![]() |
![]() |
![]() |
Скопска обиколница [A2/A4] |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 24> |
Author | ||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Еве ја конечно веста што долго време ја очекувавме
![]()
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6912D5FEA7E1A74490632A9B0BF10AE3 Edited by pbanks - 16-Jun-2009 at 23:26 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
LSL ни малу не можам да го сватам резонот за ваква работа, кога се што треба да се направи е дооформување на клучката Хиподром.
Ова што го предлагаш е нерационално од сообраќаен аспект, непотребно би се завзело ново земјиште, а и за цената не се слагам дека ова би било поевтино - кај Хиподром треба модификации и дооформување на некои насипи, а ваму покрај нови насипи би требало и нов надвозник преку автопатска траса (над 30 метри). Не се слагам ни дека потребата ќе се наметне дури откога ќе почне да се оформуваат индустриски зони долж обиколницата. И сега има и те како потреба од врската. Без таа врска, сообраќајот од голем дел од градот ќе биде приморан да се пробива низ градски метеж и долги заплеткани градски маршрути, за да се вклучи на обиколницата преку клучки кои се наменети за други реони. Главниот источен излез од градот секако мора да има врска во правец на обиколницата, а најважната клучка во проектов обиколница и практично најважната клучка во целата држава секако дека мора да обезбеди движење во сите правци. Полукружното вртење не е некоја придобивка бидејќи кога се вклучуваш на автопат ваљда знаеш во кој правец сакаш да одиш и за таа цел се што треба се клучки кои овозможуваат движење во сите потребни правци. Решението е во таквите клучки, а не во обезбедување дополнителни надвозници за полукружно вртење. Не треба да измислуваме топла вода туку едноставно што побргу треба да се докомплетира клучката Хиподром: ![]() Edited by Cloverstack - 14-Jun-2009 at 14:11 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
До скоро не бев убеден дека изградбата на коплетен Кловерстак кај клучката Хиподром е толку потребно, односно не бев убеден дека свртувањето Скопје-обиколница е толку потребно. Може би кога гледаме од резиденцијален аспект на Стајковци и околните села , може би тогаш да стварно е непотребно, но што ќе праиме кога околу обиколницава ќе се претвори во индустриска зона?! Ќе почнат да фрчат камиони и комбиња низ околните села што повторно ќе ја отвори потребата од можноста да се свртува Скопје-Обиколница. Нормално корисниците си го бараат патот и ќе си го најдат на првата клучка, но тогаш ќе се случи клучките кои се наменети за локалните села да се користат од транспортни возила, авпрочем тие клучки и не се клучки туку се најчесто некои не семафоризирани дијаманти. Евентуално идно модифицирање на сегашнава клучка би значело изградба на нов крак Велес-Куманово што би повлекло и еден надвозник нов пошто сегашниов е на местото каде што би бил идниот свиок и изградба на свиокот Скопје-Обиколница. Затоа еве предлагам клучка непосредно во близина на обиколницата (41°59'9.52"N 21°32'14.15"E) да се изгради со која што би обезбедиле можност и за свртување Скопје-обиколница, но притоа овозмужува и свртување назад (за сите можни правци кон сите можни правци, освен од Велес-Велес што е апсурдно да нудиме повратно свртување априори таргетот (економската идна зона)) што е многу битно за вакви средини во кои што очекуваме да има засилена активност. Значи главниот муабет ми е дека доколку ви иднина треба да го надоместиме овој пропуст, од ден на ден се повеќе ми изгледа како глупост, поефтино би било да се иде на ваква засебна клучка која опфаќа само два кратки крака со еден надвозник, за разлика од модификација на основната клучка што би било поголем и делумно поскап градежен зафат, за разлика од следниве кои нудат и дополнителни придобивки. Еве имам четири предлог решеија, онака нацртани со слободна рака. Јас би го преферирал 3-ка...
![]() Edited by lslcrew - 14-Jun-2009 at 13:02 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Од денешен аспект, со ваква неажурност, со сите импровизации кои ни се десиле и сите други околности, можеме да очлекуваме дека во иднина и тука ќе ни спаковаат некој "бит-пазар", само што незнам дали и него ќе може да го сместат овде со оглед на тоа што подвозникот е претесен за булевар, па ме плаши да не треба да ја прекопуваме обиколница за поширок подвозник.
Edited by lslcrew - 10-Jun-2009 at 19:33 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Тоа е клучка Стенковец, не Стајковци. Првата клучка (кај Лепенец, помеѓу Волково и Орман) очигледно е редизајнирана во (квази) дијамант за да се поврзе и према север, то ест према Орман. Труба очигледно веќе не е во игра. И сето тоа е во ред. Она што не е во ред е што клучкава е неправилен квази-дијамант то ест „измасирана“ клучка како што добро ја опиша. Збутана во смешно минијатурен простор и со три вкрстувања, ваму во иднина дефинитивно ќе има доста проблеми. Не знам што ќе измислат кога Илинденска конечно ќе се поврзе тука и кога ќе почне да никнува големата индустриска зона предвидена покрај Лепенец. Овде ќе немаат простор ни за онакви заебанции какви што прават на квази-дијамантот на Битпазар. Можеле барем да експроприраат уште некои 30-тина метри квадратни за да направат правилен дијамант, па колку и да е минијатурен, сепак многу подобро ќе функционираше од оваа наказа. Кај Стенковец конечно решение останува целосна детелинка. Ова сега е најобично штедење пари и одлагање, што можеш утре не го прави денеска. ![]() За автопати би било малоумно со паркло дури и со нашиве генијалци во агенцијата за патишта. Па и да не е автопат туку некој експресен пат со 4 ленти накај Блаце, пак би било малоумно. Но сепак и програмите и документите и тендерот за концесии на автопатишта и самиот надвозник со 3 ленти и несиметричноста на клучката кај која е оставен простор таман за да се докомплетира автопатска траса, од сето тоа е јасно дека ние овде планираме автопат и комплетна дијамантска детелинка, без разлика како планираат од другата страна. Edited by Cloverstack - 10-Jun-2009 at 19:25 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Во врскја со клучката Стајковци го приметив истото што Кловер го имал пнапишано пооддамна. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=12678#12678 Се работи за растојанието на свиоците од надвозникот. западниот е десетина метри малку пооддвоен од источниот, но сепак незнам дали и ова е доволно.
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Еве уште некоја клучка од обиколницава. Оваа првата е клучката во Волково непосредно до Лепенец, каде што некогаш во иднина треба тука да завршува булеварот Илинденска. Е сега ова што е изведено на терен ми личи на измасирана, но сепак дијамант раксрница. Колку што знам овдека е превидена класична клучка-труба. Дали е ова моментално нешто што е сврзано чисто колку да ги задоволи потребите за поврзување на локалните патишта или вакво нешто ќе биде и крајното решение за кога некад ќе дојде време за Илинденска?!
![]() Е ова е клучката со патот за Блаце. И порано ја имаме разврзано оваа дискусија еве сега јас пак ќе се навратам. Имено тука првично е планирана класична детелника без никакви прекстувања, а сега моментално се изведени само два од четирите свиоци што ја прават оваа клучка обично "паркло" кое е доволно за да го задоволи прекрстувањето на обиколницата со магистралниот пат. Сепак не верувам дека би дозволиле два автопата да ни се прекстуваат со раскрница, а не со клучка, така да сега ми се вртат низ глава две опции. Едната е дека клучкава ќе се доврши кога ќе се гради автопатот за Блаце, а втората опција ми падна на памет како резултат на една шпекулација ланска дека од косовкста страна патов требало да биде некој проширен магистрален пат со 4 ленти, а не класичен автопат. Па си мислев да не случајно и од наша страна се иде на такво решение, па зато не се извела до крај раскрницава. о пак од друга страна контрааргумент на тезава може да биде онаа една штрафирана лента на надвозникот што потврдува дека овој надвозник е правен за три ленти и до него му треба близнак, а не за четири ленти. ![]() Ова е една клучка позади Стајковци. Ја евидентирав само поради тобоганскиве нагиби... ![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Кловер, па јас не те обвинив дека си заебал работа!
![]() ![]() Инаку свртувањето Ск-Обиколница може би и затоа е збутано на толкацко растојание, за да не треба да се гради ште еден надвозник над патот Ск-Те, или воопшто и неморада има надвозник доколку биде исклучувањето од ск-те од десно, а не како сега од лево. Можеби немале место за нагиб, ама ипак мислам дека со еден 100метарски радиус од другата страна ќе можеше да се извади некои ~300 метри нагиб и да се испочитува агол. Edited by lslcrew - 10-Jun-2009 at 15:53 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Не знам зошто си очекувал неправилен свиок во правец од обиколница во Скопје поради мојата скица на клучката. Во рамки на можностите прецизно го имам вцртано тој свиок.
Малку сум утнал кај свиокот во обратен правец, сум го направил со ист радиус како претходниот, а во стварност тој е со уште помал. Но скицата ја имам правено пред година и пол, па може да ми се прогледа низ прсти за таква мала грешка ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Еве како изгледа од сателит клучката Кондово, тамо каде што обиколницата се спојува со патот за Тетово и со влезот во Скопје. Пошто досега ја немав видено од оваа перспектива морам да кажам дека очекував поголема ипровизација на свиокот од обиколница за влез во Скопје. Очекував некои свиок со неправилна форма (се раководен од скиците на Кловер), ама тука се идело на радиус 50м и покрај тоа што иницијално, барем како што е со ГУП-от беше предвидено 150м. А ме изненадува и дека со нешто помал радиус (~35-40 метри) се идело и за правецот од Скопје кон обиколница и покрај тоа што тука барем имало простор каде да се изведе нешто посолидно, а иницијално беше планирано радиус 120м. Тука трасата беше чиста, немаше некои објекти или посебно многу ниви за експорпријација. Конкретно ова свртување Скопје-обиколница иако не многу потребно, сепак е една од поголемите дамки на обиколницата. Но сепак вака џабе да разглабеме крак по крак, кога најдобро ќе беше да се изведе онака како што беше компленто во ГУП-от, со сите марифети (довршување на свртувањето Ск-Те односно она закривување на одприлика ~400м од постојниот автопат Ск-Те за да се отвореше терен за солидна клучка).
![]() Edited by lslcrew - 10-Jun-2009 at 08:22 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Имаат грешка кај првата слика. Ми се чини дека кај е Стенковец, ама во секој случај не е кај Орман.
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Орман...
![]() Кондово... ![]() ![]() ![]() www.llb.com.mk Edited by lslcrew - 09-Jun-2009 at 03:08 |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Незнам зашто не се практицира зад бариерите уште и еден зелен појас кој додатно ќе ја намали бучавата а од друга страна ќе апсорбира од издувните гасови.
|
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
@Црешевојас неочекувам дека има негативни фактори кои валдеат меѓу населението. За загадувањето мислам дека како што кажа Кловер, се иде на поеколошки горива но сепак тоа не ги прави возилата максимално чисти и затоа тука аргументот до некаде држи вода. Што се однесува до бучавата, освен бафер зоната, треба голема улога да играат и оние ѕидови што се поставуваа за кои мислам дека имаат голем ефект, само незнам дали се поставени такви ѕидови кај Црешево. А за земјоделското земјиште мислам дека нема потреба да се стравува толку. Со оглед на тоа што Македонија има исористеност на обработливо земјиште од околу ~40-тина проценти мислам дека имаме голема фора. Ако гледаме микроскопски, можеби обиколницава малку делумно ќе го преобрати Црешево од земјоделскиот бизнис во некои производни капацитети, но сепак макроскопската слика за Македонија ќе се подобро со тоа што Црешево пак земјоделските бизниси ќе им ги отстапи на некои други региони кои пак ќе го дополнат она што Црешево ќе престане да го прозиведува.
|
||
![]() |
||
Cresevo ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-May-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Тоа е општото мислење а дали ќе биде така ќе ти кажам отпосле откако ќе го пуштат автопатот официјално
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Хмммм
Мислев дека Црешево е доволно далеку за жителите да не стравуваат премногу од загадување и бучава. Километар и пол до првите куќи е сепак солидна бафер зона. А новите генерации горива (безоловни бензини и „еко“ дизели) се далеку побенигни. За бучавата навистина немам претстава колкав фактор ќе биде, но и моторите стануваат потивки (ние нормално касниме), па во иднина и овој проблем би станувал се помаргинален. За земјоделското земјиште апсолутно се сложувам дека треба максимално да се штеди. Но обиколницава беше неопходна, а не можеше да го премости земјоделското земјиште и пак да остане атрактивна од економски и транспортен аспект. Се надевам дека сепак внимавале да не поминува баш по најплодното земјиште. Во секој случај има огромен број фактори кога се планира траса и за жал нема идеални решенија, мора да се балансира. |
||
![]() |
||
Cresevo ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-May-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Добронашол и секако дека сум од Црешево со задоволство колку можам ќе ве известувам
Да да од Црешево сум Општо мислење на населението е дека со изгградба на обиколницата има и позитивни и негативни работи Позитивни: -Поголема економска развиеност -Намалене време на патување во било кој дел од градот (ако порано од Црешево до Карпош требаше 30-35 минути сега времето е намалено на речиси 10-15 минути со автомобил) Негатовни: -Поголемо загадување -Голема звучност -Губење на земјоделско земјиште(Пример во Грција што се отвори Автопатот од Јонско море до Турска граница автопатот се движи по планини и ридови за да не се изгуби земјоделското земјиште (колку што сум информиран и колку што сум видел) П.С. Дали има некој план за економска зона покрај обиколницата? |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Освен хангари и укопани складишта, после напуштањето на меѓународните трупи (најголем контингент бева италиани), а за SAM ... ![]() |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
@ Cresevo
Добри фотки ![]() Еве и јас ќе си земам за право да претпоставам дека имаш некаква врска со она исто Црешево кое е поврзано на клучката Стајковци. Па би те замолил да кажеш мислење за ефектот што ќе го има обиколкицава за неговите жители од секој аспект. @ гитардемон Викаш за она што наликува на дива депонија? Хмммм ако е за тоа ни на крај памет не би ми паднало и затоа не сум загледал да видам како изгледа натака. Но ако си сигурен би сакал да го ѕирнам од блиску. Од каде информацијата ако не е тајна? ![]() Edited by Cloverstack - 04-Jun-2009 at 21:37 |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Можеби не е за тука прашањето, но навистина ме интересира дали некој го извозил овој (клик) сегмент од обиколницата? Тоа што се гледа е SAM (ваков сем) инсталација од СФРЈ, па ме интересира дали се гледа нешто од тоа бидејќи е многу блиску до патот, и дали има воопшто нешто интересно останато, иако на google earth изгледа дека нема ништо повеќе.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |