Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#201 Posted: 06-Jan-2010 at 02:42 |
Ништо не се релативизира. Бенифицирана цена е една работа, закупена локација е друга работа. Овдека во барањево на "граѓаните" (со вакви барања именувањето како граќанин е релативизирано) има премногу релативизирање на проектот зонско паркирање и барање преку леб погача.
А тоа ако си го платиш паркингот незнам зашто го постави како прашање. Сите што влегле тамо си го платиле само што граѓаниве по бенифицирана цена, ништо поразлично. Воопшто како дел од проектов не беа споменати разни услови за стигнување до празно паркинг место.
Никој тука не платил место, па некој му го "украл". Платил минималец, односно можност да паркира слободно.
Edited by lslcrew - 06-Jan-2010 at 02:43
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#202 Posted: 06-Jan-2010 at 02:37 |
Ако си го платиш паркинг просторот, ите како е твој и не смее да дојде некое јавно претпријатие да ти го рента. Тоа што ние сме несредена држава каде што не се знае кој пие кој плаќа и каде може да се релативизира се и сешто, тоа е друга работа.
Edited by Cloverstack - 06-Jan-2010 at 02:42
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#203 Posted: 06-Jan-2010 at 02:34 |
Паркинг просторот е јавен и неможе да влезе у цена на стан. Значи ја од Кисела Вида не смеам да припарам со кола тамо?! Се работи за јавен простор кои е даден по бенифицарана цена на оние кои живеат блиску до него. Не е населбата акционерско друштво па од сите содржини да добиваме провцент. Ај на сите ако не нека им дадат по еден квадрат деловен простор у Бисер. Загарантиран никако за таа цена. Загарнтирано место е де факто одкупено и за 200 денари не доаѓа ни под разно. 50 евра може е премногу, толку е цена да се изнајми гаража, ама илјадрака би била разумна цена. Граѓаниве бараат преку леб погача. Се кладам дека преходно имале десет пати поголем проблем за наоѓање место.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#204 Posted: 06-Jan-2010 at 02:24 |
 Кога за нешто плаќаш тоа треба и да го добиеш. А за цената претеруваш. Не збориме за центар на град или не знам каква зона, туку за планска станбена населба. Згора на тоа, веројатно паркинг просторот влегувал во цената кога биле продавани становите.
Edited by Cloverstack - 06-Jan-2010 at 02:25
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#205 Posted: 06-Jan-2010 at 02:03 |
Нека не се праат наудрени, како да предходно имаа загарнитари места. Не! Туку напротив бетер беше ситуацијата со наоќање паркинг место. А за загарантирани места немам против, ама нека коштаат по 50 евра месечно и со помаранџесто столпче со клуч, па кој сака нека повели. 3 евра за загарнитирано место нема никаде во свет и во нај батал држави.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#206 Posted: 05-Jan-2010 at 17:53 |
Плаќаат за паркинг, а паркинг нема

Жителите на Аеродром, што живеат кај трговскиот центар „Бисер“, реагираат дека честопати немаат слободно место за паркирање,
а наскоро ќе почнат да плаќаат месечна карта за користење на зонскиот
паркинг. Тие велат дека немаат против да плаќаат по 100 или 200 денари
месечно за зонското паркирање, но бараат да имаат загарантирано
слободно место, а не да вртат кругови низ населбите.
Зонското
паркирање есеноска беше воведено во центарот на Скопје, но и во
Аеродром, во делот кај „Бисер“, а наскоро ќе почне да се применува и од
спротивната страна на булеварот Јане Сандански, кај маркетот „Веро“,
каде што местата се обележани. Паркирањето за посетителите чини 25
денари од час, а за станарите досега беше бесплатно. Штом беше
воведено, на паркинзите зад „Бисер“ се создаде некаков ред, а
средишниот дел престана да се користи за паркирање, но на сметка на тоа
се создаде голем метеж во останатите улици во околината, каде што нема
зонско.
- На ваков начин зонското паркирање е нефункционално и
воопшто и не би требало да се спроведува. Многу често кога ќе се вратам
од работа по 17 часот нема место каде да го паркирам возилото, па мора
да одам на паркингот кој е на соседниот блок отспротива. А веќе ми
стигна предупредување да платам 200 денари месечна претплата за
паркинг-местото. Немам против да си платам и да имам паркинг, но зошто
од „Градски паркинг“ продаваат повеќе места отколку што имаат - прашува
А.Д. кој живее во околината на „Бисер“.
Од јавното
претпријатие „Градски паркинг“ велат дека кај „Бисер“ има обележано
1.355 паркинг места, а за потреба од паркинг се пријавиле 1.120 жители.
Директорот на јавното претпријатие „Градски паркинг“, Панче
Стојановски, вели дека проблемот кај „Бисер“ се создава затоа што се'
уште не почнале да ги наплатуваат казните за пречекорување на времето
на паркирање.
- Сите жители од овој реон се евидентирани, но
досега не сме им испратиле барање за месечна наплата за паркирање.
Проблемот е во тоа што се' уште не сме почнале да ги санкционираме оние
што не плаќаат за користење на паркинг-местото и оние кои го
пречекоруваат времето. Системот на зонско паркирање не може да
функционира ако не е извршена евиденција на жителите и на правните лица
и ако не се применуваат доплатните карти за несовесните граѓани. Со
примена на казните состојбата ќе се среди - тврди директорот
Стојановски.
Според него, таканаречените доплатни казнени карти ќе се активираат од 15 јануари и ќе чинат 1.300 денари.
-
Ќе бидат ангажирани мобилни екипи, кои ќе контролираат и со доплатни
карти ќе ги казнуваат граѓаните што не плаќаат за паркинг. На оние што
не сакаат и тоа да го платат, возилата ќе им бидат блокирани со
блокатори. Сметам дека до 1 февруари ќе функционира се' како што треба
- вели Стојановски.
Досега претпријатието немало можност да казнува бидејќи немале официјален ценовник.
-
На последната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука да
се воведе зоната Д за зонско паркирање, каде што цената за паркирање за
жителите што живеат во неа ќе биде 100 денари, а не 200 денари месечно,
како што беше најавено. За оние што доаѓаат да завршат одредена работа,
привременото паркирање ќе чини 25 денари за час, а за правните лица ќе
чини 750 денари месечно - вели Стојановски.
Истите цени ќе важат
и за делот кај маркетот „Веро“, каде што допрва ќе се врши евидентирање
на жителите на кои им е потребно паркинг-место.
Анела Петрова |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=13FDF95C34EF324C825C3CA02FF72DCD
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#207 Posted: 19-Dec-2009 at 02:15 |
за жал се согласувам со лсл и xnx, паркирањето стана машина за собирање пари, а од расчистување на гужви и просторни тротоари ништо не само во Дебар маало, туку насекаде тротоарите ги претворија во паркинзи, додека треба копмплетно да се исчистат од возила а има и случаи каде зонското паркирање е сосема непотребно, како делот во Аеродром од последниот апдејт, каде нема гужви и покрај растоварувањето на возила од трговските објекти, а камо ли па да нема место за обични граѓани
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#208 Posted: 18-Dec-2009 at 22:09 |
Од Нова година казни и во третата зона за паркирање

Санкцијата за секој што нема да плати паркирање или ќе заземе место за инвалиди е 700 денари
„Градски паркинг“ по празниците ќе почне да казнува за неплаќање
паркинг и во третата зелена зона, во Аеродром и во Дебар Маало. Од
претпријатието велат дека засега се толерираат неплаќачите, бидејќи се'
уште трае периодот на навикнување. Во првата зона во строгиот центар на
градот одамна се наплатува казна од 1.300 денари, доколку некој не
платил за паркирање или го надминал лимитот од два часа. Во втората
зона казната за вакви прекршоци е 1.000 денари.
Неказнувањето во
третата зона, пак, не им одговара на жителите на улицата „Орце
Николов“, како и оние од зградите околу „Бисер“. Тие се жалат дека иако
веќе три месеци плаќаат по 200 денари за станарски билет, сепак, се'
уште се случува да нема место за паркирање. Жителите бараат „Градски
паркинг“ да почне да ги санкционира несовесните или, пак, да им
гарантира паркинг-место на станарите.
„Често се случува,
особено во вечерните часови кога има поголем прилив на автомобили,
особено во околните кафулиња, да немам каде да го паркирам својот
автомобил. Иако имам станарска картичка, сепак, се наоѓам во ситуација
да морам да го паркирам автомобилот некаде во околните улички. Излегува
дека сме казнети ние што имаме картички, а тие што не плаќаат паркинг
поминуваат неказнето“, вели жителка на улицата „Орце Николов“.
Во
„Градски паркинг“, пак, информираат дека санкционирањето ќе почне по
Нова година. Ќе се наплатува доплатен билет, како и во првите две зони.
Ќе се казнува секој што нема да испрати СМС-порака или нема да поседува
талонче за паркирање, а казната ќе изнесува 700 денари. Истата сума ќе
треба да ја плати и секој што ќе заземе место наменето за
инвалидизирани лица. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5C1F8C255567A4D8DD81B1B986EBA5F
|
 |
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#209 Posted: 18-Dec-2009 at 11:37 |
mene me razocara mnogu debar maalo. trotoarite se skoro celi zafateni, nekogas i se prakiraat nadvor od liniite i pak treba da se izleguva na ulica za da se pomine. mislam deka e tragicno edna tolku ubava i prometna ulica(so pesaci) kako orce nikolov da ima 1 metar sirok trotoar
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#210 Posted: 18-Dec-2009 at 05:23 |
Ни се потврдија основните претпоставки за вовдувањето на зонсково дека ќе се претвори во метод за полнење општински буџети за ионака слаби финанските, наместо да биде метод за дисперзија на гужви и тесни грла по паркинзи. Сабајле се паркирав кај бисер, гужва по паркинзи редовна, а главниот проблем со растовар на роба за пазарчето пак исто. Комбинња растовараа на сред зонски паркинг и немаше ниеден редар, за разлика од центар што ги има скоро за секое возило по еден.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#211 Posted: 17-Dec-2009 at 22:02 |
Зонско паркирање и во Гази Баба
На
иницијатива на градоначалникот Тони Трајковски, најдоцна
за еден месец ЈП "Градски паркинг" ќе обележи 350 паркинг-места
на улицата меѓу "Пивара" и "Алкалоид"
Зонско
паркирање од идниот месец ќе се воведе и во Општина Гази
Баба. Ваквиот систем првин ќе биде почне да функционира во
индустрискиот дел во населбата Автокоманда, на улицата
меѓу фабриките "Скопска пивара" и "Алкалоид".Станува збор
за 350 паркинг-места каде што еден час паркирање ќе чини 10
денари. Казната за возачите што нема да платат за паркирањето ќе биде 700 денари. Директорот
на "Паркинзи" Панче Стојановски вели дека воведувањето на
зонско и во овој дел на градот било на барање на
градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, но и на
фабриките. "Проектите ни се готови, па ако ни се погодат
временските услови, веднаш ќе почнеме да ги бележиме
паркинг-местата. Пред да почнеме со работа, треба да се
санираат и одредени делови на улицата кај 'Алкалоид' и
'Скопска пивара', но тоа брзо ќе се среди. За вработените во
фирмите ќе има бенефицирани цени,оти зонското го
воведуваме, пред сe, за нив", објаснува Стојановски. Најавите
се дека зонско паркирање ќе се почне и во делот околу
Трговскиот центар во Автокоманда и на уште неколку места
каде што има голема циркулација на возила и сообраќаен
метеж. (М.Ѓ.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=001780CE1D60184EBD900A240AE0DDE7
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#212 Posted: 13-Dec-2009 at 21:34 |
Јас не ги ни приметив координатите кај тебе
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#213 Posted: 13-Dec-2009 at 21:27 |
Да, моите координати беа малку утнати. Сега е поправено
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#214 Posted: 13-Dec-2009 at 21:22 |
Linea, сликаново овде ли е:
41°59'11.79"N 21°28'5.38"E
?
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#215 Posted: 12-Dec-2009 at 19:59 |
воопшто не ми се допаѓа ова, просторот кој си го сликал нема скоро никаква потреба да се наплатува за него
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#216 Posted: 11-Dec-2009 at 18:30 |
Слики од денешното обележување на паркинг местата во Аеродром 41°59'11.79"N 21°28'5.38"E  
Edited by La Linea - 13-Dec-2009 at 21:27
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#217 Posted: 11-Dec-2009 at 18:14 |
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КАТЕГОРИЧНИ
Нема зонско во Карпош и во Ѓорче
Зонско
паркирање ќе нема во догледно време во општините Ѓорче Петров и Карпош.
Ова го потврдуваат првите луѓе на двете општини, кои се спомнуваа како
можни идни локации каде што ќе се прошират зоните. Градоначалникот на
Ѓорче Петров, Сокол Митровски, вели дека, и покрај најавите во
медиумите, проектот на „Градски паркинг“ засега нема да се примени и во
неговата општина. - Имаме доволно места за паркирање, а општината има и
едно јавно паркиралиште. Не размислуваме за зонско паркирање затоа што
не сакаме никакви дополнителни трошоци за граѓаните во овој момент. Во
некое подобро време ќе размислиме - смета Митровски. Откако
градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, категорично ја отфрли
можноста проектот да се спроведува во општината, најави имаше дека
сепак тој ќе дозволи зонско паркирање пред трговскиот центар „Карпош 3“
за да го реши сообраќајниот хаос. - Досега не дошло до никакви директни
преговори со ЈП „Градски паркинг“. Во Општината се уште се размислува
дали овој проект на градот е воопшто применлив на територијата на
Карпош и кои се импликациите од него. Дали ќе дојде до разговори и до
имплементација на зонското паркирање во ТЦ „Карпош 3“ уште е прерано да
се каже - велат надлежните од Карпош.
Р.П. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1889&ArticleID=128739
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#218 Posted: 01-Dec-2009 at 22:55 |
Во Аеродром почнува да функционира зоната Д за паркирање

Во белата зона ќе има поповолни цени за паркирање, особено за правните лица
Сања Наумовска
Зонското паркирање во
Скопје добива четврта, бела зона, наречена зона Д, која ќе
профункционира во општината Аеродром. Деновиве, со бележењето на
паркингот зад маркетот „Веро“, ќе се отвори новата зона, која во прво
време ќе има иста цена како и зелената зона Ц. Во иднина, најавуваат од
јавното претпријатие „Градски паркинг“, зоната Д ќе има поголеми
поволности, особено за правните лица, како и за сопствениците на дуќани
во рамките на зоната.
Зад „Веро“ се отвораат 750
паркинг-места, кои ќе им бидат на располагање, пред се', на станарите
на околните згради. Веќе се одбележани околу 250 места, а до крајот на
неделата ќе се одбележат и другите. Ќе се постават и сообраќајни знаци,
како и првата табла со бела боја во Д-зоната.
Како што
информираат од „Градски паркинг“, сите заинтересирани станари за
месечните картички за паркирање ќе можат да аплицираат на
информативниот пункт кај „Бисер“. Службите ќе работат во две смени, од
7 до 21 часот. Се' додека не се создаде комплетната база на податоци,
за станарите зад „Веро“ паркирањето ќе биде бесплатно.
„Засега
цената и условите на паркирањето ќе бидат исти како и во зоната Ц, но
наскоро ќе бидат предложени нови цени, кои ќе бидат пониски. Најповолно
ќе биде за правните лица, чиј бизнис гравитира околу зоните што ќе
добијат многу поевтина месечна карта. Цената за зоната Ц е 3.000 денари
месечно, а за зоната Д предлагаме да биде 750 денари. За станарите
останува 200 денари месечно паркирање“, информираат од „Градски
паркинг“.
Паркирањето, како и во зелената зона, нема да биде
временски ограничено, но ќе биде поевтино. Според пресметките на
јавното претпријатие, на Советот на Скопје ќе му биде предложено еден
час паркирање во Д-зона да чини 20 денари.
Во новата зона ќе
влезе и веќе направениот паркинг зад „Бисер“, како и планираниот кај
„Три бисери“. Белата зона ќе ги опфати и зонското паркирање во
општината Карпош, каде што е договорено на овој начин да се среди
хаосот на паркингот пред трговскиот центар „Лептокарија“. Во општината
Чаир, зонско паркирање ќе се воведува на малиот паркинг покрај
трговскиот центар „Мавровка“. Белата зона ќе ги опфати и општината
Кисела Вода, почнувајќи од Рампа, како и општината Ѓорче Петров, каде
што, исто така, планирано е зонско паркирање на неколку фреквентни
локации. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAC097F41FD87547B88C6D2E0DEAE870
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#219 Posted: 23-Nov-2009 at 21:31 |
зонското паркирање има ефект доколку е како што треба организирано, а кај нас не е така, само се воведува кај треба и не треба без да се увиди каква е ситуацијата, колкав промет има и како се користи слободниот простор и всушност која е целта целиот град да се претвори во паркинг зона кога целта беше да се реши паркирањето во централните подрачја? не гледам друга освен нечиј профит во нашиов случај улиците во склоп на мал ринг според мене е најубаво да се пешачизираат, а не да останат паркинзи, главно паркинзите треба да се на периферија на центарот, а натаму да се иде пеш сеуште не ми е јасно манијакалното претворање на секој дел од асфалт во градов во паркинг кој се наплаќа, зарем нема друг начин на решавање на сообраќајниот хаос  мислам дека ова е иницијатива да се користат што помалку возила, што е барем една добра страна
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#220 Posted: 23-Nov-2009 at 14:59 |
ИНТЕРВЈУ СО ПАНЧЕ СТОЈАНОВСКИ, В. Д. ДИРЕКТОР НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Зонското паркирање ќе ги покаже добрите страни
Во
сите скопски општини постојат проблематични пунктови, места што не
можат да се затворат со рампи, па зонското паркирање за нив е
најсоодветното решение. Ова е ставот на новоименуваниот в.д. директор
на „Градски паркинг“, Панче Стојановски. По два месеца откако почна да
се спроведува новиот систем на паркирање, сегашниот прв човек на
јавното претпријатие ги наведува првите резултати, оценките за нив, но
и идните амбициозни планови на претпријатието. у Какви се досегашните
резултати од зонското паркирање, се паркираат ли граѓаните во зоните
или ги избегнуваат поради високите цени? - Во строгиот центар
постигнавме задоволувачки резултати. Прво, успеавме да го намалиме
бројот на граѓаните што во центарот се паркираа без некоја поголема
потреба и се отворија места за тие што таму секојдневно гравитираат.
Финансискиот резултат е 70 проценти од тој што го очекувавме, а од
трите паркиралишта, кај полициската станица „Беко“, зад хотелот
„Бристол“ и зад Собрание дневниот приход е меѓу 12.000 и 15.000 денари.
Втората зона каде што паркирањето се одвива на улиците Орце Николов и
на дел од Ѓуро Ѓаковиќ не ги исполни очекувањата. Тука приходот е од
2.500 до 4.000 денари дневно. Кога ќе почнеме со работа и на Ленинова
тој ќе се зголеми. На двете улици ќе ставиме метални пречници на
тротоарите, за да ги принудиме возилата прописно да се паркираат, а за
пешаците задолжително да остане простор од 1,6 метри. Планираме и да го
продолжиме работното време на 24 часа, затоа што овде метежот настанува
навечер кога луѓето доаѓаат во кафулињата. Се на се, целосните ефекти
ги очекуваме по една година од воведувањето на системот. у Зошто
зонското паркирање што првично беше најавено да го реши проблемот во
централното градско подрачје се прошири и по општините, на пример во
Аеродром? - Скопје е специфичен град во кој општините имаат одредени
проблематични пунктови, места што не можат да се затворат со рампи,
туку зонското паркирање за нив е најсоодветното решение. Ова особено
важи за улици, зашто по нив не може да се паркира, освен ако не се
спроведе системот на зонското паркирање. За да ги решиме тие
проблематични точки имаме добра соработка со општините. Затоа се вклучи
и Аеродром. Но, ние ќе им дадеме време на жителите сами да ги увидат
придобивките од зонското паркирање. Во општина Карпош, исто така,
разговаравме со градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој сака да го реши
проблемот со паркирањето кај ТЦ „Карпош 3“. Зборувавме и со општина
Ѓорче Петров, но засега немаме ништо конкретно, а истиот систем сметаме
дека има потреба да се спроведува и во општините Чаир и Бутел.
Планираме да ја вклучиме и улицата Максим Горки, за која сега го
работиме проектот, но таму имаме проблем со амбасадите. Тие мора да
разберат дека паркирањето треба да се плаќа, како што и ние во нивните
земји ја исполнуваме оваа обврска. Па, во други земји, како на пример
во Белград, ако живееш во центар не можеш возилото да си го регистрираш
ако не покажеш документ дека имаш каде да го паркираш. у Зошто кај нас
зонското паркирање почна да се применува на веќе постојните
паркиралишта место на коловозот од улицата? - Тоа не е точно. Првите
три паркиралишта каде што го почнавме системот се сервисни улици, а и
на дел од Орце Николов паркирањето е на улица. уОпштина Центар сака да
ја преземе надлежноста на паркиралиштата, за кои тврди дека ги
изградила, а „Градски паркинг“ ги стопанисува, и бара да се вклучи во
зонското паркирање, односно да добива дел од приходот остварен на
улиците во нејзиното подрачје. Ќе ги отстапите ли паркинзите во Центар?
- Не стопанисуваме ни едно паркиралиште што го изградиле тие. Ние
разговаравме со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и на
Центар, Владимир Тодоровиќ, и кажавме дека сме подготвени да ги
отстапиме улиците, ако најдат сметка да спроведуваат систем вреден
300.000 до 400.000 евра. у Сепак, ставивте рампи кај белите згради,
спроти последната автобуската станица на автобусот број 23, на
паркиралиште што не е ниту градско, ниту општинско, туку го изградил
инвеститор? - Таму сме по желба на граѓаните. Просторот има 112
места за паркирање, а потребата е за 270 возила. Затоа им понудивме на
станарите да го преземеме управувањето и за тие за кои нема место да
можат да паркираат во непосредна близина, спроти „Нова Македонија“. у
Дали ќе ги намалите цените за паркирање? - Ако има корекција на
комуналната такса. Сега таа изнесува 10 денари од цената за паркирање
по еден час и 30 денари од влез. Бараме таксата да се намали и да се
пресметува процентуално, односно да биде 10 проценти од цената за
паркирање. у Но, имате долг за неплатена комунална такса кон Градот,
иако двапати беа донесувани одлуки од Советот да ви се доделат
субвенции? - Откако сме формирани не сме добиле ни еден денар од
Градот. Не бараме субвенции. Само бараме од тие пари што ги одобрија да
ни дадат 20 милиони денари, кои беа наменети за инвестицијата за
зонското паркирање.
Ќе се исцрта четврта бела зона
Јавното
претпријатие „Градски паркинг“ го продолжува проектот зонско паркирање
со уште една, бела зона. Разликата со другите три зони, односно
црвената, жолтата и зелената, ќе биде во цената. За станари паркирањето
останува 200 денари месечно, а цената за фирмите ќе биде пониска во
однос на другите зони. Белата зона, чиишто граници се уште не се
конечни, ќе се протега од Железничката станица кон Аеродром и по
Рузвелтова, до каде завршува зелената зона.
Интерес и за катните гаражи
Директорот
Стојановски најавува дека заедно со Градот се заинтересирани да
учествуваат и на некоја од наредните продажби на земјиште за катна
гаража, меѓу кои ги спомнува локациите спроти зградата на Лотарија на
Македонија и кај работничкиот дом „Кочо Рацин“. Според него, јавното
претпријатие не може самостојно да ја финансира изградбата, па затоа се
размислува за јавно-приватно партнерство. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1873&ArticleID=127202
|
 |