Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#221 Posted: 23-Nov-2009 at 14:18 |
Бреееј креативност
Општината ќе им го плаќа зонското паркирање на станарите во Аеродром

Градоначалникот признава дека размислува како да им излезе во пресрет на граѓаните
Деспина Трајковска
Општина Аеродром ќе им го плаќа зонското паркирање на станарите без
притоа да троши пари од сопствениот буџет. Општинската каса веќе
почнала да собира приходи од комуналната такса што и' ја плаќа ЈП
„Градски паркинг“, којашто била значително поголема од трошоците што би
ги имала Општината доколку станарите се паркираат на нејзина сметка.
Неофицијално,
токму оваа шема ќе ја употреби градоначалникот Ивица Коневски за да се
искупи, пред се', кај станарите што живеат зад ТЦ „Бисер“, а на кои им
вети евентуално укинување на зонското паркирање, но очигледно се
премисли и им овозможи бесплатно да се паркираат, но само до Нова
година. Стравувајќи од повторни реакции од жителите и обвинувања на
негова сметка, Коневски одлучил дека бесплатно паркирање за станарите
на сметка на Општината е најдобрата варијанта за решавање на проблемот.
„Точно е дека размислувам како да им излезам во пресрет на
граѓаните, иако искрено мислам дека 200 денари е симболична сума што
тие би требало да ја плаќаат за паркирањето. Размислувам за неколку
варијанти како да го решиме случајот, но не би сакал ништо да зборувам
предвреме“, ни изјави Коневски и потврди дека токму ова била една од
темите за кои во петокот разговарал со градоначалникот Коце Трајановски
и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Панче Стојановски. Коневски одби
да ги коментира нашите сознанија, со образложение дека за сите новини
во врска со проблемот јавноста ќе биде запозната наскоро. Истиот
коментар го добивме и од директорот на „Градски паркинг“, Стојановски,
кој единствено дополни дека претпријатието не го интересира дали за
зонското паркирање ќе добива пари од станарите или од Општината.
„Единствено
е јасно дека ние не се откажуваме од наплатата“, рече Стојановски и
најави дека до крајот на годинава во Аеродром ќе се воведе зонско
паркирање и кај „Веро“, а кратко време потоа и зад ТЦ „Скопјанка“ и
евентуално кај „Три бисери“, за каде што се' уште се прават анализи
дали проектот има економска и функционална исплатливост.
Инаку,
во план е дуќанџиите од ТЦ „Бисер“ наместо досегашните 1.000 денари за
месечна картичка за зонско планирање, да плаќаат 700 денари. Сепак,
дали ќе има намалување на цената, ќе зависи од одлуката на Советот на
Град Скопје. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=740F8D6F7CD30A4491755DFD02ABBE19
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#222 Posted: 18-Nov-2009 at 19:57 |
ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ
Зонско паркирање и кај "Холидеј ин" и на Максим Горки
Од
ЈП "Градски паркинг" велат дека по налог на Градот решиле кај "Холидеј
ин" да се воведе зонско паркирање за да се реши проблемот со возилата
кои преку паркингот влегуваат на Кејот
Од
паркингот кај главниот влез на "Холидеј ин" за две недели ќе биде
отстранета дигиталната рампа и ќе се воведе зонско паркирање. Од ЈП
"Градски паркинг" велат дека по налог на Градот решиле на ова место да
се воведе зонско паркирање за да се реши проблемот со возилата кои
преку паркингот влегуваат на Кејот. "Градските власти беа
незадоволни од тоа како 'Холидеј ин' стопанисуваше со овој паркинг,
односно пропушташе повеќе автомобили да се движат низ Кејот. И од
хотелот ни рекоа дека не можат да излезат на крај со граѓаните кои
постојано им вршат притисок, а немаа начин како да ги казнуваат. Затоа
ние на тој простор од рампата кај 'Холидеј ин' до почетокот на Кејот
каде и сега е дозволено паркирање, ќе воведеме зонско паркирање и нема
да дозволуваме да се движат возила низ Кејот. Во секој случај, ние сме
многу повеќе екипирани и имаме можност да им пишуваме казни на
несовесните граѓани", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски
паркинг". Под ист систем со овој паркинг ќе биде и уличката кај
поранешно "Дрводекор". На нив ќе може да се паркира само два часа, а
еден час ќе чини 45 денари. Зонско паркирање за петнаесетина дена ќе
се воведе и на улицата Максим Горки. Од ЈП "Градски паркинг" велат дека
на оваа улица постојано е вистински хаос. "Максим Горки е во
строгиот центар на градот и таа постојано мора да има слободно паркинг
место, а не да биде блокирана со возила. Затоа и оваа улица ќе влезе во
првата зона и ќе може да се паркира само два часа", објаснува
директорот Стојановски. Покрај овие улици во центарот на градот, до
крајот на годинава зонското паркирање треба да профункционира и во ТЦ
"Карпош 3" и на три локации во Аеродром, односно кај ТЦ "Три бисери",
кај "Скопјанка" и кај маркетот "Веро". (А.А.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=B6B2F8D5A0200145BFA4A1BACB001645
Edited by Cloverstack - 18-Nov-2009 at 19:57
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#223 Posted: 07-Nov-2009 at 01:35 |
зонсково паркирање во Аеродром се гледа не функционира како што треба, паркирањето ќе се преместува од еден паркинг на друг, ако воведат кај веро, ќе се префрлат сите карши Бисер и т.н. без врсака само се воведува наплата кај што треба и не треба, навистина не е фер граѓаните да го трпат тоа, се сложувам со лсл во врска со центарот, но Аеродром е друга приказна и не е во центар, а посебно овој дел и не е баш блиску до центарот колку што знам пред се тие паркинзи се наменети за жителите на зградите, а не за нечии трговски центри и супермаркети
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#224 Posted: 06-Nov-2009 at 22:52 |
Епа кога од град Скопје се невешти тогаш и ќе трпат вакви срања и жители на центар ќе бараат комодитет како во Аеродром (на неклолку километри од центар). Уште се понашаат вака , не ми се верува и никој не зема за сходно да им објасни на луѓето дека алооо у центар живеат. Кога од град Скопје настапиле со иста цена и за Аеродром и за Ценатр од 200 денари тогаш истата гомнарија ќе ја трпат. Требаше цените радиално од центарот да се намалуваат па после кога ќе се воведуваат намалувања или зголемувања на цените да може у пакет да се менаџираат. Сега пошто ги бива за импровизација, ај нека повелат да изимпровизираат некое решение пошто ги бива за брзосмислени крпеници.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#225 Posted: 06-Nov-2009 at 22:43 |
Бунтот на аеродромци против зонското паркирање се шири и кон центарот |
|
|
Откако надлежните
им
попуштија на станарите
околу „Бисер“, и жители на други делови од градот ги
бараат истите привилегии, да
не плаќаат по
200 денари месечно
за паркирање
пред зградите и постојано
да имаат слободни места |
|
|
|
 |
|
Попустливоста
на градските власти и на јавното претпријатие „Градски паркинг“ пред
жителите на Аеродром, кои издејствуваа барем до Нова година да не
плаќаат за зонското паркирање, почна да предизвикува незадоволство,
дури и гнев кај граѓаните од повеќе делови на центарот, кои пократко
или подолго време одвојуваат по 200 денари месечно за да паркираат пред
сопствените згради. Поради големиот отпор за ширењето на проектот за
паркирање во зони и кон трговскиот центар „Бисер“, претпријатието прво
неколку недели целосно го одложуваше почетокот на наплатата, а
последната одлука му е да почне да им наплатува на сите, освен на
станарите од околните згради. Според правилата не само за овој проект,
туку и воопшто за стопанисувањето со паркинзите што ги раководат и
„Градски паркинг“ и „Паркинзи на општина Центар“, секој сопственик на
стан во непосредна близина на паркиралиштето може да купи месечна
картичка за едно возило за 200 денари, но тоа не му гарантира сигурно
место во секое време.
Но сега и некои жители на Центар почнале активности за да побараат и официјално укинување на нивните претплати.
-
Зошто само жителите на Аеродром да бидат привилегирани? И ние ќе
испратиме барање до „Градски паркинг“ за да ни ја укине претплатата.
Веќе почнавме да собираме потписи и петицијата ќе ја однесеме во
претпријатието. Ние ем плаќаме, ем паркираме само кога има место. Често
сме принудени автомобилите ноќе да ги носиме на други паркиралишта и
уште еднаш да платиме или да ги оставиме на улица и да ризикуваме да ни
ги собере пајак-службата. Дури и картичките што ни ги дадоа понекогаш
не функционираат, рампите не се отвораат - реагираат жители од Центар
што се претплатени на паркиралиштето кај Камениот мост.
Од
претпријатието „Градски паркинг“ велат дека за да се укине претплатата
за станари на кое било паркиралиште или зона, треба да одлучи советот
на градот.
- Ние работиме според ценовник што се гласа на
седница на градскиот совет. Не можеме самостојно да одлучуваме за
цените. Затоа и граѓаните ако сакаат да им се исполни тоа барање, треба
да се обратат во советот - објаснуваат оттаму.
Идејата
зонското паркирање да се прошири кон Аеродром беше на општинскиот
градоначалник Ивица Коневски, кој побара од градот да ги внесе во
зелената зона трите најпроблематични локации во општината, околините на
трговските центри „Бисер“, „Три Бисери“ и „Скопјанка“. Во таа зона се
наплатува по 25 денари за час, а времетраењето на паркирањето е
неограничено. Но уште кога се промовираше проектот станарите се собраа
околу градоначалниците Коневски и Коце Трајановски и ги обвинија дека
им наплаќаат за паркирање пред сопствените згради, односно им го крадат
паркингот. Оттогаш траат недоразбирањата што се уште не се надминати, а
поради тоа се одложуваше и почетокот на наплатата.
Кога на
почетокот од оваа недела почна да им се наплатува на посетителите, но
не и на станарите, од „Градски паркинг“ објаснуваа дека станувало збор
за технички проблем, а не за подлегнување под притисокот на Аеродромци.
- Ни треба време за да ги внесеме сите станари во системот и да
им изработиме месечни картички - рече Панче Стојановски,
заменик-директор во претпријатието.
Коневски, пак, дополни
дека воведувањето на овој систем во општината Аеродром е само пробно,
па проектот може да се напушти ако се покаже дека граѓаните не го
прифаќаат.
Досега 259 казни за прекувремено паркирање
За
само десетина дена јавното претпријатие „Градски паркинг“ им издало
доплатни билети на дури 259 возачи што го пречекориле максималното
време за паркирање во зоните. Само 22 од нив платиле. Рокот за плаќање
е осум дена, а во спротивно случајот се решава судски.
Доплатниот
билет се става ако некој паркирал без да плати или ако го пречекорил
пријавеното време, односно ако има невалиден или искористен билет. Оваа
казна во првата, црвена зона изнесува 1.300 денари, во втората, жолта,
1.000 денари, а во зелената зона 700 денари. Во првата зона возачите не
може да се задржат повеќе од два часа, а во втората е дозволено
паркирање до четири часа.
Граѓаните од Максим Горки се покајаа
Откога
улицата Максим Горки во строгиот центар беше претворена во
паркиралиште, во 2006 година локалните жители преку советници во градот
се побунија дека „Градски паркинг“ нема право да затвора сообраќајна
површина за своите потреби и да им наплаќа по 200 денари за паркирање
пред домовите. Оваа забелешка беше усвоена во градскиот совет и набргу
потоа претпријатието ги отстрани рампите. Тоа предизвика хаосот таму да
се зголеми за три-четири пати, возила да се паркираат во најмалку три
ленти, да не можат да излезат со часови и слично. Не можеше да се
помине ниту пеш, а камоли со автомобил. Набргу потоа граѓаните побараа
повторно да се вратат рампите и да се наплатува како порано. |
|
|
|
Автор: Александра Денковска | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11691048566&id=14&prilog=0&setIzdanie=21830
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАЈАВИ
Наскоро зонско паркирање и кај "Веро"
Под
притисок од граѓаните што живеат кај "Веро", градоначалникот Ивица
Коневски одлучил и таму да воведе зонско паркирање, со тест период до
Нова година
Градоначалникот
на Општина Аеродром Ивица Коневски, под притисок од граѓаните, најави
дека наскоро ќе воведе зонско паркирање и спроти трговскиот центар
"Бисер", кај маркетот "Веро". И покрај тоа што дуќанџиите во и околу
"Бисер", пазарџиите и жителите на Аеродром пред една недела иницираа
петиција да се укине зонското паркирање кај трговскиот центар, оти
воопшто не го решавало сообраќајниот метеж туку само го префрлало од
едно на друго место во Општината, градоначалникот Коневски, сепак,
одлучи и граѓаните што живеат кај "Веро" да ги стави на тест период до
Нова година да решат дали се за или против зонското. "Бидејќи со
воведувањето на зонското кај 'Бисер' сообраќајниот метеж се префрли кај
'Веро', простор кој досега не беше опфатен со одлуката за зонското
паркирање, под притисок од граѓаните, планирам да воведам зонско
паркирање и во овој дел. Граѓаните секојдневно испраќаат барања до
Општината и во овој дел да се воведе зонско паркирање за да се реши
сегашниот хаос", вака градоначалникот Коневски завчера на советниците
им го правдаше воведувањето на зонското паркирање во Општината. И
кај "Веро" три месеци граѓаните нема да плаќаат за паркирање, и кога ќе
помине овој период на анализа, тие сами ќе одлучат дали има потреба од
зонско паркирање и дали тоа е најдобро решение за решавање на
сообраќајниот хаос. Зонското паркирање во Општина Аеродром се
воведе пред еден месец, на иницијатива на градоначалникот Ивица
Коневски, со цел да се средел хаосот со паркирањето кај ТЦ "Бисер". (М.Ѓ.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=107CAC723857004DB394E6C60B8F3B98
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#226 Posted: 02-Nov-2009 at 17:29 |
МВР го казни 250 евра градоначалникот на Аеродром за паркирање на пешачки
"Од
сликите јасно се гледа дека градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски
погрешно се паркирал, па Министерството за внатрешни работи ќе
поднесе прекршочна пријава. Ако не сака да плати глоба, има право да
се жали на суд", изјави вчера Иво Котевски, портпарол на МВР
Министерството за внатрешни работи ќе го казни прекршочно за
погрешно паркирање градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски. "Од
сликите јасно се гледа дека градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски
погрешно се паркирал, па Министерството за внатрешни работи ќе
поднесе прекршочна пријава. Ако не сака да плати глоба, има право да
се жали на суд", изјави вчера Иво Котевски, портпарол на МВР. Градоначалникот
на Аеродром Ивица Коневски во петокот со службеното возило "форд
мондео" се паркираше на пешачки премин на улицата Даме Груев, веднаш до
контејнерите и на чекор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад
Собранието.
http://vest.com.mk/?ItemID=88DB47DC663BB245A2CECDCF2E5C9C68 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#227 Posted: 02-Nov-2009 at 02:53 |
Малку офтопик, неможам а да не искоментирам. Настрана примитивизмот на менаџерот на МНТ и Колосеум. Колку тажно провинциски делува Скопје... Главната наша улица: демолирани контејнери без капаци, преполни со ѓубре, искршени 30 годишни рекламни паноа за кината кои некогаш ги имавме, полски ВеЦе на сред улица, реклами насекаде и врвот ШАКО ПОЛУМЕНТА  Навистина разочарувачки.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#228 Posted: 02-Nov-2009 at 02:25 |
Па еве ЛСЛ, имаме слика на насловна страна на весник, полицијата вели дека нема основа за казна.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#229 Posted: 02-Nov-2009 at 02:13 |
Па си можел на кратко да запишеш таблица, да сликнеш со телефон ида поднесеш извештај претставка у најблиска полициска, ако веќе стварно имаш живци да тераш правда. Освен ако не те згрбачеле вработените, пошто со тоаа нељубезност и такво нешто нема да ме чуди ако се деси. Мене ми се нафрлија така еднаш со дерење викање урлање, а уствари што било работата сум се паркирал на место резервирано за инвалиди, а не се гледаше жутата ознака пошто имаше лисја од дрва, местото беше баш под дрво. Ама љубезност ни у краен случај.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#230 Posted: 02-Nov-2009 at 02:07 |
Веројатно имал "специјална дозвола". Ваков дрзок одговор добив јас пред некој ден од еден од вработените задолжен за зонското паркирање. Влегов токму во овој сегмент кој се гледа на сликата. Освен што имаше паралелно паркирани возила имаше и еден мерцедес со охридски таблици залепен за тротоарот и за п-профилите. Ја наместив колата позади мерцедесот на што ми се нафрли типот дека тука не смее да се паркира си имало обележано (секако ова со свиркање, мафтање и викање а никако љубезно). Ја паркирав колата подоле и револтирано му улетав и го прашав што бара тој мерцедесот таму. Одговорот беше да си ја гледам работата, ова било зонско паркирање тука се плаќало. Му одговорив дека платив и да ми одговори што бара мерџото така насадено правила или важат за сите или не важат. Да не должам ... финалниот одговор беше дека тој со мерџото имал "специјална дозвола". Бидејќи ужасно се брзав си отидов, инаку ќе се заинтересирав до крај каде може да се набави таква "специјална дозвола" со која колата ќе можам да ја оставам кај што ќе ми текне и да сум амнестиран од одговорност.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#231 Posted: 02-Nov-2009 at 01:57 |
 Се обидов да ја најдам фотографијата, ама успеав да го најдам само овој исечок од насловната страна на Вест. Сепак добро се гледа. Градоначалникот како да се трудел да направи што повеќе прекршоци. Паркирање на: 1. Улица (дополнително очи боде знакот за забрането застанување веднаш подолу) 2. Пешачки премин 3. Крстосница 4. До контењери и се разбира... 5. Веднаш до зонски паркинг Ама изгледа ова зонсково паркирање е само за обични смртници, а не и за оние кои го промовираат  
Edited by Cloverstack - 02-Nov-2009 at 02:15
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#232 Posted: 01-Nov-2009 at 21:38 |
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АЕРОДРОМ ПАРКИРА НА ПЕШАЧКИ ПРЕ МИН Гоца, казни го Ивица! Случајни минувачи, вчера, околу 14 часот го уловија Коневски како со служ бе но то возило на Општината - светлосин "форд мондео" се паркира на пешачкиот премин на улицата Даме Груев, пред кафулето "Плеј", на че кор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад Собранието Од Министерството за внатрешни работо велат дека иако Вест има сли ки како градоначалникот Коневски го крши Законот, сепак не можат да го казнат, оти нивните луѓе не го затекле на самото место Гра до на чал ни кот на Општина Аеродром Ивица Коневски се паркираше на пе шач ки премин во строгиот центар на градот. Слу чај ни минувачи, вчера, околу 14 часот го уловија Коневски како со служ бе но то возило на Општината - светлосин "форд мондео" се паркира на пешачкиот премин на улицата Даме Груев, пред кафулето "Плеј", на че кор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад Собранието. Тие веднаш се ја ви ја во нашата редакција, револтирани од однесувањето на гра дона чал ни кот Коневски, кој на неговите граѓани во Општината им воведува зонско пар ки ра ње, а тој самиот го крши Законот и паркира каде што ќе му текне. От ка ко Коневски среде улица, на пешачки премин го паркирал службениот ав то мо бил, влегол во кафулето каде што на кафе-муабет го чекале неколку при јате ли. "Ова не му е првпат да се паркира на пешачкиот премин. Постојано кога до а ѓа во ова кафуле, автомобилот го остава тука, а на само еден метар има паркинг-простор со зонско паркирање. Па зар толку му е тешко да пла ти 45 денари, или повеќе милува од масата на која седи со своите при ја те ли во кафулето, низ прозорецот да го гледа автомобилот", велат гра ѓа ни те кои го фотографираа Коневски како паркира на пешачки премин. Пет на е сет минути по повикот на граѓаните, му се јавивме на Коневски и, нај пр вин на шега, му рековме да стане да го помести возилото зашто па ја кот ќе му го собере. Коневски ни одговори да не го зезаме бидејќи никаде не го гледа пајакот. По тоа го прашавме зошто возилото го паркира на пешачки премин, кога са мо на еден метар има паркинг-простор со зонско паркирање, и во секое вре ме може да најде слободно место. Тој ни одговори дека само на две ми ну ти дошол до кафулето, и веднаш ќе си замине. Му објаснивме дека не ста ну ва збор за 2 минути, бидејќи веќе петнаесетина минути седи во таму и во опуштено друштво си пие кафе. Го запрашавме зошто не го по чи ту ва Законот и зар толку му е тешко од мобилниот телефон да прати СМС порака која ќе го чини само 45 денари за еден час паркирање. "Доб ро, добро, еве веднаш ќе станам и ќе го препаркирам автомобилот", ни ре че Коневски. По една минута, Коневски излезе од кафулето и автомобилот го пар ки ра ше на паркингот, по што од неговиот мобилен телефон испрати и СМС порака за да си го плати паркирањето. Од Министерството за внатрешни работо велат дека иако ние имаме сли ки како градоначалникот Коневски го крши Законот, сепак не можат да го каз нат, оти нивните луѓе не го затекле на самото место. "Без разлика дали станува збор обичен граѓанин или за функционер, Законот е јасен. За да казниме некого, мораме да го затечеме на самото место. Врз ос но ва на слики од весници или видеоснимки на телевизии, не можеме да пос та пи ме", велат од МВР. А.Антевска . Градоначалникот Коневски сам побара зонско паркирање во Аеродром
Зон ско то паркирање во строгиот центар на градот градските власти го во ве доа во септември. Со него градот беше поделен на три зони. Во првата зона дозволено е да се паркира само два часа, а еден час паркирање чини 45 денари. Во вто ра та зона возилата можат да се паркираат 4 часа, и еден час чини 35 де на ри, а во третата зона времето за паркирање е неограничено, а еден час чи ни 25 денари Спо ред планот кој го направија градските власти, не беше пред ви де но зонско паркирање да се воведе во Општината Аеродром. Но по барање на градоначалникот Ивица Коневски, пред еден месец, за да се реши ха о сот, почна да се наплаќа паркирањето на паркингот зад ТЦ "Бисер". Со тоа, за да паркираат пред нивните згради, граѓаните треба да плаќаат месечно по 200 денари, сопствениците на дуќаните во Трговскиот центар по 3.000 де на ри, а граѓаните што доаѓаат на гости кај станарите во околните згради и оние што го посетуваат Трговскиот по 25 денари од час. Вак ва та одлука ги налути жителите на Аеродром, кои побараа од гра до на чал ни кот да го повлече зонското паркирање, во спротивно ќе излезат на протести. По жестоките реакции, Коневски побара од надлежните во ЈП "Градски пар кинг" до Нова година да не наплаќаат паркирањето, за да се смират страс ти те кај граѓаните, па потоа да одлучат што понатаму.
| http://vest.com.mk/?ItemID=F52C7A841928234480C03644FE6FC398
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#233 Posted: 21-Oct-2009 at 19:26 |
Казна од 1.300 денари за предолго паркирање Контролорите
на паркинзите, каде што е воведено зонското паркирање, од вчера почнаа
да издаваат доплатни казнени карти за корисници што не извршиле уплата
или го пречекориле дозволеното време на паркирање. Во првата црвена
зона максималното дозволено паркирање е два часа, а во втората жолта
зона возилата може да останат четири часа.
Од „Градски паркинг“
соопштуваат дека цената на доплатниот, односно казнениот билет за
првата црвена зона чини 1.300 денари, за втората жолта зона - 1.000
денари, а за третата зелена зона - 700 денари.
Зонското
паркирање е воведено пред два месеци. Првиот месец паркирањето беше
бесплатно, а од 1 октомври почна да се наплатува. Зонско паркирање е
воведено и во Општина Аеродром, што предизвика многу реакции кај
граѓаните. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE2FD90E1487374988C48092965879D0
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#234 Posted: 16-Oct-2009 at 14:51 |
баш ме интересира која ќе биде цената за катната гаража кога ќе проработи и колку луѓе ќе ја користат но со зонсково паркирање кај Бисер, се накрцува остатокот од јавниот паркинг во околината и не ја гледам поентата на сето ова, освен за нечие профитирање го разбирам овој систем во центарот на градот, каде треба да е луксуз да се паркираш, но во периферни населби каде живеат обични луѓе, и има доволно паркинг за секој жител а што е со подземните гаражи? ќе треба да наплати некој паркинг за да влезе во сопствената гаража (иако гаражите ретко кој ги користи, мислам дека коментаров има смисла)
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#235 Posted: 16-Oct-2009 at 09:04 |
potpolno go opravduvam zonskoto parkiranje, toa e vovedeno vo site golemi gradovi niz evropa, konecno i skopje dobi zonsko parkiranje. porano koga sum setal po parkinzite niz centar imase ispoparkirani koli, kaj ke stignat na parkingot nemase mesto kade da se parkira. Dodeka sega slikata na parkinzite e mnogu podobra.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#236 Posted: 15-Oct-2009 at 23:59 |
ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ЗАД ТЦ „БИСЕР“
Ќе се плаќа од следната недела
Зонското
паркирање и неделава нема да се наплатува зад трговскиот центар „Бисер“
во населбата Аеродром. Надлежните од јавното претпријатие „Градски
паркинг“ велат дека се уште ги собираат податоците на станарите и
откако ќе ги добијат сите, ќе ги внесат во системот. Со наплата ќе
почнат, најверојатно, следната недела и тоа по важечкиот ценовник. Во
третата зона еден час чини 25 денари, за станарите месечна карта е 200
денари, а за физички и за правни лица, односно фирмите и за тие што
работат тука, месечна цена е 3. 000 денари. Од вчера почна со работа и
паркиралиштето пред белите кули на почетна станица на автобусот со број
23. Од „Градски паркинг“ велат дека тука нема да се наплатува првиот
месец, односно паркиралиштето нема да биде отворено за комерцијална
употреба, туку само за станарите кои ќе треба да си извадат месечни
картички, кои чинат 250 денари.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1839&ArticleID=124035
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#237 Posted: 13-Oct-2009 at 22:49 |
 Овие од општина центар конечно треба да бидат зауздани. Какви се овие глупости, каква е оваа дрскост? Демек единствен проблем во целата ситуација е тоа што они не профитирале... А по кој основ општина центар воопшто си го бутнала носот таму in the first place? И мене не ми се допаѓа начинот на кој функционира ЈП Градски Паркинг, ама тоа воопшто не им дава право на овие од центар да диктираат како требало да биде. Тоа нивно маалско претпријатие за паркинг под итно да се укине и припои кон ЈП Градски Паркинг!
И Центар сака пари од зонско паркирање

Советниците
од Општина Центар ќе им објават „војна“ на градските власти зашто им
узурпирале неколку општински улици за зонско паркирање, а
претходно ниту ја известиле Општината ниту побарале одобрение за тоа.
На последната седница на Советот прв пат советниците од власта и
опозицијата во Центар беа единствени дека ќе мора да се борат за да си
ги вратат улиците.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“
неодамна со проектот за зонско паркирање ги зафати тротоарите на три
најфреквентни улици во Дебар Маало. На дел од улиците Орце Николов,
Ѓуро Ѓаковиќ и Ленинова претпријатието обезбеди околу 330 места за
паркирање, каде што граѓаните плаќаат по 25 денари од час. Овие улици
се под ингеренција на општинските власти, па зонското паркирање во
Дебар Маало за Општината е проблематично, бидејќи и тие имаат свое
општинско претпријатие „Паркинзи на општината Центар“, кое остварува
приходи од истата дејност како и „Градски паркинг“.
Советниците
велат дека паркинг-местата во Дебар Маало на општината би и' носеле
најмалку по илјада евра на ден, што значи сериозно полнење на буџетот.
Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, најави дека ќе имаат судир со Градот Скопје.
-
Мора да се најде решение. По подготовките и предлозите лично ќе
разговарам со градоначалникот Коце Трајановски и решение мора да се
најде - изјави Тодоровиќ.
Од Градот велат дека ЈП „Градски
паркинг“ за реализација на овој проект, согласно законот, требало да
добие согласност само од МВР, врз основа на изработен проект, а според
правилник подготвен од Министерството за транспорт и врски.
- Не се потребни дополнителни одобренија и согласности од кој било друг орган - велат во Градот.
Претседателот
на Советот на Општината, Владимир Здравев, на седницата рече дека
Градот ја води истата политика како и претходната гарнитура. Тој најави
дека на следната седница проблемот ќе го постави на дневен ред. Во
меѓувреме, директорот на општинското претпријатие за паркирање и
службите на општината мора да подготват план и стратегија како ќе го
решат ова недоразбирање со Градот.
Тодрор Делјановски, директор
на „Паркинзи на општина Центар“ , вели дека тој не можел да реагира за
„зулумите“ што им го прави Градот, оти за тоа се одговорни
градоначалникот и општинските служби.
Нејасно е зошто општината
Центар дури сега се противи на зонското паркирање, откако проектот
почна да се реализира. Особено што веќе неколку години е познато на кои
улици ќе се воведе овој систем.
Марија Тасев |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1E551B69D8926A40A18832BEA72BB4B8
Edited by Cloverstack - 13-Oct-2009 at 22:55
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#238 Posted: 13-Oct-2009 at 14:53 |
Скопјани не сакаат зонско паркирање на секој чекор

„Градски паркинг“ за секој паркинг постои има проект и дозвола од Градот и од МВР
Сања Наумовска
Скопјани не сакаат да има
зонско паркирање на секој чекор. Воведувањето вакво паркирање во
Аеродром и во Дебар Маало предизвика незадоволство кај дел од жителите
на овие населби. И покрај намерите на градските власти да се обезбеди
поголем простор за паркирање на станарите на околните згради, сепак,
граѓаните сметаат дека тој простор треба да им биде на бесплатно
располагање. Сметаат дека користењето на веќе постоен паркинг, без
никаква инвестиција не треба да биде можност за остварување профит на
градското јавно претпријатие „Градски паркинг“. Жителите негодуваат и
поради најавите дека зонско паркирање може да се воведе и на
паркиралиштата низ населбите каде што нема ургентна потреба од тоа,
доколку дел од граѓаните или општините го побараат тоа.
Жителите
на Дебар Маало, пак, реагираат и поради обележувањето на тротоарите,
бидејќи сметаат дека не им е оставено доволно простор на минувачите. Се
согласуваат дека хронично недостасува паркинг-простор во оваа населба,
која многу брзо се изгради во текот на последните години. Сепак,
коментираат тие, зонското паркирање може да се планира на дел од
улиците каде што има можност, без да им се одзема просторот на пешаците.
„Едноставно
заградување на паркинг само со ставање рампа и со образложение дека
така се прави ред во паркирањето не може да се прави на сметка на
станарите. Паркингот мора да биде во функција на жителите, бидејќи тие
имаат право на него, со самото тоа што се сопственици на становите. На
овој начин сме принудени секој месец да плаќаме за нешто што, всушност,
ни припаѓа“, вели жител на Аеродром.
„Согласно со Законот за
безбедност на патиштата, на локациите каде што е обележано паркирањето
на тротоар имаме обврска да оставиме најмалку 1,6 метри слободен
простор за движење на пешаците“, информираат од „Градски паркинг“.
