build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 29>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 28-Jul-2020 at 18:35
Зградата нема архитектонска вредност, но има голема сентиментална, и како симбол на универзалната солидарност по земјотресот, и како место каде пола век се одржувале разно-разни настани. Најдобро би било Универзална автентично да се реставрира и во неа да се одржуваат традиционалните настани (Златно Славејче, дел од Скопски Џез Фестивал итн.) и помали концерти, настапи, проекти... Капацитетот на големата сала е 1,568 седишта, со реконструкција и подобрување на условите, а мала промена на статусот може ќе се намали.

За потребите на Скопје и Македонија да се изгради поголем, подобар и современ објект кај СЦБТ, со околу 2,000 седишта, и тој да биде примарна концертна сала. Ама за ова треба пари, кои ги фрливме на малтер кој личи на мермер, а не е мермер, паразити во администрација, корупција и утки. Може прво да се почне со обнова на Универзална, а за 2 години со новиот Концертен центар Скопје; Владата, а можеби и граѓаните (со самопридонес) директно би зеле учество во финансирањето. Парк би имало на местото на Треска.

Понатаму може да се размислува за градско-регионални културни центри (~500 + ~150 седишта, поголема библиотека, курсеви итн.) во Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром. И, се разбира, довршување на Турскиот и Албанскиот театар (и онака е при крај) и нови објекти за Драмски и Култура (кои нема да личат на фабрички лименки од 2006). Драмски може и да се дислоцира на ул. Прашка (G-Mall), а сегашната зграда да се продаде на меѓународен ланец кина, со обврска какви било реконструкции и доградби да го почитуваат автентичниот изглед на објектот, донација од Велика Британија.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 28-Jul-2020 at 16:35
Почитувани членови на ААМ, почитувана јавност,
По скорешните написи во медиумите во врска со Универзална сала, сакаме да Ве информираме дека ААМ во Декември 2019 година беше контактирана од страна на Град Скопје за организирање на конкурс за нова Универзална сала со проширена програма кој соодветствува на програмата која ја имаше конкурсот од 2013 год. каде беше предвидена изградба на обејкт од 36.000 м², во согласност со постојниот Детален урбанистички план – ДУП Буњаковец 2. Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма.
Согласно ваквата иницијатива, од наша страна беше предложено нова Универзална сала, со бараната проширена програма, да се гради на друга соодветна локација. По направената анализа, како можна локација беше предложена локација во близина на Спортскиот центар “Борис Трајковски’. Предложената локација е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост. Во поглед на изборот на нова локација за Универзалната сала, беше напоменато дека постојат уште неколку можни локации и спремни сме во соработка со Град Скопје, заедно да изнајдеме најсоодветно решение на проблемот. Со овој став ААМ понуди мислење базирано на стручни анализи се со цел да се погледне пошироката слика и однапред да се детектираат и решат можните проблеми од аспект на идно функционирање на тој дел од градот преку посоодветно планирање и искористување на државните ресурси.
Она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото. Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање.
За да се избегнат забуни во јавноста, го повикуваме Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала. Би повикале уште еднаш, да се зачува постојниот објект и доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата на Република Северна Македонија да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност.
Меѓу другото, ААМ ќе поднесе иницијатива до Општина Центар, за новиот ДУП кој е моментално во изработка, оваа локација да биде со намалена површина за градба и истата да биде во рамки на постојниот објект.
Како и секој пат до сега, ААМ ќе се залага за решавање на сите спорни и „заборавени“ локации во државна сопственост, особено оние кои претставуваат клучни точки за развојот на Скопје, да добијат завршница и соодветно планирање или (ре)искористување, со што би се избегнала нивна (не)намерна злоупотреба во иднина.
Со почит,

https://www.facebook.com/arhitekti.mk/
Back to Top
PlctEtr93 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote PlctEtr93 Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 28-Jul-2020 at 15:10
Здраво,

Би сакал да прашам дали и двете зелени квадрати пред Александар Палас, на Илинденска се приватна површина? бидејќи и двата се поголеми од постојната парцела на Универзална сала, и овој простор би бил идеален, бидејќи тука ќе може и паркингот од Александар Палас и Борис Трајковски да се користи при манифестации, покрај постојниот на Универзална сала (секако на овој начин ќе се отстранат и оние кои горат кабли меѓу високата вегетација тука)
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 28-Jul-2020 at 14:24
Еве им шанса да направат голем паркинг во центарот на градот т.е. да биде подземен паркинг на две нивоа, секако, под паркот.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 28-Jul-2020 at 13:37
Толку време не е ништо направено да се дозволило барака да стане традиција на градов. Да се сруши уште одма.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 28-Jul-2020 at 13:24
Си има луѓе приврзани за универзалната...

Edited by David - 28-Jul-2020 at 14:07
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 28-Jul-2020 at 12:35

Го замислувам Мицковски како им наредува „VMRO-BOTS, ASSEMBLE!“ (како power rangers). Не верувам никому повеќе со овие „скопјани бесни“ или „граѓаните лути“.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 28-Jul-2020 at 10:54
НЕЦИВИЛИЗАЦИСКИ ЧИН, ДА ЈА ГУШНЕМЕ, ШИЛЕГОВ ДА НЕ ЈА ЧЕПКА: Граѓаните револтирани за Универзална сала

Нецивилизациски, да рушиш објект од времето на гестовите на солидарност? Бесмислица! Ајде да протестираме! Да ја гушнеме! Градежна мафија - ова се само дел од многуте коментари на нашата објава дека Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за летна сцена со парк на местото каде сега се наоѓа Универзалната сала во Скопје. Додека градоначалникот Петре Шилегов вели дека идејата доаѓа од фелата и треба да се разгледа, граѓаните се револтирани. Бараат да се престане со овој проект кој всушност значи и дека старата Универзална сала наместо да се реновира ќе се руши. Инаку идејата на местото на старата Универзална сала да се гради нов поголем објект пред една година ја одбија архитектите кои сметаат дека таков грандиозен проект треба да се прави на друга локација во градот. Сепак, ова ново решение ги зовре реакциите. Граѓаните не веруваат дека намерите се искрени. Бараат салата да не се чепка.

„Универзална им беше симбол за пред последните локални избори, па ветуваа секоја година, еве само што не сме почнале со реновирање имаме пари, сега викаат - руши ја.

Се прашува човек, ќе дојде утре време за МСУ да се реновира, тој денес им е омилен за партиски трибини, што би правеле тогаш, би го рушеле? Некоја убава летна сцена како би легнала таму ко видиковец. И ќе излезе некој паметњакович и ќе каже: Абе Универзална нема везе, времен објект беше, и онака ќе се рушеше, не вреди ко другите. Ако служела преку 50 години, и станала културен симбол на градот, и ако е дотраена до степен да не може да се реконструира, а нема што не може, изгради ја од ново, ќе трае уште 50 години, вели аналитичарот Ивор Мицковски.

Овој простор со Генералниот урбанистички план и со ДУП е со намена култура, па затоа мора да биде ставена и мала летна сцена, додека останатиот дел од просторот ќе биде парк. Летната сцена треба да биде со 150 седишта и да зафаќа површина од околу 400 квадратни метри, а останатото ќе биде парк.

Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за Фактор вели дека останува на своето убедување дека на тоа место не смее да има поголем објект.

„Тој објект е пет години затворен и нефункционален. Не може да се остави статус кво, а а ако се планира да се гради според намената, треба да се дислоцира, затоа што на тоа место нема капацитет за поголелем објект. Ние сите имаме носталгија за објектот, но сепак треба да се земе предвид и дека сега зјае празен. Не знам дали реновирањето е опција затоа што тоа треба да го одговори градот, односно тоа зависи од парите кои треба да се обезбедат.

Фактор веќе објави дека е објавен конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“. Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение. За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.
Нецивилизациски, да рушиш објект од времето на гестовите на солидарност? Бесмислица! Ајде да протестираме! Да ја гушнеме! Градежна мафија - ова се само дел од многуте коментари на нашата објава дека Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за летна сцена со парк на местото каде сега се наоѓа Универзалната сала во Скопје. Додека градоначалникот Петре Шилегов вели дека идејата доаѓа од фелата и треба да се разгледа, граѓаните се револтирани. Бараат да се престане со овој проект кој всушност значи и дека старата Универзална сала наместо да се реновира ќе се руши. Инаку идејата на местото на старата Универзална сала да се гради нов поголем објект пред една година ја одбија архитектите кои сметаат дека таков грандиозен проект треба да се прави на друга локација во градот. Сепак, ова ново решение ги зовре реакциите. Граѓаните не веруваат дека намерите се искрени. Бараат салата да не се чепка.

„Универзална им беше симбол за пред последните локални избори, па ветуваа секоја година, еве само што не сме почнале со реновирање имаме пари, сега викаат - руши ја.

Се прашува човек, ќе дојде утре време за МСУ да се реновира, тој денес им е омилен за партиски трибини, што би правеле тогаш, би го рушеле? Некоја убава летна сцена како би легнала таму ко видиковец. И ќе излезе некој паметњакович и ќе каже: Абе Универзална нема везе, времен објект беше, и онака ќе се рушеше, не вреди ко другите. Ако служела преку 50 години, и станала културен симбол на градот, и ако е дотраена до степен да не може да се реконструира, а нема што не може, изгради ја од ново, ќе трае уште 50 години, вели аналитичарот Ивор Мицковски.

Овој простор со Генералниот урбанистички план и со ДУП е со намена култура, па затоа мора да биде ставена и мала летна сцена, додека останатиот дел од просторот ќе биде парк. Летната сцена треба да биде со 150 седишта и да зафаќа површина од околу 400 квадратни метри, а останатото ќе биде парк.

Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за Фактор вели дека останува на своето убедување дека на тоа место не смее да има поголем објект.

„Тој објект е пет години затворен и нефункционален. Не може да се остави статус кво, а а ако се планира да се гради според намената, треба да се дислоцира, затоа што на тоа место нема капацитет за поголелем објект. Ние сите имаме носталгија за објектот, но сепак треба да се земе предвид и дека сега зјае празен. Не знам дали реновирањето е опција затоа што тоа треба да го одговори градот, односно тоа зависи од парите кои треба да се обезбедат.

Фактор веќе објави дека е објавен конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“. Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение. За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.

https://faktor.mk/necivilizaciski-chin-da-ja-gushneme-shilegov-da-ne-ja-chepka-univerzalana-sala-gi-zovre-gragjanite-
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 28-Jul-2020 at 09:54
И јас мислам дека објектов нема голема архитектонска вредност, а тоа што е застарен во секоја смисла на зборот за современа музичка сала е само мотив повеќе за негово уривање. Тука и не мора ништо да се гради, плоштад со зеленило ќе биде доволно. Има доволно празни простори низ градов за нова локација на идната Универзална сала.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 28-Jul-2020 at 09:23
Ovde moze se da ima samo park ne... duri i da go napravat nema da trae dolgo.
Ocigledno deka postoi nekoja "nevidliva" sila koja vrsi pritisok za rusenje i preimenuvanje na gradbata koja podoсna lesno ke se pretvori vo stanben kompleks.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 28-Jul-2020 at 09:03
Ова само покажува колку фелата и јавноста како целини немаат поима. До кога бе со тој провинцијалски менталитет на неменливост на ништо. Универзална сала во Скопје има архитектонска вредност за градот колку што имаат општински бараки во ГазиБаба. Немора све од инат на СК14 да праиме сеа, па до вакви глупости да се доведуеме.

На интернет некаде прочитав шпекулација дека наводно пазарот тука бил џамија да се направело, зашто во многу поширок регион немало, а сепак овде онде по некоја фамилија има доселено. Вака на прва изгледа тотална глупост, ама нема да ме чуди и тој циркус да се изнагледаме.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Jul-2020 at 07:46
Што знам, би поддржал и изградба на поголема реплика на друга локација, како Треска на пример. Но нема некој голем бенефит. Најубаво на истата локација да се изгради повторно, со нешто поголем габарит и модерни материјали нормално. Две подземни паркинг нивоа, евднтуално пристап од Партизанска и тоа е тоа. Само рушење на објектов е недозволиво.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 27-Jul-2020 at 15:09
На местото на Универзална ќе се прави современ парк



https://kanal5.com.mk/na-mestoto-na-univerzalna-kje-se-pravi-sovremen-park/a432619
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 27-Jul-2020 at 15:05
Ок, само желби, размислувања, си прават муабет во кооперација луѓево.

Овој конкурс е распишан во случај доколку објектот на Универзална сала се гради на друга локација, за што е потребно време, на пример од три години, да имаме решение според кое би се осмислил просторот кај Универзална сала и би се уредил, зазеленил, наместо, за толкав период да гледаме како пропаѓа објектот. Тоа се процеси кои одат паралелно и траат долго време – истакна Наумовски.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 27-Jul-2020 at 12:35
Важно се гради: Шилегов ќе ја урива Универзална и ќе прави нова, а граѓаните од Буњаковец кој ги прашува

Град Скопје објави конкурс за избор на идејно решение за парк на местото на Универзална сала. Откако Асоцијацијата на архитекти на Македонија предложи новата Универзална сала да се гради на нова локација, а на постојната да се направи парк, Град Скопје ја почна постапката за реализација на оваа идеја. Во конкурсот се бара на просторот покрај парк да биде предвидена и отворена летна сцена, со што на овој простор и во иднина ќе можат да се одржуваат концерти и други настани.

Во конкурсот стои дека дизјанот на предложените решенија треба да се одликува со функционалност и применливост, односно да се дизајнира простор кој во естетска смисла ќе стане препознатлив белег на градот, односно ќе го облагороди просторот и со своите содржини ќе ги привлече граѓаните активно да го користат.

Предложениот дизајн треба да одговори на потребите како на граѓаните од станбената населба која се наоѓа околу локалитетот така и на сите граѓани во Скопје, да ја зголеми вредноста на просторот и да се вклопи во околината. Пред сè потребно е просторот да биде корисен, функционален и одржлив, што би се остварило преку очекувани оригинални, креативни и иновативни идеи.

„Со цел да се задржи духот на местото и овој простор да продолжи да живее во колективната меморија, препорачуваме авторите во своите конкурсни трудови да направат дизјан кој ќе има елементи на реминесценција на постојната Универзалната сала или како опција дозволено е да се искористат делови од постоечката Универзална сала, како од надземните така и од подземните делови на објектот, со што би му се искажала почит кон стариот објект“, велат од Град Скопје.

Меѓутоа граѓаните од Буњаковец организирани во Фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец“ овој проект на Шилегов и Град Скопје го нарекуваат „СКопје 2014 верзија 2.0“.
– Град Скопје на чело со Петре Шилегов најавува дека ќе урива Универзалната сала и се бара да се изгради парк кој ќе стане препознатлив белег на градот.
Па со ова се урива веќе препознатливиот белег на градот, кој плачеше за реновирање!
Реновирањето беше предизборно ветување на СДСМ со кое Шилегов дојде во градоначалничка фотелја. А паркот кој треба да се направи на ова мало место за потребите на граѓаните од Буњаковец, може да биде огромен парк кај Треска за сите граѓани на Скопје! – велат скопјани и прашуваат: Ќе остане ли нешто негибнато во Скопје?

https://www.vecer.press/важно-се-гради-шилегов-ќе-ја-урива-унив/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 27-Jul-2020 at 12:34


https://skopjeinfo.mk/park-so-letna-scena-na-mestoto-na-univerzalna-sala
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 27-Jul-2020 at 12:33
На местото на Универзална сала – мала летна сцена и парк





Според конкурсот, за да се задржи духот на местото и овој простор да остане во колективната меморија на граѓаните, се препорачува авторите во своите конкурсни трудови да направат дизајн кој ќе има елементи на реминисценција на постојната Универзална сала или како опција дозволено е да се искористат делови од неа, како од надземните, така и од подземните делови на објектот, со што би се искажала почит кон стариот објект



Градските власти решија да го осмислат просторот кај Универзална сала. Веќе е распишан конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за мала отворена летна сцена со парк „Универзална“, на местото на постојната Универзална сала, простор кој е дел од Градска четврт 31 во Општина Центар и е определен со Деталниот урбанистички план „Буњаковец 2“.

Како што информираа од Градот, овој простор со Генералниот урбанистички план и со ДУП е со намена култура, па морало да биде ставена и мала летна сцена, додека останатото, целосно ќе биде парк.

-Летната сцена ќе биде со 150 седишта и ќе зафаќа површина од околу 400 квадратни метри, а останатото ќе биде парк – објасни Никола Наумовски, шеф на кабинетот на скопскиот градоначалник.

Тој вели дека Градот сè уште нема донесено одлука на која локација ќе се гради новиот објект на Универзална сала и дали воопшто ќе се дислоцира оттаму.

-Овој конкурс е распишан во случај доколку објектот на Универзална сала се гради на друга локација, за што е потребно време, на пример од три години, да имаме решение според кое би се осмислил просторот кај Универзална сала и би се уредил, зазеленил, наместо, за толкав период да гледаме како пропаѓа објектот. Тоа се процеси кои одат паралелно и траат долго време – истакна Наумовски.

Според условите наведени во конкурсот, дизајнот треба да се одликува со функционалност и применливост, односно да се дизајнира простор кој во естетска смисла ќе стане препознатлив белег на градот, односно ќе го облагороди просторот и со своите содржини ќе ги привлече граѓаните активно да го користат.



-Предложениот дизајн треба да одговори на потребите на граѓаните од станбената населба која се наоѓа околу локалитетот, но и на сите граѓани во Скопје, да ја зголеми вредноста на просторот и да се вклопи во околината. Пред сè, потребно е просторот да биде корисен, функционален и одржлив, што би се остварило преку очекувани оригинални, креативни и иновативни идеи – наведено е во конкурсот.

Освен тоа, за да се задржи духот на местото и овој простор да остане во колективната меморија на граѓаните, се препорачува авторите во своите конкурсни трудови да направат дизајн кој ќе има елементи на реминисценција на постојната Универзална сала или како опција дозволено е да се искористат делови од неа, како од надземните, така и од подземните делови на објектот, со што би се искажала почит кон стариот објект.

Исто така, сите применети материјали, односно дизајнот во целост треба да се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност при експлоатацијата, лесно да се одржува и да е во согласност со најсовремените светски стандарди за ваков или сличен тип на објекти. Притоа, особено е потребно да се води сметка за употребливоста на планираното решение од страна на лица со посебни потреби.

Трудовите треба лично или по пошта да се достават до Архивата на Град Скопје, барака 1, на адреса булевар „Илинден“ број 82. Краен рок за доставување е 28.08.2020 година во 12 часот.

Трудовите ќе ги оценува жири-комисија, согласно програмските барања и услови од тендерската документација и ќе ги објави резултатите од конкурсот.

Трите најдобри решенија ќе бидат наградени. Првата награда е во нето износ од 180.000 денари, втората 120.000 денари и третата награда е во износ од 60.000 денари.

https://www.vecer.press/на-местото-на-универзална-сала-мала-ле/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 27-Jul-2020 at 10:50
ГРАД СКОПЈЕ РАСПИША КОНКУРС ЗА ПАРК СО ЛЕТНА СЦЕНА НА МЕСТОТО НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Град Скопје објави конкурс за избор на идејно решение за парк на местото на Универзална сала. Откако Асоцијацијата на архитекти на Македонија предложи новата Универзална сала да се гради на нова локација, а на постојната да се направи парк, Град Скопје ја почна постапката за реализација на оваа идеја. Во конкурсот се бара на просторот покрај парк да биде предвидена и отворена летна сцена, со што на овој простор и во иднина ќе можат да се одржуваат концерти и други настани.

Во конкурсот стои дека дизјанот на предложените решенија треба да се одликува со функционалност и применливост, односно да се дизајнира простор кој во естетска смисла ќе стане препознатлив белег на градот, односно ќе го облагороди просторот и со своите содржини ќе ги привлече граѓаните активно да го користат. Предложениот дизајн треба да одговори на потребите како на граѓаните од станбената населба која се наоѓа околу локалитетот така и на сите граѓани во Скопје, да ја зголеми вредноста на просторот и да се вклопи во околината. Пред сè потребно е просторот да биде корисен, функционален и одржлив, што би се остварило преку очекувани оригинални, креативни и иновативни идеи.

„Со цел да се задржи духот на местото и овој простор да продолжи да живее во колективната меморија, препорачуваме авторите во своите конкурсни трудови да направат дизјан кој ќе има елементи на реминесценција на постојната Универзалната сала или како опција дозволено е да се искористат делови од постоечката Универзална сала, како од надземните така и од подземните делови на објектот, со што би му се искажала почит кон стариот објект“, велат од Град Скопје.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски на 13 јуни за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека на Град Скопје му предлагаат Универзална сала да се гради на друга локација, оти она што се бара во програмата е преобемно за оваа локација. Пановски вели дека станува збор за густо изграден дел од градот, со булеварот Партизански одреди од една страна, од каде нема да може да се изведе влез во подземен паркинг. Од другата страна, пак, е улицата 29 Ноември која е тесна, со две сообраќајни ленти и нема да може да ги задоволи потребите за пристап кон ваков тип на објект. При секој концерт или настан ќе се создава хаос во сообраќајот, но ќе биде попречено и движењето на пешаците и локалните жители.

Од Асоцијацијата на архитекти како прва варијанта каде може да се гради новата Универзална сала на Скопје, го предлагаат делот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Станува збор за просторот зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и салонот на „Хонда“ во Карпош 3. Според архитектите, овој простор е соодветен бидејќи туку веќе се изградени вакви содржини и би се добила една целина, спортски објект, базен, хотел и концертна сала.

„Ја разгледувавме и идејата за просторот кај стаклениците на ЈП ‘Паркови и зеленило’ во Карпош, што е во близина на крајниот дел од Градски парк. Тоа не значи дека ќе се уништи паркот или зеленилото туку самиот објект да биде во паркот. Ова се само првични размислувања, ние ќе бидеме отворени за разни дискусии, каде е најдобро да се направи новата Универзална сала“, рече Пановски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-raspisha-konkurs-za-park-so-letna-stsena-na-mestoto-na-univerzalna-sala/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 28-Jun-2020 at 16:25
Шилегов треба да е среќен што Универзална сала не може да си ги каже маките

Универзална сала пак е ставена од Град Скопје на лентата за брзи ветувања, а спори реализации на ветеното. За жал, таква и е судбината подолго време. Доколку дадените ветувања, најави, распишани конкурси, проекти, одлуки, повторни постапки можеа да послужат како градежен материјал култната Универзална сала до сега веќе ќе беше изградена. Вака, таа и натаму стои затворена и пропаѓа, а во меѓувреме се трупаат хартии на кои нешто се „решава“ за неа.

Деновиве се доби и ново количество материјал. Прво, Асоцијација на архитекти предложи, а потоа и скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја подржа идејата таа да ја смени локацијата.

–Вреди да се разгледа идејата на архитектите Универзална сала да се гради на друга локација, изјави неодамна првиот човек на градот.

Ова автоматски значи ново оддолжување на работите околу салата. А така е веќе со години.

-Добивам впечаток дека Шилегов бега од работење на Универзалната сала и дека со новата најава за преселба на објектот во овој мандат нема да има ништо од она што го ветуваше за брзо реконструирање на објектот, коментираше на социјалните мрежи скопјанката Марија.

Од друга страна, дали ваквата идеја за нова локација им се допаѓа и на граѓаните кои се емотивно врзани за овој култен објект?

-Мене вооошто не ми се допаѓа идејата за преселување на салата. Самата Универзална сала и локација на која се наоѓа се препознатлив белег за градот и за граѓаните. Доволно е само да се каже „кај Универзална“ и се знае и што е и каде е. Да не зборувам колку емоции влече таа сала по сите одржани фестивали, манифестации на кои присуствувале илјадници и илјадници граѓани. Новата сала треба да е на исто место. Вака, имам чувство дека таа никогаш нема да се направи, ни изјави Перо Христов, естраден уметник.

Како што се движат работите, сега одново ќе се трупаат планови, конкурси и одлуки, а Универзална пак нема да почне да се реновира како што беше ветено. Значи, ветувања до ветувања, се она што постојано го слушаат скопјани, а Универзалната сала никако да се направи. Ако сега се прифати дислокација тоа сигурно ќе значи нови години и години одлагање потребни за промени во ДУП-овите, обезбедување на финансии, избори на проекти за кои и салата ќе стане премала…

Некако се заликува како купување време, да се протера мандатот, а за Универзална и други да му ја „мислат“и „планираат“…

Најави, најави…

Во 2013 година, во време на градоначалникот Коце Трајановски и на министерката за култура Елизабета Канческа, беше актуелен проект салата да се урне и изгради нова во форма на јајце. Но, во 2016 тој проект се откажа од финансиски причини. и се најави проект со реконструкција на постоечкиот објект со доградба на застаклена галерија.

По доаѓањето на Шилегов со тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски беше потпишано „писмо за намери“ за нејзина обнова во 2018 година. Но и тоа не се оствари. Во мај 2018 имаше најави дека реконструкција ќе следи во 2019 година. Последното ветување е од април годинава кога Шилегов рече дека проектот годинава ќе се реализира и од причина што Скопје е кандидат за европскиот град на културата во 2028 година. Претходно, во декември минатата година беше најавено дека изградбата на нова сала ќе започне веднаш во јануари годинава и дека ќе биде распишан конкурс за идеен проект бидејќи два проекта кои веќе постојат не се добри…

https://skopskoeho.mk/shilegov-treba-da-e-sreken-shto-univerzalna-sala-ne-mozhe-da-si-gi-kazhe-makite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 28-Jun-2020 at 16:24




https://www.facebook.com/bunjakovets/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.