build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 24>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 07-Oct-2013 at 21:53
Реално од фабрикиве имаме само ќар од платите на вработените и продонесите.Тоа е посебна тема која сака многу дебата.Најдоброто што сака да и се случи на било која наша влада е да ги вработи сите невработени во вакви фабрики.

за многу земји тоа е катастрофа,бидејќи освен платите и придонесите,земјата нема никаков ќар.Влегува платина во земјата а излегуваат катализатори(Џонсон).Разликата во ќарот оди мал дел за плати а поголемиот дел за газдите кои ако не ги реинвестираат парите,државата ќе им земи 10%.

Во каква состојба сме дојдени,да бараме да работиме за 200 евра,и тоа да биде натпревар помеѓу партиите.Нивни најголем таргет
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 07-Oct-2013 at 21:12
Без да политикантстваме, сакам да прашам зошто кога се отворија овие неколку нови фабрики тоа не се познава на статистичките податоци? Баш бидејќи имаме многу ниска база би требало да се забележува, а ние имаме константен пад на индустриското производство и продлабочувачки се дефицит во трговската размена. Фабрикиве произведуваат само производи со многу ниска додадена вредност или што?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 07-Oct-2013 at 21:04
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА
„Текнохозе“ отвора нов погон во Бунарџик
Италијанската компанија „Текнохозе“ (во Македонија е регистрирана како „Витек Македонија“) денеска постави камен-темелник за изградба на уште еден погон во технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик. И во овој погон ќе се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок.

Новиот објект ќе биде со површина од 12.000 метри квадратни од кои 8.500 ќе бидат за производство, а 3.500 магацински простор. Објектот ќе го гради „Актива ДОО Штип“, а треба да биде готов до декември идната година.

„Компанијата „Текнохозе“ е прв странски инвеститор кој за само една година се реши повторно да инвестира во нашата земја. Џонсон Контролс таква одлука донесе четири години по својата прва инвестиција, Џонсон Мети по две години, а „Текнохозе“ се одлучи за реинвестирање по само една година. Тоа е силна препорака за сите други потенцијални инвеститори“, рече денеска премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот.

Со новата фабрика „Витек Македонија“ двојно ќе ги зголеми капацитетите и тројно ќе го зголеми своето производство.

Новата инвестиција е од околу 11 милиони евра, а по изградбата на објектите ќе се отворат нови 150 работни места.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека примерот на „Текнохозе“ покажува дека странските инвеститори препознале дека Македонија е местото каде што може да се направи добра фабрика и да се најдат квалитетни луѓе за работа.

Антонио Витило, сопственикот на „Витек Македонија“ изјави дека првата нивна инвестиција во Македонија чинела пет милиони евра и биле вработени 35 лица што произведувале по 15.000 метри армирани гумени црева дневно.

„Во втората фаза производството ќе се зголеми на 45.000 метри армирани гумени црева дневно до почетокот на 2015 година заради барањата што ги имаат нашите клиенти“, вели Витило.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/teknohoze-otvora-nov-pogon-vo-bunardzhik
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Sep-2013 at 15:02
Успешна е инвестицијата на „Џонсон Мети“ во Македонија. Втората фабрика на компанијата во Бунарџик веќе почна со работа.


Генералниот директор на „Џонсон Мети“, Џатин Такрар во интервју за Утрински весник посочува дека новата фабрика ќе ги произведува истите видови на производи како и првата фабрика. Со воведувањето на ново законодавство за емисии во Европа, ќе има зголемување на побарувачката за автомобилски катализатори, а втората фабрика е наменета за проширување на нивните капацитети, за да се одговори на порастот на побарувачката, главно од тешките возила како што се камиони и автобуси.

-Во првата фабрика имавме 300 вработени, а таа бројка сега се искачи на околу 450. Ќе регрутираме повеќе луѓе, како што ќе воведуваме нови смени на секоја линија, и се надеваме дека ќе стигнеме до 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет, посочува тој.

Најголемиот број на вработени во компанијата се Македонци, но има и мал број на вработени прераспределени од сестринските компании.

- Засега сме многу задоволни од нашата работна сила, и тоа врз основа на резултатите постигнати во фабриката во однос на сите клучни индикатори на производство. Од почетокот имавме неколку ревизии од потрошувачите од европските автомобилски групи, и сите беа импресионирани од фабриката за производство и способностите на локалниот тим. Покрај тоа, посетителите од другите компании на „Џонсон Мети“ од целиот свет беа, исто така, импресионирани од нивните македонски колеги и тоа што го постигнале во краток временски период од почетокот на работата. Позитивниот фидбек од тие посети се прифаќање на нашата локална работна сила и она што може да се постигне, вели тој за Утрински весник.

Кој може да се вработи?

-Главните критериуми за селекција што ги применуваме зависат од вештините и квалификациите потребни за одредена работа позиција. Некои места бараат релативно основни нивоа на образование, а ние обезбедуваме обука за квалификации специфични за работата. Има позиции кои се поспецијализирани и бараат и универзитетски степен и идеално ниво на реално професионално искуство, рече Џатин Такрар.

Целото интервју со него, прочитајте го на Утрински весник
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 11-Aug-2013 at 22:45
Џонсон Мети започна со пробно производство во втората фабрика во Бунарџик


Инвеститорот, кој минатиот јуни најави втора инвестиција во Македонија со проширување на производството со две производствени линии, за една година заврши со изградба на фабриката и веќе неколку недели во Бунарџик произведува катализатори за автомобилската индустрија

Британската компанија "Џонсон Мети" започна со пробно производство во вториот погон во фабриката во Бунарџик. Инвеститорот, кој минатиот јуни најави втора инвестиција во Македонија со проширување на производството со две производствени линии, за една година заврши со изградба на фабриката и веќе неколку недели произведува катализатори за автомобилската индустрија.
- Вториот погон на "Џонсон Мети" во индустриската зона е целосно изграден и опремен и монтирани се сите потребни машини за производство. Британскиот инвеститор веќе неколку недели има пробно производство во втората фабрика во технолошко-индустриската зона во Бунарџик, а официјалниот старт на производството е најавен за септември, кога инвеститорот ќе ги заврши сите потребни подготовки во новиот погон, изјави за Вечер Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони.

На поставувањето на камен-темелникот минатата година генералниот директор на фабриката на "Џонсон Мети" во Македонија Џатин Такрар изјави дека планот на инвеститорот за проширување на производствените капацитети во Македонија е изградбата на втората фабрика да биде завршена до јуни следната година, додека пак, со производство од овој погон, ако се оди според предвидената динамика, би требало да започнат во септември 2013 година.
Според планот на почетокот во новиот производствен капацитет, кој ќе има две производствени линии, ќе почнат да произведуваат само на едната, а шест месеци подоцна да стартуваат и со производство на втората производствена линија, со што двојно ќе се зголемат производствените капацитети на "Џонсон Мети" во Македонија.

Вкупната инвестиција на британскиот инвеститор во вториот производствен погон изнесува 60 милиони евра, а според најавите предвидено е да бидат отворени 100 нови работни места. Со реализација на оваа инвестиција вкупните вложувања на "Џонсон Мети" во Македонија ќе достигнат околу 120 милиони евра.

"Џонсон Мети" започна со производство во Македонија на почетокот на 2010 година. Во моментов во фабриката работат 400 вработени, а дневно се произведуваат околу 40.000 катализатори. Компанијата е најголем извозник од Македонија. 2011 година "Џонсон Мети" ја заврши со вкупни приходи од 400 милиони евра, со што е трета најголема компанија во Македонија и со нето-добивка пред оданочување од 19,8 милиони евра, според што е деветта најпрофитабилна компанија во Македонија.

Александра Спасевска

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=93ECF492288AFE4FB09CE9B9D6992665
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 01-Mar-2013 at 13:12

Ван Хoол ја отвора фабриката за автобуси во Бунарџик во јули!

Александар Јанев
Ван%20Хoол%20ја%20отвора%20фабриката%20за%20автобуси%20во%20Бунарџик%20во%20јули!

Изградбата на фабриката за автобуси Ван Хоoл во слободната економска зона Бунарџик е при крај, а производството ќе стартува во јули годинава, изјави во интервју за „Капитал“ сопственикот и извршен директор на белгиската компанија Ван Хоoл, Филип Ван Хоoл. Според последните проценки, вредноста на инвестицијата ќе достигне 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.

Изградбата на фабриката за автобуси Ван Хoол во слободната економска зона Бунарџик е при крај, а производството ќе стартува во јули годинава, изјави во интервју за „Капитал“ сопственикот и извршен директор на белгиската компанија Ван Хоол, Филип Ван Хоол. Според последните проценки, вредноста на инвестицијата ќе достигне до 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.

Нè притиска времето затоа што според договорот, првите автобуси треба да ги испорачаме до крајот на годината, а сите тие се наменети за американскиот пазар. Имаме намера да почнеме со производство на првите серии во јули, но очекувам нормално ниво на производство да постигнеме во октомври-ноември. Засега планираме да се вработат околу 220-250 луѓе, но во следните две години ќе го зголемиме бројот на 400-500 вработени, вели извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хоол.

Компанијата веќе го објави првиот оглас за вработување 35 луѓе во фабриката, а директорот Ван Хол признава дека потрагата по квалификуваната работа сила најмногу ги загрижувала уште кога ја одбрале Македонија како дестинација за нивната инвестиција.  

За време на првите посети ние бевме во неколку технички училишта, контактиравме и со универзитетите, а профилите коишто ни се потребни се инженери, се разбира, менаџери во областите како човечки ресурси, но најмногу ни требаат искусни и обучени рабоници. Значи, мнозинството ќе бидат такви профили од многу струки, како што се на пример, електричари, механичари, леари. Мислам дека имаме потреба од работници од 30-40 различни професии. Ако не можеме да најдеме обучени работници, подготвени сме ние да ја спроведуваме таа обука. Истото го правиме и во Белгија, објаснува Ван Хоол.

Според бизнис-планот на компанијата, на почеток автобусите ќе се извезуваат  само на американскиот пазар, а по една година се планира да се прошири производството и со европски верзии на возилата и градски автобуси.

 

Годинава ќе стартуваме со производство на 50 автобуси, 250 автобуси се планирани за наредната година, а 250-300 за 2015 година. Потоа ќе преминеме на 500, значи целта е да се извезуваат 500 возила годишно, вели Ван Хол.

Тој во интервјуто за „Капитал“, коешто ќе биде објавено во специјалната едиција „Сите странски инвестиции“, зборува и за плановите за соработка со домашни компании, за условите за водење бизнис што ги нуди Македонија и открива зошто тој одбрал да инвестира тука, отфрлајќи ги понудите на Турција и на Србија.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/93340/van_hool_ja_otvora_fabrikata_za_avtobusi_vo_bunardzhik_vo_juli!.aspx

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 26-Feb-2013 at 09:59
Авторот на репортажава ми кажа дека имало и повеќе од еден параграф во таков си некој поетски наратив, ама на крајот се откажал за да не се глупира . Мислам дека вреди да се спомене и на форумов дека просторот личи на тоа што треба да биде, почетните чекори во зоната се одамна завршени и во моментов треба да ги ползуваме оние што веќе вложиле, да се потпираме на искуството со нив.

Од она што најитно треба да се направи за зоната е директната патна врска со скопскиот аеродром. Не е добро да се патува 10 километри одоколу кога аеродромот е на точно 1 км од зоната.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 25-Feb-2013 at 22:41
Previous
 
Без навреда кон тебе, но треба да си будала за да ја споредуваш дискусијата на форумот на build.mk со дискусијата на форумот на Кајгана.
 
На форумот на Кајгана (патем, не сум ја видел дискусијата по оваа тема на форумот на Кајгана) секоја тема се распаѓа во безброј под-теми кои водат до бескрај, додека форумот на build.mk, како што спомна ти, со сите свои маани и не е така лош, бидејќи членовите претежно се држат до конкретната тема, со ретки исклучоци како овој офтопик пост. Big%20smile


Edited by Dexter26 - 25-Feb-2013 at 22:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 25-Feb-2013 at 21:48
@kultuzin

Ја ѕирнав дискусијата на Кајгана на брзинка и се потсетив дека нашиов форум со сите свои маани и не е така лош Doh


Edited by pbanks - 25-Feb-2013 at 22:35
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 25-Feb-2013 at 20:44
Браво за репортажата, солидно изработена! Ја читаш и си мислиш, мед и млеко тече!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 25-Feb-2013 at 20:20
Originally posted by гитардемон

Малку почетокот ми е ултра поетски, ама сепак темата и суштината која ја обработува репортажава е за чиста десетка!


И на мене ми падна во очи дека авторот бил поетски расположен
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 25-Feb-2013 at 18:47
Applause
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 25-Feb-2013 at 18:21
Малку почетокот ми е ултра поетски, ама сепак темата и суштината која ја обработува репортажава е за чиста десетка!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 25-Feb-2013 at 17:41

Со огелед на тоа дека повеќето наши портали и медиуми работат на база копи пасте освен тоа се интересират исклучиво за политка и се исполитизирани до коска , мислам дека портал кака build.mk има огромен неискористен медиумски простор токму за вакви репортажи кои според мене се многу информативни и корисни. 


Патем отворив тема на Кајгана токму за индустриските зони а како воведен текст (секако со наведен ИЗВОР) е преземена Репортажата за Бунарџик. 




Edited by kultuzin - 25-Feb-2013 at 17:42
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 25-Feb-2013 at 17:13
Одамна чекав од нашите медиуми да прочитам и видам некоја пооширна статија за зоната,секако многу ми е мило што тоа прв го направи Build.mk.

Споделете тешко ли беше да се направи контактот,убаво ли ве пречекаа?
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 25-Feb-2013 at 17:08
Браво и од мене за репортажата ,иначе според мене на Бунарџик (сите ТИРЗови па дури и предвидениот) очајно им треба таа железничка врска, а и железничка врска до аеродромот, без разлика дали ќе биде целосно или делумно искористена бидејќи тоа ќе привлече уште повеќе инвестиции.

ПС: Аутпут како немакедонски збор би го заменил со Резултатот или Резултатите.


Edited by daci92 - 25-Feb-2013 at 17:09
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 25-Feb-2013 at 16:57
РЕПОРТАЖА: „Бунарџик“ ја ткае успешната приказна за македонските слободни индустриски зони


Како олицетворение на студениот февруарски ден, маглата го навјасала ридот пред селото Бунарџик. Минувајќи го автопатот што не откинува од срцето на главниот град, од левата страна на хоризонтот изникнуваат технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“. Пристигнувајќи пред официјалниот влез, драстично се менуваат првичните излитени впечатоци за зоните, во која својот леб го наоѓаат околу илјада македонски граѓани. Ведрите лица на вработените од обезбедувањето не упатуваат кон нашата крајна дестинација, а таму се соочуваме со раздвиженост – исполнети паркинзи со автомобили, тешки камиони и поспани возачи кои чекаат во редот за товарење на стоката пред да заминат на далечните дестинации, секој по својот пат.

 

 

Влезот%20во%20ТИРЗ%20„Скопје%201“    Административна%20зграда    Сервисна%20зграда%20и%20влез%20во%20царинскиот%20терминал

#    Царинскиот%20терминал    Царинскиот%20терминал

 

 

Технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ пулсираат во ритамот на модерните текови во економијата. Ако се земе во предвид заинтересираноста на новите странски инвеститори за вложување во производствени погони, тогаш не би била далечна прогнозата за остварување на искористеност од 60 до 70 отсто од целокупната површина до крајот на 2013 година. Од 145 хектари на кои се простира индустриската зона „Скопје 1“, досега се дадени на долгорочен закуп околу 50 хектари од државното земјиште. Новинарската екипа на „Билд“ се увери дека во моментов на терен неуморно се работи на идните индустриски капацитети. Бројни стручни лица со импресивна градежна оператива забрзано работат за да ги постигнат пропишаните рокови за завршување на проектите. Парцелите на „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ пленат со импресивниот степен на реализација на градежните активности.

 

Надворешната визура на новиот производствен погон на британската компанија „Џонсон Мети“ веќе се забележува, а инсталирањето на новата софистицирана опрема треба наскоро да започне. Најавите од „Џонсон Мети“ се дека втората фаза од нивната инвестиција во земјава ќе заврши до крајот на мај годинава, доколку временските услови го дозволат тоа. Веднаш по завршувањето на градежните работи, планирано е да стартува новата производствена линија на овој британски гигант од автомобилската индустрија. Паралелно со издигнувањето на новиот индустриски погон, работниците во фабриката непречено продолжуваат со изработувањето на катализатори за странските пазари. Аутпутот на „Џонсон Мети“ е извонреден во однос на поспаната македонска економија. Овој инвеститор, заедно со погоните на американски „Џонсон контролс“, до крајот на 2013 година би можел да учествува со над 20% во севкупниот македонски извоз на странските пазари.

 

 

#    Џонсон%20Мети    Џонсон%20Мети

Џонсон%20Контролс    Џонсон%20Контролс    Витек

 

 

Раздвижено е и во технолошко – индустриската развојна зона „Скопје 2“. Впечатлива е брзината на изведба на идната фабрика за автобуси на белгискиот инвеститор „Ван Хол“. На терен може да се забележат стотици вработени и десетици градежни машини како се натпреваруваат со зимските временски услови во стремежот за комплетирање на огромната фабричка хала до пропишаниот рок – август 2013 година. Изведувачите во моментов напорно работат да го доведат индустрискиот објект во фаза на карабина. Преку белгиската инвестиција во вредност од 20 милиони евра, замислениот објект ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни. Производството на автобуси ќе започне веднаш по завршувањето на изградбата, а првите испораки за американскиот пазар се очекува да започнат кон крајот на годината.

 

 

Ван%20Хол    Ван%20Хол    Ван%20Хол

Ван%20Хол    Ван%20Хол    Ван%20Хол

 

 

Покрај опсежните градежни активности на овие фабрики, од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони се надеваат дека во претстојниот период ќе се остварат инвестиции и на други заинтересирани странски компании. Турската медицинска компанија „Матек“ го искажа својот интерес за подигнување на фабрика за производство на високо технолошки медицински препарати и веќе ја избра локацијата на која таа во иднина би градела. Уште една турска компанија е заинтересирана да закупи околу 10 хектари земјиште во индустриската зона „Скопје 2“.

 

 

#    Продис    Продис

Кемет%20Електроникс    Кемет%20Електроникс    Кемет%20Електроникс

 

 

Угледниот „Фајненшл тајмс“ неодамна ги рангираше скопските индустриски зони во 50-те најдобри слободни економски зони во светот. Ваквиот успех несомнено е последица и на континуираното вложување во изведбата и надградбата на нивната инфраструктура. Најновата инвестиција што допрва треба да се пушти во употреба е царинскиот терминал за задоволување на потребите на корисниците од ТИРЗ Скопје 1 и 2. Терминалот се простира веднаш до административната и сервисната зграда во зоната и во негови рамки се наоѓа и огромниот паркинг кој може да прими околу 100 товарни возила. Во сервисната зграда во иднина треба да се сместат службите за одржување на постоечката инфраструктура. Во административната зграда веќе успешно функционираат две шпедитерски компании, а наскоро современиот простор во рамките на ова здание ќе биде збогатен со угостителски објект, банка и пошта.

 

Индустриските зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ инспирираат во однос на подготвеноста за привлекување на инвеститорите. Во ТИРЗ „Скопје 1“ е завршена целокупната инфраструктура и сите градежни парцели ја имаат можноста да се приклучат на гасоводната, водоводната, канализационата, телекомуникациската и електроснабдувачката мрежа. Постојано им се излегува во пресрет на барањата на инвеститорите за надградба на дел од инфраструктурата. Постојат неколку идеи за понатамошно подобрување на условите за вложување во просторот. Во урбанистичкиот план е предвидено да се изгради товарна железничка станица и индустриска пруга која би се поврзала директно со железничкиот Коридор 10. Вработените во зоната истакнуваат дека овој проект би се спровел во реалноста, доколку инвеститорите пројават интерес за искористување на железничкиот сообраќај. Актуелна е и идејата за директно патно поврзување со скопскиот аеродром во должина од еден километар, бидејќи најголемиот дел од фабриките ги користат неговите карго услуги.

 

 

Главната%20сообраќајница    #    #

Главната%20трафостаница%20110/20/10%20kV    Главната%20регулаторна%20станица%20за%20гас    Резервоар%20за%20вода

 

 

Замислите и плановите на раководството постепено се префрлуваат кон втората индустриска зона. До крајот на 2013 година таму треба да се завршат крупни инфраструктурни зафати. Предвидено е да се постави триметарска ограда околу целата зона, да се довршат одводите за фекалната и атмосферската канализација, да се комплетира изведбата на главната сообраќајница и да се постави улично осветлување. Доколку се јави интерес од инвеститорите, тогаш би се пристапило и кон изведба на сервисните улици. Со реализацијата на најавените инвестиции, ТИРЗ „Скопје 2“ ќе ја заврши оваа година со искористеност од преку 25% од неговата вкупна површина која изнесува 95 хектари, без да се вкалкулира просторот што ќе биде окупиран од задолжителната инфраструктура. За ефикасно поврзување на двете зони е зацртана изградба на надвозник над постоечкиот локален пат Кадино – Бунарџик, додека во иднина ќе се разгледа можноста за изградба и на нова клучка за создавање на директна врска на ТИРЗ „Скопје 2“ со автопатот. Исто така во тек се административните подготовки за воспоставување на ТИРЗ „Скопје 3“ која би се простирала на дополнителни околу 45 хектари.

 

Приказната за индустриските зони кај Бунарџик може да се плете до бескрај. Во разговорот со вработените може лесно да се увиди желбата за остварување на квалитетните идеи во реалноста. И покрај користењето на автомобил, двете индустриски зони темелно не можат да се разгледаат за краток временски период. На возбудливите прашања пропратени со темелни одговори им се гледа крајот. Ситниот дождец почнува да паѓа од темните облаци на периферијата на главниот град. Раздвиженоста не замира, но нашата посета на зоната полека привршува. Се поздравуваме со соговорниците, со зборовите дека за неколку месеци повторно ќе се вратиме во потрага по нови информации. „Бунарџик“ продолжува да ја ткае успешната приказна за македонските индустриски зони.

 

#
Објавено на 25.02.2013 во категорија Вести.

Тагови: Бунарџик, Железница, Железнички станици, Индустриски, Индустриски зони, Инфраструктура, Општина Илинден, Патишта, ТИРЗ Скопје

http://www.build.mk/?p=23084
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 25-Feb-2013 at 16:54
браво за репортажата од насловната страна.конечно ни се отвори глобална слика на зоната,а не парцијално како досега од нафрлени информации од портали
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 21-Feb-2013 at 17:07

Фармацевтската компанија „Продис“ почна со извоз на рускиот пазар
Македонија | 21. февруари 2013 - 16:29
„Продис“ почна со извоз на рускиот пазар

Се извезуваат органски и конвенционални цералии „ДанкаД“, а се подготвува и пласманот на органски и билни чаеви „Максан“.

- Извезуваме производи чија вредност е 100.000 илјади евра. До крајот на овој месец е предвидено да извеземе производи во вредност од 150.000 илјади евра. Компанијата претставува значајна гринфилд инвестиција за Република Македонија. Работи согласно највисоките стандарди за квалитет, ГМП, ИСО и ХАЦЦП. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на инвестицијата и воедно, ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го вложуваат својот капитал во Македонија, соопшти денеска „Продис“.

Компанијата, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот, е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“. Почна со работа на 31 октомври лани како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.
http://press24.mk/story/makedonija/farmacevtskata-kompanija-%E2%80%9Eprodis%E2%80%9C-pochna-so-izvoz-na-ruskiot-pazar
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 16-Feb-2013 at 22:22
Одлична работа и напредок на градењето на фабриката, сега баш не многу работни места, но се надевам оваа бројка ќе расте. Туку, за друго сакав да прокоментирам, кога нашиве медиуми ќе научат точно да пренесат некое странско име или само англиски учеле. Па, постои правопис во нашава земја и фабрикава не се вика Ван Хул, туку Ван Хол. Еве, не мора правопис да отворат, можат да видат како се чита името со холандски (фламански) изговор и готова работа, а не директно преведи и завршена работа. Нам ни пречи кога некој странец погрешно ќе не нарече, а ние кога грешиме нема проблем.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.279 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.