![]() |
![]() |
![]() |
Скопско Кале |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 32> |
Author | ||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
http://www.a1.com.mk/vesti/video-player.asp?Video=11%2Fpegja-31-01.wmv&VestID=133696
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pratenici-i-gradonachanici-od-dui-protiv-muzejot-na-kale a eve na ovoj sajt sto najdov interesno http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/istorijat-sreden-vek-3.html Крал Милутин во својата повелба од 1300 година дава опис на тогашно Скопје, посебно на тогашното Кале на кое се наоѓал тнр. Стар Акрополис. Говори за: Водена пирга (кула), Обла пирга, Голема врата..., како и за палати, дворци и цркви со кои изобилувале Скопје и неговото подградие. Од црквите, покрај веќе споменатите - Св. Ѓорѓи Скоропостижник, Св. Архангел Михаил и Св. Богородица Троерачица, која се наоѓала најверојатно на просторот меѓу Калето и Серава - тој ги спомнува: Св. Богородица, која се наоѓала кај Големата порта на тврдината, Св. Ѓорѓи на велможата Апокавк, која се наоѓала јужно од Св. Богородица Троерачица, Св. Никола, Св. Врачи, која најверојатно се наоѓала кај Серава, а малку посеверно од неа била црквата Св. Никое. Се спомнуваат и црквите: Св. Прокопиј, Св. Атанасиј и Св. Петка кои, според описот, најверојатно се наоѓале на просторот нешто малку посеверо-источно од денешнава Султан-Муратовата џамија. На ридот северно од Калето, пак, најверојатно се наоѓала црквата Св. Марина. Во една повелба на византискиот цар Андроник II од 1308 година се спомнуваат и црквите Св. Богородица Боришичина, која најверојатно се наоѓала на Калето, и Св. Јован Крстител, која подоцна била скопска катедрална црква. Во Милутиновата биографија од 1337 година, пак, се споменува и црквата Св. Константин и Јелена, која се наоѓала во тврдината на Калето. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
ШТО СЕ ГРАДИ НА КАЛЕТО - ЦРКВА ИЛИ МУЗЕЈ ?Нова демократија соопшти дека на Скопското Кале, кое е заштите објект од културно и историско значење, власта гради црква. Партијата смета дека со тоа се загрозува не само Калето, туку и соживотот во земјата. Паско... Нова демократија соопшти дека на Скопското Кале, кое е заштите објект од културно и историско значење, власта гради црква. Партијата смета дека со тоа се загрозува не само Калето, туку и соживотот во земјата. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство уверува дека Калето крие многу наследство и дека во конкретниот случај се работи за реставрација на стари темели, што потоа ќе претставува музеј, а не црква. http://www.time.mk/read/a63a784f92/ac0066a268/index.htmlКолку што го разбрав Паско ќе се реставрира црквата но таа ќе се користи како музеј. |
||
![]() |
||
SJCF ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 10-Nov-2009 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Киклопскиот ѕид е долг 130 метри. Излегува дека за секој метар од ѕидот ќе се потрошат 35 ИЛЈАДИ ЕВРА! ![]() |
||
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Не замервај запнале со Скопско кале, него што сакав да кажам ,се плашам дека тој киклопскиот зид ке го зафркнат додаска, иначе тоа е единствениот зид што остана од ТОГАШНОТО КАЛЕ. другот све е факе.
|
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
ДЕКА СЕ ТИА СКИЦИ?
КАДЕ СЕ ЛОКАЛИТЕТИТЕ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА? Бергала, Банско, вардарски рид, Цареви кули, Вилазора, Астибо??? |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
се тоа е во ред, само никој не ни кажа според што се „реконструира“ тврдината
![]() кај археолошки локалитети каде имаме само камења, обично се врши само конзервација, односно грижа и заштита, не знам зошто запнале толку, реконструкција, па реконструкција, реконструкција обично се врши на понови објекти, од кои имаме нацрти, вака на слепо не бива, од каде знаат како изгледал објект од праисторијата и средновековието? и зошто да се прави нова стара чаршија на калето, со толку многу објекти? и јас сакав објекти, ама многу подобро би било да има само еден мал музеј за артефактите и сувенирница во негов склоп за кафетерии, занаети и други тракатанци имаат простор наречен Стара чаршија во која наместо овие содржини, имаме други... |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Повеќе конзервација, помалку истражувања
Скопската тврдина е археолошкиот локалитет во земјава за кој годинава државата планира да потроши најмногу пари, како дел од капиталните проекти на Владата за заштита на културното наследство. Археолошките истражувања на Калето завршија, но годинава ќе се работи на конзервација, реставрација и реконструкција. Особено внимание ќе биде посвето на ревитализацијата, оживувањето на тврдината, вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, институција што ги координира капиталните проекти. Тој вели дека реализацијата на сите капитални проекти ќе продолжи и годинава, но со намален обем. - Мора да ја имаме превид кризата што с` уште е присутна во нашата средина. Во земјава има 6.000 локалитети. Во капиталните проекти влегоа оние што дале и ветуваат поголеми резултати од овие истражувања. И понатаму ќе продолжиме со нивната реализација, но со помал обем - вели Кузман. Според него, во преден план сигурно ќе биде Скопската тврдина. Веќе се подготвени скици, нацрти за изгледот на локалитетот, а наскоро треба да биде објавен и јавен конкурс на кој ќе се избира изведувачот. - На некои архитектонски археолошки остатоци ќе се изврши само конзервација и реставрација. На дел од тврдината ќе има конзервирани, реставрирани и презентирани објекти од праисторијата и од среден век, периодите од кои има најмногу остатоци - објаснува Кузман. На слободниот простор меѓу реставрираните делови ќе бидат изградени мали објекти што ќе бидат вклопени со амбиентот на Скопската тврдина, но со препознатливи белези дека се направени во 21 век. Тоа ќе бидат кафетерии, мали дуќанчиња како во Старата чаршија, занаетчиски работилници, продавници за сувенири. Откако ќе се заврши судскиот спор за ресторанот среде Калето, просторот археолошки ќе се истражи. На тоа место ќе биде изграден музеј на Скопската тврдина. Таму ќе бидат изложени артефактите откриени на локалитетот. Вакви планови имаше и за големите антички градови Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола, Стибера кај Прилеп. Тоа се огромни градови и треба повеќе време и големи археолошки тимови за целосно да се истражат. - Но поради кризната ситуација и недостигот од пари тоа не го реализиравме. Истражувањата сигурно ќе продолжат. Верувам дека секоја влада што ќе раководи со земјава ќе има чувство барем за овие локалитети - вели Кузман. На другите археолошки локалитети ќе продолжат истражувањата, на Исар кај, Штип, Цареви кули кај Струмица, Виничко кале, Тетовско кале и други. На некои ќе се врши конзервација и реставрација, како последна фаза од проектот. - На пример, на кастелот на Кожле, што се наоѓа покрај автопатот, по Катланово, ќе направиме конзервација. Нема повеќе да истражуваме, бидејќи тоа го сторивме. Таму ни е јасна стратиграфијата - вели Кузман. Весна И. Илиевска Заштитата на Киклопскиот ѕид ќе чини 4,5 милиони евра Околу 4,5 милиони евра ќе чини конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на Киклопскиот ѕид, изграден од големи камени блокови во срцето на Скопското кале. Проектот е готов. Лани бил распишан тендер, но поради извесни слабости бил поништен. Во текот на годинава повторно ќе биде објавена понуда за да се реализира проектот. - Тоа е најголемата инвестиција во рамките на капиталните проекти. Имаме елементи и податоци за целосно да биде реконструиран Киклопскиот бедем. Сепак, с` уште не е дефиниран буџетот и не се обезбедени пари. Тоа треба дополнително да се утврди - вели Кузман. http://www.time.mk/read/1000bf4ce1/feff9c5ca9/index.html |
||
![]() |
||
lupo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2009 Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
|
Da
|
||
...kaj si kapelo pak ke si kape...
|
||
![]() |
||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Некој да не има уптдате слики од калето во струмица нели и таа се реставрира?
|
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
........... Директорот на националниот центар за конзервација, Бехиџудин Шехапи, вели дека според план – проектите кои досега биле направени за Скопското кале не е предвидена изградба на верски објект. „Факт е дека овој објект личи на црква… Се работи за макета, односно мал објект кој ќе служи како дел од археолошкиот музеј и таму ќе се изложат или ќе се чуваат артефактите кои беа откриени на Кале… Не се работи за црква, туку за макета која ќе служи како дел од археолошкиот музеј.“ - Бехиџудин Шехапи – директор на националниот центар за конзервација И од Министерството за култура и од Управата за заштита на културното наследство велат дека објектот не е црква, туку дел од археолошкиот музеј каде ќе бидат изложени сите пронајдени артефакти во ова место од 2007 година кога почнаа ископувањата. Валмир Кучи http://alsat.mk/vesti/zemja/1962298.html |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Ako ovoa e istina vedanaš mora da se istraži!
|
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Виргински манастир, Скопје Според досегашните истражувања, пред девет века на Виргано брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје или Калето, како што сега се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија. Манастирот бил посветеи на Свети Ѓорѓи-Скороподвижник и бил познат во цела Византија. Инаку, како што може да се утврди од зачуваните грамоти во Хиландар, овој исклучително значаен манастир бил изграден во времето на цар Самуил, но секој нареден владетел на овој дел од Македонија редовно му ги потврдувал привелигиите и имотите. Така, кога во 1040 г. македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од византискиот император Роман Трети Аргир, кој се смета за негав ктитор. За жал, по околу 400 години и по огромниот углед меѓу христијанското население, на 27 априп 1428 г, во времето на Мурат-бег, Османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Прифаќањето на тој податок, навестен од Васил К'нчов уште во 1898, а подоцна, во 1968 г, потврден и образложен во два наврата и од Константин Петров во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, ја разрешува дилемата околу локацијата на некогашниот прочуен манастир 'Свети Ѓорѓи- Скороподвижник'.Според проф. д-р Илија Велев, кој со години ги истражува македонските манастири, Виргинскиот манастир во Скопје бил еден од најзначајните манастири на територијата на цела Македонија. Економската благосостојба на овој маиастир придонела тој да располага со бројно и образовано монаштво. Во неговото братство се наоѓале грамотни и високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во голем духовен и скрипторски центар. Манастирот распопагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на многуте владетели. За жал поради судбината што ја доживеал, на истражувачите им е оневозможено да идентификуваат барем дел од целото книжевно наследство на овој скрипторски центар и да се претстават некои од позначајните тамошни книжевни дејци. Најверојатно, голем дел од книжевното наследство од манастирската библиотека на Виргинскиот манастир било уништено, а само мал дел бил разнесен во други манастири. Сепак, исклучително значајната книжевна традиција на овој скрипториум може да се реконструира според досега сочуваните преписи на владетепските грамоти, наменети на овој мачастир. Овие владетелски документи, потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите инсистирале токму таму да се препмшуваат даровните повелби. Ваквиот углед на манастирот доаѓа и од таму што во него престојуаале книховници со висока духовна, просветна, грамотна и правна култура. Секоја ориганална царска повелба морала да има свечени копии за покажување пред даночни, судски и други органи. Самата владетелска канцеларија нарачувала копии за себе, за манастирот и за патријаршијата. Локацијата каде што бил изграден манастирот навистина е прекрасна, па затоа не е чудно што Турците решиле да га урнат и на тоа место да изградат џамија веднаш штом стапнале во Македонија. Џамијата била посветена на тогашниот султан Мурат, и била една од најголемите во овој дел на Балканот. Истата џамија постои и денес, и се' уште е најголема џамија во Скопје. Според податоците до кои дојдовме, истражувајќи га претпоставките за можната локација иа Виргинскиот манастир, денешната Султан-Муратова џамија има површина под покриен простор од околу 900 метри квадратни. Доколку навистина е изградена врз темелите на манастирската црква на Виргинскиот манастир, тогаш може да се претпостави за каков средновековен македонски објект станува збор. Значи, таа секако била најголема црква и најголем манастирски комплекс во овој дел на Македонија. Се разбира, делови од целиот комлекс би требало да има во дворот на сегашната џамија, потоа околу постојната Саат-кула, Виргино брдо, кое подоцна е узурпирано за изградба на куќи. Ридот денес е буквално покриен со разни градби, доградби, огради и куќи, меѓу кои најголем дел се постари од стотина години. Само неколку стотина метри од Виргино брдо е комплексот на Универзитетот 'Свети Кирил и Методиј'. Од она што ни е нам познато досега не се направени никакви археолошки обиди да се открие барем дел од темелите на прочуениот манастир, за кој свои даровни грамоти издавале византиски Цареви, а подоцна и српските, како и бугарските владетели кои во одредени периоди владееле со Македонија. Најверојатното претворањето на манастирот во џамија во 1436 г, сосема ја прекинало 6огатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија. Инаку, првите книжевни пројави во Виргинскиот манастир треба да се поврзуваат со почетокот на 11 в, кога тој бил изграден, а подоцна и обновен. Во тогашниот скрипториум, се препишувале богослужбени и проповедни книги, а се напишале и првите Даровни грамоти на основачот - Царот Роман Трети-Аргир, како и на царот Алексеј Комнин, кој подоцна го обновил манастирот. Во Виргинската грамота на Константин Асен-Тих, на пример, стои дека тогашниот игумен на манастирот Варлаам ги дал на увид пред царот претходните даровни грамоти што се чувале во трезорите на библиотеката. Исто така, Виргинската грамота на крал Милутин била напишана според претходно сочувачи правни споменици за манастирот, како што потврдува во своето истражување и професор Владимир Мошин. Овие две грамоти, заедно со онаа на феудалниот господар Вук Бранковиќ, кој во еден период исто така владеел со овој дел на Македонија, денес се чуваат во Хиландар. Досегашните научни сознанија за грамотите на Виргинскиот манастир ја илустрираат сликата за исчезнувањето на нивните оригинали и на преписите што се чувале во манастирската библиотека. Значењето и стратегиското место каде што бил подигнат манастирот, биле причина тој да биде интересен за многу освојувачи. Од ридот се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина, а лицето на манастирот било свртено кон тврдината Кале, односно кон тогашниот средновековен град. На неколку подоцнежни цртежи може да се види дека токму на местото на денешната Султан-Муратова џамија постои манастирски комплекс со конаци, камбанарија, црква и други предружни објекти, меѓу кои секако треба да е и библиотеката како и зградата каде што работеле тогашните книжевници и препишувачи. Во дворот на сегашната џамија на Виргино 'брдо' била изградена и импозантната Саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни. Домаќинот што се грижи за џамијата ни објаснува дека до Втората светска војна во празните, вдлабнати кругови на врват од Саат-кулата имало големи златни часовници што го покажувале времето на сите патници што минувале низ Скопје. Часовниците, според него, биле однесени од Бугарите при повлекувањето од Македонија. Иако се обидовме да пронајдеме некаква информација и за тој настан, потврда за тоа не успеавме да добиеме. Од друга страна, се разбира аматерски, забележавме дека при копањето за поставување инсталации во џамијата, биле откриени стари камени блокови, кои потсетуваат на оние што се вградени во црквите од тој период, како што се камените блокови иа црквата 'Свети Панателејмон' во Нерези. Камените остатоци кои може да бидат и од темели на некој од објектите на Виргинскиот манастир, уште стојат во еден дел од дворот. Наскоро, како што ни рекоа во џамијата, ќе се преместува и комплетната инсталација, така што при раскопувањето на дворот може да се откријат и други археолошки предмети кои 6и можеле со сигурност да ја потврдат тезата дека токму под Султан-Муратовата џамија во Скопје се наоѓаат темелите на многу значајниот манастир 'Свети Ѓорѓи-Скороподвижник', кој речиси шестотини години е обвиткан со мистерии, почнувајќи од тоа каде би можел да се наоѓа, па се' до прашањето дали негде во затрупаните манастирски трезори допрва може да се пронајдат дел од скапоцените книги и други предмети битни за историјата на Македонија.
Во тоа време манастирот го изгубил високиот ранг, а останал целосно и без своето огромно книжевно богатство. Од грамотата на Вук Бранковиќ, пак, може да се види дека било определено половина од приходот да останува во Виргинскиот манастир, а другата половина да ја зема хиландарскиот манастир на Света Гора. Потоа, како што може да се види и од еден Богослужбен зборник од крајот на 14 в, кој денес се чува во таканаречената Хлудова збирка во Москва, се случил оној 27 април 1426 г, кога Турците до темел го урнале Вирганскиот манастир. Неколку години подоцна, во 1436 најверојатно токму врз неговите темели била изградена Султан-Муратовата џамија. Каква судбина доживеале скапоцените ракописни книги од богатата библиотека и манастирските трезори не се знае, но и таа мора да била слична со онаа што ја доживеал самиот Виргински манастир. Инаку, поголемиот број од ракаписниот фонд, со кој распалагал манастирот, бил пишуван во неговиот скрипториум и од рацете на тамошните монаси и книжевници. Може да се претпостави дека најголем дел од книжевното наследство било уништето од Османлиите при разурнувањето на манастирот, а само мал дел бил навреме однесен во други манастири. Меѓутоа, се разбира, трагедијата што се случила со уништувањето на Виргинскиот манастир, не ја избледува историската слика за него како значаен духовен и книжевен центар во Скопската епархија, каде што книжевната дејност ја стимулирале и самите владетели. Дури и владетелските канцеларии порачувале копии на ракописни книги за себе, за манастирот и за патријаршијата. |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Св. Ѓорѓи може да е и некаде кај саат кулата дури, позадина. А што треба да е оној објект што се гледа веднаш помеѓу дуплата порта и портата лево од неа. Има три свода. два странични помали од средниот, да не е и тоа може да асоцира на некој храм, но сигурно не е некоја обична куќа . Инаку приметувам и од внатрешната страна на ѕидините како некоја стреа покрај цел ѕид. Пополнето меќу кулите исто така цел со сводови.
|
||
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Чудно е дека во оваа гравура нема црква на тоа место каде што сега се тврди дека има? нели е малку сумливо?
|
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
lupo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2009 Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
|
Lugje vaka: desno dole e denesna crkva Sv. Spas, Desno gore e Sv. Gjorgi crkvata vo manastirot t.n. Virginski a bil na denesna Sultan Murat dzamija na ridot nad Bit-pazar, taa crkvata vo gorno kale e Bogorodica troracica, a vo dolniot del ne znam koja e crkvata.
Denesnata crkva koja e pronajdena e po desno od ovaa crkvata Bogorodica troracica.
|
||
...kaj si kapelo pak ke si kape...
|
||
![]() |
||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
a taa crkva desno dole, bi trebalo da bide deneshna mustafa pashina dzamija ili gresam ? spored kazuvanjata i legendite tamu se naogal hramot na presveta bogorodica, i nisto cudno da ima 4-5 crkvi posveteni na bogorodica bidejki ona e zastitnicka na skopje
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Тоа кај големата црква треба да е Гази Баба во делот веднаш над ПМФ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
За сите тиа тврдења за цркви, коаде има докази за тоа? Единствен доказ се гравурите,другото не е истражено ни проверено, дефинитивно според градбата султан муртова џамија е претворена од црква во замија (така претпоставувам оти од тај период нема-бар јас несум видел такву џамији) вероватно е била црква како нешто слично како битолската СВ.Димитриј, а ке потражам уште малце. За мошејата на кале која се обновуваше скоро, никој ни не проверил дали имало црква! А ако имало и се знае веднаш требе да се открие. А шом тоа не го направиле тогаш глупаво е да се тврди нешто такво. Инаку и на гравурата од отоманско Скопје на кале се види една огромна црква...., а манастирот јасно стое повисоко од тврдината, во тој правец повисока е единствено Паркшумата, па затоа претпоставих дека можна е таа локација... ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 32> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |