build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 47>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 01-Jul-2021 at 22:25
Originally posted by гитардемон


До некаде во право е. Може да се субенционира, ама не да се финансира. На пример паркингот да им се дава со 50-70% попуст, ама не бесплатен паркинг. Кому не му одговара живот во скап дел од градот, слободно нека си го продаде имотот по цена која е сигурно 10 пати поголема од онаа по која го купил (или наследил од чукундедо) и нека си се пресели во друг дел од градот. Впрочем така функционираат сите метрополиси.
треба или да има паркинг ексклузивно за станарите за кој ќе може да имаат месечен трошок, или комплетно да се укине опцијата за паркирање во одредени делови на градот
да не збориме што фирмите што ги држат овие паркинзи треба да инвестираат во соодветен безбеден паркинг простор со тие средства што ги примаат, а не само да нашкрабаат линии на тротоар што е нормално наменет за пешаци и велосипедисти... зонското паркирање е реално најглупото нешто што му се има случено на градов
и да живееш во центар на Скопје не е воопшто ексклузивно, не знам од кај ви е таа замисла, најголем дел од објектите се постари од 70 години, а пристапноста на трговски, образовни и администартивни установи веќе повеќе години е во фаза на дисперзија, ваква или таква
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 01-Jul-2021 at 08:15

До некаде во право е. Може да се субенционира, ама не да се финансира. На пример паркингот да им се дава со 50-70% попуст, ама не бесплатен паркинг. Кому не му одговара живот во скап дел од градот, слободно нека си го продаде имотот по цена која е сигурно 10 пати поголема од онаа по која го купил (или наследил од чукундедо) и нека си се пресели во друг дел од градот. Впрочем така функционираат сите метрополиси.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 30-Jun-2021 at 23:53
Originally posted by user8642

Originally posted by гитардемон


Класични пички пред избори. Паркингот на улица треба да е 5 пати поскап од катните гаражи, ама немаат cojones очигледно (или пак рејтинг агенцијата им јави во рок од 24 сати дека „ви падна рејтингот за 1,15%“)
И да се укине привилигирано паркирање за околни станари. Не сме ние сите Скопјани должни да им го финансираме живеењето во центар на поединци!
не ти ја сфаќам огорченоста на темава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-Jun-2021 at 20:54
Интересно е што на гарнитурава не и текнува да инвестира нешто за да зголеми капацитет. Нови катни, монтажни или регулар паркинзи се мислена именка веќе. Не може во град што има проблем на ова ниво, да има само една гаража во изградба.

Со овие цени што ги цедат од граѓаните, можеа со подземни гаражи да се зафатат. Фино ќе им дојдеа за ПР со паркчиња над нив. Но ок, полесно е да се клати врата и поедноставен тип тендери да се тераат.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 30-Jun-2021 at 18:28
Originally posted by гитардемон


Класични пички пред избори. Паркингот на улица треба да е 5 пати поскап од катните гаражи, ама немаат cojones очигледно (или пак рејтинг агенцијата им јави во рок од 24 сати дека „ви падна рејтингот за 1,15%“)
И да се укине привилигирано паркирање за околни станари. Не сме ние сите Скопјани должни да им го финансираме живеењето во центар на поединци!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 30-Jun-2021 at 12:27

Класични пички пред избори. Паркингот на улица треба да е 5 пати поскап од катните гаражи, ама немаат cojones очигледно (или пак рејтинг агенцијата им јави во рок од 24 сати дека „ви падна рејтингот за 1,15%“)

Edited by гитардемон - 30-Jun-2021 at 12:28
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 30-Jun-2021 at 11:46
Originally posted by stef4o

ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ КАЈ „БЕКО“, ПРВИОТ ЧАС ЌЕ БИДЕ 100 ДЕНАРИ, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПО 50

Паркингот спроти поранешно „Беко“ со кој стопанисува ЈП „Градски паркинг“ поскапе. Отсега првиот час ќе биде 100 денари, а секој нареден по 50. Досега паркирањето чинеше 50 денари за еден час.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека поскапувањето е да се намали метежот во овој дел и да се натераат граѓаните да паркираат во катната гаража „Беко“ која е отспротива.

„Овој паркинг го изедначуваме со оној на улица Максим Горки. Бидејќи станува збор за строг центар на градот, а има многу гужва ја донесовме оваа нова цена. Со тоа сакаме граѓаните да ги насочиме да се паркираат во катната гаража каде еден час е 30 денари“, вели Јакимовски.

Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poskape-parkingot-kaj-beko-prviot-chas-ke-bide-100-denari-sekoj-nareden-po-50/



СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРКИНГ СЕ ПРЕМИСЛИ, ПАРКИРАЊЕТО КАЈ БЕКО НЕМА ДА ПОСКАПИ

Паркирањето кај поранешно Беко во стргиот центар на Скопје нема да поскапи, останува старата цена од 50 денари за час. Откако вчера екипите на ЈП Градски паркинг поставуваа нови табли со новата цена од 100 денари за првиот час, а секој нареден по 50 денари, утрово се враќат старите табли и старата цена.

„Управниот одбор на претпријатието одлучи засега да остане старата цена, односно да нема поскапување”, вели директорот Борче Јакимовски.

Јакимовски вчера ни изјави дека поскапувањето е бидејќи овој паркинг е во строгиот центар, а има многу гужба, и за да се натераат граѓаните да се паркираат во катната гаража отспротива каде еден час чини 30 денари.

Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие Градски паркинг. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 дена

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-gradski-parking-se-premisli-parkiraneto-kaj-beko-nema-da-poskapi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 29-Jun-2021 at 12:53
РЕДИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАДСКИ ПАРКИНГ ВЕЛАТ ДЕКА ДНЕВНО ВЛЕГУВААТ ПО 4.000 КОЛИ



Редици секојдневно се создаваат за наплата на паркирање на Клиничкиот центар во Скопје. Пред пунктовите за наплата има колони граѓани кои чекаат да платат, а поради тоа се создаваат и гужви пред рампите за влез и излез.

Во моментов на Клинички работат два места за наплата, но директорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски вели дека гужвите се поради големиот број возила кои се паркираат.

„Дневно имаме по 4.000 возила кои влегуваат и излегуваат. После пандемијата на ковид-19 повторно Клинички е полн со пациенти и околу пладне се вакви гужви. Кога имате толку многу возила не може да се постигне. Но, за да го решиме проблемот набавивме два паркомати за самонаплата кои за две недели ќе бидат во функција”, вели Јакимовски.

Паркоматите ќе бидат поставени на новиот паркинг кај Клиниката за гинекологија и кај Инфективната клиника.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/reditsi-za-naplata-na-parkingot-na-klinichki-tsentar-od-gradski-parking-velat-deka-dnevno-vleguvaat-po-4-000-koli/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 29-Jun-2021 at 11:03
ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ КАЈ „БЕКО“, ПРВИОТ ЧАС ЌЕ БИДЕ 100 ДЕНАРИ, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПО 50

Паркингот спроти поранешно „Беко“ со кој стопанисува ЈП „Градски паркинг“ поскапе. Отсега првиот час ќе биде 100 денари, а секој нареден по 50. Досега паркирањето чинеше 50 денари за еден час.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека поскапувањето е да се намали метежот во овој дел и да се натераат граѓаните да паркираат во катната гаража „Беко“ која е отспротива.

„Овој паркинг го изедначуваме со оној на улица Максим Горки. Бидејќи станува збор за строг центар на градот, а има многу гужва ја донесовме оваа нова цена. Со тоа сакаме граѓаните да ги насочиме да се паркираат во катната гаража каде еден час е 30 денари“, вели Јакимовски.

Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poskape-parkingot-kaj-beko-prviot-chas-ke-bide-100-denari-sekoj-nareden-po-50/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 27-Jun-2021 at 10:16
Паркирањето во Тетово проблем и ова лето, а се очекуваат голем број нови возила на печалбарите



Летните месеци се период кога се очекуваат голем број нови возила да ја зголемат сообраќајната фреквенција во Тетово со оглед на доаѓањето на многу од печалбарите. Од друга страна во Тетово нема промена, односно подобрување кога станува збор за повеќе паркинг места, што за градот претставува проблематика долги години.

Во април годинава Општина Тетово склучи договор за изградба на монтажна катна гаража за паркирање на возила во центарот на градот, но таа постапка беше обжалена од група станари во згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“. Почетокот на подготвителните работи за градење беа прекинати, а градоначалничката Теута Арифи образложи дека се обидува да се најде заеднички јазик со сите засегнати страни.

Се разговара поради фактот што имаме и петиција за градење и петиција за неградење на катната гаража. Во таква ситуација ние немаме ниту една законска пречка да не градиме. Сакаме да поразговраме, да видиме во разговор што можеме да постигнеме. Нема опции, тоа треба да се направи, ние имаме завршени процедури за правење, ама важно ние да направиме и договор, нормално граѓаните да се комотни со тоа што го градиме ние, изјави Теута Арифи.

Зоран Ѓорѓевски, дипломиран сообраќаен инженер во Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово елаборира дека паркирањето само по себе е сериозен проблем, но истото се вклопува во комплексот наречене сообраќај и кој според него треба да се решава заеднички со сите други сообраќајни проблеми.Тој напоменува дека проблемите во сообраќајот не треба да ги разделуваат и да се разгледуваат парцијално како што е проблем со паркирање или проблем со градскиот превоз.

Тука се работи за еден проблем, а тоа е создавање подобро место за живеење, односно намалување на загадувањето, како и намалување на бучавата. Ако се тргне од тука, сообраќајот го гледаме како еден од начините како да се подобри квалитетот на живот и треба да се решава така што ќе се дејствува на повеќе сегменти. Паркирањето е само еден сегмент кој треба да се решава паралелно со градскиот превоз, транзитниот сообраќај и планирањето и воведувањето на алтернативните видови сообраќај, објаснива стручниот професор по сообраќај.

Кога станува збор за паркирањето, особено е важно која е целта, односно зошто сопственикот на возилото има потреба да се паркира. Според Ѓорѓевски постојат многу мерки кои може да се преземаат, но основата лежи во зголемување на понудата на паркинг места

-Имаме побарувачка за паркирање поради домување, работно место, купување, вршење некои активности, образование, активности во слободно време или некои други активности. Во оваа ситуација, според мене, изградбата на паркинг гаражите на неколку добро избрани локации по претходна сериозна анализа на состојбата во целиот град е единственото решение за Тетово, бидејќи градот се соочува и со проблем на несоодветен број на места за паркирање на станбените згради, односно зградите постојат ама на жителите од тие згради не им е понудено место за паркирање во рамките на тој објект. Сега ситуацијата е таква што побарувачката е многу поголема од расположливиот број места за паркирање и единствениот излез е целосен план со кој би се дејствувало прво на намалување на бројот на возила кои циркулираат преку квалитетен јавен градски превоз, како и користење на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај, и на тој начин ќе се дејствува на намалување на побарувачката во најзагрозените подрачја, а од друга страна со изградбата на паркинг гаражите ќе се реши проблемот со паркирањето поради домувањето, а истовремено ќе се понудат и паркинг места поради другите причини, потенцира Зоран Ѓорѓевски.

Поради недостигот на паркинг места граѓаните редовно паркираат на недозволени места па работа има и за полицијата. Во изминатите пет месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје вкупно биле изречени 1287 мерки за погрешно, односно непрописно паркирање, како и 673 писмени опомени.

Покрај тоа, во периодот за кој станува збор тетовската „пајак-служба“ во координација со полициски службеници на СВР Тетово подигнале 673 погрешно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, меѓу кои и возила паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на тротоари и на други недозволени места. Сите прекршители санкционирани се со поднесоци и со парични глоби кои се движат од 45 евра (за „двојни редови“) до 180 евра во денарска противвредност за паркирање во зона на крстосници, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За подобрување на состојбите во летниот период поради очекување на голем број печалбари, градоначалничката Арифи најави дека ќе се се користи досегашната практика – дел од училишните дворови за одреден период да бидат понудени како бесплатно паркинг место.

Доколку се изгради предвидената монтажна катна гаража ќе биде прва од таков вид во градот. Објектот ќе се гради на веќе постоечки паркинг позади згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“.

https://sitel.com.mk/parkiranjeto-vo-tetovo-problem-i-ova-leto-se-ochekuvaat-golem-broj-novi-vozila-na-pechalbarite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 25-Jun-2021 at 12:53
Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]



Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би биле доволни за сместување за сите нови возила на граѓаните.

Според податоците на ЈП „Градски паркинг“, лани во главниот град тие располагале со 9.396 паркинг места во „затворени“ јавни паркиралишта, јавни површини за зонско паркирање и катни гаражи. Бројот на паркинг места е зголемен за 397 во споредба со 2019 година. Сепак, бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станари на околните згради во 2020 година се искачил на 124.724, односно за една година бројот на вакви дозволи е зголемен за дури 10.761.

Притоа, зголемување на бројот на бесплатни дозволи за паркирање на станарите се бележи и кај зонското паркирање во Центар и кај она во Аеродром, додека мал пад на издавањето вакви дозволи има единствено кај „затворените“ јавни паркиралишта.

Во согласност со овие податоци, во Скопје лани на едно паркинг место во просек паркирале 13 возила на станарите. Покрај станарите, на обележаните паркинг места се паркираат и службени возила и автомобили на вработени во компании кои гравитираат околу паркинзите, како и граѓани кои ги оставаат своите превозни средства на неколку часа во денот на една локација.

Најголем број за пронаоѓање слободно место за паркирање имаат граѓаните од центарот на Скопје, каде и „притисокот“ за паркирање е најголем во текот на денот. И покрај тоа што имаат бесплатни дозволи за паркирање, станарите од зградите се приморани да плаќаат по неколку илјади денари за дополнително паркинг место и на други локации, бидејќи околу нивните живеалишта е невозможно да се најде слободен паркинг секој ден.

И покрај тоа што ЈП „Градски паркинг“ – Скопје го зголемува секоја година бројот на нови паркинг места, ова јавно претпријатие не прави ништо за да го зголеми капацитетот за паркирање на постојните локации со кои управува, првенствено преку изградба на монтажни гаражи за зголемување на капацитетот на постојните јавни површини. Единствени инвестиции на ова јавно претпријатие лани биле во проширување и реновирање на постојните локации.

„Во текот на 2020 година, во услови на светска криза предизвикана од пандемија, Претпријатието сепак успеа да уреди дополнителен број на паркинг места. Не беа отворени нови јавни паркиралишта или зони но, се работеше на проширување и реновирање на веќе постоечките“, се вели во Годишниот извештај за работењето на ЈП „Градски паркинг“ за 2020 година.

Инаку, зонското паркирање во Скопје беше воведено во 2009 година, при што на жителите на главниот град им беше ветено дека ваквиот пристап на паркирање ќе овозможи драстично намалување во изгубеното време во барање слободно место за паркирање. Ново јавно претпријатие беше основано, но проблемот со недостиг на паркинг места низ годините расте.

Актуелната ситуација со паркирањето во Скопје ја влошуваат и самите граѓани, чиј возен парк постојано се зголемува низ годините. Во 2019 година, бројот на регистрирани автомобили во главниот град изнесувал 148.892, а голем број на домаќинства имаат по две или повеќе возила што дополнително го влошува проблемот со недостиг на паркинг места.

https://meta.mk/namesto-da-opagja-problemot-so-nedostig-na-parking-mesta-vo-skopje-raste-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 17-Jun-2021 at 16:51
Ало „Пајак“: Калабалак на тротоарите во Автокоманда и низ цел град !





Жители на Автокоманда се жалат дека нема места за паркирање низ населбата, бидејќи улиците, тротоарите и паркинзите се окупирани од возила на поголемите фирми. Велат дека станарите вртат по улиците низ населбата и по 15-20 минути барајќи некое слободно место, макар и во парк за да си го сместат возилото.

Иста слика е и долж булеварот „Александар Македонски“ каде што возила на вработените од ЈСП Скопје, Пивара, Европа, Алкалоид и од други фирми ги окупираат пешачките патеки, поради што деновиве ќе поднесат барање за ослободување на овие јавни простори од паркираните возила.

Ова е генерален проблем низ цел град, особено во населбата Водно каде жителите своите автомобили ги паркираат на улица, наместо во нивните дворови, па пешаци не можат да се разминат, а камо ли други возила.

Жители на Автокоманда ги повикуваат градските власти да стават ред долж булеварот со поставување на заштитни столпчиња и со поревносна работа на „пајаците“ на „Градски паркинг“.

– Доволно е да се постават столпчиња да се оневозможи пристап на возилата на тротоарите и пешачките патеки. Само треба да почекаме некој од Град Скопје да почне да си ја врши својата работа – вели Сашо Начовски.

Розана Ивановска – Конеска вели дека ваквата состојба е поради тоа што оваа појава не се санкционира на стартот и потоа зема замав.

– Паркира еден и нема реакција, следен ден десет возила и за неколку дена тука се ќе биде калабалак – вели таа, но констатира дека низ градот нема доволно паркинг места, наспроти големиот број возила, плус оние што доаѓаат во Скопје од внатрешноста.

Даниела Стојанова, пак, решението го гледа во комуналните редари и високи казни за возачите кои паркираат на јавна површина наменета за пешаци и велосипедисти.

Борче Василевски предлага оние што со автомобил одат на работа, да се обидат тоа да го сторат со велосипед, пеш или со јавен превоз и тогаш ќе нема проблем со паркинг.

Жителите на Автокоманда им забележуваат на општинските власти дека дозволуваат нивната населба да се развива во секој поглед, пред сè со зголемување на станбениот простор, но никако да го решат проблемот со паркирањето. Велат дека решение е катна гаража или зонско паркирање со тоа што постојните станари да добијат по едно загарантирано место за паркирање, за што би се плаќало симболична годишна наемнина или можност за откуп.

На големиот паркинг во населбата, кај Комерцијална банка, беше предвидена изградба на катна гаража, но жители на улицата „Јани Лукровски“ бр 2 (или војната кула) потпишале дека се против. Сметаат дека тоа е единственото уредено место со плоштадот за шетање, а големите фирми од другата страна на булеварот да си направат паркинзи за своите вработени.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски неодамна изјави дека сериозно се работи на решавање на проблемот со паркирањето во населба Автокоманда.

– Подготвени се проекти за изградба на монтажни катни гаражи, како и нова студија за сообраќај во оваа населба. Со студијата која набрзо ќе биде презентирана пред граѓаните на населбата Автокоманда предвидуваме воведување на нов еднонасочен режим, воведување на Зона 30, уредување на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, успорувачи на движењето пред училиштата и градинките и можност за нови паркиралишта – вели Георгиевски.

Исто така повторно ќе биде презентиран проектот за изградба на монтажните гаражи, проект кој е подготвен, но за кои до општината пристигнаа неколку петиции за стопирање.

https://www.vecer.press/ало-пајак-калабалак-на-тротоарите/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 11-Jun-2021 at 07:30
СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАРКИНГ ВО ОХРИД КАКО БЛАГОДАРНОСТ ЗА ВАКЦИНИТЕ

Туристите од Србија кои летово ќе го посетат Охрид нема да плаќаат паркинг. Ова денеска го најави градоначалникот Константин Георгиески при посетата на Белград, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја предложи на усвојување на Советот на Општина Охрид како знак на благодарност за донираните вакцини од Србија.

Ослободувањето од плаќање паркинг доаѓа откако Владата донесе одлука српските туристи да не плаќаат патарини, но само на коридорот 10 кон Грција, а не и на автопатот Скопје-Гостивар.

На ваката одлука реагираа туристичките работнци од Охрид кои сметаат мерките кои Владата ги презема треба да се задржат српските туристи кај нас како едни од најпосакуваните гости на охридско-струшката ривиера.

Србија на Македонија досега ѝ донираше 48.000 дози вакцини – 8.000 од Фајзер и 40.000 од руската Спутник со кои се вакцинираа здравствените работници во ковид центрите, полицајците, војниците, пратениците, медиумските работници…

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/srpskite-turisti-nema-da-plakaat-parking-vo-ohrid-najavi-gradonachalnikot-georgieski-vo-belgrad/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 11-Jun-2021 at 02:29

па парк и не е место каде што сите би требало да се бутаат со коли... сфаќам мали деца и све, ама па приметувам дека секогаш сите сакаат да се бутаат кај паркингот на зоолошка и кај стадион, а паркинзите околу стадионот на пример зјаат празни
паркингов од другата страна на Вардар би бил идеален за стадионот, ама за парк тешко
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 10-Jun-2021 at 14:58
Неопходен паркинг плус за Градскиот парк



ЗБОГАТУВАЊЕТО НА СОДРЖИНИТЕ ВО ПАРКОТ БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПАРКИНГ-КАПАЦИТЕТИТЕ
Градскиот парк е една од најпосетените локации во Скопје, покрај Водно, Матка и кејот на реката Вардар. За скопјани овие неколку локации се места за рекреација, каде што, освен прошетки, времето го минуваат во спортување, возење велосипеди, пешачење и минување квалитетно време со своето семејство и пријатели.
Сепак, овие локации, поради посетеноста, која е сѐ поголема, бараат постојано надградување и усовршување, бидејќи потребата за нив рапидно расте во изминатите неколку години.

НАЕЗДА НА ВОЗИЛА

Една од најпосетените локации во метрополата е Градскиот парк, каде што се лоцирани огромен број содржини за сите возрасти. Покрај кафеаните и кафулињата, каде што посетителите може да имаат семеен ручек и да одморат пиејќи кафе, тука се зоолошката градина, Дино-паркот, а поставени се и лулашки за најмладите посетители на паркот.
Сепак, со зголемувањето на содржините, евидентно е дека просторот наменет за паркирање возила не одговара на потребите на посетителите, бидејќи буквално се бара паркинг-место повеќе за возилата. Дури и просторот пред седиштето на градската администрација е преполн и се создаваат огромен метеж и сообраќаен хаос. Најголем проблем се случува токму за викендите, кога бројот на посетители двојно се зголемува.
– Во неколку наврати дојдовме да го посетиме Дино-паркот, но не успеавме да најдеме паркинг-место. Буквално моравме да чекаме некое да се ослободи, за да можеме да го паркираме автомобилот. Полесно е да се дојде со автобус, но поради коронавирусот и поради фактот што сум со две мали деца, не е можно да го користам јавниот превоз – вели Елена Ристовска.

ОБЕЗБЕДЕНО МЕСТО ЗА ПАРКИНГ НА ВОЗИЛАТА, ПРЕД СЀ

Токму поради тие причини, градскиот татко Петре Шилегов, на неодамнешното одбележување на Меѓународниот ден на животната средина, најави дека просторот под Скопското кале, кој порано се користеше како полигон и каде што во неделите беше сместен дивиот пазар, а сега се користи како див полигон, конечно ќе биде преуреден и наменет главно за паркирање на возилата упатени кон Градскиот парк.
Според Шилегов, оваа локација во период од три години била предмет на анализа, која градот ја правел со УНДП. Како што најави тој, оваа локација ќе се уреди, односно ќе се воведе организирано паркирање, а ќе бидат направени игралишта за кошарка, како и памп трак-полигон.
Од градот информираат дека минатиот викенд почнале акција за расчистување на поранешниот полигон за обука на возачи под Кале.
– По чистењето на овој простор, уредувањето на оваа локација ќе биде во фокусот на Град Скопје, каде што се планираат голем број содржини и активности, пред сѐ воведување организирано паркирање, за опслужување на посетителите на Градскиот парк, зоолошката градина и новиот забавен парк. Дополнително, во план е и изградба на уште една памп трак-патека за велосипеди, скејт-парк и други спортски содржини – информираат градските власти.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/неопходен-паркинг-плус-за-градскиот-п/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 10-Jun-2021 at 14:53
НИТУ НОВИОТ ПАРКИНГ НЕДОВОЛЕН ДА СЕ РЕШАТ ГУЖВИТЕ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ГО ЗАФАТИ МЕСТОТО ЗА МОНТАЖНА ГАРАЖА



Ниту новиот паркинг кој лани, за време на карантините го направи Град Скопје во рамките на Клиничкиот центар не е доволен да се реши проблемот со гужвите. Откако пандемијата на ковид-19 стивна, клиниките веќе не се ковид центри и продолжија со редовна работа со пациенти, гужвите се вратија низ улиците и на паркинзите низ комплексот.

Новиот паркинг со 200 паркинг места не е доволен за сите возила па граѓаните вртат кругови за да најдат паркинг место. Со поставување на пластички столпчиња за да се изведат патеки за движење на пешаци и болни со колички, нема веќе паркирање на улиците и тротоарите.

Од ЈП „Градски паркинг“ уште пред неколку години најавија дека на Клинички ќе се гради монтажен паркинг, но тој никако да се изведе. Директорот Борче Јакимовски вели дека претпријатието има предвидено пари за оваа инвестиција во буџетот, но на местото каде требаше да се изведе се изгради монтажната ковид болница.

„Додека монтажната болница не се тргне не можеме да го градиме паркингот. Според проектот ќе биде на три нивоа со вкупно 360 паркинг места. Со тоа ќе се решат гужвите на Клинички. И сега состојбата е подобрена. Пред изградбата на новиот паркинг и уредувањето на улиците имаше 575 места, а сега има 810“, вели Јакимовски.

За да не се создаваат гужви на влезот на Клинички, Град Скопје лани изведе нова лента за возилата на Брза помош, а посебен влез има и за Инфективната клиника.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nitu-noviot-parking-nedovolen-da-se-reshat-guzhvite-na-klinichki-tsentar-montazhnata-bolnitsa-go-zafati-mestoto-za-montazhna-garazha/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 08-Jun-2021 at 11:54
КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ СЕ РЕНОВИРА, А ПАРКИНГОТ ЗАД „ТЕЛЕКОМ“ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ, РАСКОПАН И БЕЗ СВЕТЛО



Паркингот што се наоѓа зад зградата на „Телеком“ на кејот 13 Ноември е затрупан со ѓубре кое се расфрла од контејнерите, со дупки и прокопи на секој чекор, расфрлени градежни материјали и кабаст отпад. Паркингот нема осветлување и иако станува збор за простор во строгиот центар на градот никој не го одржува, ниту го чисти.

На само неколку метри од ова ругло се одвиваат градежните работи за реконструкцијата на кејот, но во обновата овој дел нема да биде опфатен. Целиот кеј ќе добие нов плочник и урбана опрема, а овој дел ќе остане несреден и затрупан во ѓубре.

Од Град Скопје велат дека на овој простор со Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ било предвидено да се гради катна гаража. Со измените и новиот план кој се прави маркичката ќе биде избришана и тој простор ќе се уреди.

„Тој дел ќе остане слободен простор. Околу има неколку фирми и се надевам дека ќе успееме да ја разбудиме општествената одговорност кај нив и да го уредиме тој простор да изгледа сосем поинаку од сега“, велат од Град Скопје.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kejot-13-noemvri-se-renovira-a-parkingot-zad-telekom-e-zatrupan-so-gubre-raskopan-i-bez-svetlo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 06-Jun-2021 at 16:52
Со хилти ги кршат топките за да се паркираат пред локалите на „Боемска“





За сликата од сообраќајниот хаос да биде уште полоша, како што вели Јорданка Ношпал, несовесните возачи на автомобили, посетители на локалите дури и ги корнат бетонските топки, претпоставува со хилти и потоа ги тркалаат по улицата. Тони Костов, пак, вели дека ваквата состојба ја пријавил на сообраќаен полицаец кој вршел контроли на улица „Орце Николов“, но од тоа никакво фајде.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека штом завршат реконструкциите на улиците „Орце Николов“ и „Мирослав Крлежа“, ќе може да се почне со затворање на Дебар Маало за автомобили

Зафатени тротоари полни со непрописно паркирани автомобили и тоа до самите ресторани, кафулиња и кафеани и тоа дури и на самата „Боемска улица“ е сликата со која секојдневно се соочуваат жителите на Дебар Маало. Тие се жалат дека не можат слободно да се движат.

За сликата од сообраќајниот хаос да биде уште полоша, како што вели Јорданка Ношпал, несовесните возачи на автомобили, посетители на локалите, дури и ги корнат бетонските топки, претпоставува со хилти и потоа ги тркалаат по улицата. Тони Костов, пак, вели дека ваквата состојба ја пријавил на сообраќаен полицаец кој вршел контроли на улица „Орце Николов“, но од тоа никакво фајде.

– Ми вели, не бил надлежен за таму, тој бил распореден на улица „Орце Николов“ – револтиран раскажува Костов.

Даниела Орешовска предлага казнување на сторителите.

Од неформалната група скопски велосипедисти „На точак“ со предлог, барем во текот на летото Дебар Маало да биде ослободено од автомобили, или пристап да имаат само резидентите и тоа максимално по едно возило по домаќинство, за атмосферата навистина да биде навистина боемска.

– Нашиот предлог е населбите да бидат зона 30, каде што ќе смее да се вози 30 километри на час, освен околу училиштата каде што би било дозволена максимална брзина од 20 километри на час. Одредени скопски населби како Дебар Маало, треба да бидат населби каде што ќе смеат да влегуваат со моторни возила само резиденти. Со, тоа, населбите ќе бидат побезбедни, почисти, помирни, се ослободува простор за дружење и игра, а како што покажуваат бројни примери во светот, во нивните комерцијални делови значајно се подобрува бизнисот -велат од „На точак“.

Од фејсбук-групата „Здравје пред профит“ сметаат дека овие луѓе никогаш нема да се паркираат прописно.

– Простотилакот нè победува. Сигурно додека седат во околните кафеани раскажуваат како во Германија и Австрија за сè си има ред – сметаат од „Здравје пред профит“.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за весникот ВЕЧЕР изјави дека ќе ги зголемат контролите со полиција и комунални редари.

– Поради неработењето на кафеаните, досега немаше потреба за многу акции, но сега ќе ги зајакнеме контролите. Ќе има и дополнителни елементи кои ќе го ограничат паркирањето, бидејќи дел од топките кои беа на „Боемската улица“ беа искршени од дивото паркирање. Со новите елементи целосно ќе се спречи паркирањето – тврди Богдановиќ, и најави дека штом завршат реконструкциите на улиците: „Орце Николов“ и „Мирослав Крлежа“, ќе може да се почне со затворање на Дебар Маало за автомобили.

Директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски, целосно ја поддржува иницијативата за затворање на Дебар Маало за возила, но вели дека треба да се види начинот како тоа ќе биде изведено.

– Потребно е сообраќајно решение кое ќе биде одобрено од МВР за да може да се затворат улиците во реонот на Дебар Маало – смета Кичевски и додава дека ЈП ПОЦ реагира секој ден и оти постојано се казнуваат возила кои се непрописно паркирани.

Според него, дневно со пајаците се креваат од 20 до 30 возила, што значи секој пајак крева по 10 возила.

– Но, проблемот е што имаме само три пајаци. И друго, ЈП ПОЦ не е сообраќајна полиција и не може да го регулира сообраќајот. Тоа е капацитетот на претпријатието – дециден е Кичевски.

Тој најави дека наредната година им завршува договорот за јавно-приватно партнерство со фирмата „Велекс“ и со тоа ќе се создаде можност за купување на нови возила „пајак“. Тоа ќе биде најверојатно со субвенции од Општина Центар, бидејќи ПОЦ, како што истакна Кичевски нема толку средства самостојно да ги купи возилата.

Од МВР велат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје континуирано презема мерки за почитување на Законот за безбедност на патниот сообраќај, а во оваа насока се превземаат и мерки против сторители на прекршокот „непрописно запирање и паркирање“ на лице место и со специјално возило „пајак“,

– Ваквите мерки ќе продолжат и во иднина, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот и почитување на законските прописи – одговорија од МВР.

https://www.vecer.press/со-хилти-ги-кршат-топките-за-да-се-парки/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 05-Jun-2021 at 13:58
ПРОСТОРОТ ПОД СКОПСКО КАЛЕ ЌЕ СЕ УРЕДИ И ЌЕ СЕ НАПЛАТУВА ПАРКИНГ, ШИЛЕГОВ АПЕЛИРА ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Паркингот под тврдината Кале кој сега е неуреден, запуштен и Скопјани го користат како див полигон за возење ќе се наплатува. Градоначалникот Петре Шилегов денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на животната средина најави дека овој простор во иднина ќе се уреди, ќе се воведе организирано паркирање, а ќе бидат изведени и спортски игралишта. Со тоа ќе се добие уште еден влез во Градскиот парк и паркинг простор за посетителите на Зоолошката градина, Дино паркот и Забавниот парк кој допрва ќе се гради.

„Оваа локација во изминатите три години беше предмет на анализа која Град Скопје ја правеше со УНДП, во форма на две студии. Просторот ќе биде фокус на Градот во иднина, во смисла на уредување на јавен простор. Ќе воведеме организирано паркирање, предвидено е да се изведат кошаркарски игралишта, памп трак полигон, со цел овој девастиран простор да го ставиме во фунцкија. Ги повикувам граѓаните и сега да го користат овој простор како паркинг наместо да одат во гужвите кај Зоолошка градина бидејќи преку мостот на Вардар веднаш се во Градскиот парк“, рече градоначалникот Шилегов кој заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на денешната акција за чистење на просторот.

Од петокот во склоп на Зоолошката градина отворен е Дино паркот, кој за една недела го посетиле 15.000 граѓани. Од отворањето на Дино паркот паркингот пред градината и пред бараките на Град Скопје е полн со возила, а за викенд нема шанси да се најде слободно паркинг место.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prostorot-pod-skopsko-kale-ke-se-uredi-i-ke-se-naplatuva-parking-shilegov-apelira-da-se-koristi-za-vlez-vo-gradskiot-park/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 31-May-2021 at 17:14
Coming Soon
Underground Parking
Project by : LN PROJEKTE
Sponsored : AS-INVEST - Struga
Location: Square " Mother Tereza " Struga, North Macedonia.













https://www.facebook.com/LNProjekteArchitects/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.284 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.