Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#181 Posted: 09-Dec-2008 at 00:09 |
Нема да болдирам ништо, зашто ќе треба да го болдирам цел текст.... Изволте оптимизам......
За железница, двокатни автобуси, трибини - 4 милијарди денари

Агенцијата за државни патишта во наредната година ќе има на располагање 130 милиони евра Билјана Ангеловска
Министерството
за транспорт и врски во наредната година ќе располага со буџет малку
поголем од 4 милијарди денари. Најмногу пари ќе бидат инвестирани во
железничката инфраструктура, но ќе се трошат и за изградба на источната
и западна трибина на градскиот стадион во Скопје, потоа за набавка на
нови автобуси за јавниот градски превоз во Скопје, за изградба на
социјални станови, на водоводи во Тетово, Свети Николе и во Прилеп,
како и за изработка на детални урбанистички планови, за што се
предвидени 50 милиони денари.
Глобалната економска криза
несомнено ќе го погоди и градежништвото, кое до неодамна беше двигател
на стопанството во земјава. Но, засега државата не презема директни
мерки за да го амортизира таквиот удар. Единствено Агенцијата за
државни патишта ќе добие многу повеќе пари отколку во минатата година.
„Двојно го зголемивме буџетот на Агенцијата за патишта, со цел да се
најде работа за домашните градежни фирми. Истовремено, интензивно
работиме и на расчистување на повеќе локации на кои ќе можат да градат
нашите компании. Факт е дека кризата ќе се одрази во градежништвото, со
оглед на тоа што градежниците земаат кредити за да инвестираат во
поголеми проекти. Затоа дадовме повеќе пари и во железницата“, вели
министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, потенцирајќи дека тоа
е се' што засега прави државата, но оти ситуацијата будно се следи и
доколку има потреба, Владата ќе реагира дополнително.
Тоа дека
Агенцијата за државни патишта (поранешниот Фонд за магистрални и
регионални патишта) во 2009 година ќе биде далеку покомотна отколку што
беше лани, најдобро говори и сумата со која ќе располага в година.
Според предлогот, Агенцијата ќе има буџет „тежок“ 130 милиони евра, што
е двојно поголем од буџетот на Министерството. За проектот за изградба
и рехабилитација на 11 локални патни правци, Агенцијата има обезбедено
заем од Светска банка, во висина од 35 милиони евра кои иако не од
државната каса, сепак, влегуваат како извор на пари што ќе се слеат во
чекмеџето на Агенцијата за државни патишта. Друг поголем извор
претставува обиколницата на Скопје, чија изградба веќе завршува, но дел
од плаќањето во висина од 4 милиони евра ќе биде во наредната година.
„Задоволни
сме од висината на средствата што се предвидени за 2009 година. Сега
преостанува успешно да се реализираат проектите, што нема да биде
проблем, со оглед на тоа што ќе има доволно пари“, вели Катерина
Панова-Илиевска, портпаролка на Агенцијата за државни патишта.
Инаку,
за изградба на десетина регионални делници од ЕБРД се обезбедени 50
милиони евра. Тука се патниот правец Радовиш - Струмица во должина од
10 километри, проект вреден 7,5 милиони евра, патот за Порече од
Коломот со Близанско, потоа Куклиш - Банско, патот до ски-центарот
„Кожуф“, патот за Сончевград, правецот Тетово - Јажинце, приклучоци за
технолошко-индустриски развојни зони Тетово и Скопје 2, трета лента на
Плетвар до Росоман, обиколницата на Охрид и клучката за влез во Битола.
Од Коридорот 10, пак, во тек е изградбата на автопатот Табановце -
Куманово, во должина од 7,6 километри и вредност од 9 милиони евра, а
распишан е тендер и за делницата Демир Капија - Смоквица.
Дел
од средствата на Агенцијата ќе бидат искористени и за изработка на
проектно-технички документации, додека 10 милиони евра се предвидени за
експропријации, меѓу кои за патните правци Миладиновци - Штип, Демир
Капија - Смоквица, за Коридорот 8.
„Сите тендери завршуваат во
декември и сакаме најдоцна во февруари да почнеме со интензивна градба
на патните правци од програмата на Агенцијата“, вели министерот
Јанакиески и објаснува дека за одржување на патиштата, според програма
на ЈП „Македонија пат“, се издвоени 15 милиони евра.
Министерството
за транспорт и врски планира во 2009 година да инвестира 15 милиони
евра во железничката инфраструктура. Од нив два милиона се субвенции за
транспортот, за патниците што прават загуби, а 3 милиони евра за
инфраструктурата, односно за подобрување на мрежата, пред се' за К10.
Останатите средства се за проектирање на К8. За таа цел веќе е распишан
тендер за изградба на пруга од Кичево до Албанија, онаму каде што нема
линија, а дел од парите се наменети и за проектирање на делницата од
Крива Паланка до граница со Бугарија.
„Наредна фаза е да се
продолжат договорите со градежните фирми од 1996 година и да видиме што
може да се гради од К8. Пред се', мора да се направи пресек на она што
е направено досега. Во преговори сме со градежните компании, за што ќе
доставиме информација до Владата. Во 2009 година има пари само за да се
завршат започнатите работи и како што ќе оди динамиката, така би се
обезбедувале нови средства. Сметам дека 10 милиони евра се доволно
барем до првиот ребаланс“, појаснува Јанакиески.
Државата
планира во 2009 година да одвои речиси 15 милиони евра и за изградба на
источната и на западна трибина на Градскиот стадион во Скопје. Со тие
пари треба да биде направена и реконструкција на јужната трибина,
целосно да биде завршен поттрибинскиот простор и да се покрие стадионот
за да претставува една целина. Речиси седум милиони евра во наредната
година ќе бидат инвестирани во изградба на најмалку 1.000 социјални
стана наменети за деца без родители, корисници на социјална помош,
бездомници, инвалидизирани лица.
За подобрување на јавниот
превоз на Скопје, државата преку Министерството за транспорт во идната
година ќе обезбеди осум милиони евра за набавка на сто двокатни
автобуси. Според проекциите, во следните две години ќе се одвојуваат
уште повеќе пари, така што за набавка на сите 302 автобуса, планирано е
да се потрошат вкупно околу 36 милиони евра. Државата планира да дава
свои пари и за доградба на Градскиот трговски центар во Скопје, за што
ќе се издвојат два милиона евра, додека 2,5 милиони евра се наменети за
канализациони системи и пречистителни станици во Ѓорче Петров и во
Сарај и колектор на левиот брег на Вардар во Скопје пред да се направат
каскади. Државата ќе вложи и еден милион евра за изградба на жичарница
од Средно Водно до Милениумскиот крст, како и околу 1,5 милион евра за
изградба на водоснабдителни и канализациони системи во повеќе населени
места во државата.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9C804DF089955C4DB68BCA86C5A2E4CD |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#182 Posted: 08-Dec-2008 at 23:34 |
Коридорот 8 приоритет на Бугарија и Албанија
Покрај Македонија и нашите соседи, Бугарија и Албанија сметаат
дека е неоходно да се интензивираат активностите за конкретизирање на
изградбата на Коридорот 8. Ова во Тирана го нагласија претседателите на
Албанија и Бугарија, Бамир Топи и Георги Прванов, кои притоа нагласија
дека овој коридор е од големо значење за земјите од регионот. Прванов
во Тирана изјави дека официјална Софија се залага земјите од регионот
на западен Балкан целосно да се интегрираат во НАТО и ЕУ.
http://vecer.com.mk/?ItemID=AB7CAC32AFA9704E9AE421CF7C30335F |
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#183 Posted: 04-Dec-2008 at 16:13 |
Во август минатата година Општина Кисела Вода изгради трим-патека за
возење на ролерки и велосипеди покрај железничката пруга. |
ne da ne ja biva ovaa trim pateka,koga ja pravea ni go izramnia mestoto ubavo, ni go istanponiraa ni pa trevata ja iscistija,patekata e cela so dupki i cela e neramna tumbi rumbi  ako ja napravat i taa vo dracevo vaka propala investicija ke bide,za trcanje sigurno nema da bide a za vozenje na kros moze,zasto ovaa sto ja ima sea vo k.voda samo i za toa ja biva.
Edited by Б.Ѓ.Т - 04-Dec-2008 at 16:15
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#184 Posted: 26-Nov-2008 at 03:59 |
Регионална средба за Коридорот 8 на 2 декември во Тирана
Тирана, 25 ноември (МИА)
- На 2 декември во Тирана ќе се одржи регионална средба посветена на
Коридорот 8, на која ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Никола
Гуевски, на Албанија, Сали Бериша, на Бугарија, Георги Парванов и на
Италија, Силвио Берлускони, информира тиранската телевизија Топ-ченел.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана,
четворицата премиери ќе разговараат за начините и можностите за
повторно популаризиање на Коридорот 8.
Шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини
при неодамнешниот престој во Тирана истакна дека изградбата на
Коридорот 8 претставува приоритет за Италија.
Во Тирана ќе престојуваат и министрите за транспорт и врски на четирите земји, кои ќе потпишат повеќе спогодби.
Според албанските медиуми, Бериша со неговиот стар
пријател Берлускони одвоено ќе разговара и околу изградбата на
нуклеарка во Албанија со финансиска подршка на Италија.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=59422101&lId=1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#185 Posted: 20-Nov-2008 at 01:29 |
Автопати и далноводи за три милијарди евра
Најголемиот дел од парите ќе биде позајмен како заем од Светската банка

Доизградба на
Коридорот 8, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, патот до
ски-центарот Кожув, обиколницата на Охрид и далноводот Штип-Ниш
се дел од проектите што Владата најави дека ќе ги гради во следните три
години. Дознаваме дека е планирано да бидат потрошени 2,7 милијарди
евра, но ниту една државна институција не сакаше да ја потврди
информацијата. Со овој инвестициски циклус во сообраќајната и во
енергетската инфраструктура власта сака да ја заштити земјата од
негативните последици од светската економска криза. Според најавите на
Комитетот за инвестиции, со кој раководи премиерот Никола Груевски,
најголемиот дел од парите ќе бидат заем од Светската банка, а остатокот
ќе бидат од Буџетот.
ИНФО-Владина третолетка
Со тригодишната инвестициска програма за сообраќајната и за
енергетската мрежа, Владата се надева дека ќе ги неутрализира
негативните ефекти од светската криза. Планирана е изградба и
модернизација на патиштата, изградба на далновод, хидроцентрала, брана,
отворање нови рудници и набавка на стотина товарни вагони. Најголемиот
дел од парите ќе бидат заем од Светската банка, а остатокот ќе бидат
буџетски средства.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9EC1A94E3A0AA947953DF053E2DCE9AA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#186 Posted: 12-Nov-2008 at 01:22 |
Мене ме фаќа страв од онаа не толку јавно зборена метода што се применува кај нас, посебно по општините. Реди бекатон како будала на секој ќош и задужи се, па тој после тебе нека враќа, па по него нека плука народ дека не праел ништо.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#187 Posted: 12-Nov-2008 at 01:18 |
 Ваљда нема да забегаме колку Хрватска. Ако се работи одговорно и ако парите се строго и обмислено канализирани, тогаш трендот е добар. Но тука има големи прашалници колку одговорно и обмислено ќе се работи...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#188 Posted: 12-Nov-2008 at 00:50 |
 Мене ова ми изгледа дека се прави во Хрва цка мустра. Она што го направи Хрватска пред неколку години тоа сега ние вањда ќе го правиме. Преголемо задолжување надвор кое би требало да резултира со зголемен економски раст кој пак ќе придонесе за враќање на кредитите. Но Хрватска има 7 миљарди приход само од туризам, а да не праиме муабет за другите гранки, а ние од што ќе враќаме?! Од земјоделие и селски туризам?!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#189 Posted: 12-Nov-2008 at 00:47 |
За новиот буџет ќе плаќаме со децении
Сите држави ги намалуваат трошоците, само нашата инвестира и го игнорира падот на трговската размена со светот и растечката загуба во платниот биланс, вели професор Мирољуб Шукарев
 Една петтина од буџетот од 2,680 милијарди евра ќе биде инвестирана во инфраструктурни проекти
Храбро, но многу ризично. Вака економските експерти го коментираат
владиниот план да ги зголеми буџетските расходи в година и со повеќе
јавни инвестиции да ги неутрализира ефектите од глобалната криза и да
поттикне економски раст. Министерот за финансии Трајко Славески во
минатата недела соопшти дека една петтина од досега најголемиот буџет
ќе биде инвестирана во инфраструктурни проекти. Буџетот во наредната
година ќе биде за 9,5 отсто поголем од годинашниов и ќе изнесува 2,680
милијарди евра. Владата храбро влегува во голем ризик. Тој можеби ќе
биде исплатлив, но можеби не. Во многу критични времиња Владата го
зголемува буџетскиот дефицит и ги задолжува идните генерации да го
исплатуваат долгот што сега ќе расте поради инвестициите. Учеството на
дефицитот во бруто-домашниот производ е премногу високо. Тој ни
најавува дека во иднина ќе го плаќаме владиниот план - предупредува
професор Ванчо Узунов.
Владата најави дека најголемиот дел од
проектите ќе ги кредитира со пари од Светската банка, Европската банка
за обнова и развој, Европската инвестициска банка и од домашните банки.
Експертите се загрижени дека тоа ќе ја зголеми надворешната задолженост
на државата. Тие предупредуваат дека Владата, ако користи кредити за
инвестициите од домашните банки, индиректно ќе им го отежне пристапот
до кредити на приватните фирми.Буџетскиот дефицит в година ќе изнесува
2,8 отсто од БДП, односно 190 милиони евра. Тој ќе биде поголем од
годинашниов, кој се очекува да биде 1,5 отсто од БДП.
Според
Мирољуб Шукарев, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, во
светската практика не е непознато владите преку буџетските инвестиции
да ја поттикнуваат домашната економија. Тој го наведува примерот на
Шведска, во која околу 70 отсто од бруто-домашниот производ се создава
од буџетските инвестиции. Сепак, тој признава дека, во услови кога
државите ги намалуваат трошоците, невообичаено е само нашата да
инвестира и да го игнорира падот на трговската размена со светот и
растечката загуба во платниот биланс. Трговскиот дефицит до крајот на
септември се искачи на 2,2 милијарди евра, а загубата во платниот
биланс е во висина од 7 отсто од БДП на Македонија.
- Правило е
во услови на криза владите секогаш да штедат. Напротив, нашата влада
планира да ги зголеми трошоците. Предлог-буџетот за 2009 година и
политиката што владата планира да ја реализира со него се чиста
алхемија. Со неа сигурно ќе постигне еднократен ефект, економски раст.
Но предимензионираното инвестирање, и тоа во услови на општа криза,
може да биде меч со две сечила. Јавните инвестиции треба да бидат
плански, дозирани и во сектори што ќе поттикнат раст - вели
Шукарев.Според економистите, кога ќе почнат да се реализираат
инфраструктурните проекти, градежништвото, кое најмногу ќе ќари од
владиниот план, ќе ангажира и други услужни и производствени сектори.
-
Планот сепак не ги опфаќа сите стопански сектори. Тој ќе создаде
дебаланс на пазарот и нерамноправни услови за стопанските субјекти.
Едни ќе ги собираат плодовите од владиниот инвестициски план, а други
ќе живуркаат под товарот на глобалната криза. Владата треба да се
замисли како тие ќе ги исполнуваат своите даночни обврски. Тоа не е
незначајно прашање ако се знае дека во 2009 година даноците ќе полнат
59 отсто од државната каса - предупредува Узунов.
ИНФО-Нови кредити
Дури 41 отсто од буџетот ќе се полни со кредити од Светската банка,
Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и
домашните банки. Експертите се загрижени дека тоа ќе ја зголеми
надворешната задолженост и предупредуваат дека Владата, ако користи
кредити од домашните банки за инвестициите, индиректно ќе ја ослабне
нивната кредитна способност да инвестираат во развојот на домашното
стопанство. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E0A7A62881F1BB4FB27F1D928C4C3297 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#190 Posted: 11-Nov-2008 at 10:43 |
Особено ме радува тоа дека го има Сончев град во листава. Не е само заради сончев град кој треба да се гради но воопшто таа комуникација е потребна. Само да ја изведат како што треба.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#191 Posted: 11-Nov-2008 at 04:00 |
Да биде барем половина од најавено, ја ќе бидам пресреќен.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#192 Posted: 11-Nov-2008 at 00:55 |
Што ќе се гради со 500 млн. евра од буџетот
 Предвидените 10 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија се многу малку, особено ако се има предвид дека изградбата само на еден покомплексен железнички мост чини толку
Сумата за патишта и пруги е огромна, но не се знае точно на што треба да се потроши
Билјана Ангеловска
Владата се охрабри да брцне подлабоко во сопствениот џеб за да издвои повеќе пари за реализација на стратегиски проекти од областа на сообраќајната инфраструктура. Според стокмениот предлог на буџетот за наредната година за продолжување на започнатите капитални проекти, како и за почнување нови проекти од патната и железничката мрежа, државата ќе одвои 30 милијарди денари, односно 500 милиони евра.
Сумата е доволно голема и респектабилна за да предизвика надеж дека ќе има работа за домашната градежна оператива. Но, колку од тие средства ќе се реализираат и што, всушност, може да се направи за тие пари, е прашање за кое допрва ќе елаборираат македонските градежници.
Предлог-буџетот за 2009 година обезбедува дополнителни 20 милиони евра што ќе бидат наменети за изградба на патни правци од Коридорот 8, за довршување на магистралниот пат Радовиш - Струмица, за изградба на трета лента на патот Градско - Прилеп, за Ски-центарот „Кожуф“, за изградба на обиколница на Охрид, Сончевград, патните правци Коломот - Брезница, Тетово - Јажинце и други. Исто така, буџетот обезбедува и дополнителни 10 милиони евра за изградба на железничката пруга - Коридор 8, кон Бугарија, а други 10 милиони евра ќе бидат наменети за експропријациски активности на коридорите 8 и 10, на патот Миладиновци - Штип и на некои други магистрални и регионални патишта. За изработка на проекти и физибилити-студии се предвидени 7,5 милиони евра.
Колку пари ќе бидат одвоени за секој од овие проекти поединечно, засега не е јасно. Најскап проект, најверојатно, ќе биде железничката пруга од Коридорот 8, кон Бугарија, особено ако се гради и кракот кон Ќафасан, како што се најавува. Сите останати проекти се релативно поевтини, бидејќи се работи за магистрални, па дури и регионални патни правци. Сумирано се' заедно тешко дека ќе надмине половина од ветените 500 милиони евра. Затоа засега не е јасно на кои други капитални инфраструктурни проекти ќе се потрошат останатите средства кои се огромни за македонски услови.
„Во маса гледано, 500 милиони евра е повеќе од солидна сума што, објективно, македонското градежништво не може да ја апсолвира комплетно, бидејќи нема доволно кондиција за такво нешто. На пример, за првите девет месеци од годинава најголемите градежни компании во државава имаа реализација од околу 60 милиони евра. Но, најверојатно, на новите тендери ќе се јават и странски фирми, па ќе има и конкуренција“, вели генералниот директор на АД „Гранит“, Страшо Милковски.
Македонските градежни работници се едногласни дека предвидените средства даваат надеж дека ќе има работа на домашниот градежен пазар. Особено што ќе има пари за да продолжи изградбата на пругата кон Бугарија, проект започнат пред петнаесетина години, но никако да дојде до крајот.
„По еден долгогодишен пост и тотален застој, ова е охрабрувачки сигнал. Тоа значи дека сега има шанси нешто да се работи и дава надеж дека железничката пруга конечно ќе се изгради. ’Пелагонија‘ работеше на потегот од Ранковце до границата со Бугарија, каде што е направен граничниот тунел, изградени се девет моста и половина траса. Сепак, предвидените 10 милиони евра се многу малку, особено ако се има предвид дека изградбата само на еден покомплексен железнички мост чини толку“, истакнува Цанко Панов, технички директор во ГД „Пелагонија“.
Тој потенцира дека се малку и 20-те милиони евра наменети за изградба на патни правци од Коридорот 8 и за други магистрални и регионални патишта. Дотолку повеќе што токму од патниот правец Радовиш - Струмица се останати незавршени 15 километри кои, според Панов, сигурно ќе чинат најмалку 15 милиони евра.
Градежниците не сакаат детално да ги коментираат сумите предвидени во поодделните ставки, бидејќи, како што велат, се' уште го немаат видено Буџетот. Сепак, сметаат дека парите се малку, особено ако се знае дека изградбата на еден километар магистрален пат, во зависност од тоа дали и какви објекти има, тунели, мостови и слично, чини околу 1,5 милион евра, додека еден километар автопат, особено ако се гради на потежок терен, чини над три милиони евра. Изградбата, пак, на еден километар железнички мост, во зависност од неговата должина и висина, може да достигне и 8, па и 10 милиони евра.
„Предвидените 20 милиони евра наменети за изградба на патни правци се многу малку. Што се однесува до пругата кон Бугарија, сите четири големи градежни компании веќе имаат договори и почната работа на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, додека за делот од Крива Паланка до граница со Бугарија, значи за уште 13 километри, треба да се распише нов тендер. Оттаму, предвидените 10 милиони евра се смешно малку пари. Само толку пари се потребни за да може ’Бетон‘ да го доврши својот дел од работата, а каде се останатите фирми, каде е новата делница што допрва треба да почне со изградба“, вели извршниот директор на АД„Бетон“, Трајко Трпевски.
Градежниците сметаат дека дополнителни средства неопходни за изведба на конкретни проекти најверојатно ќе бидат обезбедувани со ребаланс на Буџетот. Од друга страна, факт е дека барем во првата половина од наредната година нема да може интензивно да се работи на пругата, бидејќи, пред се', ќе треба да се завршат одредени подготвителни работи и да се изврши санација на она што е направено досега. Оттаму, градежниците се на став дека во текот на годината ќе се префрлаат средства од еден проект на друг и притоа ќе се одредуваат приоритетни проекти во кои тие ќе се насочуваат.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#193 Posted: 09-Nov-2008 at 03:34 |
ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ ЗА 2009 ГОДИНА
Рекордна каса за кризни времиња
Буџетот е скроен така што со јавни инвестиции во инфраструктура да ги намалиме негативните влијанија од глобалната економска криза, вели Трајко Славески, министер за финансии
Владата испланира рекордно висок буџет за наредната година од 2,680 милијарди евра. Тоа е 9,5 отсто повеќе во државната каса отколку годинава, а 234 милиони евраповеќе отколку лани. Астрономска е и стапката на предвидениот буџетски дефицит од 190 милиони евра.
Според министерот за финансии Трајко Славески, државата каса за идната година е проектирана да може со јавни инвестиции во инфраструктурата да се намалат штетните влијанија од глобалната економска криза. Славески сепак не можеше да каже колку ќе се задолжи државата за сите проекти што планира да ги реализира в година, а од кои очекува економски раст од 5,5 отсто и зголемување на вработеност од 4 отсто.Годинава ќе ја завршиме со дефицит од 1,5 отсто од бруто-домашниот производ, а в година тој ќе се искачи на 2,8 отсто од планираниот БДП.
- Владата в година ќе скуси многу од своите тековни расходи за да издвои повеќе пари за капитални инвестиции. Најголемиот дел од народните пари ќе одат за изградба на инфраструктура, но и за проекти од областа на образованието и културата. Околу 70 милиони евра ќе се искористат за изградба на патишта и железници - вели Славески.Државната каса и в година најмногу ќе се полни од даноци. Тие ќе изнесуваат 59 отсто од вкупните извори што го полнат буџетот. Успешното реализирање на даночните реформи ја поттикна Владата да скрои таква даночна рамка.
Најголемиот дел од расходната страна на буџетот за в година ќе бидат капиталните инвестиции во патната и во железничката инфраструктура. Тие ќе изнесуваат околу 48 милиони евра, што е за 9 отсто повеќе од буџетските трошоци за истата намена годинава. Владата планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра за изградба на повеќе патни правци низ државата, меѓу кои и најзначајните, коридорите 8 и 10. За доизградба на железничката пруга што ќе ги поврзува Македонија и Бугарија в година ќе се одвојат 10 милиони евра. Од државната каса ќе се субвенционираат бесплатните учебници и превоз за средното образование, изградбата на социјалните станови.
|
Edited by vardar - 09-Nov-2008 at 03:35
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#194 Posted: 08-Nov-2008 at 13:39 |
На Гевгелија и претстои забразан економски развој

Деновиве
и официјално започна комунално инфраструктурното уредување на
индустриската зона “Блокотехна“ каде се огласени за продажба уште 20
нови локации.
Стартува и проектот “Парк на ветрови“ со поставување на првите
ветерници од страна на австриската компанија “Нова енергија“ а во полн
ек е изградбата на мостот “Сува река“ кој ќе ја поврзе Гевгелија со
пограничниот реон и со македонско-грчката граница.
Забрзано се работи и на урбанистичките планови за потегот од
граничниот премин Богородица до мотелот “Вардар“ за стопанските зони
Негорци, Расадник и техничкиот парк Прдејци со што ќе се задоволат
барањата на инвеститорите за нови вложувања во општина Гегелија. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43692&kategorija=2 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#195 Posted: 04-Nov-2008 at 23:33 |
Originally posted by гитардемон
фала на објаснувањето само за резидор имав слушнато ама радисон некако не ми звучеше познато. штета што нема алатка за пребарување на форумов, инаку немаше да досадвам. ајде сега онтопик |
Има... Search опцијата е направена и работи. Нема врска сигурно не досаѓаш 
Edited by pbanks - 04-Nov-2008 at 23:33
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#196 Posted: 04-Nov-2008 at 23:27 |
фала на објаснувањето само за резидор имав слушнато ама радисон некако не ми звучеше познато. штета што нема алатка за пребарување на форумов, инаку немаше да досадвам. ајде сега онтопик
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#197 Posted: 04-Nov-2008 at 22:36 |
Да тоа е. Нишката се вика "Резидор" ќе најдеше сите информации што те интересираат.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#198 Posted: 04-Nov-2008 at 22:24 |
безврска прашање, ама не сум го сретнал ова досега радисон сас хотелот... ова е то зад рамстор или? кога почна да се гради ако е то, а ако не кај е, и кога почна да се гради?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#199 Posted: 04-Nov-2008 at 22:05 |
Јанакиески најави активности за довршување на железничкиот дел од Коридорот 8
Скопје, 4 ноември (МИА)
-
На прес-конференцијата беше потсетено и
на активностите на Министерството за транспорт во изминатите 100 дена
за издавање под концесија на аеродромскиот систем на турски ТАВ,
доделените три одобренија за 3 Г технологијата, донесениот Закон за
јавна чистота, намалувањето на радиодифузната такса, престаниокот на
договорите за концесија, пуштањето во употреба на патот до манастирот
„Св.Преображение“ во Крушево, кој почна да го гради Тоше Проески. Беше
потсетено и на активностите за воведување електронско аплицирање за
ЦЕМТ дозволи, поставувањето камен-темелник за изградба на хотел
„Радисон САС“ во Скопје и на трговски центар во Скопје, акцијата за
чистење на коритото на реката Вардар, обезбедените дополнителни
транспортни дозволи, градежните работи за изградба на делницата
Табановце - Куманово.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&lId=1 |
Edited by lslcrew - 04-Nov-2008 at 22:14
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#200 Posted: 28-Oct-2008 at 00:52 |
ЈАНАКИЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ГРАДЕЖНИЦИТЕ
Гредежништвото го ѕида БДП-то
Градежништвото во првите два квартали од годинава имаше најголем пораст во производството и со тоа стана лидер во креирањето на бруто-домашниот производ. Владата има намера ваквиот тренд да продолжи и во наредната година бидејќи се планирани големи инвестиции во инфраструктурата, особено за патиштата и железницата. Министерот за транспорт Миле Јанакиески на вчерашната средба со градежни компании од земјава најави инвестиција од 120 милиони евра за рехабилитација на повеќе регионални и локални патни правци. - При крај е постапката за изградба до ниво на автопат и давање на патни делници под концесија. Информацијата ќе се разгледува на денешната седница на Влада. Интересно е што се водат преговори со компании за реализација на делници од железничкиот Коридор 8 кон Албанија. Значи, дека во 2009 година не очекува богата градежна активност во инфраструктурата - рече Јанакиески.
Запрашан дали верува дека ќе се реализираат планираните инвестиции во 2009 година, со оглед на тоа што во Хрватска и Црна Гора веќе се стопирани и странските инвеститори поради глобалната криза ги запираат градбите во фаза на карабина, Јанакиески рече дека Владата ќе направи се за градежништвото да оди напред. - Факт е дека одредено влијание кризата во светот ќе има врз градежништвото. Тоа бурно го следиме, но ќе продолжиме и во иднина преку продажба на градежно земјиште од кое во последните три години остваривме приход од 40 милиони евра - истакна Јанакиески. Тој пред градежниците ги презентираше новините во Законот за градба кој е во сила веќе две години, но беше нефункционален поради немањето на подзаконските акти - правилници за добивање на овластување и за лиценцирање на градежните компании.
|
|
 |