![]() |
![]() |
![]() |
Клинички центар Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 18> |
Author | |
majstorot_001 ![]() Newbie ![]() Joined: 12-Feb-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Затоа влада предводена од оваа политичка определба никогаш не изградила ништо. Најавува мегаломански проекти, за кои ниту има поим како се обезбедуваат пари, ниту како се менаџираат анализи и студии, ниту како се донесуваат решенија, да не редам, практично од ништо. Пругата за Бугарија не е доволен пример. Сеа си продолжија, а ја градат веќе 20 и кусур години. Едно чудо пари се фрлија, доста од нив и испраа, а резултат НУЛА Додека едно градат другото пропаѓа, и пак од почеток. Ај нека се држат до канти за отпадоци, толку е капацитетот.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Богата земја сме ние, види на каков луксуз трошиме последниве 6-7 години, што се за нас 500 мил!
Или нека прават како итреба или ич нека не прават. Тој дел од градот мора да се развие, БулСловенија МОРА да се доврши, во тој дел од градот МОРА да се направат уште 2 сообраќајни моста! Ако сакаме промени нека почнат со промени колку и да се тешки. А пари има! Што се 500 мил во рок од 10 години? Не е тоа од еден буџет, не е тоа од еден заем. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
majstorot_001 ![]() Newbie ![]() Joined: 12-Feb-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Тоа што не веруваш е твое право и јас не верувам во Дедо Мраз, ама тоа не е причина да не купувам подароци на деца. Еве да речеме се согласувам да не веруваш, ама за информација постапката не е водена од претходна влада туку од Банка на Советот на Европа. Како кажав Болница Штип доби награда на БИМАС, водена во иста постапка, од исти експерти, само проектантите се различни, одбрани на ист (ај еве сличен) тендер. Како второ .. отфрлена е таа локација .. никој не дава пари и тоа е завршена работа ... НИКОЈ нема да пласира свои пари за кредит сè додека не се изгради инфраструктура, а тоа нема да се случи во тек на 50-60 години. Колку ли само влади ќе се сменат и ќе стопираат во тој рок може само да претпоставуваме. |
|
![]() |
|
majstorot_001 ![]() Newbie ![]() Joined: 12-Feb-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Со кои пари ? Кога? Како? |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Како прво, јас не верувам во ништо што е водено како капитален проект во времето на претходната влада. Едноставно, кинеските автопати и „Скопје 2014“ се покажаа како катастрофални зафати, па верувам дека е потребно да помине низ ревизија и изградбата на Клиничкиот центар-Скопје. За изработувачите на проектната документација своевремено имаше истражувачка сторија на „Нова ТВ“, таму може да се прочита колку се „добри“ проектантите од Италија.
Како второ, сум ја имал можноста да го шетам целиот предел околу Злокуќани. Татко ми и дедо ми уште како мал, кога сме шетале по земјиштето после индустриската зона Визбегово, ми ја покажуваа локацијата каде што треба да се гради новиот Клинички центар. Говорам за крајот на 80-тите, почеток на 90-тите години, а тоа значи уште пред неколку децении била предвидена таа локација за градење на овој комплекс. |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Подобро да чекаме +5 години и да биде на нова локација!
Со изградба на таа инфрструктура таму ќе се растерети и сообраќајот во центар на релација Ѓорче-Бутел/Чаир. Подобро отколку да се дозакрчи Водњанска, замислете то ќе биде за 20 години... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
ќе помине и ова, кога толку ни ет чергата, а добро е што ќе има нови паркинзи и пристап освен постојните, но треба тука кај Водњанска да направат подвожњак за влез во Клинички, ако се најде чаре за метежот кај пристапот чинам ќе нема проблем но добро би било да направат надвозник за Водњанска доле кај раскрсницата како Васил Ѓорѓов и таа би терале со лесно попроточно, значи не клучка туку само надвозник, кој утре би се надоврзал на клучката штое во ГУП-от за Јужен Булевар кај НоМа
|
|
![]() |
|
majstorot_001 ![]() Newbie ![]() Joined: 12-Feb-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
За оваа тема е дискутирано 2007. Што има сега пак да се дискутира. Дискутирано е и најдени се начини, можности, услови, понатаму (ај да не речам пред сè) можно користење на европски фондови искуства знаења, експертизи. Правени се паралелни анализи, баран е финансиер кој ќе го овозможи и процесот на анализа и студија, па проектирање и конечно реализација. Како што претходно напишав, локацијата што ја споменуваат од ААМ беше можност, но е отфрлена од стручниот тим на не само европски туку светски експерти што ги ангажираше банката. Со докази нормално. Пет и повеќе години траеше процесот на анализа на потребите, можностите, условите, понатаму компарацијата и донесувањето заклучоци. Зашто ААМ не бара да ги види тие документи? Не знаат дека тоа така се прави, не знаат дека постојат или едноставно така им чини во моментов. Дојде ред проектот да се прави, дали ќе се излажам мислам 2013 на почеток, имаше тендер за изработка на проект со услови кои не може да ги оствари фирма и проектант од Македонија и се правеа конзорциуми со странски фирми и проектанти. Избрани од Италија со нормално партнери од овде. Банката повторно ангажираше, сега нов експертски консултантски тим за помош (да не бидам груб па да речам контрола) во проектирањето. И заврши проектот, мислам дека доцнеше или мене ми се виде како многу долго да беше. Се потпиша и договор за изведба. Не знам дали е проектот (практично предмерот и техничките услови) по PRAG или FIDIC, но најмалку е во некоја слободна интерпретација за македонски услови (обично на европски проекти се користи PRAG, ама не знам за ова како е). Сега треба да се гради. Точка. Било какво откажување сега е политичка, зад затворени врати донесена, а не експертска одлука. Само да додадам, што има лекарска комора да дебатира. Тие се прашани во анализа на потреби. Што има избран изведувач да дебатира. Тој има да изведува по проект и да молчи. Што има „експертска јавност“ да дебатира на одамна одамна завршена работа, Што има проектанти да дебатираат, нивно е да проектираат по проектна програма. Кога ќе се научиме да работиме? За крај, во истиот пакет е, а со тоа ја поминал и истата постапка проектот за Клиничка болница Штип. Тој проект доби награда на БИМАС. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Најголемиот проблем е зошто не се дискутираше на оваа тема во периодот од јули до денешен ден? Владата имаше рок од шест-седум месеци за да организира една поширока дебата на оваа тема, поканувајќи ја експертската јавност од земјава, лекарските комори, проектантите и избраните изведувачи. Секоја страна така ќе можеше да си го каже својот став, а владата да има покомотна позиција при донесувањето одлука. Наспроти ова, повторно се одбра дебатирање по донесената одлука зад затворени врати.
|
|
![]() |
|
Blagh ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 10-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 41 |
![]() ![]() |
Топ Тема на Ваша страна - Нов Клинички центар и урбанистичко планирање (09.02.2018)https://www.youtube.com/watch?v=y9--n7rr1K8 Доста интересна дебата, чудно е како на форумов од толку членови често му бегаат вакви вести. |
|
![]() |
|
majstorot_001 ![]() Newbie ![]() Joined: 12-Feb-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Кога не знаеш не тврдиш, освен ако си дел од групата наречена ААМ, пошто и тие ништо не знаат ништо не виделе ама важно не чини. Планирана е таа локација што тие ја бараат, но е отфрлена од тие што даваат пари како идиотска. Е а тие што даваат пари ангажирале експерти од сите области, успеале да избоксуат у ЕУ пари за тоа, значи да не трошат свои и да ги платат тие експерти за илјадници страници хартија со пресметки анализи студии, а за финално нели да си пласираат свои пари за еве овој проект поддржан и изработен од овие експерти. Од тоа живеат нели. А нас ни одговара пошто кредитот е поволен плус е наменски, не може будала од оваа или онаа власт да го пренамени. И сега што? Нашава група ААМ од т.н. архитекти е незадоволна само не знам по чива иницијатива пошто нели премиерот излезе и рече дека е ОК.
