Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#181 Posted: 23-Dec-2009 at 10:57 |
МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ НИКАКО ДА ЗАЖИВЕЕ
Никој не го сака ресторанот на врвот на Водно
Главна причина
за слабиот интерес, според членовите на Фондацијата, е тоа што сè уште
не е реализиран проектот за изградба на жичарницата, па инвеститорите
стравуваат дали ќе имаат доволен број гости
Никој
не сака да стопанисува со ресторанот на Милениумскиот крст на Водно.
Иако просторот уште пред шест месеци е застаклен, лифтот е пуштен во
употреба и патот до Крстот е асфалтиран, досега до Фондацијата
"Милениумски крст" ниту еден сериозен инвеститор не пројавил интерес да
го разработи ресторанот. Главна причина за слабиот интерес, според
членовите на Фондацијата, е тоа што сè уште не е реализиран проектот за
изградба на жичарницата, па инвеститорите стравуваат дека нема да имаат
доволен број гости. "Сè уште не планираме да распишеме јавен оглас
за давање на ресторанот под концесија оти интересот е многу слаб. Сега
единствен начин да се стигне до Крстот е пеш од Средно Водно, оти
движењето на возила не е дозволено. Поради тоа, сите оние што се
заинтересирани да инвестираат тука, сега стравуваат дека нема да имаат
доволно гости. И оние фирми кои би се јавиле на тендерот, ќе ни понудат
ниска цена. Затоа чекаме барем да почне изградбата на жичницата. Тогаш
потенцијалните инвеститори би видела дека е сериозна нашата намерата
овој дел да прерасне во вистинска туристичка атракција, и би добиле
многу повисока цена за најмување на ресторанот", вели Благоја
Дојчиновски, претседател на Фондацијата "Милениумски крст". Прераснување
на Милениумскиот крст на Водно во туристичка атракција на Скопје нема
да се случи најмалку за две години. Министерството за транспорт и врски
пред два месеца ја избра австриската фирма "Допелмаер", која во рок од
15 месеци треба да стартува со изградба на жичарницата. Во тек е и
постапката за избор на ревизорска куќа која ќе го надгледува целиот
проект, со цел тој да биде изведен согласно сите меѓународни стандардни
за безбедност, а притоа да се внимава на заштита на животната средина. (А.А.) |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=EFD20CF25571C7408D8F296DF386C23D
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#182 Posted: 04-Nov-2009 at 04:08 |
Лифтот на Милениумскиот крст работи само за викендите. Според Дојчиновски, не се исплати да работи и во другите денови. |
Јас бев во саботата (31.10.09) околу пладне и кај крстот жив човек немаше
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#183 Posted: 04-Nov-2009 at 00:31 |
Уште 330.000 евра и Крстот е готов

Фондацијата
за доизградба на Милениумскиот крст со веб-страница ќе се обрати до
сите христијани во светот да донираат пари за неговото довршување
Фондацијата за доизградба на Милениумскиот крст со веб-страница ќе
се обрати до сите христијани во светот да донираат пари за довршување
на комплексот на врвот на Водно. За комплетната доизградба на објектот,
според претседателот на Фондацијата Благоја Дојчиновски, ќе бидат
потребни 20 милиони денари, односно околу 330.000 евра.
Изминатиов
период е застаклен ресторанот што е во подножјето на Крстот и 11 дуќани
каде што ќе се продаваат разни сувенири, разгледници и разни други
дреболии. Се малтерисува ресторанот однадвор и одвнатре и се
поставуваат плочки.
- Во подготовка е страница на интернет преку
која луѓето, пред се', христијаните во светот ќе се запознаат со
Милениумскиот крст, за да помогнат, ако сакаат, во неговата доизградба.
Тоа ќе биде една поголема активност и еден вид кампања на членовите на
Управниот одбор на Фондацијата. Освен ресторанот и дуќаните, како
дополнителен објект треба да се изгради и мала црква и хортикултурно да
се уреди партерот во површина од 18.000 квадратни метри, каде што ќе се
засадат борови. Сметаме дека до крајот на мај ќе го видиме
Милениумскиот крст комплетно уреден и готов - истакна Дојчиновски.
На
Крстот се' уште не е извршен технички прием на металната конструкција
на објектот, ниту на електриката ниту на лифтот. Тоа, според
Дојчиновски, ќе биде направено штом ќе бидат довршени ресторанот и
продавниците, кои ќе бидат дадени под концесија.
- Сепак, со
изградбата на жичницата од Средно Водно до врвот, која треба да биде
готова до август в година, објектот ќе го добие своето вистинско лице и
значење - смета Дојчиновски.
Тој информира дека деновиве се
прават и договори за тоа на кој начин ќе се носи вода до објектот. Таму
ќе се постави и пречистителна станица, каде што водата ќе се пречистува
со помош на микроорганизми.
Досега за доизградбата на Милениумскиот крст, Фондацијата потрошила 200.000 денари. Објектот почна да се гради во 2002 година. (А.П.)
Лифтот вози само во викендите
Лифтот на Милениумскиот крст работи само за викендите. Според Дојчиновски, не се исплати да работи и во другите денови.
-
Немаме можност да плаќаме работници. Договорот со фирмата што го
монтира е за него да се грижат и да го пуштаат во функција нивни тројца
работници за време на викендите. Освен тоа, посетеноста засега не е
толку голема. Од пуштањето на лифтот во функција, лани на 8 Септември
досега се продадени околу 600 карти - изјави Дојчиновски.
Едно возење со лифтот на Милениумскиот крст чини 100 денари, а парите се користат за негово одржување.
Дојчиновски вели дека кога објектот ќе биде даден под концесија, лифтот ќе работи и во другите денови од неделата.
Лифтот
е монтиран на средината на Крстот, а со него посетителите може да
пристигнат до платформата на краците, од каде што имаат убава
панорамска глетка на градот. Тој е застаклен од трите страни и може да
пренесува осум лица. Беше купен за 45.000 евра од грчката фирма
„Доплер“, а го монтира фирмата „Емо“.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F1039E55E8A61D4782B114D0417EB4E4 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#184 Posted: 31-Oct-2009 at 23:05 |
После повеќе од пола година рециклирање на најави за застаклување, конечно го дочекавме и тоа. Ќе беше убаво барем по некоја од таквите празни најави, што со години ни ги сервираат, да биде заменета со по некоја навистина корисна информација, како на пример дека моментално крстот е затворен и дека лифтот не работи, дури ни за викенди. Апелот е упатен и до луѓето од фондацијата и до новинарите. Има ли некој форумаш информација што се случува со лифтот? 
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#185 Posted: 29-Oct-2009 at 00:37 |
Застаклен ресторанот на Милениумскиот крст
Ресторанот на Милениумскиот крст е застаклен, а стаклени ѕидови веќе
имаат и единаесетте дуќани наменети за продажба на сувенири,
разгледници и други дреболии. Деновиве ќе се лепат подните плочки во
ресторанот, а потоа ќе следат занаетчиските работи. Ќе се довршуваат и
работите околу електриката и бојадисувањето на ѕидовите. Во дуќаните
допрва ќе се малтерисуваат внатрешните столбови, а потоа, исто така, ќе
се премине на доуредување на просториите.
Благоја Дојчиновски,
претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, вели дека досегашните
активности чинат 50 илјади денари, пари обезбедени од Фондацијата. За
останатите зафати ќе се бараат дополнителни средства од донатори.
„Фондацијата
размислува најнапред за официјален технички прием на Милениумскиот
крст, а дури потоа да се види кој ќе стопанисува со ресторанот и
дуќаните, или тие ќе бидат дадени под концесија. Решавањето на овие
прашања, сметаме ќе го реши и самоодржувањето на крстот“, објасни
Дојчиновски. Од Фондацијата велат дека Владата и Министерството за
транспорт и врски прават напори до крајот на идната година да се
изгради и жичарницата до крстот. (Сн.К.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=082DFC249F96C5458BCC4F69E53FB7FF
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#186 Posted: 19-Oct-2009 at 23:49 |
Милениумскиот крст е недостапен

Поради
спуштената рампа на средно Водно децата и постарите не може да го видат
скопскиот симбол, па граѓаните бараат да се воведе организиран превоз
На голем дел од граѓаните и на туристите им е одземена можноста да
го видат Милениумскиот крст на врвот на Водно, затоа што со години
патот што води до скопскиот симбол е затворен со рампа. Старите и
изнемоштени лица, малите деца и лицата со хендикеп не можат да се
искачат пеш до крстот, иако голем дел од нив имаат желба да го видат
симболот на христијанството. Рампата е спуштена секој ден од 8.30 до
20.30 часот, па искачувањето со автомобил е невозможно. Само
планинарите и оние со подобра кондиција имаат привилегија да го посетат
крстот, па нејасно е како Градот мисли таму да го развива туризмот.
-
Сакав моето синче, кое има три години, да го прошетам на Водно и заедно
да го видиме Милениумскиот крст. Мислев дека рампата е отворена извесен
период, но кога стасав на средно Водно, таа беше спуштена, па можноста
да го видиме крстот ни беше скратена. Јас ќе се качам и пеш, но моето
дете не може да издржи да оди до горе. И мојата стара мајка има голема
желба да го види крстот и да се надише чист воздух на врвот, но тоа
засега е невозможно - реагира Игор К. од Скопје.
Дел од
граѓаните, пак сметаат дека на парк-шумата Водно не треба да се
дозволува движење со автомобили кон врвот за да се намали загадувањето.
- Сосема е во ред што рампата на средно Водно е затворена.
Луѓето нека пешачат и така нека дишат чист воздух. Автомобилите го
уништуваат амбиентот за планинарење - вели Тоше С.
Решението за
овој проблем е во воведувањето организиран превоз до врвот на Водно со
комбиња или со минибуси. Ваква иницијатива пред неколку години поднесе
„Паркови и зеленило“ до градските власти, дури беше и ветено дека ќе се
воведат еколошки минибуси, но ништо не се реализира.
Од „Паркови“ велат дека немаат ништо против иницијативата повторно да се покрене.
-
Ние уште одамна побаравме од Градот да се воведат организирани тури со
превоз до Милениумскиот крст. Така ќе ја заштитиме планината од
загадување со автомобили. Ако Градот донесе таква одлука, ние ќе бидеме
многу благодарни - изјави Елизабета Георгиевска, портпарол во „Паркови
и зеленило“.
Таа вели дека автомобилите слободно се качувале
до врвот до пред 10 години, кога рампата била кај домот „Даре Бомбол“.
Откако рампата е на паркингот кај средно Водно може да поминат само
возила што имаат дозвола од Градот и евентуално новинарски екипи.
Градските
власти велат дека во програмата не е предвидено воведување организиран
превоз на Водно, но додаваат дека би можело да се размислува за тоа.
-
Би било убаво барем во викендите да се обезбеди превоз до Милениумскиот
крст. Кога Владата ќе набави минибуси, дел од нив може да се искористат
за тоа - вели Димче Смилев, раководител на одделението за туризам во
Градот Скопје.
Според него, сепак најдобро решение за пристап до Милениумскиот крст е да се направи жичницата од средно Водно до врвот.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2303B7E394FA6E449755C65C25B52D95 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#187 Posted: 09-Aug-2009 at 14:36 |
крстот е поправен, фала богу
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#188 Posted: 08-Aug-2009 at 19:15 |
 Па барем исклучете го сосема додека не се среди, да не свети онаков унаказен!
Крстот на Водно без еден крак
08.08.2009 18:30
Неколку
секунди сигурно би се обидувале да одгатнете што е тоа што свети на
Водно. Личи на превртена буква Т, но никако на она што треба да личи,
на крст. Неколку дена левиот крак на крстот на Водно навечер
не свети. И притоа, во главниот град кој се стреми да биде метропола,
во екот на туристичката сезона, за Милениумскиот крст никој не се
секира. Претседателот на Фондацијата „Милениумски крст“, која
стопанисува со него, моментално не бил во Скопје за да види дали свети
или не, но вели дека јавил во ЕВН. „Тие не се должни да вршат
интервенции на Милениумскиот крст, се зависи од нивната добра волја,
Фондацијата или МПЦ немаат направено технички прием за да може после
тоа да се види која служба ќе врши одржување на истиот“, изјави Благоја
Дојчиновски , претседател на Фондација „Милениумски крст“. Замрсен
во мрежата „што е чија надлежност“, крстот деновиве ги губи епитетите
милениумска атракција и обележје на Македонија. Странските туристи
можат да уживаат само преку ден. Деновиве, ако сте турист во
Скопје, можете да уживате во Крстот единствено ако го гледате преку
ден, или доколку го посетите. Навечер, Крстот не постои. За жал, оваа ситуација е чест проблем. Не само со крстот на Водно, туку воопшто. Археолошките
локалитети немаат работно време, патоказните табли за нив се застарени.
Туристичките работници разочарано признаваат дека Македонија не знае да
се продаде како туристичка дестинација. „Ние аплицираме за членка
на ЕУ, но треба да имаме и европска престолнина“, вели Ангел Иванов,
претседател на Туристички сојуз на град Скопје. Проблемот е
системски, велат познавачите. Мора да реагира и државата, но и оние
директно инволвирани во туризмот. Но, велат, за тоа, како и за многу
други промени, ќе ни требаат долги години. |
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112378
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#189 Posted: 27-Apr-2009 at 16:09 |
многу е битно во секоја туристичка атракција да има сувенирница, јас никаде не приметив таква  EDIT: упс грешка, извинете
Edited by zabegan - 27-Apr-2009 at 16:10
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#190 Posted: 21-Apr-2009 at 11:13 |
Ресторанот до мај подготвен за кираџија
По
завршување на застаклувањето на ресторанот и на дуќаните
на приземјето, ќе биде распишан јавен оглас за најмување на
овие простории и се очекува до лето тие да се разработат
Ресторанот
и продавниците за сувенири на Милениумскиот крст идниот
месец ќе бидат целосно завршени и подготвени за кираџии.
Нивното застаклување веќе е во тек и се очекува во
наредните 15-20 дена тие да бидат готови. Покрај
ресторанот и сувенирниците, ќе биде застаклен и пристапот
кон лифтот. Сите простории ќе бидат застаклени со термопан
стакло, кое не се замаглува во зима. Елементите од стакло ќе
бидат споени со алуминиум во боја на старо злато. "Понудата
на фирмата 'Преспа алуминиум' за набавката на потребните
материјали и за градежните работи беше 42.000 евра, што е
двојно поевтино од другите две понуди. Вратите на дуќаните
за сувенири на приземјето веќе се поставени и во моментов
се работи на поставувањето на стаклото на ресторанот",
вели Благоја Дојчиновски, претседател на фондацијата
"Милениумски крст". Откако ресторанот и дуќаните на
приземјето ќе бидат застаклени, ќе биде распишан јавен
оглас за најмување на овие простории. Од фондацијата велат
дека има многу фирми што се заинтересирани да
стопанисуваат со ресторанот и затоа очекуваат до лето
ресторанот да биде разработен, а со тоа, конечно,
Милениумскиот крст да прерасне во туристичка атракција на
Скопје. Во текот на оваа година треба да биде одбрана и
фирмата што ќе ја гради жичницата од Средно Водно до
Милениумскиот крст.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=5F2E4B5B8F1648468996CC361C0D9C36 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#191 Posted: 17-Apr-2009 at 22:13 |
 Па се е регистрирано во нишкава, пролистај...
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#192 Posted: 17-Apr-2009 at 21:17 |
ne razbiram mileniumskiot krst e izgraden. ili ima nekoj raboti sto mu se dograduvaat
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#193 Posted: 17-Apr-2009 at 15:35 |
Уште кога почна да се граду мислам дека и такви и деи имаше, ама тоа беше кратко само. После имаше некој идеја демек концесија за хотел, но ја ипак мислам дека планинарскиот дом "Раде Џамбаз" е доволно, а до сега не сум прочитал некаде да се жалеле да е гужва и да нема место.
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#194 Posted: 17-Apr-2009 at 15:22 |
А да се направи манастир во непосредна близина, каде би можело да има манастирски туризам ???? Инаку да нема некој некоја стварно убава слика,би сакал да го нацртам, така некаде од 200 метри?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#195 Posted: 16-Apr-2009 at 03:34 |
Јас ова прв пат слушам дека всушност црквата е основач на фондацијата.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#196 Posted: 16-Apr-2009 at 03:20 |
не е првпат на памет да зборуваме, прво прочепкајте или прашајте сетне носете вакви заклучоци, особено гитар, не дека немаш право за некого да мислиш дека е ваков или онаков, но бар тоа правиго поткрепено! објектот е финансиран со донации и од фирми и од граѓаните и од државата, јасно државата максимално излезе во пресрет, и со враќањето на ддв-то, и со покривање на некои тековни долгови на фондацијата, и јасно со константна подршка за истиов објект во смисла пристап, жичара итн. но Крстот е во сопственост на Црквата а не на некоја од државните институции, ниту државата покрена иницијатива ниту пак таа раководеше со изградбата, негледам како сега истата би стопанисувала со него, ова е возможно само доколку Црквата го побара тоа од неа, но во тој случај незнам кој и како утре ќе гарантира и ќе се погрижи достоинството на Христијанскиот символ- Крстот да остане не оскврнато! чим отиде во државни раце не ме чуди утре и транс журки да се организираат таму, затоа мислам дека и практично и логично е Крстот да го раководи Црквата... и да жичарата де факто е посебен момент, истата како идеја се развивала и од порано, но сега владата ја форсира и во контекст на Крстот на водно
... Милениумскиот Крст започна и се уште се гради во спомен на 2000-годишнината од Христијанството и за него, од самиот почеток до денеска, се грижи Фондацијата која е формирана за негова изградба и одржување и таа за него ќе се грижи се до неговото целосно доизградување, кога ќе и биде предаден на Македонската Православна Црква, се вели во соопштението од Скопската Православна Епархија и Фондацијата „Милениумски Крст“ Енергетика - 17.06.2008 |
... еднократното издвојување средства, не значи и дека во иднина Владата ќе стопанисува со крстот. Според владиниот портпарол Ивица Боцевски, за Милениумскиот крст е одговорна Фондацијата „Милениумски крст“. Фондацијата е формирана од Македонската православна црква- Скопска епархија, за што доказ се и печатите на Фондацијата, на кои стои МПЦ-Скопска епархија. Дури и местото на кое е изграден објектот е црковно земјиште. Утрински - 22.03.2008 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#197 Posted: 16-Apr-2009 at 02:26 |
Па незнам што толку не е во ред со фондацијата, јес да не ја бива, ама пак мора некој да го стопанисува објектот. А таа фондација не е некое проофитабилно приватно претпријатие него е државно тело слично на ЈПССДП или на ЈПССО. И да се укине фондацијата пак ќе мора да се изнајде модус за управувцање со објектот, дали ново претпријатие или пак под капа на некое постојно. Наједноставно некоја кадровска смена ќе го реши проблемов.
Edited by lslcrew - 16-Apr-2009 at 03:36
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#198 Posted: 16-Apr-2009 at 00:09 |
Originally posted by гитардемон
Јас мислам дека таа фондацијата беше поголем хохштаплер од самата влада (сите влади општо, не конкретизирам, влада како институција). Конечно да се истребат, не сфаќам зошто воопшто имаат тие јурисдикција над ваков објект. Во сите вести што ги читам таа фондацијата предизвикува некои проблеми.
|
И мене не ми е јасно како фондација добива право да управува со објект граден со државни пари. Слична приказна се тераше и со спомен куќата на Мајка Тереза. Незнам каква јурисдикција има таа фондацијата за овој објект.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#199 Posted: 16-Apr-2009 at 00:06 |
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=295&PID=36623#36623 Јас мислам дека таа фондацијата беше поголем хохштаплер од самата влада (сите влади општо, не конкретизирам, влада како институција). Конечно да се истребат, не сфаќам зошто воопшто имаат тие јурисдикција над ваков објект. Во сите вести што ги читам таа фондацијата предизвикува некои проблеми.
Edited by lslcrew - 16-Apr-2009 at 03:40
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#200 Posted: 08-Apr-2009 at 18:57 |
абе добро, сепак најмногу се пешачи од средно водно до крстот, и мислам дека засега не е голем проблем ова а што се случи со организираниот превоз до таму? нели постоеше такво нешто кога го направија?
|
 |