци во текот на светската рецесија паднала на 2.700 долари. Од март
2009 година цената повторно почнала да се зголемува за сега да дојде на
рекордни 9.782 долари за тон.
- И покрај тоа што рудата во
„Бучим“ е сиромашна, со овие цени може рентабилно да се работи и да се
инвестира. Неодамна на тендер добивме две концесии за детаљни геолошки
истражувања во месноста Кадица кај Пехчево и во Боров Дол, општина
Конче, локација која е на само 8 километри од „Бучим“, со што сегашните
резерви на бакар во рудникот, проценети за една деценија очекуваме да се
зголемат уште за десет години. Кај Пехчево, пак, истражувањата треба да
завршат за две години и се надеваме дека од 2014 година ќе почне со
работа нов рудник. Концесија за истражувања во струмичка Иловица доби
американска фирма, а таму се очекува да се најдат најголеми резерви на
бакар во Македонија, едни од најголемите на Балканот - истакнува
Николов.
Во „Бучим“ се реализира уште една голема инвестиција за
производство на чист електролитен, односно катоден бакар, вредна 9
милиони евра. Сега „Бучим“ произведува само бакарен концентрат, кој се
топи во Бугарија. „Солвеј“ со новата инвестиција очекува производство и
извоз на две до три илјади тони бакар како готов производ годишно.
Николов
вели дека со тоа во Македонија првпат ќе се произведува бакар како
готов производ. Ако потребните дозволи се добиеле навреме,
производството се очекува да почне на Денот на рударите, на 28 август
годинава.
По рестартирањето пред шест години, руски „Солвеј“,
кој е сопственик и на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска
Каменица, во радовишкиот рудник годишно произведува по 8.000 тони бакар и
по 400 килограми злато. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1FB709EBDEF820498C0246C8C47DCD0A
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#192 Posted: 11-Jan-2011 at 17:02 |
СТАБИЛНА ЦЕНА НА МЕТАЛИТЕ
Рудниците го одврзаа ќесето
Рудниците за метали
планираат зголемување на производството бидејќи очекуваат зголемена
побарувачка и стабилни цени на металите на светските берзи. Дел од нив,
наредните две години ќе инвестираат во отворање нови рудници. -
Очекуваме стабилни цени на металите на берзите, а тоа ќе овозможи и
реализирање на плановите за производство и за завршување на
инвестициониот циклус почнат годинава - вели Николајчо Николов,
претседател на Здружението на рудници. Рудникот „Бучим“, вели Николов,
до август идната година треба да ја заврши инвестицијата вредна девет
милиони евра за производство на катоден бакар. - На ваков начин се
отвора можноста за добивање годишно производство од 2. 800 тони катоден
бакер и за 50 нови работни места - вели Николов. Сопственикот на
рудникот „Солвеј“ преку две нови фирми доби дозвола за геолошки
истражувања на рудните лежишта „Боров дол“ во општина Конче и за рудното
лежиште „Кадиица“ кај Пехчево. - Претходните истражувања на ова
подрачје укажуваат дека има рудни резерви, па нашите понатамошни
истражувања ќе се фокусираат на можностите за нивна експлоатација - вели
Николов. И рудниците за олово и за цинк очекуваат годинава да ја
завршат успешно, а наредната да имаат стабилно производство. - Се
надеваме дека нема да има поголема промена на цената на оловото и на
цинкот во наредниот период. Ако тоа се случи, ќе може да сметаме на
остварување на планот - вели Максим Прохоров, директор во рудникот
„Саса“. Цената на овие метали сега на светските берзи е 2.000 долари за
тон, но разликата меѓу доларот со која се плаќа рудата и еврото со кое
се плаќаат трошоците, според Прохоров, не дозволуваат рудникот да
забележи голем финансиски ефект. Но, и покрај тоа, во „Саса“ се планира
продолжување на инвестиционата активност. Вкупно четири милиони евра ќе
бидат потрошени за изградба на транспортна и на подземна инфраструктура
за новиот рудник, за која „Саса“ доби дозвола за експлоатација. - Првите
количини руда треба да се ископаат во 2012 година, а до тогаш треба да
бидат завршени сите подготвителни активности - вели Прохоров.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2212&ArticleID=154396
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#193 Posted: 27-Dec-2010 at 12:50 |
Ретките метали ги фрламе како нуспроизводТопилницата во
Велес во периодот 1989-2003 година и испорачала на
странска компанија 47.066 тони бакарен шликер - нуспродукт од рафинирање
на суровото олово, во кој имало 160 тони индиум, како и
490 тони ликвациско олово, нуспродукт
од рафинирање
суров цинк,
со 9 тони индиум
|
|
|
|
 |
|
Глобалната трка за економска моќ и превласт меѓу државите сé повеќе станува
трка по ретките метали, кои се неопходни за развој на новите технологии. Без
литиум, индиум, германиум, паладиум... невозможна е изработката на компјутерски
дисплеи, ЛЦД-екрани, батерии, интегрални кола, оптички кабли и други уреди. Во
Македонија ваквите минерали или ги нема, или се продавале како нуспроизвод,
заради недостиг на технологија за нивно издвојување. Ретките метали не се
наоѓаат во слободна форма, како посебни лежишта, туку најчесто се врзани во
оловоцинковите руди. Кај нас најпознат и најзастапен е индиумот, кој го има во
значајни количества во оловоцинковата руда, иако неговото присуство не беше
валоризирано финансиски, тврдат експертите.
- Главна употреба на индиумот е преку заеднички оксиди со калај во
производството на ЛЦД, плазма и друг вид дисплеи за телевизори, монитори и
слично. Оловоцинковите руди што се експлоатираат во рудниците „Злетово“ и „Саса“
содржат атрактивни концентрации на ретките метали индиум и галиум, цинковите
концентрати содржат 170 до 200 грама индиум по тон концентрат, кои пазарно можат
да се валоризираат само преку сопствени топилнички капацитети. Топилницата во
Велес во периодот 1989-2003 година и испорача на странска компанија 47.066 тони
бакарен шликер - нуспродукт од рафинирање на суровото олово, во кој имало 160
тони индиум, како и 490 тони ликвациско олово, нуспродукт од рафинирање суров
цинк, со 9 тони индиум - вели Антоние Ефремов, експерт по металургија.
Тој
уште посочува дека француски експерт во 1996 година понудил решение за годишно
производство на 15 тони рафиниран индиум, преку преработка на нуспродуктот
ликвациско олово со инвестициски вложувања од 726 илјади американски долари. До
реализација на инвестицијата сепак не дошло, иако вредноста на произведени 15
тони рафиниран индиум денес би изнесувала 7,95 милиони долари. Процените на
светските аналитичари се дека до 2030 година тројно ќе се зголеми побарувачка за
посебни метали и ретките руди. Кина години наназад е најмоќната и најбрзо
растечка економија во светот токму заради искористувањето и извозот на овие
минерали. Некои странски геолози дури тврдат дека Авганистан станал воена цел
токму поради богатите резерви од овие елементи (слично како Ирак со нафтата). Од
секторот за минерални суровини на Министерството за економија, пак, велат дека
во земјата нема значителни резерви на ретки метали. Во Стратегија за геолошки
истражувања и експлоатација на минерални суровини, со важност од 2010 до 2030
година, никаде не се споменува искористување на ретките минерали.
-
Најголемиот број регистрирани наоѓалишта и појави на метални минерални суровини
во Република Македонија отпаѓаат главно на железото, оловото и цинкот, бакарот,
уранот и манганот. Во втората група на можни локалитети кои би биле од интерес
за евентуално подигнување на нови рударски капацитети се неколку потенцијални
простори и тоа за железо - „Пехчево“, за титанот - „Митрашинци“, оловото и
цинкот - „Близанци и Самар“, за бакар - „Плавица“ и „Боров Дол“, златото -
„Алшар“ - стои во документот.
Во него уште се констатира дека земјава нема
ниту нафта и гас. Она што го имаме во изобилство се неметални суровини, како
варовници, мермери, гранит, кварц, песок итн. И во секторот за рударство при
Стопанската комора на Македонија сметаат дека кај нас нема ретки метали, и
додаваат дека Македонија е мала по територија, за разлика од Кина. Дури и кога
би имале такви минерали, нивните локации ќе се чуваат како тајна, тврдат од
Комората. Колку за утеха, Македонија и рудникот „Алшар“ на Кожув се спомнуваат
како единствено место во светот каде што има лорандит, минерал на талиумот, кој
служи за детекција на неутринот од Сонцето. Ваквите претпоставки, за жал, сé
уште не се потврдени.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12271083509&id=9&prilog=0&setIzdanie=22168
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#194 Posted: 27-Dec-2010 at 08:10 |
Бакарот урива цени и отвора рудници

И американската компанија „Фелпс Доџ“ најавува отворање рудник за бакар во Струмичко
Иван Бојаџиски
ШТИП - Најавата дека
руската компанија „Солвеј“, која во Македонија ги поседува рудниците
„Бучим“ и „Саса“, ќе отвора уште два нови рудника за бакар во источниот
дел на Македонија, стана топ-тема меѓу луѓето од ова подрачје. Но, не се
само Русите заинтересирани за нашиот бакар. И американската компанија
„Фелпс доџ“ најавува отворање рудник за бакар кај струмичкото село
Иловица, кој ќе биде меѓу најголемите во Југоисточна Европа.
Целиот
овој интерес на странски инвеститори за македонскиот бакар пред три
години, во разговор за „Утрински весник“, го најави Николајчо Николов,
заменик генерален директор на рудникот „Бучим“. Николов, кој е и
претседател на македонската рударска асоцијација, тогаш изјави дека
доаѓа време кога бакарот во светот ќе се бара на лажичка. Тоа пророштво
се остварува последните две години, време во кое цената на овој метал
доживеа фантастичен скок на светската берза на метали, а и златото, кое
го има во бакарната руда во однос на цената ги урива сите рекорди.
„Цената
на тон бакар се искачи на 9.000 долари што е за трипати поголема цена
од онаа што ја имавме пред шест години кога „Солвеј“ го купи рудникот
„Бучим“. Ценовниот скок е резултат на фактот дека светската економска
криза веќе стивнува и многу индустриски гранки, кои имаат потреба од
овој метал, повторно работат со полн капацитет. Од друга страна,
производството на бакар во светот е лимитирано, а зголемената
побарувачка ги натера сопствениците инвестиционо да се свртат и кон
рудници со поскромна содржина на метали. Меѓу таквите капацитети е и
нашиот „Бучим“ како единствен рудник за бакар во Македонија. Ако во
поранешна Југославија во рудниците од ваков тип воопшто и не била
третирана оксидната бакарна руда, денес тоа повеќе не е така. Преку
систем на лужење се оди на производство и на оксиден бакар, постапка за
која инвеститорот „Солвеј“ само во рудникот „Бучим“ вложува 9 милиони
евра. Таква бакарна руда ќе се експлоатира и во рудникот, кој рускиот
инвеститор планира да го отвори кај Пехчево. Сега, во новонастанатите
услови, се оди на експлоатација на секој грам бакарна руда“, вели
Николов.
Последниве шест години интензивно се работеше на
истражни рударски работи и во струмичка општина, поточно во близина на
селото Иловица. Истражните работи се при крај, а оттаму пристигнуваат
информации дека се работи за едно од најбогатите лежишта со бакарна руда
во Југоисточна Европа. Концесијата на две локации во овој атар ја има
добиено американската компанија „Фелпс доџ“, која без прекин ги извршува
истражните работи. Дознаваме дека се работи за огромна количина рудни
резерви со повисока содржина на металот во суровата руда од онаа што се
експлоатира во „Бучим“. Нашите информации говорат дека во првата
половина од идната година Министерството за економија ќе распише оглас
за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини на
локалитетот Иловица, при што предност има компанијата, која инвестирала
во истражните работи под услов таа да е заинтересирана на условно речено
„своја“ локација да отвори комплетно нов рудник за бакар.
Југоисточниот
дел на Македонија, од Крива Паланка преку Македонска Каменица, Делчево,
Берово, Радовиш и Струмица е македонското елдорадо на обоени метали.
Оттука не е за чудење фактот што странски инвеститори покажуваат се'
поголем интерес за нашето рудно богатство. Од тоа нема да профитираат
само инвеститорите, туку и државата, но и општините на чии територии се
рудниците.
„Секој рудник издвојува по два процента од вредноста
на металите и таа сума ја уплатува на сметка на државата од каде што
поголемиот дел се префрла во општинските буџети. Само минатата година на
име концесија за оствареното производство исплативме еден милион евра.
Од оваа сума 780.000 евра се за општина Радовиш, бидејќи 78 проценти од
вкупната сума е наменета за општината, а 22 проценти за државата. Тоа
говори дека отварањето на рудници двојно ги препородува локалните
заедници. Еднаш преку вработувањето, а втор пат преку големите пари, кои
се уплатуваат во општинските буџети“, тврди Николов.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1FA28D09202C14EB30BDC24150C63DB
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#195 Posted: 24-Dec-2010 at 21:19 |
|
|
Русите се запалија за нашиот бакар

Отворањето на рудникот кај Пехчево ќе вработи луѓе од Малешевијата
Иван Бојаџиски
ШТИП - Нов рудник за бакар
ќе биде отворен кај Пехчево, а таму ќе бидат вработени стотина рудари.
На нови локации во источниот дел на Македонија, едната кај Пехчево, а
другата во атарот на општините Конче и Штип ќе се истражуваат резервите
бакар. Владата донесе одлука со која на две нови фирми од семејството на
руската компанија „Солвеј“ им додели концесии за истражувања минерални
суровини. Новоформираните фирми, „Кадиица метали“ за пехчевскиот атар и
„Боров Дол“ за атарот во општините Штип и Конче, имаат обврска да го
испитаат богатството на наоѓалиштата најдолго за четири години.
„Солвеј“
за истражувањата во месноста Кадиица кај Пехчево ќе плати 9,2 милиони
денари, а за истражувањата во месноста Боров Дол 3,5 милиони денари.
Руската компанија „Солвеј“ ги поседува рудникот за олово и цинк „Саса“
кај Македонска Каменица и рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш. За
управител на „Кадиица метали“ е назначен Николајчо Николов,
заменик-генерален директор на „Бучим“.
„Истражувањата ќе бидат
насочени исклучиво кон рудните резерви бакар. Од определени поранешни
истражувања се претпоставува дека бакар има во количини што гарантираат
големо производство и профитабилно работење. ‘Солвеј‘ е подготвена во
отворањето на рудниците да вложи онолку инвестиции колку што ќе биде
потребно. Во овој момент е познато дека во новиот рудник, за кој сме
стопроцентно убедени дека ќе биде отворен кај Пехчево, ќе бидат
вработени над сто рудари. Тоа ќе биде од посебно значење за
подобрувањето на социјалната слика во неразвиеното малешевско подрачје“,
вели Николов.
Тој смета дека истражувањата ќе бидат завршени за
најмногу две години. Откако тој процес ќе финализира, новите
претпријатија формирани од „Солвеј“ ќе имаат 120 дена за да поднесат
елаборати за извршените детаљни геолошки истражувања до Министерството
за економија. Овој ресор ќе врши надзор за време на истражувањата.
„Концесиското
поле кај Пехчево, каде што ќе има рудни истражувања, зафаќа површина од
12,35 квадратни километри. Таму ќе отвориме рудник на оксидна бакарна
руда, за чие финално производство не е потребна флотација. Поради тоа,
таму ќе има и погон за лужење, а преку таа постапка се добива готов
производ. Во атарот на Боров Дол ќе се истражува простор од осум
квадратни километри. На оваа локација бакарот е катоден, односно ист
каков што сега се преработува во рудникот ‘Бучим‘. Бидејќи оваа локација
од рудникот е оддалечена осум километри, планираме суровата руда до
флотацијата да ја пренесеме преку транспортна лента што е најдоброто
можно решение“, појаснува Николов.
Со ископот на руда од
локацијата Боров Дол, рудникот „Бучим“ ќе го продолжи векот за уште
десет години. Со сегашната експлоатација на постојните рудни лежишта
овој капацитет ќе функционира најмалку две децении.
И додека од
„Солвеј“ се подготвуваат за нови инвестиции во експлоатацијата на бакар,
„Бучим“ годинава ги урна сите рекорди во производството.
„Тековната
година ја завршуваме со ископана рудна маса од 14 милиони тони, што е
рекорд во 32-годишното постоење на рудникот. Тој факт не' охрабри, па
затоа за идната година поставивме план за ископ на рудна маса од 14,5
милиони тони. За тој успех придонесоа вработените, но и инвестициите од
пет милиони евра во нова опрема. Почнавме и инвестиција вредна девет
милиони евра за фабрика за катоден бакар од рудното тело „Вршник“, што е
прво производство на ваков вид бакар во вкупната историја на
македонското рударство“, потенцира Николов.
|
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=690E1957D880084AA112CC47A3B24E0D
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#196 Posted: 24-Dec-2010 at 20:21 |
Русите се заинтересираа за македонскиот бакар
СКОПЈЕ / 24.12.10 / 10:00
Нов рудник на бакар треба
да биде отворен кај Пехчево со 100 рудари, додека на две нови локации во источна
Македонија, исто така, Русите ќе трагаат по лежишта на овој метал.
Македонската влада, како што пишува
„Утрински весник“ донела одлука на две нови фирми од семејствотот на руската
компанија „Солвеј“ да им додели концесии за истражување на минерални суровини.
Новите локации за истражување се наоѓаат
во источниот дел на земјата, едната кај Пехчево, а другата во атарот на
општините Конче и Штип.
Новоформираните фирми кои ќе трагаат
по бакарот, имаат обврска да ги испитуваат наоѓалиштата и евентуалното
богатство за период од најмногу четири години.
Руската компанија „Солвеј“ е
сопственик на рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица, како и
рудникот за бакар „Бучим“, кај Радовиш.
Истражувањата ќе бидат насочени
исклучиво кон рудните резерви на бакар , кои се претпоставува дека во тие
наоѓалишта ги има во количини кои гарантираат профитабилно производство http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=15184
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#197 Posted: 23-Nov-2010 at 23:26 |
|
|
Нема куп пари, ама може да се продава приказната за Алшар

Во рудникот има ретки минерали, но тие немаат вредност во милиони евра
Сања Наумовска
Алшар
не крие никаква мистерија, ниту, пак, огромни богатства, смета научната
јавност. Во рудникот се наоѓаат ретки минерали, од кои неколку ги има
само на ова место. Но, тие немаат вредност која се мери во милиони евра.
Алшар е најголемо лежиште на талиум во светот, а во него се најдени и
13 различни минерали на оваа руда. Од нив осум ги има само на ова место.
Приказните дека тие претставуваат неискористен економски
потенцијал кој може да донесе огромни профити се далеку од реалноста,
сметаат стручњаците. Потврда за тоа е побарувачката за талиум на
светските берзи, која не ги оправдува овие наводи.
Привлечноста
на ретките минерали е во спектарот на бои, од жолта до црвена, кои им ги
подарила природата, како и реткоста на нивната појава, во толкав број
на едно место. Минералите, заедно со приказните и мистериите што се
плетат со децении околу рудникот, можат да се продадат само на туристи.
Алшар
минатата година е прогласен за споменик на природата, но за да стане
вистинско туристичко место му недостасува инфраструктура. За добро да се
продаде приказната дека фалангите на Александар Македонски на штитовите
имале мали сонца од минералот лорандит, со кои ги заслепувале
противниците и лесно ги победувале, треба туристите да се донесат до
Алшар. Мора да се изгради патот, да се обезбеди околината, да се
направат ресторани. За туристички прошетки во рудникот треба инвестиција
и во старите ходници кои одамна се небезбедни.
Од друга страна,
пак, за ископување и преработка на рудата се потребни огромни
инвестиции, кои не можат да се оправдаат со резервите рудно богатство
што лежат под земја. Талиумот, велат стручњаците, моментно се користи
само за подобрување на квалитетот на некои челици. Се јавува и како
отпаден материјал во топилнички процеси, при обработката на олово и
цинк. Се произведува во мали количини и е скап, но и потребата од него
засега не е голема. Поради тоа, се смета дека инвестиции во рудни
ископувања само заради талиум не се економски оправдани, велат експерти.
За Трајче Стафилов, професор на Институтот за хемија при
Природно-математичкиот факултет, Алшар е природно богатство, а не
мистерија. „Приказните за скриени блага датираат од седумдесеттите
години на минатиот век, кога беа актуелни експериментите за детектирање
на честичките неутрино, со кои научниците сметале дека подобро ќе се
разберат процесите што се одвиваат во јадрото на сонцето. За нив им бил
потребен лорандитот, еден од минералите на талиумот, кој го има во
Алшар. Бидејќи експериментите ги правеле тимови научници од САД,
тогашната југословенска влада не им дозволила вадење руда од Алшар. Во
годините што следувале се менувале групи истражувачи, а кај населението
се зголемувала мистеријата што има во Алшар толку вредно“, објаснува
Стафилов.
Сепак, вели тој, испитувањата на неутриното завршија
пред повеќе од една деценија, а двајца физичари, Дејвис и Кошиба, кои ги
направија експериментите, во 2002 година добија Нобелова награда за
физика. „Фактот што за детектирање на сончевото неутрино не беше
искористен лорандитот ја расчистува мистеријата за богатствата на
Алшар“, вели професорот Стафилов.
Алшар е богат со арсен и
антимон, а злато, сребро и талиум има во трагови. Најголема резерва,
утврдена при последните испитувања пред триесетина години, има од арсен
антимоновата руда. Проблемот, според Стафилов, е што се појавуваат како
поврзани елементи, а процесот на одвојување е тежок, бидејќи во
антимонот не смее да има арсен. „Доколку во иднина технологијата
напредне во насока на олеснување на овој процес, можеби резервите на
антимон во Алшар ќе станат интересни за инвестиција. Другото, засега е
неисплатливо“, смета Стафилов. |
|
| http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A44131B725E024A80B4E626460D6049
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#198 Posted: 05-Nov-2010 at 00:21 |
„Бучим“ го продолжува векот за две децении

Единствениот рудник за бакар конкурира за концесија за рудните лежишта „Боров Дол“ и „Кадиица“
Иван Бојаџиски
Штип - За единствениот македонски рудник за бакар „Бучим“ работа ќе
има и во наредните две децении. Со отворањето на две нови рудни
наоѓалишта, векот на работа на „Бучим“ ќе се зголеми за уште десет
години, па заедно со сегашните рудни резерви што се експлоатираат, овој
капацитет ќе може да работи и во наредните дваесетина години. Станува
збор за рудните лежишта „Боров Дол“ во соседната општина Конче и за
рудното лежиште „Кадиица“ кај Пехчево, за кои радовишкиот рудник преку
две свои фирми-ќерки формирани специјално за оваа намена, конкурирал за
геолошки истражувања.
„’Боров Дол‘ е оддалечен од нашиот рудник
само осум километри и оттаму рудата, ако ја добиеме концесијата, ќе ја
носиме со транспортни ленти што е една исплатлива можност. Бакарната
руда од ’Кадиица‘, која е оксидна, што значи дека за нејзина преработка
не е потребна флотација, ќе ја преработуваме на самото место за што ќе
изградиме соодветен погон. Рудата од ’Боров Дол‘ е сулфидна, иста како
што е во лежиштето што го експлоатираме сега, што овозможува да се
преработува во капацитетите на самиот рудник и што целата инвестиција ја
прави исплатлива и профитабилна“, вели Николајчо Николов, претседател
на Македонската рударска асоцијација.
„Но, пред тоа ние ќе мораме
да вложиме значајни инвестиции во детални геолошки истражувања, па со
елаборат за утврдените рудни резерви откако резервите ќе бидат утврдени
ќе го очекуваме конечното доделување на концесијата по што ќе можеме да
започнеме со работа на терен“, појаснува Николов.
Во
Министерството за економија во понеделникот вечерта се отвораа понудите
за нови концесии за истражувања во областите на металните и неметалните
суровини, подземните води и украсните камења. Над стотина заинтересирани
фирми во малата и претесна сала на ова Министерство будно го следеа
процесот, со надеж дека секоја од нив ќе ја има најдобрата понуда.
Министерството за економија пред 45 дена распиша јавен тендер за
доставување понуди за геолошки истражувања на вкупно 73 локации, меѓу
кои 54 локации се за неметални суровини, девет за подземни води, осум за
метални суровини и два за украсни камења. За сите нив имало многу
интересенти.
„Невообичаено голем беше интересот кај нашите фирми
за добивање концесија за истражување во овие области што говори дека е
профитабилно инвестирање. Големиот интерес е најдобар знак дека од
нашава држава има големи потенцијали на разновидно природно богатство и
согласно со тоа дека стои потребата од почесто распишување тендери и
доделување концесии како за геолошки истражувања, така и за
експлоатација на тоа богатство. Конечно, од сето тоа корист ќе имаат
компаниите, невработените и државата, која ќе го збогатува буџетот од
концесиите“, вели Николов.
Според него, за Македонија е значајно
тоа што имаше тендер за доделување концесии за геолошки истражувања, кој
дојде по пауза од цели четири години. „Интересот покажа во која насока
треба да се развива дел од економската иднина на државата“, вели
Николов.
Инаку, во „Бучим“ во тек е реализација на најновата
инвестиција вредна девет милиони евра со која треба да се овозможи преку
систем на лужење да се искористи оксидната руда од сегашните копови,
која не може да се преработува по пат на флотирање во флотацијата на
рудникот. На ваков начин се отвора можноста за добивање годишно
производство од 2.800 тони катоден бакар, со што вкупното производство
ќе се зголеми од 7.000 на 9.800 тони катоден бакар на годишно ниво. За
потребите на лужењето ќе се изгради нова хала од 2.000 квадратни метри и
ќе се отворат 60 нови работни места. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D59CDBB4E65F2A4CB39FCE2EBC115E0D
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#199 Posted: 25-Oct-2010 at 18:28 |
Каменица гледа со страв кон иднината

На рудникот „Саса“ му даваат уште 12 години. Што ќе прават потоа жителите на рударското гратче
Иван Бојаџиски
Каменица – Рудникот „Саса“ ќе работи најмногу уште дванаесет години.
Таква изјава доаѓа од раководството на најдобриот и најпрофитабилниот
рудник за олово и цинк на Балканот. И додека меѓу жителите од рударското
гратче постои страв од иднината, рударски и геолошки стручњаци ценат
дека место за паника нема, но само под услов на случајот да почне да се
работи уште од денес.
„Лично мислам дека со сегашното темпо и со
начинот на вадење руда од јамите на ’Саса‘ рудникот нема да живее ниту
дванаесет години. Но, тоа е само еден од проблемите што му се закануваат
на рударскиот град како можност за исчезнување.
Најголем
проблем е тоа што на подрачјето пребогато со руда воопшто не се работи
на подготовките за експлоатација на нови рудни резерви, кои би биле
ставени во функција откако постојните ќе бидат исцрпени“, вели Марин
Александров, доктор на геолошки науки, еден од најценетите европски
геолози, кој долго време беше главен геолог во овој рудник и ги знае
сите негови вредности, а сега работи за странска компанија што истражува
нови рудни лежишта во Македонија.
Според него, дванаесет години се веќе утре. На тој дел од Осоговијата
има рудни резерви што овозможуваат „Саса“, со една контролирана и во
исто време економски исплатлива и профитабилна експлоатација, да работи и
во наредните најмалку сто години. „Ако не се постапува во таа насока
тогаш Македонска Каменица ќе се најде пред прашањето на својот опстанок,
бидејќи целиот економски и социјален живот во оваа општина се темели на
монопроизвод, односно на капацитетите на ’Саса‘“, нагласува
Александров.
Тој е еден од оние експерти што тврдат дека во
„Саса“ се експлоатираат само деловите најбогати со метали, додека оние
со послаби содржини се занемаруваат. Тоа, според него, носи високи
профити и ја вбројува „Саса“ меѓу петте македонски компании со најголема
добивка во минатата година, но другата страна на медалот е содржана во
фактот што таквата експлоатација битно влијае на намалувањето на
животниот век на рудникот.
„Во ’Саса‘ има и еден друг феномен, а
тоа е фактот што таму исклучително малку се работат
истражно–подготвителните работи, па и поради тоа инвеститорот нема многу
трошоци и остварува високи профити“, тврди овој експерт.
Најголемите
геолошки истражување на ова подрачје се правени во периодот 1970-1985
година. Биле извршени геофизички работи и било докажано огромното
присуство на олово и цинк на подрачјето на Осоговските Планини. Тие
истражувања овозможиле рудникот да работи од 1966 година досега и да има
иднина под услов со него рационално да се стопанисува.
Дека овој
рудник има перспектива за наредните сто години тврди и Љупчо
Трајковски, до неодамна рударски инспектор, кој во седумдесеттите години
беше и управник во „Саса“. Тој, за разлика од Александров, тврди дека
актуелниот сопственик на „Саса“ водел и води политика на правилна
експлоатација на минералните суровини и оти високите профити биле
резултат на големите вложувања на оваа компанија и на добрите цени што
оловото и цинкот ги постигнуваа на берзата.
„Постојано се говори
за начинот на кој се врши експлоатацијата на рудното богатство во овој
рудник и се изразуваат сомневања во насока дека се експлоатираат само
најбогатите делови со метали. Пред две години во Министерството за
економија дојде рударски стручњак, кој порано работел во овој рудник, и
побара да се изврши увид во однос на оваа проблематика. И овој стручњак
на самото место се увери дека нема ништо спорно во однос на ова
прашање“, појаснува Трајковски. Конечно, секако дека и за сегашниот
инвеститор е поисплатливо да работи на зголемување на векот на рудникот
со отворање нови јамски простори, бидејќи купувањето и активирањето нови
рудници на други места е многу сложен и скап процес, појаснува нашиот
соговорник.