Еве ај важи, сите се глупи или имаат задни намери, затоа извади 450 милиони евра и кажи што треба ... сè друго е џабе везење. |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Зависи од каде одиш и кое време. Ако одиш од Лициче големи се шансите да не стигнеш на време ако е критично во период меѓу 15-18.00
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
на Водњанска не е проблем метежот, туку лошиот пристап до влезот на клинички и лошата сообраќајна култура
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Подобар пристап мислат во однос на тоа дека ќе мора еден ден да се продолжи булевар Словенија накај Влае па ќе поминува во непосредна близина. На тој начин пристапот до клинички од обиколница ќе биде многу брз.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Јас сум за изградба на нов клинички центар во Бардовци, но една работа ме зачуди околу текстот - каков е тој подобар пристап од сите страни ? Ако мора да се поминува покрај или низ Визбегово, тогаш таму не бега сообраќаен метеж, дури и бетер е од Водњанска - не се извинувам поради "печатната грешка", никогаш не сум го поддржал таквото преименување на познати улици низ Скопјево, и најверојатно никогаш нема ни да го поддржам. Единствено соодветно сообраќајно решение е изградба на нов клинички центар помеѓу обиколницата и Јадранска Магистрала, но повторно пациентите од другата страна на Вардарот ќе мораат да поминуваат низ Качанички пат за да пристигнат до новиот клинички центар. И зошто да се урива стариот клинички центар, не може да се задржат барем некои од постоечките објекти и да се дадат под кирија на приватни клиники ? Секако дека во таков случај ќе остане сообраќајниот метеж, но не верувам дека ќе го снема ако се срушат постоечките објекти и се набутаат станбени згради и/или хотели, што веќе е секојдневие на Водно изминативе 5 и повеќе години. А ако ми кажете дека на локацијата на постоечкиот клинички центар ќе се направи парк откако ќе се срушат постоечките објекти, во тоа ќе поверувам дури кога ќе го видам таквиот парк на лице место со свои очи. Јас лично мислам дека треба да се изгради новиот клинички центар на планираната локација кај сегашниот комплекс клиники, и со тој објект да се заокружи комплексот како целина и да се стави забрана за изградба на нови објекти на таа локација, а сите идни објекти од клиничкиот центар да се градат на друга локација - на мене лично попривлечно ми делува Илинден бидејќи е на излезот од градот и помалку гужви ќе има кога ќе доаѓаат возила на Брза помош од другите градови низ Македонија, а истовремено веќе има железничка врска со остатокот од градот за евентуална приградска железница, како и со остатокот од државата, и се разбира, поблиску е до аеродромот, со што ќе има можност за уште побрз транспорт на итните случаи со хеликоптер - научна фантастика е тоа за нашите македонски услови, но сепак би имало таква можност. Edited by Dexter26 - 01-Feb-2018 at 14:23 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Подетално:
http://novatv.mk/zaev-bankata-bara-milionska-oshteta-ako-klinichki-e-na-drugo-mesto/ |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
5,5 милиони евра пенали, доколку не се изгради Клиничкиот центар на пoстоечката локација, затоа што некој паметен потпишал таков договор.
http://www.mrt.com.mk/node/46516 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Skopje 1982 ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2016 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Доволно е човек половина саат да влезе со возило во сегашниот Клинички блок за да разбере зошто градење на нов Клинички центар таму е најлошата можна идеја.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Видов во една емисија како ја оценува Таравари здраството во мк а алал нека му е, ја раскажа цела катастрофална состојба како да раскаже еден нормалем граѓанин. Без манипулации итн.
Според таравари, се гледа можноста кај објектот што го почна грујо да се направи еден мал објект со неколку соби за итни случаи а истовремено да се проектира нов центар. Што ќе кажат експертите од странство, тоа ќе се случи. ...(Ако имаме среќа некој од швајцарија, тие строго се кога се работи за здраството. ) Беше на албански затоа и така нема да разберете. Мислам дека човекот има врска, и јас од здраство сум па затоа му ги анализирам принципите. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Лошото детиште Хуго
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |