![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 30> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Јован Вранишковски e српска инвестиција.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Dexter 26, ќе ти дадам одговор на сите твои прашања. Најпрвин, тоа што се фрлија неброени милиони евра за СКОПЈЕ 2014 не значи дека треба да се продолжи со безумното трошење финансиски средства. Доколку мене некој ми каже имаш стотици милиони евра и си премиер на земјава, тогаш најпрво би ја доградил пругата кон Бугарија. Тоа е прво, второ, би изградил магистрален гасовод кон југ кон границата со Грција. На тој начин, Македонија ќе има директно поврзување со јужниот сосед, кој како извор го користи и течниот гас што се пренесува со танкери. Грција не е потполно зависна од рускиот гас, па зошто да не се обидеме и ние преку друг добавувач на гас! Ова е АЛТЕРНАТИВА на рускиот гас. Да не говориме за ТАП, ќе видите дека многу брзо тој ќе стане стратешки приоритет на ЕУ, унија која има милијарди евра за ваков проект. РУСИЈА НЕМА ДА ГО ГРАДИ „ТУРСКИ ПОТОК“ НИЗ МАКЕДОНИЈА НА СВОЈА СМЕТКА. СТОТИ ПАТ ПОВТОРУВАМ. АКО МЕНЕ НЕ МИ ВЕРУВАТЕ, ОТВОРИТЕ АДЕКВАТНИ СТРАНИЦИ НА ИНТЕРНЕТ. Наши најдобри партнери во светот се европските земји. Никако Русија. Ако гледаме од аспект на инвестирање во градителски проекти во земјава. Но, и ако гледаме каде нашите печалбари заминуваат во странство, каде одиме да се образуваме, каде одиме на патувања, кои јазици ги учиме итн. итн. Ние сме цврсто поврзани со европските земји. Да не наведувам хидроелектрани, пруги, автопати, возови и други проекти што се поддржани од европските финансиски институции, еве очекувам одговори ШТО Русија вложила во Македонија, освен во Јован Вранишковски!?! |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Политиката настрана, ќе те замолам ако не ти претставува проблем, да ми реплицираш на моите коментари во пост #380. |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
Грујо не фаќа страна, туку најтехнократски вели кој ќе пушти цевка е добредојден, иако гледа да се врзе со сите [1] тоа е и за пофалба, поентата е дека други сакаат да фатиме само проамеричка страна ко таква протуркана и преку европа ова и во последното интервју каде збореше за гасификација го потенцираше, инаку лично сум да станеме директен сојузник на Русија не некој партнер или шура, туку чим не нејќат во еу комотно да почнеме здружување со брикс, но за вакво нешто маж не се наоѓа кај нас просто сите се плашат што би им сервирале тоа западните лихвари, нејсе и вака ко Грујо што тера ниваму нитаму е добро односно прифаќа економска соработка со сите |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Видете луѓе, јас разбирам дека политика на нашиот премиер пасуе, расфрлајќи се со некакви прости решенија за сложени работи. Не сметам дека се работи за кафанска политика.
Прво, за тоа колку ЕУ не мрази може да видиме од проектите што се во тек. Прва и втора фаза од изградбата на пругата кон Бугарија - пари од европски финансиски институции, изградба на автопат Демир Капија-Неготино исто така, нови возови за Македонски железници - исто така пари од ЕБРД. Тука се и вложувањата на Европската инвестициска банка, прекуграничните проекти на општините од Македонија со оние од Грција и Бугарија - МАЛ МИЛИОН вакви проекти има. Сите овие пари не доаѓаат од Русија. Ниту евро нема вложено оваа земја. И можеме ние да се спуштиме вака ниско да се расправаме, ама џабе е. Култузин, се надевам ќе го прочиташ горниот параграф. И ќе ти текне на тебе уште многу за проектите. Еве, на пример, чекам на тебе да ми кажеш што твојата Русија финансирала во Македонија. Опстојувањето на Груевски на власт, можеби? Ти можеш да бидеш македонче, македонец или како сакаш, само опасната националистичка политика на твојот миленик е идентична како онаа на Милошевиќ. И да, јас говорев за гасот како суровина. Значи, ние имаме ЦЕНА на гас, која е НАЈВИСОКА во Европа. Вие со неа можете да се греете, да произведувате електрична енергија, да правите чоколади и што сакате, ама ТИЕ нема да бидат конкурентни ако цената на гасот од Русија е толку голема. И Русија ќе продолжи со високата цена на гасот, ако Македонија не најде дополнителен добавувач на гас. Единствено померување за политички мотивиран поевтин гас ќе имаме ако нашата земја се откаже од евроатлантската агенда. А тоа ќе биде поголема глупост чак и од онаа екскурзија со Тајван! |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Парите се исфрлени од равенката уште од 2008 година кога започна идиотизмот наречен проект Скопје 2014. Од тогаш повеќе од јасно е дека парите не се проблем. Ако има стотици милиони евра, или поконкретно - над половина милијарда евра - за споменици, административни згради и бројни други тотално непотребни глупости, тогаш несомнено има пари и за инфраструктурни проекти кои се неопходни. Бидејќи мислиш само на Македонија, дај кажи која е алтернативата на рускиот гас ? Кој е тој партнер од доверба кој би ни понудил подобра зделка од Русија ? И дали тој партнер ќе биде толку дарежлив за да го изгради гасоводот на своја сметка, а не со издавање кредити или одбивање од парите за транзитот на гасот ? Убаво што мислиш само на Македонија, но надвор од Македонија никој не мисли на Македонија, а не би било лошо и да се направи анкета низ цела Европа за да видиме дали воопшто знаат каде е Македонија, а за остатокот од светот па да не правиме муабет. За 60 милиони долари клириншки долг ја сметаш Русија за не баш најдобар пријател, или за шарлатанот Вранишковски ? Дај те молам објасни кои се нашите најдобри пријатели кои всушност направиле нешто добро за нас од осамостојувањето на Македонија во 1991 година па наваму ? Ни јас немам нешто многу љубов кон Русија, ама затоа па уште помалку имам љубов кон остатокот од светот. А ако сакаш статус кво како сега, рускиот гас и понатаму ќе остане доминантен, бидејќи јас не сум слушнал досега за увоз на гас во Македонија од некоја друга држава освен Русија. Edited by Dexter26 - 02-Mar-2015 at 12:08 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
потроши цела тастатура за нешто што воопшто не е важно, а не сакаш ништо да кажеш за бројките и за виситнските бенефити или небенефити. Овде се води политика и тоа кафанска.
Бојан, мислев гасот како суровина а не за греење. Не верувам дека гасот се користи како додаток во чоколадите на Европа |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
"Македонче" политика од прв степен промовирана од Бојан. Јас се надевам дека тие времиња се поминати и дека Македонецот во меѓувреме разбра дека напред може да одиме само ако ги штитиме сопствените интереси, а не со улижување, и чекање на милост и немилост од страна. А колку е Европа милостива се нагледавме овие 24 години. И покрај тоа што во меѓувреме не обезличија и безброј пати не понижија освен тапкање по рамо некој друг бенефит не видовме. Така да бенефитот и интересите трева сами да ги бркаме. Колку е само парадоксално да се продава тука некаква демагогија кога и во самата ЕУ постапуват различно по прашања кои се битни за националните интереси. Јужните не ка фермаат ЕУ 2% а ги отепаа од кредити. Колку по дрски се толу повеќе авторитет имат. На крај која е таа логика Јужната Отоманска Република која е член и галениче на ЕУ да дозволи низ нејзина територија да минува гасоводота Македонија која најбрутален начин е понижена и ставена во чекална како некој без врски кога чека на доктор треба и понатаму да се прави наудрена и да изигрува поголем Европеец од оние кои безмилосното и врз наша кожа ја користат привилегијата да бидат дел од оваа друштво. Кога сме веќе во позиција каква што сме треба да ка користиме истата онака како што на нас ни одговара а не онака како што мислиме дека на некој друг ќе му одговара. Зошто историјата покажала и ден денес покажува дека просјаците не биле ,не се и нема да бидат почитувани туку напротив. Затоа ако сакаш да бидеш почитуван треба да имаш свое јас, треба да ги штитиш своите интереси само така ќе бидеш респектиран. На крај јас се надевам дека оваа сп гасот ќе се оствари и дека Македонија ќе стане транзитна земја за гасот од Русија. За бенефитите нема потреба да се троши тастатура.
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Макстил, Европа и пола компании во Автокоманда го користат гасот во процесот на производство. Воедно, во индустриската зона Бунарџик се користи гасот. Затоа велам индустриски објекти. Поисплатлив е од електричната енергија во процесот на производство и не гледам зошто не би се користел.
Во зависност од тоа која би била цената, гасните електрани можат да бидат употребливи за производство на електрична енергија, во случајов ТЕЦ „Неготино“. Ненад, ти говориш веројатно за „Те-То“ и неговото мирување во моментов, но не смееш да заборавиш дека Македонија плаќа најскап гас во цела Европа, и ова е веројатно поради тоа што малку го користиме гасот, но и поради фактот што Русија има монопол во доставувањето на гас. А нели Русија ни е „најголем партнер“... БОЈАН 10, твоја одлука е дали текстот ти е смешен и пристрасен. Белорусија добива најевтин гас во Европа, затоа што е сојузник на Москва. Кога Украина беше под власта на Јанукович, добиваше евтин гас. Но да се разбереме, јас попрво би плаќал поскап гас, отколку што би бил стратешки партнер со Русија. Под мотото „Русија нас брани, Кина нас храни“ живуркаше СР Југославија во 90-тите години и знаеме што се случи со неа! И за на крај, БОЈАН 10 јас и ти претпоставуваме. Нема конкретни податоци за „Турски поток“, јас само ти давам претпоставка колку би била минималната цена на чинење за изградбата на гасоводот во Македонија. Треба да видиме конкретни бројки за да зборуваме, ама НЕРЕАЛНО е да очекуваш дека Македонија би имала добивка од транзит на гас по 2-3 години. Едноставно, се работи за преголем проект за кој е прашање дали ќе почне да се исплаќа по една деценија. Не смееме да заборавиме дека Газпром постојано си поигрува со земјите преку кои гасот транзитира. Па така, ако понуди ниска цена за гасот до консументите во земјата, тогаш автоматски ја снижува и цената за транзит на гасот на 1.000 кубни метри гас на 100 километри. И евтин гас и висока добивка од транзит на гас едноставно нема да добиеме. Edited by BOJAN - 02-Mar-2015 at 10:01 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Само мала исправка за Бојан, гас за електрична енергија не е исплатлив, доказ, гасните централи се ставени во мирување и се користат евентуално за врвни оптоварувања, а се прејде на јаглен, кој е многу ефтин во моментов.
Што се однесува до индустријата, јас не знам не една фирма кај нас која го користи гасот во процесот на производство, петрохемија и хемиска индустрија немаме, евентуално се користи за загревање на просториите. А за толку гас имаме. Уште днаш ќе додадам во ваков бизнис треба да се влезе со ладни глави, кој за кого навива, туку што ни се исплати како држава. |
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Што значи, со години? Две, три, дваесет? Нели прецизно сметате? А како второ, земјата низ која ќе помиува гасоводот има попуст во цената на гасот. Како трето ќе има сигурен извор на гас, а не на жими све, ќе ви донесеме гас, како Америка што вели дека ќе го носи до Хрватска со цистерни. И што се тоа различни извори на енергија? Кој продава гас во Европа? Многу паушално напишано. Демек ова се маалски гранапчиња па конкуренција. Па ни меѓу гранапчињата нема голема разлика во цени. А и ние сме толку голем пазар, што конкуренцијата ќе се испотепа меѓу себе со помали цени. Политиката и добрите односи носат помала цена. Во Белорусија е најефтин Рускиот гас. Јас не верувам дека само Русија може да ни биде партнер во ова? НЕ ВЕРУВАМ? Што е сега ова, нели прецизни калкулации правиме дали се исплати или не. Како може твое верување во нешто да биде пропаганда? Зошто да верувам во она што веруваш ти? Јас верувам? Ајде бе... Заклучен коментар, текстот е детски и пристрасен. ЕДИТ: Да скокаме од среќа ако успее проектов да се реализира. Ама се сомневам дека Америка ќе дозволи да се случи такво нешто. Секогаш ќе најде доволно гладен за власт кој ќе каже НЕ за било што. Edited by Bojan10 - 02-Mar-2015 at 00:12 |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Пред една година се критикуваше зошто не сме биле во Јужниот тек,сме биле само со крак(слепо црево),те Ставрески бил само да се слика на свеченоста,те ќе сме изгубеле милијарди од протекот на гасоводот ако бил низ нашата држава.....и сега кога има шанса тоа да го добиеме-нечини
Ако се има став нека се држи до него. Јас лично го имам малку сменето ставот во контекс запад-исток со продолжувањето на нашата блокада во ЕУ и НАТО,се направив од прозападен во русофил,но сепак за многу нешта стојам цело време на иста теза |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
геополитиката мудро ќе ја извозиме доколку тргне муабетов такој ида бил на власт, просто вакво нешто за Македонија е повеќе од неопходно, а воедно економски не прави долгорочно атрактивно подрачје за инвестирање, јасно треба да се одолее на сите стапици меѓу кои сигурно и талибански ќе видиме, но дефакто можеме, смееме и требаме да пробаме да се приклучиме на новиов воз, прашање е само кога грците ќе клекнат економски дополнително та и оваа нова траса ќе ја прифатат бескомпромисно потем веројатно ќе биде полесно макар во бондстил секој ден пакувале нови афери и куршлуси |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Најпрво, не е тајна дека јас сум автор на текстот. Овде ќе се обидам да се објаснам и на дугачко. Ми се чини дека сите мислиме дека проектот „Турски поток“ ќе ни ги реши сите проблеми во државата - русите ќе дојдат овде, ќе истурат еден грст пари врз нас и ќе не спасат како држава од албанците. Ова буквално се мота на многу луѓе низ државава.
Јас поинаку размислувам. Најпрво да видиме колку километри ќе биде долг гасоводот низ наша територија. Од Дојран до кумановскиот регион излегува дека треба да се изградат цевки во должина од околу 200 километри. Ако пресметаме колку ќе чини изградбата по километар, тогаш можеме да говориме за сума од над половина МИЛИЈАРДА евра, а можеби и повеќе. Овие пари треба Македонија да ги најде самата како држава. Русија вели: или ќе ви дадеме кредити, или од парите за транзит од гас ќе ви одбиваме по години. Како и да свртиме, со сигурност нашата земја НЕМА да види пари од ваков гасовод со години. Како второ, тоа што ќе минува цел гас за Европа низ наша територија не значи дека ќе има гас и на наша територија. Владата во моментов бара партнери за дистрибутивната мрежа по општините во земјава, но МАГИСТРАЛНИТЕ ГАСОВОДИ мора да ги изгради сама да ги изгради до градовите. Тоа значи од идните цевки на „Турски поток“ до Битола, Охрид, Тетово, Струмица, Велес итн. ДРЖАВАТА треба да вложи стотици милиони евра. Земете во предвид дека САМО за гасоводот од Клечовце до Штип ќе се одвојат 75 милиони долари! Или поедноставено, тоа ви е како да имате цистерна за бензин на Макпетрол до вас, вашата кола да нема бензин, да трагате по бензин, а да не можете да наточите од цистерната! Како трето, различните извори на енергија се најбитни. Како што во иднина треба да купуваме електрична енергија од различни добавувачи, бензин купуваме од различни бензински пумпи, така и кај гасот треба да имаме различни добавувачи, а не само Русите. Едноставно, ако нема монопол, тогаш имаме пониски цени, сигурен гас и НЕМА УЦЕНИ И ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ! Како четврто, Русија не ни е баш најдобар пријател. Нашиот премиер го прати Вранишковски во Санкт Петерсбург, а тој од таму ќе ни се врати со паралелна црква на МПЦ. Велат автокефалност нема, ама има автономија. Исто како со Украинската православна црква, каде што ваквата поделба е една од главните поделби и вовед во денешната војна. Дополнително, Русија сеуште ни го нема вратено клириншкиот долг, цела деценија со нив се тегнеме, министри се сменија, влади паднаа, а тие постојано наоѓаат некои причини за да не ни го вратат долгот. Едноставно, јас мислам само на Македонија. Мене ме интересира нашата земја да добие гас за поголема конкурентност на индустрискиот сектор и за добивање на електрична енергија преку гасни електрани. Не верувам дека само Русија може да ни биде партнер во ова. Тоа е тоа. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Обично стилот ми е таков да со прецизни изрази да објаснам повеќе работи.
А Европа смата не ги почитува своите донесени закони и правила.Еден таков случај сме ние каде сите сме се обврзале се со цел да нема блокади,втор е примерот со непризнавањето на малцинските права во грција и Бугарија, и примерот со жителите во Литванија и Естонија,кои се руско малцинство но родени во тие држави,анемаат никакви права(културни,јазични,а сум слушал дека не им даваат и пасоши) |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Оваа дискусија нема врска, детски муабет, дали си за Русите или Американците!? Нема љубов тука, треба да се земе моливот и да се види дали се исплати Македонија да се гасификува или не се исплаќа. Што се однесува до мене, мојот став е јасен -НЕ. не од политички причини туку чисто економски. Ако големите сили решат гасоводот да поминува низ Македонија, пеќи, ќе зимаме рента од траснспорт. Но не смееме да се потпреме на гасот, туку на домашните извори енергија.
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Мене доволно ми беше што стигнав до првиот аргумент, во кој се вели дека Македонија требало да ја почитува стратегија на Европската Унија. Значи аман веќе со тие изјави дека ние треба да им се поклонуваме на Европејците и да делуваме според нив, само кога тоа е во нивен интерес. Ако веќе толку сакаат да не успее „Турски тек“ едноставно можат нас и Србија во брза постапка да не гурнат таму. Но, додека за Србија има и реални шанси да влезе (пошто веќе си се продадоа самите), за нас ако не го смениме името нема теоретски шанси за влез.
Воедно, веќе преку глава ми е темава да ја разгледуваме, кога ова статус-кво нема да се смени во наредните триесетина години, така да секоја нова алтернатива, секој нов проект кој ќе и носи добивка на Македонија треба и те како да се прифати и да се каже „ДА“ (веќе кога почна да се користат вакви зборови). Имено, Ѓоко во една реченица доловил се што сакав да кажам. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Моментално русите ни нудат понуда која неможи да се одбие.Од другата страна имаме понуда-смени го името и `можеби` ќе имаш некои придобивки
|
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
http://www.build.mk/?p=43310
Човеков што го пипувал текстот не е добар, најискрено. Да страда цела нација заради туѓи идеали, тоа го нема никаде. Русите се покажале како лош партнер? Па да, Англичаните и Американците се супер, особено кога ги бомбардираа Егејците со напалм бомби. Или што не влечат за уши повеќе од 100 години, или што отворено го поддржуваат Албанскиот народ кој ја освојува секојдневно се повеќе и повеќе Македонија... Русите не ослободија од турско ропство, половина загинаа за го спасат светот од Германската окупација во две светски војни. Македонија ако пропушти шанса да помине овој гасовод низ неа, ќе се каеме се додека постоиме. Впрочем, Американците и Англичаните од вчера ли знаат дека Груевски прислушкува и автократно владее, ама ете, сега е моментот да се дестабилизира државата заради Јужен Тек 2. Сите држави на линија на Јужен Тек 2 ги дестабилизираат. Јас не се сомневам дека ќе ги извадат сите можени карти само да не се спроведе проектот, ама ние треба да покажеме разум, и со раширени раце да ги пречекаме гасоводот и Русија, затоа што Американците ништо добро не ни донеле. Edited by Bojan10 - 01-Mar-2015 at 13:00 |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Тоа со гасот и гасоводите е некоја фиксација на сите власти. Гасот стана проблем а не решение, наместо ефтин енергент стана геополитичка играчка. Јас стојам на фактот дека Македонија може и без гас. Бидеќи немаме индустрија која го користи како суровина, кај нас би се употребувал за греење. За производство на ел. енергија е прескап. Треба да се потпреме на нашите ресурси. Штедење на енергија, подобри градежни стандарди за изолација, поефикасно користење на дрвото, сончева енергија и дл. Змите не се така оштри кај нас така да наместо да се играме со гасоводи, да направиме вистинска стратегија.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |