Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#181 Posted: 01-Jun-2010 at 19:24 |
Зонско
паркирање до полноќ
Од денеска зонското паркирање ќе се наплаќа до полноќ, наместо до 21
часот како што беше досега. Промената на работното време на
паркиралиштата каде што важи зонскиот систем на наплата е поради летната
шема на работа, информираат од ЈП „Градски паркинг“. Така, од денеска
до 30 септември зонските паркиралишта ќе работат од 7 часот наутро до 24
часот, и тоа од понеделник до сабота. Паркирањето и натаму ќе биде
бесплатно во недела и за државни, но не и за време на верски празници.
Наплатата до 21 часот, односно до 14 часот во сабота повторно ќе биде
важечка од 1 октомври. (Дс.Т.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=36933980D8AE7543B2CB7C9E78A8305F
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#182 Posted: 28-May-2010 at 13:28 |
Скопјани плаќаат за зонско
паркирање, а возилата им ги крева „пајак“ |
|
|
Од затворањето
на булеварот Илинден,
зонското паркирање во Дебар
маало функционира само на тротоарите, а скопјани и натаму
резервираат место преку СМС-пораки |
|
|
|
 |
|
И покрај најавите во медиумите и известувањата дека зонското
паркирање во Дебар маало, до завршувањето на градежните работи на
булевар Илинден, привремено се укинува на улиците, но не и на
тротоарите, некои наши сограѓани сé уште праќаат СМС-пораки за да
резервираат паркинг-место. И откако ќе се паркираат, „пајак“-службата им
ги собира возилата. Тие негодуваат што ниту некој им ги враќа парите,
ниту, пак, им кажува дека зонското важи само на тротоарите, а не и по
улиците во Дебар маало. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое
управува со зонското паркирање, велат дека парите не можат да ги
враќаат, затоа што нема начин кој покажува дека тие навистина
резервирале место и дека се паркирале долж улиците. Панче Стојановски,
директорот на претпријатието, вели дека до сите регистрирани корисници
на зонското паркирање во Дебар маало испратиле писмено известување дека
додека трае проширувањето на булеварот Илинден, зонското паркирање ќе се
одвива само на тротоарите.
- Како надлежно претпријатие, до
сите медиуми испративме известување дека паркирањето во зони, додека
траат градежните работи на булеварот Илинден, ќе функционира само на
тротоарите. За жал, парите нема да може да се вратат, затоа што немаме
никаков доказ дека некој навистина се паркирал на улица - објасни
Стојановски.
Зонското паркирање на улиците во Дебар маало не
функционира од 20 април. Од градот очекуваат до средината на јуни да
биде завршена работата на оваа фреквентна сообраќајница, по што зонското
паркирање на улиците во Дебар маало нормално ќе функционира. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52810105482&id=14&prilog=0&setIzdanie=21993
Edited by Cloverstack - 28-May-2010 at 13:29
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#183 Posted: 16-May-2010 at 21:37 |
Зонско паркирање
против узурпаторите во Чаир

Зонското
паркирање од денеска треба да профункционира и во општина Чаир, на
паркингот пред и покрај стоковната куќа „Илинден“, а во наредниот
период тоа ќе се прошири и кај Театарот на народностите и кај
Здравствениот дом „Бит-пазар“. Просторот пред „Илинден“ веќе е обележан,
а „Градски паркинг“ добило согласност и од градоначалникот Изет Меџити.
Сепак,
големи се сомневањата дека проектот воопшто ќе профункционира, ако се
знае дека со паркирањето во овој дел од Скопје владее вистински хаос.
Има многу диви паркинзи, на кои непознати лица ставиле рампи без никаква
дозвола и „вработиле“ деца да собираат пари за паркирање. Приходите што
се собираат на овој начин се големи, а во чиј џеб завршуваат парите,
никој од надлежните не е заинтересиран да истражи. Наместо нив, за
парите од дивите паркинзи се интересираат само медиумите, па во
изминатиот период се појавија претпоставки дека со профитот од
паркинзите, кој се брои во милиони, се финансираат политички партии,
сомнителни организации итн.
На пример, веднаш до паркингот пред
стоковната куќа „Илинден“ постојат уште два импровизирани паркинга, на
кои со години бесправно диво се наплаќаат по 20 или 30 денари за влез,
без разлика колку време ќе остане автомобилот.
- Не знам кој им
дал дозвола, веројатно работат на диво. Има дете што собира пари и бара
по 30 денари за цел ден. Јас секој ден доаѓам овде со автомобил, бидејќи
тука работам. Отпрвин плаќав, но повеќе не - вели еден од вработените
во дуќаните до „Илинден“.
На другиот паркинг, кој се наоѓа веднаш
до него, кон просторот на „Мавровка“, пари собираше еден постар човек.
Нашата екипа забележа еден таксист кој се паркираше таму и одби да
плати. Ни рече дека му побарале 20 денари.
- Секој ден доаѓам
овде и немам намера некому да му го полнам џебот. Јас од таксирање вадам
за леб - искоментира тој.
Иста е состојбата и со неколку
паркинзи зад Здравствениот дом „Бит-пазар“. Тие се узурпирини и нив на
диво ги стопанисуваат приватници. Дел од луѓето што работат таму не
сакаа да зборуваат, со образложение дека се плашат од газдите, а други
се вадеа со тоа дека паркингот бил на Здравствениот дом.
- Овде
се наплаќаат 30 денари за еден час и 50 денари за цел ден - вели
наплаќачот на еден од паркинзите.
Еден друг вработен тврдеше дека
имале дозвола да го стопанисуваат паркингот.
- Овде нема да
успее зонското паркирање. Тоа е само за делот од Скопје преку Камениот
мост. Тешко можеме да се приспособиме кон тие правила што ги налага
Владата. Овде нема ништо урбанизирано. Кога ќе се урбанизира, тогаш ќе
зборуваме за зонско - рече тој.
Од Здравствениот дом негираа
дека имаат каква било врска со стопанисувањето со паркинзите.
-
Ние не ги стопанисуваме паркинзите. Здравствениот дом, како и
паркинзите, се наоѓаат на територијата на општината Чаир и тие се
узурпирани со дозвола од Општината. Неколкупати реагиравме и баравме
барем да не плаќаме ние, вработените, по што нашата молба беше услишана -
велат од Здравствениот дом.
Директорот на „Градски паркинг“,
Панче Стојановски, е убеден дека зонското паркирање кај стоковната куќа
„Илинден“ ќе се спроведе, бидејќи за тоа гарантирал градоначалникот
Меџити.
- Нема да има никаков проблем. Градоначалникот на Чаир
уверуваше дека ќе го среди проблемот со узурпаторите на паркинзите кај
стоковната куќа „Илинден“ - вели Стојановски.
Градоначалникот
Меџити потврди дека проектот за зонско паркирање кај „Илинден“ има
негова поддршка и потенцираше дека со тоа узурпаторите ќе бидат тргнати.
Тој негираше дека тие работеле со дозвола од Општината, иако немаше
издржан коментар зошто досега ги толерирале.
- Тие немаат наша
дозвола да работат со паркинзите. Ние немаме наше јавно претпријатие кое
би ги стопанисувало паркинзите, па тие го користат тоа. Општината нема
ингеренции да ги спречи, навлезени се во дворови на институции - се
правда Меџити.
Паркингот кај „Илинден“ ќе биде во втората зона и
ќе се наплаќаат по 35 денари за час. Ќе има капацитет за 98 автомобили.
Станарите од околината ќе плаќаат по 200 денари за месечна карта, а
дуќанџиите по 400 денари.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C60BA270F391104FA0480DBF43A9FE23 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#184 Posted: 13-May-2010 at 14:25 |
Нема бесплатно паркирање
во сабота
Оваа мерка надлежните од ЈП "Градски паркинг"
ја воведуваат оти за викенд голем број граѓани излегуваат, па на
паркиралиштата се создавало хаос и станарите на околните згради пак не
можеле да најдат слободно место
Зонското паркирање ќе се наплатува и во сабота. Досега
паркирањето во трите зони во сабота после 14 часот беше бесплатно. Оваа
мерка надлежните од ЈП "Градски паркинг" ја воведуваат оти за викенд
голем број граѓани излегуваат, па на паркиралиштата се создавало хаос и
станарите на околните згради пак не можеле да најдат слободно место. "Зонското
паркирање на некои делови го воведовме за да им го решиме проблемот на
станарите со паркирање, како што е примерот со ТЦ 'Бисер'. Секој работен
ден за секого има слободно паркинг место, но во сабота, бидејќи
паркирањето е бесплатно, владее хаос. Граѓаните ни се жалеа за ваквата
ситуација и затоа решивме на паркиралиштата во строгиот центар на градот
и во Аеродром да наплатуваме и во сабота цел ден, односно до 1 часот по
полноќ. Останува бесплатно паркирањето во недела", вели Панче
Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг". Од претпријатието
велат дека во моментов работат и на воведување зонско паркирање уште не
неколку локации низ градот. Така, зонско паркирање ќе биде воведено на
Бит-пазар, односно на уличката кај Стоковната куќа "Мост", зад
слаткарницата "Палма" во Аеродром, во ТЦ "Лептокарија", кај Судска
палата и МАНУ и кај зградата на Синдикатот. ЈП "Градски паркинг" наскоро
ќе ги преземе дивите паркинзи кај поликлиниката "Чаир" и на нив ќе
воведе паркирање од затворен тип.
http://vest.com.mk/?ItemID=FE19ACFC01BDAA45BA6AFFA7196E7329 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#185 Posted: 21-Apr-2010 at 12:20 |
ОРЦЕ
НИКОЛОВ
Зонско
само на тротоар
Зонското паркирање на
улицата Орце Николов ќе важи само на тротоарите, а не и на коловозот
како досега. Од „Градски паркинг“ велат дека промената е направена
поради градежните работи, кои се во тек на булеварот Илинден и за да се
овозможи поголем протек на возилата, кои сега се пренасочени по Орце
Николов и по Партизанска. Додека траат градежните работи за проширување
на Илинденска, паркирањето на коловозот на Орце Николов ќе се смета за
непрописно и ќе се санкционира. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2001&ArticleID=139000
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#186 Posted: 19-Apr-2010 at 00:03 |
одвај чекам да се изградад паркинзите во центар, подземни и надземни, па улиците како оваа да станат пешачки и повеќе да се актуелизираат!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#187 Posted: 16-Apr-2010 at 22:48 |
Максим Горки остана без рампа! Во согласност со изработената сообраќајно-техничка документација оваа јавна површина наменета за паркирање ќе го прошири својот опфат и покрај улицата "Максим Горки" ќе бидат уредени и обележани со хоризонтална и вертикална сигнализација и улиците "27 Март" и "8 Ударна бригада" - рече Ана Витановска, портпарол на Градски паркинг
Јавното паркиралиште на улицата "Максим Горки", со коешто стопанисува ЈП "Градски паркинг" - Скопје, го смени начинот на утврдување на условите и режимот на сообраќај - од затворен паркинг со рампа во зонско паркиралиште. - Со промена на режимот на работа ќе се приклучи кон зонското паркирање, спроведено од неодамна во градот Скопје. Во согласност со изработената сообраќајно-техничка документација оваа јавна површина наменета за паркирање ќе го прошири својот опфат и покрај улицата "Максим Горки" ќе бидат уредени и обележани со хоризонтална и вертикална сигнализација и улиците "27 Март" и "8 Ударна бригада" - рече Ана Витановска, портпарол на Градски паркинг.
Таа додаде дека со досегашното решение паркиралиштето имаше една точка на која се одвиваше и влезот и излезот, но со новиот проект на улицата "Максим Горки" ќе се одвива и влез и излез. Исто така, на улицата кај хотел "Јадран" ќе има излез и од улицата Орце Николов" односно, граѓаните ќе имаат уште еден излез. На овој начин ќе се олесни и зголеми протокот на возила. - Спроведувањето на зонското паркиркирање на овој потег се наметна од причина што се наоѓа во непосредна близина на плоштадот Македонија", односно, во центарот на градот, Мал ринг. Со зонското паркирање времетраењето на задржување на посетителите-корисници на услугите кои не се станари или правни лица со седиште во зоната, односно подзоната, е ограничено. Максимум дозволено време на задржување - паркирање во првата зона, е два часа, а во втората четири часа. На овој начин ќе се зголеми фреквенцијата на возила, ќе се растовари централното градско подрачје, ќе се овозможи поголем проток на возила, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, подобри услови за движење на возилата на итните служби - на возилата на Прва помош, на противпожарните специјални возила, но и ќе се намали времето на барање слободно паркинг-место. Ова ќе придонесе да се намали загадувањето и да се подобри безбедноста на сообраќајот во централното градско подрачје - истакна Витановска. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E9081F2C7D164E43B44C81AFF1941479
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#188 Posted: 08-Apr-2010 at 10:31 |
ГРАДСКИ
ПАРКИНГ“
Зонско
и на улицата Железничка
Улицата Железничка,
зад трговскиот центар „Рамстор“, е следната локација на која ќе почне да
функционира зонското паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека
чекаат одобрение од МВР за сообраќајниот режим и ќе почнат со
обележување на просторот. - На Железничка има 85 места за паркирање.
Очекуваме зонското паркирање да проработи за 15 дена. Дотогаш ќе се
пушти и делот на Орце Николов пред „Македонски телеком“ со 39 слободни
места за паркирање - објасни Панче Стојановски, директор на
претпријатието. За пролетва тој најавува повеќе градежни активности на
терен. Во тек е изработка на проект за зонско паркирање на улицата кеј
Димитар Влахов, од црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ до пасошкото
одделение на МВР. Стојановски вели дека кејот засега е примарен, а
понатаму ќе се уреди и паркиралиштето кај влезот во МРТВ, кое воопшто не
е ни асфалтирано. Претпријатието ќе проширува и доградува неколку
паркиралишта и во Аеродром, зад Бисер и по „Веро“, како и во Ново
Лисиче. Градежните работи ќе почнат за десетина дена. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1988&ArticleID=137938
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#189 Posted: 25-Feb-2010 at 19:24 |
ОД ИДНАТА НЕДЕЛА
Зонско паркирање и на улицата пред Телеком
Од
претпријатието објаснуваат дека одлучиле и на оваа улица да наплаќаат
за паркирање оти сега тука владее вистински хаос. Граѓаните ги оставаат
возилата на улицата, со што е затнат сообраќајот и нема шанси да се
разминат две возила
На
улицата која води кон паркингот кај Телеком од понеделник паркирањето
ќе се наплатува. ЈП "Градски паркинг" одлучило и на овој потег
паркирањето да биде зонско и ограничено. Паркингот, согласно поделбите,
ќе биде во првата зона, што значи дека на улицата ќе биде дозволено
само два часа паркирање и за еден час ќе се наплатуваат 45 денари. Од
претпријатието објаснуваат дека одлучиле и на оваа улица да наплаќаат
за паркирање оти таму владее вистински хаос. Граѓаните ги оставаат
возилата на улицата, со што е затнат сообраќајот и нема шанси да се
разминат две возила. "Ние на овој дел со пајак-службата секој ден
подигнуваме по десетина автомобили оти ја блокираат улицата. Во
моментов е хаос оти оттука поминуваат камионите и механизацијата кои на
Плоштадот вршат градежни работи за поставување на фонтаната со
споменикот на Александар Македонски. Камионите не можат да поминат од
колите, па нè чекаат нас да дојдеме и да ги подигнеме за да можат да
стигнат до Плоштад. Со воведувањето на зонско ќе биде дозволено
паркирање само на тротоарот, со што улицата ќе биде слободна за
движење", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг". (А.А.)
|
http://vest.com.mk/?ItemID=3770E86751C4084F9FA832BA23C1C47D
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#190 Posted: 08-Jan-2010 at 18:48 |
Според мене зонско паркирање (на долг рок) е катастрофален проект. Тротоарите во еден град треба да служат за пешаци. Улиците треба да служат за возење.
Но, во оваа ситуација во Скопје, мора да се стави ред, додека да не се заработат пари за катни гаражи. Така да резултатот ќе кажам дека е позитивен, кога ќе ги видам тротоарите и улиците за нивната намена, а не за паркирање.
Така да зонското паркирање јас би го нарекол нужно зло во оваа ситуација на тотален колапс на сообраќајот во Скопје. На краток рок нема да има некои позитивни резултати, бидејќи тоа што има празни места е само привид, додека не се постави зонско на сите места каде е планирано. Тогаш, пак ќе има секаде ист број на возила, се додкеа не се изградат катни.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#191 Posted: 08-Jan-2010 at 17:42 |
Не напротив. Зонското треба да даде рзултати за еден ден и ги дава тие резултати. Има финеси што треба да се шинка корегира, как о и кај секој прокет што е нормална работа.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#192 Posted: 08-Jan-2010 at 17:39 |
Originally posted by zabegan
мене пак тоа ми смета, сметањето на целата површина каде што собира една кола да се смета за паркинг, ништо не е решено, сега само за истото паркирање се наплаќа, тоа е проблемот, никаква анализа не се изврши и не се решија паркинзите, сега паркинзи се нарекуваат улични тротоари и делови од коловози со парите што се фрлија на се и сешто, можеа веднаш да се изградат катни гаражи, подземни и надземни, па и обични паркинзи да останат, така немаше потреба да чекаме 10 години, а до тогаш да плаќаме да не ме разбере некој погрешно, имам сличен став со урбан фрик, дека зонско паркирање е ок, но не е изведено како што треба
|
Па да, дефинитивно најдобро ќе беше да поставеа катни гаражи ВЕДНАШ. Или пак по прмерот на Белград да се поставеа оние монтажни гаражи на спрат (тие го дуплираат паркинг просторот). Но кога никој не дава пари за тоа, и кога владата нема пари, мора да се бараат алтернативни решенија. Впрочем, една нус појава од зонското паркирање, може да биде и приватници да сфатат дека катните гаражи се доходовен бизнис. Така да може да се очекуваат и приватни инвестиции во тој сектор. Секако потребни се барем 10 години да ги видиме резултатите од ваквиот режим.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#193 Posted: 07-Jan-2010 at 00:02 |
Originally posted by krale
Најголемата грешка се направи што се расфрлаат паркинзи на сите страни, наместо да се направи еден концепт каде на пример најнапред радиус од 500 метри од плоштад ќе се стави зонско насекаде. Значи идејата треба да биде да нема НИТУ ЕДНО уличе каде паркирањето е бесплатно. Тек тогаш ќе се видат правите ефекти. Вака, таму каде што има зонско е празно, а каде што нема, се полни улиците. Најдобар пример е Орце Николов и дебар маало. |
Се слагам. Иста приказна и во Аеродром... од кога воведоа зонско паркирање на некои локации, главниот ефект е гужва и недостаток на простор во нивна близина.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#194 Posted: 06-Jan-2010 at 17:06 |
на начинот на кој го постави пбанкс мислењето, можам да се согласам со тоа
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#195 Posted: 06-Jan-2010 at 16:37 |
Мислам дека сличен пост веќе имам напишано но...
И покрај тоа што ќе се сложам дека целава имплементација на зонско паркирање е веројатно без никаков особен план и со главна цел за собирање на пари.
Воопшто не би се сложил дека се работи за некаков дебакл. Од кога е воведено зонското паркирање, во работни денови секогаш можам да најдам место во центар и за многу брзо време да завршам некои работи (одење до банка на пример). Парите кои ги давам за тоа време се исплатат. Дополнително по 9 часот навечер кога не се наплаќа паркингот во зоните, повторно се наоѓа паркинг место.
Тоа значи дека целиот режим влијае на навиките на луѓето, да не доаѓаат по секоја цена во центарот на градот со кола или пак да најдат посоодветни локации за паркирање на возилото.
Истото искуство го имам и во Дебар Маало.
Кај Бисер, би го укинал зонското паркирање веднаш, мислам дека е глупост, се работи за планска и пред се резиденцијална населба каде е нормално да следува и паркинг простор. Проблемите со паркирањето таму треба да ги решат објектите како катната гаража Бисер. Таму треба да се усмеруваат сите "посетители" на реонот.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#196 Posted: 06-Jan-2010 at 15:34 |
Originally posted by krale
Мислам дека зонското паркирање како концепт е одличен.
Како што е применет во Скопје, е за жал катастрофа. Најголемата грешка се направи што се расфрлаат паркинзи на сите страни, наместо да се направи еден концепт каде на пример најнапред радиус од 500 метри од плоштад ќе се стави зонско насекаде. Значи идејата треба да биде да нема НИТУ ЕДНО уличе каде паркирањето е бесплатно. Тек тогаш ќе се видат правите ефекти. Вака, таму каде што има зонско е празно, а каде што нема, се полни улиците. Најдобар пример е Орце Николов и дебар маало.
Требаше на пример, еве дебар маало ако го земаме за пример, да се фати целата површина меѓу улиците Климент Охридски и Рузвелтова (и меѓу Партизанска и градски парк) и да нема ниту едно ќоше со бесплатен паркинг. Е тогаш ќе имаше ред и ќе се растеретеше проблемот.
А потоа, со собраните пари да се градат катни гаражи каде што паркирањето ќе биде поевтино. За 10 години на овој начин може да се реши проблемот со паркирање во Скопје.
|
мене пак тоа ми смета, сметањето на целата површина каде што собира една кола да се смета за паркинг, ништо не е решено, сега само за истото паркирање се наплаќа, тоа е проблемот, никаква анализа не се изврши и не се решија паркинзите, сега паркинзи се нарекуваат улични тротоари и делови од коловози со парите што се фрлија на се и сешто, можеа веднаш да се изградат катни гаражи, подземни и надземни, па и обични паркинзи да останат, така немаше потреба да чекаме 10 години, а до тогаш да плаќаме да не ме разбере некој погрешно, имам сличен став со урбан фрик, дека зонско паркирање е ок, но не е изведено како што треба
Edited by zabegan - 06-Jan-2010 at 15:36
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#197 Posted: 06-Jan-2010 at 15:28 |
Originally posted by lslcrew
Нека не се праат наудрени, како да предходно имаа загарнитари места. Не! Туку напротив бетер беше ситуацијата со наоќање паркинг место. А за загарантирани места немам против, ама нека коштаат по 50 евра месечно и со помаранџесто столпче со клуч, па кој сака нека повели. 3 евра за загарнитирано место нема никаде во свет и во нај батал држави.
|
да, во право си, и порано беше исто, но за тоа никој не плаќаше месечно, мислам дека претеруваш малку со осудувањата, како што кажа кловер, се работи за планска станбена област
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#198 Posted: 06-Jan-2010 at 10:38 |
Мислам дека зонското паркирање како концепт е одличен.
Како што е применет во Скопје, е за жал катастрофа. Најголемата грешка се направи што се расфрлаат паркинзи на сите страни, наместо да се направи еден концепт каде на пример најнапред радиус од 500 метри од плоштад ќе се стави зонско насекаде. Значи идејата треба да биде да нема НИТУ ЕДНО уличе каде паркирањето е бесплатно. Тек тогаш ќе се видат правите ефекти. Вака, таму каде што има зонско е празно, а каде што нема, се полни улиците. Најдобар пример е Орце Николов и дебар маало.
Требаше на пример, еве дебар маало ако го земаме за пример, да се фати целата површина меѓу улиците Климент Охридски и Рузвелтова (и меѓу Партизанска и градски парк) и да нема ниту едно ќоше со бесплатен паркинг. Е тогаш ќе имаше ред и ќе се растеретеше проблемот.
А потоа, со собраните пари да се градат катни гаражи каде што паркирањето ќе биде поевтино. За 10 години на овој начин може да се реши проблемот со паркирање во Скопје.
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#199 Posted: 06-Jan-2010 at 09:00 |
Па не дека е многу тешко да се испита... Зградите се правени пред 30тина години, тогаш се предвидени одереден број на паркин места по некој стандард што важел за тоа време. Сега, зградите се исти, жителите се веројатно повеќе, стандардот е сигурно сменет(автомобилите сега се каде-каде позастапени од тогаш). А како што гледам во Аеродром тргната е средната лента за паркирање, така да претпоставувам дека луѓето не се далеку од вистината...
Не е работата за загарантирано место, туку воопшто за капацитет... А до сега немам видено некоја посериозна анализа за паркинг-потребите на градот. Сум за зонско да не ме сфатите погрешно, ама ова се повеќе личи на произволна акција, а не долгорочно решавање на акутен градски проблем.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#200 Posted: 06-Jan-2010 at 02:45 |
Изгледа не се разбираме. Граѓани се бунат дека кога ги купувале становите, со нив плаќале и за паркинг простор (било вкалкулирано во цената на станот). Тоа треба да се испита и ако е точно тогаш ЈП Градски Паркинг не само што треба да си ги собере парталите туку треба да се повика на одговорност.
|
 |