![]() |
![]() |
![]() |
Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 75> |
Author | ||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
прекрасна глетка
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Дел од изложените артефакти...
![]() ![]() ![]() ![]() vecer.mk Edited by Џоле - 19-Oct-2014 at 09:25 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
саркофагот на Александар за мене е глупост, а некаде на форумов прочитав и дека ќе има и восочни фигури без некоја форензичка основа, што е уште поголема глупост изгледа многу луѓе не разбираат што е археолошки музеј и што треба да има во него што се однесува до копии... ок е да имаме изложено копии во галериите, а вистинските артефакти да се чуваат на друго побезбедно место, или пак да постојат реконструкции на објекти за кои има цврсти физички докази дека постоеле, ама некогаш биле уништени... не е во ред да изложуваме копии на артефакти кои се изложени во други музеи, дури и да имаме целосно право на нив ако сакаат да ги изложат таквите артефакти, нека се потрудат да ги добиеме прво, па после може да се перчиме со нив |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
CenterCityKid ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
|
Kolku sto se gleda ne e bas tocno deka se samo kopii (ili povekjeto kopii). Osven par predmeti (kopii na maskite od Trebenista, koi se vo Belgrad, ili sarkofagot so motivi od Aleksandar Makedonski), ne mi se veruva deka golem del od ostanatite predmeti se kopii.
Vo nekoj od napisite pisuva deka terakotnite ikoni, koi bea vo Ukraina na izlozba, se tuka. Isto i za staklenata casa. Ete i nekoi zlatni predmeti kje bidat tuka, koi se momentalno vo Germanija na izlozba. Ne mi se veruva da prakjame kopii vo stranstvo na izlozbi, za da si gi vratime isite kopii vo muzejov. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Сакам да го делам твоето мислење забеган, но бидејќи добар дел од овие таканаречени артефакти се копии, а некои и не се баш веродостојни копии, како на пример од саркофагот на Аце Велики, за чија што смрт и за чие што место на почивање има безброј приказни и шпекулации низ историјата, тој делот археолошки од поимот Археолошки Музеј е под знак прашалник. Edited by Dexter26 - 18-Oct-2014 at 17:19 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За да се гледа од плоштадот... Во нашиот менталитет, ако не се гледа, исто како да не постои. Затоа кога ќе навлезеш малку подалеку од радиусот на плоштадот Македонија ја добиваш вистинската слика на Скопје - ѓубре, хаос, беда итн.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
wow, галерииве од око изгледаат ветувачки
![]() штета што еден толку важен музеј е сместен во објект кој треба да го дели со други скроз наповрзани институции, и што до него ќе треба да се стигне преку смешното влезно вратиче на објектот и најверојатно некои безвезни ходници единствено што не ми е јасно е зошто музејот мораше да се премести тука |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
|
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Ѕирнете во новиот Археолошкиот музеј кој се отвора вечер!
Сабота, 18 Октомври 2014 12:55 Златните предмети од некрополата на Требеништа и Горна Порта од Охрид, меѓу кои и уникатните обетки со гулабици, единствениот бронзен појас заедно со реконструкција на гробот на т.н. пајонска свештеничка од некрополата кај валандовското село Марвинци, штитот од селото Бонче, на кој го пишува името на македонскиот крал Деметриј Први Полиоркет, стаклената чаша дијатрета, вредни рановизантиски мозаици, копија од саркофагот од Александрија, кој Турција и го подари на Македонија. Ова се само дел од илјадниците предмети кои првпат ќе бидат обединети и презентирани на едно место - во Археолошкиот музеј на Македонија во центарот на Скопје, пишува Дневник. Свеченото отворање на Музејот е закажано за вечерва во 19 часот. Во импресивната постојана музејска поставка на 6.000 квадратни метри, ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Вечерва отворање на Археолошкиот музеј на Македонија
По повеќе од 30 години, Република Македонија ќе добие најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори. ![]() Највредните примероци на македонското културно наследство ќе бидат претставени во новиот, репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вечерва свечено ќе биде отворен. На три ката и површина од 6.000 квадратни метри пред јавноста ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, почнувајќи од праисторијата па до средниот век. Министерството за култура соопшти дека првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите. Меѓу кои: рановизантиските оригинални мозаици од локалитетот Суводол, копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век. Музејот има повеќе оддели за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка... Покрај богатата археолошка поставка Музејот е опремен и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, а има и реконструкција на објекти од неолитот, современо музеолошки конципирана. Повеќевековната историја и култура на територијата на Република Македонија претставена преку експонатите во музејот ќе биде автентично раскажана, со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика. http://kurir.mk/makedonija/kultura/175332-Vecerva-otvoranje-na-Arheoloskiot-muzej-na-Makedonija |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
ШЕСТ ИЛЈАДИ АНТИКВИТЕТИ НА 6.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ
Преку палеолит, неолит, бронзено и железно време ќе се влегува во архајскиот период, па во античкиот дел, каде што најрепрезентативно е претставен македонско-хелинистичкиот период, вели директорката на Музејот, Весела Честоева Археолошкиот музеј на Македонија, во кој ќе бидат изложени околу 6.000 антиквитети, најрепрезентативните предмети од минатото на оваа земја ќе биде отворен до крајот на месецот, информираат од Министерството за култура. Во новоизградениот објект на Kејот на реката Вардар се финализираат последните договори, кој предмет во која витрина ќе биде поставен. Резултатот треба да биде богата археолошка поставка, хронолошки конципирана во неколку периоди, модерно поставена и максимално заштитена. Според директорката на Музејот, Васела Честоева, при крај се подготовките на лапидариумот, каде што ќе бидат поставени камените споменици, како и реконструкцијата на гробовите и археолошките наоѓалишта, се мести мозаикот, олтарот веќе е готов. - На првиот кат од десната страна почнува праисторијата. Преку палеолит, неолит, бронзено и железно време ќе се влегува во архајскиот период, па во античкиот дел, каде што најрепрезентативно е претставен македонско-хелинистичкиот период. Следува римскиот период, каде што на оригинален начин, во природна големина, ќе биде изложена ритуалната кочија од Делчево стара 18 века. Поставката продолжува преку доцната антика, од каде што симболично, преку оригинална олтарна преграда се влегува во средниот век. Ќе биде изложен и прекрасниот мозаик од Суводол. Поставката завршува со отоманскиот период - објаснува Честоева. Безбедноста на високо ниво Поставката е организирана хронолошки. На трите ката, на површина од околу 6.000 квадратни метри ќе бидат изложени околу 6.000 артефакти. Во музејот се застапени неколку оддели: за праисториска, античка и за средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка. Честоева вели дека ќе има и многу изненадувања, ултрамодерно вклопени во целата поставка. - Археолошкиот музеј, освен археологија, ќе нуди и една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја - вели таа. Предметите ќе бидат изложени во модерни стаклени витрини со челична конструкција, со алармен систем и ЛЕД-осветлување, која на предметот, освен експозиција, му нуди и конзервација. Витрините се модерни и располагаат со најсофистицирана опрема. Честоева вели дека безбедноста е решена со систем за техничка заштита од кражба и напад, систем на видеонадзор, снимање и трансмисија. - И двата система се проектирани според највисоките светски стандарди, со алармни централи, детектори и фотосензори. Системот ќе овозможи 24-часовна мониторинг-контрола на просторот со внатрешни и со надворешни камери и ќе се менаџира со посебен софтвер за видеонадзор - вели таа. Освен стандардната поставка, во Археолошкиот музеј ќе бидат изложени неколку деликатеси - исклучително ретки предмети во светски рамки, кои се пронајдени на територијата на Република Македонија. Еден од нив е дијатретата од 4 век, пронајдена околу село Таранеш, која ќе биде поставена на видно место на првиот кат, во специјално изработена витрина. Тука се вбројуваат и ритуалната кочија, пајонската свештеничка од Лисичин Дол (некрополата на Исар-Марвинци), Големата Мајка од Маџари, штитот од село Бонче, Венера Пудика од Скупи, која со уште неколку скулптури ќе добијат видно место. Во секој момент се очекува да пристигне и копијата од Александрискиот саркофаг, кој Турција дозволи специјално да се направи за оваа намена. Восочни фигури и амбиентални уметнички дела Во поставката ќе има и богатата нумизматичка збирка од античкиот и од средновековниот период, како и копијата од златната маска од Требеништа (оригиналот е во Белград), која Србија пред неколку години ~ ја подари на Македонија. На отворањето нема да бидат изложени златните предмети од Охрид и од Неготино, кои се изложени во Музејот „Kелтен ромен“ во Манхинг, Германија. На прашањето дали тоа можеби ќе го „осиромаши“ отворањето на музејот, Честоева вели: - Изложбата во Германија е исклучителна можност европската јавност да се запознае со еден од најзначајните и најславни периоди од македонската историја. Изложбата по 16 ноември ќе биде дел од поставката на Археолошкиот музеј на Македонија. Kако матична државна институција сметаме дека ги имаме сите услови овие експонати да бидат дел од постојаната поставка на Музејот - вели Честоева. За посетителите сигурно ќе бидат интересни и восочните фигури на повеќе историски ликови. Ќе има вкупно 15 фигури, меѓу кои се Александар Трети Македонски, Филип Втори и неговата сопруга Олимпија, Аристотел, Јустинијан, Цар Самуил, Ана Kомнена, Kрали Марко. Поставката ќе биде дополнета со 83 амбиентални уметнички дела изработени од македонски, руски и од украински уметници. Тие треба да го доловат времето од праисторијата до средниот век. Меѓу изложените уметнички дела ќе бидат: „Палеолитски живот“, „Жртва“, „Kерамичарот“ од Алексеј Федоров, „Подигнување на храмот“, „Театарот“, „Храмот на божицата Немеза“ и „Гладијаторска битка“ од Сергеј Трошин, „Гозба“, „Неолитско секојдневие“, „Гробот од Таранеш“ од Kоле Манев, „Подготовка за лов“, „Kамена стела“, „Гробницата на атињаните во Демир Kапија“ од Данчо Kал’чев. ВОДИЧИ НА ПЕТ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Цената на билетите за Археолошкиот музеј на Македонија треба да биде утврдена деновиве. Гостите ќе можат комбинирано да ја разгледаат поставката. Ќе има и водичи и уреди преку кои посетителите ќе можат да се лоцираат во музејот, да изберат тематска посета снимена на пет странски јазици. Во рамките на музејот ќе биде отворена и сувенирница. - Секој ќе може да си купи по некој сувенир или публикација што ќе им остане во спомен, а ќе ги потсетува на нашето богато културно наследство и сето тоа што го поседуваме како држава - вели Честоева. Весна И. Илиевска http://dnevnik.mk/?ItemID=12A243126800C14BA16119363CC19DB1 |
||
![]() |
||
tiberix ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Aug-2011 Location: Sofia Online Status: Offline Posts: 284 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Интервју со министерката за култура Канческа - Милевска
Новиот Археолошки Музеј на Македонија ќе биде отворен до 30 септември, најави министерката за култура Канческа - Милевска во интервју за Алфа. http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=80273#.U9PVS_l_uSo |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
КУЛТУРА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ИТАЛИЈА СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Спектакуларно: Мозаиците од Равена во новиот Археолошки музеј на Македонија! Изложбата на ремек-делата на светското културно наследство ќе ја отвори и министерот за култура на Италија, Франческини ![]() ![]() Спектакуларна изложба со мозаиците на Равена ќе биде поставена во новиот Археолошки музеј крај Вардар во ноември! Мозаиците важат за ремек-дело на светското културно наследство и се заштитени од УНЕСКО. Во Скопје доаѓаат по повод одбележувањето на претседателството на Италија со Европската унија, за што е изготвена посебна програма од областа на културата. Министерството за култура на Македонија до крајот на годината ќе биде покровител на неколку настани организирани во соработка со Амбасадата на Италија. Со задоволство ве информирам дека е извесно дека оваа изложба ќе ја отвориме со министерот за култура на Италија, г. Франческини, со кој при неговата посета на Македонија ќе ја потпишеме и новата Програма за соработка во областа на културата меѓу владите на нашите држави, како и протоколот за билатерални копродукции во областа на филмот", најави вчера министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска. Министерката ја спомена и изложбата Фарнезина 50-ти години", која е колекција во сопственост на италијанското Министерство за надворешни работи, преку која македонската јавност ќе се запознае со делата на најпознатите сликари од италијанскиот модернизам. Исто така, ќе се случи и 14-тото издание на "Недела на италијанскиот јазик и култура во светот", во чии рамки се предвидени повеќе настани со угледни гости од Италија, па Меѓународната конвенција по повод 55 години италијански студии, на која ќе земат учество еминентни професори од универзитетите од Сорбона, Базел, Анкара, Валона, Трст, Атина, Загреб, Белград, Тирана, како и изложбата на партитури на Верди во рамките на фестивалот "Охридско лето" и семинарот за Јустинијан, кој веќе традиционално се организира со поддршка на Министерството за култура. Оваа година и македонската култура беше претставена во Италија на Биеналето на уметноста во Венеција, потоа преку проектот "Седум песни од светлина и прав" од нашиот амбасадор на културата Благој Нацоски, а повеќе македонски уметници учествуваа на реномирани фестивали и манифестации во Италија. На прес-конференцијата присутен беше и директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески, кој кажа дека на најголемиот филмски фестивал за деца во светот, "Џифони", во Италија ќе биде организиран македонски ден, а на Џифони Македонија" во Скопје ќе учествуваат 400 деца, меѓу кои и деца од целиот регион. Тој објави дека веќе се вршат преговори за копродукција со Италија, а амбасадорот на Италија предложил протокол со кој би се поедноставиле копродукциите. Италија ќе претседава со ЕУ се до крајот на оваа година. (Де.Т.) Белели: Италијанците ќе се чувствуваат како дома во Македонија Амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели, вчера напомена дека "Охридско лето" се отвори со италијански уметници, а ја спомена и изложбата на старословенски ракописи, каде што забележал и ракопис на италијански јазик. Според него, тоа што на Џифони Македонија" ќе има деца од целиот регион ја покажува нивната цел: Скопје да биде центар на културата на Балканот. Значи, Италијанците ќе се чувствуваат како дома во Македонија и обратно", рече Белели. http://www.vecer.mk/?ItemID=D14A233EE88DF54B9E79F3EE1C3CD347 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Денес...
|
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
Археолошкиот музеј ќе изеде нови 700.000 евра народни пари
download (6)Нови 700.000 евра ќе бидат потрошени за изградбата на Археолошкиот музеј. На официјалната страна на Министерството за култура се обајвени договори за јавни набавки, во кои стои дека дека „Бетон Штип“ потпишува за изработка, транспорт и монтажа на ѕидна облога од камен и на огради за Археолошкиот музеј. Според минатогодишниот отчет на министерката Елизабета Канческа-Милевска и на тогашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодороовиќ, овој објект до минатата година чинел 27,5 милиони евра. Покрај Археолошкиот музеј во зградата ќе биде сместен и Уставниот суд, додека веќе таму е преселен Државниот архив. de be lugje, sto e 700.000, edna zalna vrba kosta poise |
||
![]() |
||
stq ![]() Newbiе ![]() Joined: 13-May-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
[QUOTE=fichot] сигурно служи за тие што чекаат лифт да се поместат натаму, за да направат место да излезат другите од лифтот.
авторот гарант играл многу Сокобан. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
секогаш сум бил `тапа` за вакви игри
![]() |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
сигурно служи за тие што чекаат лифт да се поместат натаму, за да направат место да излезат другите од лифтот.
авторот гарант играл многу Сокобан. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
можеби е ова `соба за размишљање` што ја има во многу државни институции
![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 75> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |