Author |
Topic Search Topic Options
|
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#2061 Posted: 01-Mar-2010 at 09:56 |
Македонските аеродроми ќе се модернизираат
Аеродромот во Скопје
Турската компанија ТАВ официјално ќе го преземе стопанисувањето со аеродромите во Скопје и во Охрид во наредните 20 години. Тие најавуваат инвестиција од најмалку 200 милиони евра, иако имаат проблеми со кредитирањето.
За две години Македонија треба да добие два модерни аеродрома. Турската компанија ТАВ по две одложувања конечно започнува со реализација на процесот за модернизација на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид со кои ќе стопанисува во наредните
Аеродромот во Скопје
две децении. ТАВ веќе започна дел од активностите за продолжување на полетно- слетната писта на скопскиот аеродром и локацијата на која треба да се изгради нова терминална зграда. Целосната реализација на овој проект е предвидена за околу две години.
Кои се условите од договорот?
Според концесискиот договор, Турците треба да инвестираат околу 200 милиони евра, да ги задржат на работа сите 760 вработени во наредните седум години и да не ги намалат нивните плати. Новите газди на вработените на аеродроми им дадоа писмени гаранции дека ќе го почитуваат она што стои во договорот
Претседателите на самостојниот и на независниот аеродромски синдикат Стево Трајковски и Марјан Илиевски се надеваат дека договорот ќе се почитува. Изјавија дека им бил ставен на увид делот за кадровската политика од концесискиот договор меѓу Владата и концесионерот. Добиле ветување дека ќе се потпише нов колективен договор во кој ќе се утврдат сите надоместоци на плати и подобрување на условите за работа во зависност од успешноста на работниот процес.
Со влезот на ТАВ се очекува раздвижена фреквенција на патниците
Аеродромот во Скопје
Претставниците на ТАВ изминатата година целосно ја скенираа состојбата. Инвестицијата ја одложија на двапати поради финансиската криза. Владата не само што го толерираше доцнењето, туку на Турците им додели бонус плус во делот на обврската за изградба на карго аеродромот во Штип, која од три се прошири на десет години рок. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е оптимист дека ТАВ ќе го реализира процесот.
Македонските власти со влезот на ТАВ очекуваат конечно да се раздвижи и фреквенцијата на патници во авиосообраќајот која е на речиси очајно ниво. Она што досега не му успеа никому, да ги привлече нискобуџетните компании кои рекламираат летови за 19 евра без пресметани аеродромски такси, сега треба да биде задача на ТАВ.
Автор: Костадин Делимитов
Редактор: Александра Трајковска |
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5299735,00.html?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#2062 Posted: 01-Mar-2010 at 01:28 |
Па штом за еден цел самит на НАТО со претседатели, кралеви и премиери беше доволно, не гледам зошто да не е? Не си во право кога викаш дека има кој знае колку самити. Еднаш на 2-3 години има самит од повисоко регионално ниво (балкански премиери и претседатели), а еднаш до два пати годишно самити каде што ги носат некои министри со кола (сигурно не им даваат авиони на министрите за екологија на БиХ и на Србија).
Ама ај да не сум во право, сепак нели станува збор и за зголемување на бројот на патници на долгорочен план? Не може да истрпи уште многу таа „автобуска станица“ со тој капацитет.
Edited by гитардемон - 01-Mar-2010 at 01:30
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#2063 Posted: 01-Mar-2010 at 01:16 |
Вип lounge, мислиш како едно собче одвоено во самата терминална зграда? Тоа не функционира така.
И не би рекол дека Охрид добива 3 ВИП гости годишно. Секоја година има по неколку регионални самити на кои доаѓаат куп претседатели, премиери, да не зборуваме дека летно време тоа е честа дестинација на сите државни претставници од странство што ја посетуваат земјата.
Добра ВИП зграда е неопходна во Охрид. А терминалната зграда е сосема доволна, за оние 2 авиона неделно што слетуваат, а не се владини лирџетови.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#2064 Posted: 01-Mar-2010 at 00:47 |
VIP lounge има, и беше реновиран во 2004 за самитот на НАТО. Административна зграда има, и каква таква, таа не е најважна. На патниците не им е гајле во каква просторија седат службениците, или тројцата vip патници кои доаѓаат годишно. Тоа сакав да кажам. А како ќе биде изведена реновацијата на постоечкиот терминал ќе видиме допрва. А ако ни треба цела vip зграда во Охрид, тогаш што да речам...
Edited by гитардемон - 01-Mar-2010 at 00:49
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#2065 Posted: 01-Mar-2010 at 00:13 |
Originally posted by гитардемон
Не сфаќам зошто е предвидена нова административна и нова VIP зграда, а постоечкиот терминал да се нашминка малку. Како мислат да успеат вака? Колку VIP гости има во Охрид? |
ВИП зграда се гради бидејќи ја нема.
А терминал се реновира, бидејќи го има.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#2066 Posted: 28-Feb-2010 at 19:10 |
Не сфаќам зошто е предвидена нова административна и нова VIP зграда, а постоечкиот терминал да се нашминка малку. Како мислат да успеат вака? Колку VIP гости има во Охрид?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2067 Posted: 28-Feb-2010 at 19:03 |
Претставниците на ТАВ ја скенираат состојбата на охридскиот аеродром
Охрид, 28. февруари (ИНПРЕС)
Веќе неколку
дена преставници на турската компанија ТАВ која од 1 март ќе започне да
управува со македонските аеродроми ја скенира состојбата и на
охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Од
вчера интензивно се работи на скенирање на целокупната состојба на
аеродромот. Никој од додегашните вработени нема да биде отпуштен од
работа или пак ќе му биде намален досегашниот личен доход. Едноставно
се доделуваат нови решенија за работа и се врши прераспределување на
вравотените од едно на друго работно место, тврди директорот на
охридскиот аеродром Борис Стефановски:
- Од денес започнуваат понудите и во рок од 15 дена секој од
вработените треба да одговори на понудите за нови договори, а во
договорите и понудите е наведено дека тие се во важност од 7 години.
Вработените како надоместок ќе примаат личен доход најмалку како оној
што го примале до сега, дури и да има промена на работното место од
повисоко на пониско вредноста на платата ќе остане иста.
Стефановски вели дека турците се задоволни и од моменталната
состојба и на охридскиот аеродром, а нивните очекувањата се дека по
подобрувањето на нфраструктурата на аеродромот, бројот на патници и
летови значително ќе се зголеми:
- Во Охрид нема да се прави реконструкција на полетно слетната
патека. Овде ќе се прави нова административна зграда и паркинзи, а ќе
се вложи многу во обновување на опремата. Пред извесно време овде беа
нивни екипи, и направија мерење на теренот.
Според договорот инвестицијата на охридскиот аеродромот треба да се
реализира за 20 месеци. Турската авиокомпанија денес брои 13.000
вработени и остварува годишен приход од околу 630 милиони евра.
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=F04E294E32D83341BD6BB2AC01D118D1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2068 Posted: 26-Feb-2010 at 01:02 |
ТАВ допрва ќе бара пари

Инвестицијата
од 200 милиони евра за модернизација на македонските аеродроми целосно
ќе се реализира, иако се' уште не е затворена финансиската
конструкција, гарантира Мурат Орнекол, оперативен директор на турскиот
холдинг
Турскиот холдинг ТАВ в понеделник официјално ќе ги преземе на
дваесетгодишно управување аеродромите во Скопје и во Охрид, а со
изградбата на карго-аеродромот во Штип ќе почне по десет години, откако
ќе заврши метеоролошката студија за локацијата. Ова, вчера на средба со
новинарите во Скопје го изјави главниот оперативен директор на ТАВ
холдинг, Мурат Орнекол. Тој гарантираше дека целосно ќе се реализира
инвестицијата од 200 милиони евра за модернизација на македонските
аеродроми, иако се' уште не е затворена финансиската конструкција.
-
Имаме една група банкари што веќе преговараат со 20-25 претставници од
институции, предводени од Стандард банка, од турскиот конзорциум Халк
банка, кои ќе ја обезбедат финансиската конструкција. Тоа ќе потрае
неколку недели, но не значи дека нема да почнеме со работата. Напротив,
таа ќе почне со пари обезбедени од сопствени извори и во соработка со
неколку други банки - рече Орнекол.
Според него, изградбата на
карго-аеродромот во Штип се одлага за да се запазат стандардите на
Меѓународната асоцијација за цивилно воздухопловство, кои предвидуваат
низ 10-годишна метеоролошка студија да се утврди дали локацијата ги
исполнува условите за изградба на аеродром. Орнекол гледа економска
исплатливост на карго-аеродромот во натамошниот економски развој на
државата и очекувањата за инвестиции по членството на Македонија во
Европската Унија.
Главната церемонија со поставување
камен-темелникот се најавува меѓу 15 и 20 март, во присуство на
премиерите на Македонија и на Турција и на раководството на ТАВ холдинг.
Согласно
концесискиот договор со Владата, повтори Орнекол, ТАВ гарантира за
работните места на вработените во скопскиот и во охридскиот аеродром,
со нивните постојни права. Покрај постојните вработени, кои веќе се
преземени од новоформираната компанија ТАВ Македонија, ќе бидат
ангажирани и кадри од ТАВ, а турскиот инвеститор ветува и ангажман на
домашни градежни фирми во реконструкцијата и во модернизацијата на
аеродромите.
- Преферираме да работиме со локален персонал и со
локални компании и сакаме да придонесеме за развојот на економијата во
Македонија - рече Орнекол.
Тој истакна дека ТАВ ќе се залага да
привлече што повеќе авиокомпании на македонските аеродроми за да
оствари исплатлива инвестиција.
- Целта е да се здобиеме со
предност пред конкуренцијата во регионот и да ги привлечеме
авиокомпаниите со кои работиме низ целиот свет. Веќе преговараме со нив
да слетуваат во Македонија, но не заборавајте дека самите компании
одлучуваат за цените на летовите. Ако немате домашен авиопревозник,
тогаш ја губите шансата да добивате летови од другите земји. Се
обидуваме да привлечеме компании да дојдат во Македонија со цел да се
регистрираат како национален авиопревозник. Во спротивно,
авиосообраќајот ќе биде блокиран - рече Орнекол.
Согласно
Договорот за концесија, на аеродромот „Александар Велики“ е предвидена
изградба на нова терминална зграда од 40.000 квадратни метри, да се
продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, да се инсталира систем
за навигација и друга опрема за аеродромот да функционира во согласност
со меѓународните стандарди. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
треба да се изврши реновирање на објектите во карго-центарот, да се
изгради ВИП-објект, да се реконструира административна зграда и друго.
Турски
ТАВ оперира во аеродроми во седум земји и опслужува 42 милиона патници
годишно. Во проекциите за Македонија предвидува годишен проток од 5
милиони патници на скопскиот и 200 илјади на охридскиот. ТАВ и Владата
склучија Договор за концесија во септември 2008 година, но
инвестицијата беше одложена поради неможноста турската компанија да
обезбеди пари поради светската економска криза. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C68B738203F096448EB8D3D49353348B |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2069 Posted: 25-Feb-2010 at 17:13 |
ТАВ најави преземање на аеродромите в понеделник |
|
|
Турски
ТАВ денеска најави дека в понеделник, официјално со мала церемонија, ќе
го преземе стопанисувањето со аеродормите во Скопје и во Охрид согласно
20 годишниот концесиски договор со македонската Влада |
|
|
|
 |
|
Се
уште не е затворена финансиската конструкција за најавената инвестиција
од 200 милиони евра, но според главниот оперативен директор на ТАВ
холдинг Мурат Орнелек, се преговара со група банки и инвестицијата ќе
се реализира. - Имаме една група банкари
кои веќе се во преговори со 20-25 претставници од институции,
предводени од Стандард банка, од турскиот конзорциум Халк Банка, кои ќе
ја обезбедат финансиската конструкција. Тоа ќе потрае неколку недели,
но не значи дека нема да започнеме со работата. Напротив, таа ќе
започне со средства обезбедени од сопствени извори и во соработка со
неколку други банки, појасни на средба со новинарите Орнелек. Според
него, реконструкцијата и модернизацијата на аеродромите „Александар
Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ТАВ ќе ја почне со
сопствени финансии, а изградбата на карго аеродромот во Штип ќе
стартува по 10 години. Таа се одлага за да се запазат стандардите на
Меѓународната асоцијација за цивилно воздухопловство кои предвидуваат
низ 10 годишна метеоролошка студија да се утврди дали локацијата ги
исполнува условите за изградба на аеродром. Економска исплатливост на
карго аеродромот Орнелек гледа во натамошниот економски развој на
државата и очекувањата за инвестиции по членството на Македонија во
Европската унија. Официјалното преземање ќе биде
в понеделник со мала паралелна церемонија на аеродромите во Скопје и во
Охрид, додека главната церемонија со поставување камен
темелникот Орнелек ја најавува меѓу 15 и 20 март, во присуство на
премиерите на Македонија и на Турција и раководството на ТАВ холдинг. Согласно
концесискиот договор со Владата, повтори Орнелек, ТАВ гарантира
за работните места на вработените во скопскиот и во охридскиот
аеродром, со нивните постоечки права. Покрај постојните вработени кои
се веќе преземени од новоформираната компанија ТАВ Македонија ќе бидат
ангажирани и кадри од ТАВ, а турскиот инвеститор ветува и ангажаман на
домашни градежни фирми во реконсутрукцијата и модернизацијата на
аеродромите. - Преферираме да работиме со
локален персонал и локални компании и сакаме да придонесеме за развојот
на економијата во Македонија, рече Орнелек. Тој
истакна дека ТАВ ќе се залага да привлече што повеќе авиокомпании на
македонските аеродроми за да оствари исплатлива инвестиција. -
Целта е да се здобиеме со предност пред конкуренцијата во регионот и
да ги привлечеме авиокомпаниите со кои работиме низ целиот
свет, односно 300-те со кои соработуваме. Веќе преговараме со нив да
слетуваат во Македонија, но не заборавајте дека самите компании
одлучуваат за цените на летовите. Ако немате домашен авио превозник
тогаш ја губите шансата да добивате летови од другите земји. Се
обидуваме да привлечеме компании да дојдат во Македонија со цел да се
регистрираат како национален авио превозник. Во спротивно
авиосообраќајот ќе биде блокиран, рече Орнелек. Согласно
Договорот за концесија, на аеродромот „Александар Велики“ е предвидена
изградба на нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни, да се
продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, да се изгради паркинг за
автомобили, пристапен пат со нова клучка, инсталирање на системи за
навигација, да се изгради потребната комунална инфраструктура, доградба
или изградба на нова административна зграда, нов карго терминал, нова
противпожарна станица, нов паркинг за воздухоплови, како и набавка на
нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно
меѓународните стандарди. На аеродромот „Св.
Апостол Павле“ во Охрид, пак, треба да се изврши реконструирање на
постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот,
изградба на ВИП објект, пречистителна станица, реконструкција на
постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и
противпожарни возила, како и набавка на нова потребна опрема за
аеродромот согласно меѓународните стандарди. Турски
ТАВ оперира во аеродроми во седум земји и опслужува 42 милиони патници
годишно. Во проекциите за Македонија предвидува годишен проток од пет
милиони патници на скопскиот и 0,2 милиони на охридскиот. По
преземањето на аеродромите во рацете на турскиот инвеститор ќе биде
целокупното опслужување на патниците и безбедноста, за што во холдингот
функционираат посебни компании. ТАВ и Владата
склучија Договор за концесија во септември 2008 година, но
инвестицијата беше одложена поради неможноста турската компанија да
обебзеди пари, како резултат на светската економска криза. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=225101446262&id=84&prilog=0&setIzdanie=21919
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#2070 Posted: 23-Feb-2010 at 11:48 |
pbanks za patnicite e greska a toa za 6 milioni patnici mislam deka ne e greska.turcite taka najavuvaa.mozebi i gresam
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2071 Posted: 23-Feb-2010 at 10:42 |
 Да, грешка е... и други информации во статијава се збунувачки како терминал за 6 милиони патници годишно.
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#2072 Posted: 23-Feb-2010 at 00:12 |
Терминалот на аеродромот ќе биде 10 пати поголем

Техничките подготовки за аеродромот се во завршна фаза, а сите 800 вработени ги потпишале новите договори за работа Соња Маџовска
Дефинитивно
на 1 март турски ТАВ почнува со реконструкција на македонските
аеродроми. Наредниот понеделник официјално ќе се изврши
примопредавањето меѓу Министерството за транспорт и врски и ТАВ, со што
Турците ќе го преземат работењето на двата македонски аеродрома. Оваа
долгоочекувана инвестиција во Македонија сигурно нема да биде повторно
одложена. Моментно во завршна фаза се сите технички подготовки, велат
од Министерството за транспорт, а сите 800 вработени веќе ги потпишале
договорите за работа, со што и тие на 1 март ќе преминат во новата
фирма.
ТАВ уште од крајот на минатата година врши мерења и
испитувања на земјиштето на аеродромот „Александар Велики“. Од
Министерството за транспорт информираат дека турскиот концесионер ги
завршува обврските пред да почне со градба на новите објекти што се
предвидени со проектот за реконструкција. Претставниците на турски ТАВ
веќе преговарале и со Министерството за одбрана, бидејќи треба да се
исели воениот дел од скопскиот аеродром, зашто токму каде што сега е
лоциран, ќе треба да се гради новата зграда за терминал. Оваа зграда се
очекува да биде 10 пати поголема од сегашната. Според најавите, таа
треба да зафаќа површина од 40.000 квадратни метри, за разлика од
сегашната - 6.000 квадратни метри. Новиот скопски аеродром ќе може да
опслужи над шест милиони патници годишно. За споредба, минатата година
на аеродромот „Александар Велики“ имало околу 6.000 патници. Додека се
гради новата терминална зграда ќе функционира постојната. Според
проекциите, ќе се прават и нови паркинг-локации, а ќе има промени и во
пристапот кон аеродромот „Александар Велики“, односно се планира градба
на нова клучка. И пистата, на јужната страна, ќе биде продолжена за 500
метри.
Турците, инаку, ги преземаат аеродромите на концесија
од 20 години. Досега ТАВ двапати го одложи стартот на модернизацијата
на аеродромите и доби бонус од Владата за карго-аеродромот во Штип,
чија изградба е одложена за десет години.
Околу 800 вработени
од двата аеродрома треба да преминат во новата турска фирма на 1 март.
Сепак, при склучувањето на новите договори се јавија проблеми. Откако
вработените се побунија, концесионерот на синдикатите им даде писмени
гаранции дека во наредните седум години нема да ги отпушта и нема да им
ги намали платите. Дури тогаш вработените се согласија да стават потпис
на договорите со ТАВ. Сега од синдикатот велат дека постапиле во
согласност со договорот со новите газди, а очекуваат Турците да го
испочитуваат ветеното, а откако и официјално ќе профункционира ТАВ во
Македонија, ќе треба да го потпишат и новиот колективен договор во кој
ќе се утврдат и гарантираат сите надоместоци што треба да ги добиваат
вработените со платите.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9A18B412C9B33546A46EABBC6BB8B497 |
6.000 патници? Веројатно се мисли на 600.000!?
Edited by Мартин - 23-Feb-2010 at 00:13
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2073 Posted: 15-Feb-2010 at 04:25 |
Турски ТАВ ќе го заживее туризмот во Охрид
Претставниците
на ТАВ веќе еден месец работат и во делот на маркетингот. Нивните
маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа. Само доколку
на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да ја
подобриме и туристичката дејност - вели Дончо Танески од ХОТАМ
Туристичките
работници очекуваат туристичко заживување на Охрид по преземањето на
охридскиот аеродром од страна на турската компанија ТАВ. Турските
претставници од неодамна вршат скенирање на состојбата на аеродромот, а
од наредниот месец ќе започнат и со управување со Свети Апостол Павле".
Според Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиерските
работници - ХОТАМ, состојбите во туризмот ќе се променат на подобро по
преземањето на аеродромот од новиот концесионер. - Веќе еден месец
претставниците на оваа компанија работат и во делот на маркетингот.
Нивните маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа. Само
доколку на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да
ја подобриме и туристичката дејност. Големо е значењето на аеродромот и
туристичката промоција за развој на туризмот - вели Танески.
Дел, пак, од туристичките работници, иако сметаат дека современ
аеродром е причина за успешен развој на туризмот, сепак велат дека
основен проблем е и непостоењето на дефиниран туристички производ, кој
треба да не промовира надвор. Според нив сите чинители на туризмот
треба заеднички да работат во подобрување на климата, се со цел
привлекување на туристите. Претставниците на ТАВ веќе оствариле и
неколку средби со охридските хотелиери, туристички агенции, ресторани,
за изнаоѓање можности за развој на туризмот, а со тоа и на
авиосообраќајот.
Од охридскиот аеродром велат дека Турците се задоволни и од
моменталната состојба на Свети Апостол Павле". Нивните очекувања се
дека по подобрувањето на инфраструктурата на аеродромот, бројот на
патници и летови значително ќе се зголеми. Според најавите охридскиот
аеродром ќе добие нова административна зграда, како и нова целокупна
опрема за прифат на авионите, а ќе се прават и нови паркинзи. Засега
привршуваат подготовките за преземањето на Свети Апостол Павле", а
потпишани се новите договори за работа на вработените. Според
директорот на Свети Апостол Павле", Борче Стефановски, никој од
досегашните вработени нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе му
биде намален досегашниот личен доход. - Во новите договори кои се
со важност од седум години, стои дека вработените како надоместок ќе
примаат личен доход најмалку како оној што го примале досега - вели
Стефановски.
Според договорот со турскиот ТАВ инвестицијата на охридскиот
аеродром треба да се реализира за 20 месеци. Инаку, на охридскиот
аеродром моментално има два лета неделно за и од Цирих.
http://vecer.com.mk/?ItemID=A9B5CF11093EF345B02F284E2CBCC0CC |
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#2074 Posted: 12-Feb-2010 at 18:59 |
Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Аеродромите
во Македонија оваа година забележале зголемување на обемот на летови и
превоз на патници за 13.5 отсто, соопштуваат од Министерството за
транспорт и врски.
На аеродромот “Александар Велики“ во јануари 2010 биле остварени 927
летови со вкупно 44.822 патници, што претставува 5.7 отсто пораст во
однос на јануари, каде што бројот на превезени патници изнесувал 40.217.
На аеродромот “Св. Апостол Павле“ во јануари, минатата година бројот
на превезувани патници изнесувал 2.533, или околу 68.2 отсто повеќе
патници за разлика од ланската година.
Најголем пораст од 155.6 отсто во воздушниот сообраќај на двата аеродроми е забележан на чартер- линиите.
Со стапувањето во сила на договорот на концесија и модернизација на
македонскиот аеродромски систем, македонските аеродроми очекуваат
дополнително зголемување на летовите и патниците. |
http://www.time.mk/read/3ea08eda3c/1939cafcf0/index.html
|
 |
Firko
Newbiе
Joined: 21-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#2075 Posted: 10-Feb-2010 at 19:50 |
Да се согласувам со тебе! Но сепак потпишала договор дека ке ги задржи да не кажам издржава уште 7 години истите вработени кои ненаправија ништо за нашите аеродроми! Мора да има други начини како да се реши овој проблем, ова ме потсеќа како некој милјонер да купува очаен фудбалски тим и со истите играчи сака да стане Шампион!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2076 Posted: 10-Feb-2010 at 15:42 |
Јас мислам дека ТАВ доколку ги превземе аеродромите сигурно нема да се зеза со разноразни политички наместени полтрони и ако не веднаш релативно брзо ќе ги исфилтрира вработените.
сепак збориме за приватна фирма која тука дошла да прави профит а не да биде социјална установа.
|
 |
Firko
Newbiе
Joined: 21-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#2077 Posted: 10-Feb-2010 at 15:31 |
Знае ли некој што точно се договориле вработените на ЈП Аеродроми со новиот концесионер "Тав"?! И дали воопшто Тав ке продолжи да работи со полтрони или конечно ке видиме на аеродромите вистински порфесионалци!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#2078 Posted: 09-Feb-2010 at 23:40 |
Економија
Понудите на ТАВ ги збунија вработените на аеродроми
вторник, 09 февруари 2010, 16:34
Синдикатот на вработените на аеродромите ќе бара од министерот Јанакиески и претставниците на турски ТАВ да објаснат зошто дел од нив добиле понуди за договор за работа во ТАВ Македонија со наведени помали бруто плати. Реагираат дека договорите за работа се полни со нејаснотии и во нив не се наведени додатоците за хранарина, минат труд и слично.
Стево Тодоровски од самостојниот синдикат на аеродроми изјави дека на утрешната средба со надлежните ќе побараат одговор, по што ќе излезеле со официјален став. Синдикалците предупредуваат оти имало и најави дека фирми ќерки на ТАВ ќе преземале дел од дејностите на аеродромите. Маријан Илиевски од синдикатот на аеродроми при Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека засега не знаат точно кои ќе бидат овие дејности.
Вработените вчера еден по еден ги подигнуваа понудите за работа во ТАВ Македонија, потпишани од новиот извршен директор Мурат Орнекол. Во нив јасно стои дека работниот однос ќе се смета за прекинат доколку работниците во рок од 15 дена писмено не се произнесат за новите услови за работа.
Наспроти реакциите на синдикалците, од министерството за транспорт и врски велат дека согласно концесискиот договор немало да има намалувања на платите и отпуштања од моментот кога ТАВ ќе го преземе управувањето со аеродромите. Во реакцијата, министерството се повикува на концесискиот договор, чија содржина се` уште е тајна за јавноста.
|
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&egId=7&eventId=18138
Ете контрадикција на последниот параграф од претходната вест. Тешки нека се праведни со отпуштањето, да ги задржат само квалитетните, а не да си одат вредните, а да останат полтрони.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2079 Posted: 09-Feb-2010 at 23:26 |
Странци ќе го контролираат ТАВ

Меѓународна консултантска компанија ќе контролира дали турската фирма ТАВ ги реконструира македонските аеродроми според
договорот за концесија што го потпиша со Владата. Министерството за
транспорт и врски по вторпат за една година распиша јавен оглас преку
кој бара консултант што ќе врши надзор врз спроведувањето на
концесискиот договор. Првиот тендер пропадна бидејќи пријавените не ги
исполнувале пропишаните услови.
Избраната компанија ќе треба да
дава консултантски, архитектонски и инженерски услуги, како и да прави
технички испитувања и анализа на аеродромите во Скопје и во Охрид, но и
на просторот каде што по неколку години треба да се гради
карго-аеродромот во Штип. Консултантската компанија ќе биде ангажирана
за период од две години, а во тимот што ќе работи во Македонија треба
да вклучи искусни и стручни луѓе.
Од Министерството за транспорт
и врски објаснуваат дека во вториот оглас малку ги измениле условите
што биле пропишани во првиот.
- Претходниот оглас за избор на
консултант беше поништен поради неисполнување на условите од стана на
економските оператори. Односно, поради тоа што бројот на кандидати што
ги исполнуваат критериумите беше помал од минималниот број наведен во
огласот. Оттука, Министерството планира по пат на нова јавна тендерска
постапка да избере реномирана меѓународна компанија што ќе го врши
надзорот на концесискиот договор - велат од ресорното министерство.
Компаниите
заинтересирани за учество на јавниот оглас, меѓу другото, треба да
имаат најмалку три договори за развој и трансформација во транспортниот
сектор, вредни минимум половина милион евра. Тимот што ќе работи во
земјава треба да е составен од најмалку седум стручни лица, од кои дел
веќе реализирале сличен проект на некој аеродром со најмалку 800.000
патници на годишно ниво во последните 10 години. Всушност, токму овој
услов е сменет, споредено со првиот оглас, каде што се бараше
компанијата да има најмалку еден успешно реализиран договор за
трансформација на аеродроми со минимум милион патници годишно во
последните пет години.
Турската компанија веќе се подготвува
да ги преземе аеродромите во Скопје и во Охрид. По две пролонгирања на
рокот, ТАВ почна да го раскопува теренот за новиот терминал на
„Александар Велики“ во Скопје, чија изградба, според последните најави,
треба официјално да почне на 2 март. ТАВ на вработените во
акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на Македонија“
завчера им подели нови договори за работа, според кои, од 1 март тие ќе
преминат во компанијата „ТАВ Македонија“.
Според концесискиот
договор, ТАВ се обврза дека по преземањето седум години нема да отпушта
вработени, ниту пак ќе им ги намали платите. Синдикатот на вработените
во „Аеродроми на Македонија“ денеска треба да се сретне со претставници
на Министерството за транспорт и на турската компанија за да
разговараат околу нејаснотиите во новите договори за работа.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=105B53FA93CA234A95B9774AAD69431F |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2080 Posted: 06-Feb-2010 at 18:29 |
ГТЦ е над 100.000
Новиот веро е 40.000
|
 |