Во
Дебар Маало, пак, побарувачката за станарски картички е голема, а
бројот на паркинг-места е ограничен. „Извадив картичка за паркирање, но
во јавното претпријатие ми рекоа дека не ми гарантираат слободно место.
Единствена предност е тоа што ако најдам паркинг, не треба да плаќам
според тарифата за третата зона“, вели жителка на улицата „Орце
Николов“.
Од друга страна, во „Градски паркинг“ велат дека
зонското паркирање во Аеродром се реализира во договор со општинските
власти. За секој паркинг постои проект и дозвола од Градот Скопје и од
МВР, без кои не може да почне реализацијата.
Средствата кои се
прибираат од зонското паркирање се реинвестираат во нови паркиралишта,
најчесто во купување опрема за наплатување, рампи и слично. Во јавното
претпријатие велат дека сета заработка е наменета за реализација на
програмата за инвестирање, во која една од поважните ставки е и
подновување на депото на Пајак-службата и набавка на нови пајак-возила.
Во Градот Скопје ја нагласуваат улогата на зонското паркирање во
функција на растоварување на сообраќајот, како поважна од можноста
јавното претпријатие да оствари профит.
„Стационарниот сообраќај
е суштински дел на новите сообраќајни решенија и со зголемувањето на
паркинг-просторите ќе се овозможи и намалување на сообраќајните метежи.
Дел од тоа се проектите за зонско паркирање, со кои циклично ќе биде
опфатен поширокиот централен дел на градот, а по иницијатива на
граѓаните и на општините ќе се опфаќаат и други делови, каде во
согласност со Правилникот за уредување и планирање ќе може да се
постави зонско паркирање“, информираат од Градот Скопје. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=069C6349F830E14EB903F5121F8AC45C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#239 Posted: 08-Oct-2009 at 15:37 |
Опасна зона

Тротоарите во
Скопје никогаш не биле слободни за пешаците. Проблемот со зонското
паркирање не е во тоа што пешаците сега останале без пешачки патеки,
туку што нивната узурпација со возила стана легална за одреден паричен надомест.
Зонското
паркирање треба да постои во центарот на градот, но само таму каде што
има соодветни услови. Недозволиво е на одредени улици да се зафатат
тротоарите од обете страни, без да се остави простор за минување.
Паркирањето по зони првенствено треба да биде воведено на коловозите, а
тротоарите да се зафаќаат само во исклучителни случаи.
Вака
излегува дека „Градски паркинг“ ќе се збогати на сметка на безбедноста
на граѓаните. Како инвестиција потроши само боја за бележење на местата
и си приграби одамна изградени тротоари, односно заедничка сопственост,
кои ќе ги користи како простор за најмување.
Соња Христовска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A251F30A88B7364CA2D161BAEF5D0BEE
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#240 Posted: 07-Oct-2009 at 17:29 |
Од почеток го подржував проектов за зонски паркирање, но ја имав оваа задршка:
Originally posted by Cloverstack
Проектов е суштински и не смее да се дозволи да се
претвори во обична фасада за максимизирање на профити, без квалитетна
услуга и без решавање на проблемите! |
За жал се повеќе симптоми во тој правец:
Пешаците избркани на улица

Граѓаните
се револтирани што проектот за зонското паркирање ги остави без
тротоари и што мора да одат по коловозите Зонското паркирање ги
обесправи пешаците. Со проектот се легализира целосното
узурпирање на тротоарите со автомобили, а пешаците како негови жртви се
исфрлени на опасните коловози. На улиците Орце Николов и Ленинова, каде
што неодамна беа обележани места за зонско паркирање воопшто нема
простор за минување на пешаците, а за возење велосипед не може ни да
стане збор.
Мајки со колички, пензионери со торби од пазарување,
деца што одат и се враќаат од училиште - сите се принудени да се движат
на местата каде што јурат автомобили.
И улицата Ѓуро Ѓаковиќ во
Дебар Маало, која води кон Општината Центар е обележана по истиот
модел. Таму зонското паркирање ќе почне од денеска, а за таа цел
тротоарите од обете страни се обележани како паркинг-места. За пешаци
не е оставен простор ниту за лек.
Надлежните како да
заборавија дека кога пред повеќе години го најавуваа зонското паркирање
ветуваа дека автомобилите ќе се оставаат на крајната десна лента на
самите коловози и дека нема да се узурпираат пешачките патеки.
Некој друг е виновен
Жителите
што живеат на улиците каде што почна зонското паркирање се револтирани.
Велат дека не е во ред да им се одземе просторот за движење и да се
доведуваат во опасност да бидат прегазени од автомобили.
-
Знаеме дека нема доволно место за паркирање во градов, но сепак требаше
малку да се размисли кога се окупираа тротоарите. И порано тротоарите
беа зафатени, но сега „Градски паркинг“ си наплатува за тоа, а пешаците
се оставени на цедило. Животот ни се доведува во прашање. За нас никој
не води сметка - се жали жител од улицата Орце Николов.
Лути се и тие што живеат на „Ѓуро Ѓаковиќ“.
-
Не е во ред да се зафаќаат тротоарите. Требаше да се остави простор за
минување на пешаци. А што е со велосипедистите? Каде ќе возат тие? Не
велам дека не требаше да се воведе зонското паркирање, но тоа требаше
да се направи осмилено, како што е решено во модерните градови - вели
скопјанецот Тодор Рафајлов.
Раководителот на секторот
паркиралишта во „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, вели дека секаде
е оставен простор за пешаци во широчина од 1,6 метар за нивното
непречено движење. Сепак, сликата на терен го покажува спротивното.
Кроневски вината ја фрла на возачите, кои несоодветно се паркираат,
односно не ги почитуваат обележаните линии.
- Има несовесни
возачи кои своите автомобили ги паркираат надвор од обележаните места.
Ние се обидуваме да им укажеме каде да паркираат, но не можеме да
реагираме секаде, а и не сакаме од почеток да бидеме ригорозни. Затоа
ќе обележиме дополнителна полна линија за да не може да се прејде преку
неа и да се зазема просторот за пешаците - дециден е Кроневски.
Се било легално
Кроневски објаснува дека зонското паркирање е предвидено и по коловозите и по тротоарите.
-
Бележењето на местата за паркирање е вршено во согласност со проектот
за зонско паркирање. Согласност за трајно утврдување на условите и за
режимот на сообраќајот издаде МВР, а Секторот за сообраќај во Градот
издаде Решение врз основа на позитивните законски рамки и регулативи.
Паркинг-местата што се обележани на тротоарите ги почитуваат
пропишаните правила и закони, односно Законот за безбедност на
сообраќајот на патиштата, според кои е оставен простор за пешаци од 1,6
метар - објаснуваат од „Градски паркинг“.
И од Градот
потврдуваат дека зонското паркирање на улиците е стандардизирано врз
основа на Правилникот за планирање и уредување на просторот, издаден од
Министерството за транспорт и врски, а со согласност со МВР.
-
Правилникот прецизно пропишува дека дел од тротоарите треба да се
користат за слободно движење на пешаците, а другиот дел за зонско
паркирање - објаснуваат од Одделението за односи со јавноста во Градот.
Според Кроневски, граѓаните се задоволни од функционирањето на зонското паркирање и имаат позитивно искуство.
-
Вчера ми дојде една жена од Аеродром само за да ми се заблагодари дека
прв пат има можност да се паркира до својот дом и дека и' е овозможено
бесплатно паркирање, бидејќи има дете со посебни потреби. Исто така,
станарите од зградите го поздравуваат зонското паркирање, бидејќи имаат
обезбедено паркинг- место за месечна цена од 200 денари. Сепак,
генерално, голем дел од граѓаните не сакаат да плаќаат, едноставно, не
се навикнати да плаќаат за паркирање - вели Кроневски.
Тој
најави дека следни за бележење се улиците Пиринска, каде што ќе се
обезбедат 17 места, Наум Наумовски-Борче, каде што ќе се формираат 20
паркинг-места, Антоние Грубишиќ, каде што се предвидени 19
паркинг-места и Мирослав Крлежа, со 11 паркинг-места. Овие улици се во
третата зелена зона, каде што паркирањето чини 25 денари од час.
Исто
така, се предвидува да се воведе зонско паркирање на паркингот кај
хотелот „Холидеј ин“, од страна на кејот 13 Ноември од задната страна
на хотелот, каде што се предвидени 36 места. Ќе се бележи и кејот од
другата страна, кај калдрмената улица, каде што ќе се нацтраат 12 места
за паркирање, кои ќе бидат во втората Б-зона. Од првата зона на ред е
булеварот ВМРО, по старо Васил Главинов, каде што кај „Агромеханика“ се
предвидени 20 паркинг-места.
Анела Петрова
Не е 45, туку 55 денари од час
Граѓаните
реагираат дека посочените цени за зонското паркирање не се реално
прикажни, односно дека паркирањето е поскапо. Скопјанецот Дејан Трпчев
вели дека се молчи за тоа оти освен 45 денари за час паркирање за
првата зона, граѓаните плаќаат и за праќање на пораката.
Во „Градски паркинг“ не одрекуваат дека паркирањето чини повеќе од прикажаното.
-
За пораката со која граѓанинот најавува дека се паркира, мобилниот
оператор наплатува пет денари. И за одјавата се пушта порака, која исто
така чини пет денари. Во сумите е вклучен и ДДВ. Ако на пример останете
само еден час во првата А-зона ќе платите вкупно 55 денари. Ако во
првата зона ви заврши времето на паркирање од два часа, нема потреба да
се одјавувате, самиот систем ве отфрла. Во третата зона, ако не се
одјавите, системот си врти се' до 21 часот и ве води како да сте се'
уште паркирани - велат во претпријатието.
Нема бегање
Раководителот
на секторот паркиралишта во „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, вели
дека со воведување на зонското паркирање никој не може да го одбегне
плаќањето.
- Штом веќе возачот со СМС-порака се најавил во
системот дека е на паркингот, автоматски тој е регистриран и му се
одземаат 45 денари од час од кредитот од телефонот. Не може да не се
најави, затоа што на паркинзите постојано дежураат контролори.
Наплатата се врши со порака на бројот 144-144 или со купување билет за
паркирање по зони. Ако се користи билетот, на него треба да се изгребе
месецот, денот и часот кога почнува паркирањето и да се истакне на
предното ветробранско стакло. Билетите може да се купат во најблиските
трафики до паркинзите - вели тој.
|
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9D4654820EBBE64F88A324068A9C654E
|
 |