Градоначалникот на малата рударска општина, Дарко
Митевски, вели дека и тој е загрижен за иднината на општината доколку
рудникот престане да работи во 2022 година. „Ние немаме друга стопанска
база, па во прашање се доведува иднината на 8.810 жители од нашата
општина. Пред рестартирањето на рудникот голем број млади заминаа на
работа во странство, а новиот старт на ’Саса‘ покажа дека овој капацитет
е темел на севкупниот економски и социјален живот, дека за него,
едноставно, нема замена. Општината од рудникот, на име концесија, добива
пари во висина од 60 проценти од нашиот општински буџет, што доволно
говори дека без ’Саса‘ општината нема иднина. Како градоначалник ќе
барам од Министерството за економија да ја оцени состојбата и да се
најде начин рудникот да живее и во наредните сто години, бидејќи за тоа
постои основа“, вели Митевски.
Разговаравме и со десетина граѓани
за најавениот крај на „Саса“. Група млади момчиња велат дека ќе ни
дадат изјава, но без име и презиме.
„Во нашето гратче има само
2.000 жители, сите други заминаа на работа во странство. Во нашите
згради и куќи свети само по една светилка. Само за Богородица за Италија
заминаа 300 млади луѓе, а се вратија само педесетина. Младите
заминуваат, бидејќи во ова место има живот само за вмровци,
градоначалникот е биро за вработување, тој кажува кој и каде ќе се
вработи, во рудникот се примаат само лица од списокот на Митевски. Не
смееме да зборуваме со име и презиме, бидејќи на 2.000 луѓе имаме 70
полицајци, па само ако кажеш нешто против неправдите веднаш ќе имаш
проблеми, ти или твоите блиски. А за рудникот, па и врапчињата во
Каменица знаат дека газдите се тука за во колку што е можно покус рок да
соберат што повеќе пари и да фатат магла, да најдат некои други кокошки
што на вака мизерен начин ќе можат да ги искубат, а притоа државата да
не води сметка за своите граѓани“, со видна доза на револт зборуваа овие
млади луѓе.
На друга локација разговараме со стар познаник, кој
во најдобрите години на рудникот и на градот беше еден од позначајните
стручњаци, а сега е пензионер. Човекот ја знае проблематиката и вели
дека ако газдите не инвестираат во нови рудни наоѓалишта, со сегашното
темпо на експлоатација, нема шанси „Саса“ да работи повеќе од седум-осум
години.
„Тоа за овој крај ќе биде катастрофа, нас ќе не' снема,
бидејќи ќе нема од што да се живее. Овде премногу се говори за лошата
експлоатација на рудата и некој од државата мора да го провери тоа. Во
социјализмот имаше седум услови што мораше да ги исполнува рудникот,
меѓу нив и социјалниот елемент, но и политичкиот во кој спаѓаат
опстанокот и развојот, односно среќата на населението во општината. Овде
не смее да се работи само за интересите на инвеститорот, туку и за
иднината на цела една општина. За тоа државата мора да има ингеренции,
да поведе сметка“, ни рече овој човек. (И.Б.) | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E8296D518540644F88D56750CDA5D865
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#200 Posted: 27-Aug-2010 at 09:02 |
Германска инвестиција за нов рудник за „габро“ во село Пантелеј, Кочанско
Кочани, 26 август 2010 (МИА)
- Германскиот инвеститор Гинтер Капраун и неговата фирма продолжуваат
со инвестициските активности во селото Пантелеј Кочанско, за откривање
на рудата „габро“.
- Добиените резултати охрабруваат, а досегашните
испитувања на рудата „габро“ од лежиштето кај село Пантелеј се со добар
квалитет, со голема густина и специфична тежина, изјави Капраун.
Тој смета дека каменот од типот „габро“ е иднинатата на градежната индустрија во Македонија и светот.
- Се планира набавка на машина за дробење на цврстиот
камен во гранулации со различна големина, според барањата на пазарот,
истакна Капраун.
Овој производ може да се употребува во градежната
индустрија за производство на асвалт за аеродромски писти и патишта со
голема цврстина.кг/вј/17:49
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76455295&lId=1&pmId=
|
 |