build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црква на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 41>
Poll Question: Црква на плоштад?
Poll Choice Votes Poll Statistics
42 [56.00%]
9 [12.00%]
24 [32.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 08-Jun-2009 at 21:53
Originally posted by Dave Gahan


Јас лично не сум многу уверен во добрите намери на Грчев и не сум посебно голем фан на неговата градоначалничка работа во делот на урбанизмот (за што може многу подолги теми од оваа да направиме), ама не сакам да бидам коментатор од типот на Ѓорчев и да праам некакви приказни со трговски центри на „локацијата„ на црквата.


Баш пред некој ден го постирав оригиналниот ДУП Мал ринг на Грчев така да би било интересно да се слушнат твоите ставови и на таа тема. Или пак твоите замерки не се од урбанистичка природа туку идат на процедурите и начинот на кој во негово време се туркаа овие работи?

Инаку остатокот од постот, на место како и обично Cheers
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 08-Jun-2009 at 21:46
Originally posted by Cloverstack

Инаку сите се прашуваме зошто секогаш Грчев... Но каде се другите? Крајно загрижувачки е фактот што освен Грчев, постарите и поетаблирани архитекти воглавно не се осмелуваат да го кренат гласот против проектов. Сите добро знаеме (што од лични контакти, што преку помалку упадливи медиуми како интернетов) кое мислење преовладува во фелата. Добро господа, па зарем за вас е прифатливо ова што се случува, зарем не се сметате барем малку повикани и одговорни да дадете придонес во целава работа, зарем живеете во некој друг град и во некоја друга држава, па сето ова не ве засега?
Има 2 организации, едната е ААМ - Асоцијација на архитекти на Македонија, другата е Комора на овластени инженери и архитекти. Децава што играат џамлии кај мене под прозор се подобро организирани од двете организации заедно. Комората е активна само во смисол на издавањето на овластувањата за проектанти и лиценци за проектни организации (што btw е класичен облик на рекет затоа што многу убаво ги наплаќа, ама тоа е друга тема на разговор), а кога се во прашања теми како оваа или некои егзистенцијални теми за фелата (како минимални цени за проектирање), оваа организација НЕ ПОСТОИ.
Да не го спомнувам тука Архитектонски факултет, кој освен преку присуството на неколку асистенти на протестот на плоштад (што мислам дека беа водени од искрени намери) и преку неколку колумни во пар весници, не излезе со некаков став, па макар и да застане зад изградбата на објектов.
Лудо е да се очекува дека некој архитект, сам или во некаква помала група ќе излезе и ќе даде некаков став и дека тој ќе има некаква вредност и значење. Се е бескорисно, ако некоја од овие институции не се изјасни, па макар била и некаква студентска архитектонска (организација) бригада. Беше многу важно тие да реагираат, ама веќе е многу касно.
Јас лично не сум многу уверен во добрите намери на Грчев и не сум посебно голем фан на неговата градоначалничка работа во делот на урбанизмот (за што може многу подолги теми од оваа да направиме), ама не сакам да бидам коментатор од типот на Ѓорчев и да праам некакви приказни со трговски центри на „локацијата„ на црквата. Факт е дека ова е период во кој опозицијата бара рехабилитација и ја користи секоја можна шанса да напаѓа, така што оваа препирка е една од подобрите можности да се добие некој поен. Како што напишав и погоре и Грчев сега почна да се занимава со: секуларност, споредби со џамиите на Садам Хусеин и сл., што за професор по урбанизам факт е дека не е соодветен начин. Со фудбалски речник, како Роналдо да шутира пенал на празен гол, а тој да проба да ја удри топката со рака.
Tемава да отиде таму каде што отиде, за жал....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 07-Jun-2009 at 14:00
Волан, се слагам со тебе дека доколку по секоја цена се оди на обнована црквата, локацијата бр.5 е „најбезболна“. Ако добро памтам и Трифун Костовски се залагаше проблемот да се реши на таков начин.
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 06-Jun-2009 at 21:26

Св. Константин и Елена Скопје - нејзината некогашна и сегашна локација ...


Св. Константин и Елена Скопје - нејзината некогашна локација ... Кликнете со десен клик на сликата за да ја видите поголема (важи и за сите наредни фотки)

Многу врева се крена околу локацијата и реизградбата на некогашната Црква посветена на Св. Константин и Елена. Некојпат била прва Црква во Скопје изградена од десната страна на реката Вардар. Почната да се гради во воени времиња пред Првата световна војна, таа е осветена во 1926 година. На десната страна на Вардар дотогаш била изградена само Католичката црква која се наоѓала на локација каде сега е изграден спомен домот на Мајка Тереза.
  1. Вистинската локација на Црквата Константин и Елена ... помеѓу првите две згради од кулите покрај Вардар ... токму на еден од ќошовите на сегашниот трговски центар (денешни фотки од локацијата во наредните слики) ...
  2. Локацијата на која владата одбра да гради Црква на плоштад. Место кое го оспорува архитектонската/особено урбанистичката фела - поради задушувањето на центарот т.е. премалата локација во однос на саканиот габарит на новата црква. Локација поради која имаше неколку протести од кои најпознат е протестот на студентите ...
  3. Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо ... место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража ...
  4. Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад ... На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант ...
  5. По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена ... на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела ... на една следна фотка од maps.google.com -  ке се види подобро оваа локација ...
  6. Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо - некогашна “Нама“ ... многу од експертите го предлагаат токму ова решение ... имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ ... во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот ...

Снимка од Google Eart ...
  1. Старата локација на црквата Константин и Елена ...
  2. Сегашната предложена и од Општина Центар усвоена локација за реизградба на Св. Константин и Елена ...
  3. Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад ... На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант ...
  4. Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо ... место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража ...
  5. По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена ... на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела ...
  6. Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо - некогашна “Нама“ ... многу од експертите го предлагаат токму ова решение ... имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ ... и во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот ...
  7. Локацијата на Св. Богородица Скопје - новоизградената црква чиј ктитор беше Трифун Костовски ... На оваа локација имаме темели на уште една Црква во Скопје - познатата Света Мина, која истотака се сруши во земјотресот во 1963-та ...
  8. Локација на Св. Димитрија ...
  9. Веројатната локација на куќата на Мајка Тереза ...
  10. Локацијата каде сега стои обележјето дека тука била куќата на Мајка Тереза - види ја погоре сликата број 3 ...
  11. Локацијата каде сега се изгради спомен домот за Мајка Тереза, место каде некојпат била Католичката црква во Скопје во која Мајка Тереза ја примила католичката вера ... место каде Мајка Тереза го почнала божјиот пат ...
  12. Локацијата на некогашниот Официрски Дом во Скопје, кој нели бил изграден на иста локација каде некојпат била Бурманли џамија во Скопје ... место кое сега е предвидено за изградба на Градска куќа, но истовремено место кое се погласно муслиманските верници го бараат за реизградба на Бурманли џамија ... Тие ова го прават многу упорно истовремено и вешто, организирајки пригодни манифестации (делеа баклави, ја оградуваа со креда, организијаа ликовен хепенинг каде деца ја цртаа Бурманли џамијата ...). Дваесетина НВО-и ја подржуваат реизградбата на Бурманли џамија ... Риесетот веќе официјално поднел барање во Општина Центар за доделување на оваа локација - маркица за реизградба на Бурманли џамија ...
  13. Локација каде се гради новата деловна зграда, која предизвика внимание поради аферата за начинот како беше доделена оваа локација и поради заградувањето на кејот покрај Вардар, за да може да се добие пристап - градежен пат ...
  14. Место каде веќе е при крај изградба на една многу современа зграда, веројатно наменета за деловен простор ...
  15. Место каде е предвидена маркица за реизградба на хотел, во спомен на некогашниот Хотел Македонија - кој рушејки се во 1963-та имаше највеќе жртви странци, кои беа гости во хотелот ...
  16. Место кое несреќно е избрано за изградба на нова зграда на археолошкиот музеј, каде треба да се смести и Уставниот суд ...
  17. Локација на коа неодавна почна градба на зградата за филхармонија ...
  18. Локација каде треба да никне пешачки мост ... за среќа отпадна проектот за врбите во Вардар ...
)статокот од постот видете го тука.

Малку касно се вклучувам тука, но кој сака нека го види и моето мислење. Неколку пати пришував за ова на моите блогови, тука само ке ви дадам линкови од другите постови ...



волан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 06-Jun-2009 at 12:57
Originally posted by pbanks

Што има Ѓорчев побогу да каже на тема за црквата Ohno
Видовме што има да каже, тоа што го повторуваше цела емисија, а кое немаше врска со темата за црквата, не доликува ни за на партински митинг  Thumbs%20Down
Сепак, единствено што успеа да докаже е дека се работи за 100% партиско-политички проект кој не признава ниту урбанизам ниту архитектура.


Инаку сите се прашуваме зошто секогаш Грчев... Но каде се другите? Крајно загрижувачки е фактот што освен Грчев, постарите и поетаблирани архитекти воглавно не се осмелуваат да го кренат гласот против проектов. Сите добро знаеме (што од лични контакти, што преку помалку упадливи медиуми како интернетов) кое мислење преовладува во фелата. Добро господа, па зарем за вас е прифатливо ова што се случува, зарем не се сметате барем малку повикани и одговорни да дадете придонес во целава работа, зарем живеете во некој друг град и во некоја друга држава, па сето ова не ве засега?


Во секој случај од емисијава дојдовме до многу интересно сознание, а тоа е дека има искрснато сериозен проблем во реализацијата на проектов кој ќе бара доста време и пари да се реши. Тоа е дека маркицата лежи врз голем канализационен вод, вториот по големина во Скопје, со дијаметар од 2 метри.
Епа таков е резултатот кога некој произволно си црта маркици врз комуникациски коридори, без никакво обмислување или стручна анализа. А и многу „свето“ место се испостави за градење на црква.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 06-Jun-2009 at 11:36
Со еден збор УТНАТА ЕМИСИЈА
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 06-Jun-2009 at 11:25
Dave Gahan добро ја долови ситуацијата. Ахиловата пета на Грчев му е времете кога му се изградија милион чуда по општината додека беше градоначалник. Ама пак крај крајева незнам која е идејата при муабет за црква на плоштад да се иде со навалагање во случаеви како тифани и слични кои везе немаат со црквава. А од друга страна па и Грчев сам си е крив чим авлага во теми како секуларност и финасирање, односно теми кои му се надвор од професијата па кога веќе од излегл од тема зашто и тој од карши не би излегол. А Влатко мислам дека основната идеја му беше да ја извојува емисијата врз база на брза и остра реторика, а не врз аргументи.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 06-Jun-2009 at 11:14
Originally posted by lslcrew

И јас очекував дебата со Вангел, на крај памет не ми паѓаше дека Влатко Ѓорчев ќе биде гостин. Малку дебатава излага од она што значи црква на поштад и пропратни теми околу нејзе. Очекував емисија на поаргументирано и постручно ниво.
и јас очекував, ама набргу сватив дека такво нешто кај нас не постои Wallbash
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 06-Jun-2009 at 08:52
Штета што најистурен контра-играч на тема - црква на плоштад е Грчев. Генерално добро се обидува да ја докаже спротивната вистина, ама cv-то не му дозволува многу да се опушти. Со сите до сега што дискутираше на темава од прва му вадат: тифани, кинески ѕид, урбана мафија...и муабетот иде у бестрага. Генерално е погрешно што и тој се зафаќа со некаква си секуларност на државата, па не смееле пари да се даваат и слични теории што се коректни (според мене), ама имаат некаков политички призвук. Наместо тоа треба професионално, архитектонско-урбанистички да се појасни неправилноста на идејата за објектот. Поканувањето на дилетант од калибарот на Ѓорчев да дискутира на тема урбанизам е срамота и навреда за професијата. Каков и да е Вангел (психо-физички), кога немаат друг, тој ќе беше посоодветен соговорник.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 06-Jun-2009 at 00:21
И јас очекував дебата со Вангел, на крај памет не ми паѓаше дека Влатко Ѓорчев ќе биде гостин. Малку дебатава излага од она што значи црква на поштад и пропратни теми околу нејзе. Очекував емисија на поаргументирано и постручно ниво.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 06-Jun-2009 at 00:11
Што има Ѓорчев побогу да каже на тема за црквата Ohno и Вангел е пологично решение отколку Ѓорчев
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 05-Jun-2009 at 23:25
Моментално има дебата за црквата на плоштад на "Миленко Неделковски Шоу" на канал5. Гости се Мирослав Грчев и Влатко Ѓорчев.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 04-Jun-2009 at 15:06

Владата планира да потроши 10 милиони евра за црквата на плоштад

Владата планирала да потроши околу 10 милиони евра за изградба на црквата на плоштадот „Македонија“, тврдат владини извори

%20
Владата планирала да потроши околу 10 милиони евра за изградба на црквата на плоштадот „Македонија“, тврдат владини извори. Понудата од градежното претпријатие „Гранит“ пак, изнесувала околу 14 милиони евра, па токму тоа било причината зошто биле одбиени на тендерот.
- Доколку се распише нов тендер, повторно ќе се јавиме. Сепак, се надеваме дека Министерството за култура ќе скрати од барањата, бидејќи со тој буџет нема да бидеме во можност да го понудиме она што го бараат - велат од ГП „Гранит“.
Од Министерството за култура официјално молчат за тоа колку пари планираат да потрошат од буџетот за изградбата на црква на плоштадот „Македонија“.
Во меѓувреме, Уставниот суд по втор пат ќе бара од Владата да го достави актот за изградба на црква на плоштадот откако невладината организација „Разбуди се“, поднесе иницијатива да се прогласи неуставна одлуката државата да гради верски објект.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6492420369&id=9&prilog=0&setIzdanie=21704
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 03-Jun-2009 at 19:47
знам дека форумов е за архитектура и за тоа треба да се дискутира, ама ме нервира исполитизираноста, криминалот, парите на овој проект и занемарувањето на се друго што постои како должност на власта на оваа држава и институциите кои треба крајно да се озбилни а се однесуваат како сето ова да е детска игра
сето ова многу повеќе ме нервира од самата изградба, локацијата и изведбата на црквата
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 03-Jun-2009 at 15:44
глупирањето, недореченостите, недоследностите, нелегалностите и криминалот со туѓи пари продолжува...

Колку пари ќе се потрошат за црквата на плоштад?

Колку пари Министерството за култура планира да потроши за црквата на плоштадот, останува и натаму енигма. Се уште нема никаков одговор.

Од Култура подготвени за сите податоци, но не и за милионските суми кои планираат да ги платат за објектот на плоштадот.

„Немам таква информација, сите информации ги дадов вчера, вчера Комисијата за јавни набавки донесе одлука за поништување на тендерот, причината е превисока цена. Ги немам тие информации, ова е наменски прес“, рече Анита Јовановска, портпарол на култура.

Министерката Канчевска за висината на средствата кои се испланирани за црквата упатува на портпаролот.

Портпаролот на Министерството за култура пак, откако најави дека ќе провери за предвидената сума, престана да се јавува на мобилниот телефон.

Јавноста остана покуса за ваквата информацијата, посебно откако вчера се поништи тендерот на кој учествуваше само „Гранит“.

Сумата од 16,5 милиони евра, според Министерството, беше поголема од предвидената за црквата, ама никако да кажат за колку.

Во меѓувреме, Уставниот суд по втор пат ќе бара од Владата да го достави актот за изградба на црква на плоштадот.

Невладината „Разбуди се“, која смета дека е неуставна одлуката државата да гради црква, не го доставила тој документ.

Уставниот суд еднаш побарал од Владата, но не го добиле документот иако рокот бил до крајот на мај. Сега бараат доколку постои таков акт, да го испратат, а доколку не, да одговорат негативно.

Иницијатива за преиспитување на уставноста има и од група граѓани, а се однесува на одлуката на општина Центар за ослободување за плаќање за надомест за градежно земјиште за црквата на плоштадот.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109526
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 02-Jun-2009 at 16:14

„Гранит“ испадна од игра, тендерот поништен

Предраг Петровиќ Коментари (0)   
02.06.2009 16:10

16,5 милиони евра била сума што ја надминувала таа што Министерството за култура планирало да ја издвои за изградба на црквата на плоштадот.

Колку е повисока цената и колку пари планира да издвои Култура за црквата - останува тајна.

Сумата што државата планира да ја плати на изведувачот не ја кажуваат и останатите фирми кои учествуваа и се повлекоа од тендерот.

Реагира опозицијата, во криза и сиромаштија велат, итно да се престане со трошењето пари од граѓаните.

„Ја повикуваме Владата веднаш да запре со изградбата на оваа црква и со тоа да се огради од кражбата и од перењето на пари, преку нејзе блиската фирма Гранит“, рече Роза Топузовска, ЛДП.

„Никола Груевски да каже дали конечно се откажува од овој проект или се работи за уште една матна зделка“, вели Маринела Тушева, СДСМ.

Паралелно уште еднаш не престануваат ниту активностите за Бурмали џамија. Се изготвувало идејното решение, а ќе ги користеле и 12-те столбови и постаменти од старата џамија кои сега се во Градскиот парк, но и се заштитени со закон.

За црквата сметаат дека 16,5 милиони евра се многу пари, зашто скромноста била одлика на божјите храмови.

„Мислиме дека е преголема таа цена, но тоа нас не не обврзува, ние гледаме нашава работа да ја завршиме што е можно побрзо и со најскромни можни средства“, изјави Рамадан Рамадани

Градежната фирма „Гранит“, како што објави А1 вчера, за изградба на црквата бараше 16,5 милиони евра. Големата сума се објаснуваше со вградувањето на скапиот и редок мариовски камен травертин кој се предвидува рачно да биде вграден во фасадата.

Таков е проектот од идејното решение, а предвидената сума за црквата ја нема ниту на веб страницата на Бирото за јавни набавки. Има податок дека ќе биде на бруто површина од 2.336 метри квадратни.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109457


Edited by lslcrew - 02-Jun-2009 at 16:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 02-Jun-2009 at 12:13
За само два дена после првата објавена сума иде и втора. Почнаа различни бројки низ медиумиве, за да на крај воопшто не добиеме реална претстава колку ќе чини...
Црквата на плоштадот ќе чини 14 милиони евра?
Македонија
Околу 14 милиони евра за изградба на црква на плоштадот „Македонија“, гласи понудата на Градежното претпријатие „Гранит“, која вчера била отворена во Министерството за култура. Ниту една друга фирма не доставила понуди за изградбата на црква на плоштадот во Скопје, затоа што, како што тврдат нашите извори, не успеале да ја подготват целокупната документација што се барала на тендерот. Токму затоа, на вчерашното отворање на понудите учествувал само „Гранит“.

„Нова Македонија“ веќе објави дека во последниве три месеци „Гранит“ буквално се вртел во круг додека да ја пресмета цената за изградбата на црква на плоштадот „Македонија“. Барањата на Владата, според нашите извори, биле крајно специфични во врска со градбата на верскиот објект. Кога од градежното претпријатие се обратиле до Владата, оттаму добиле одговор дека ниту цената, ниту пак изградбата, не се никаков проблем, бидејќи имало подготвеност за работа во три смени, сè со цел што побрзо да се изгради верскиот објект во центарот на Скопје. Црквата, според нашите информации, ќе биде позлатена и со специфичен начин на градба. Цената од 14 милиони евра се однесува само на изградбата, а не и на внатрешноста, што значи дека вкупно би чинела околу 20 милиони евра, доколку Министерството за култура ја прифати понудата на „Гранит“.

Иницијативата за изградба на црквата доведе до големи контроверзии во јавноста, предизвика протести, а спорна е нејзината изградба од причина што сè уште е нејасно дали државата смее да одвојува пари за изградба на верски објекти. Неодамна ненадејно во случајот се вклучи и Македонската православна црква, од каде што изјавија дека црквата ќе се гради со нивни донации. Од Министерството за култура упорно молчат - не даваат изјави ниту за цената на изградбата на црквата што ќе се одвои од буџетот, ниту пак за вчерашното отворање на понудите.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=408&ArticleID=25810
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 01-Jun-2009 at 15:51
sepak ne e mnogu, jas mislev deka ce davat 100milioni evra za crkvata ama .. so 16 milioni ce mozis da gradis socialni stanovi za lugeto (narodot), a ne narodot da spie  pod mostovite....
mozebi znaat politicarite poveke od nas....Big%20smileNutsLOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 01-Jun-2009 at 15:27

Прва фаза од тендерот за изградба на црква на плоштад

Заврши првата фаза од тендерот за изградба на црква на плоштадот. Само една фирма, скопски Гранит достави понуда да го гради верскиот објект на плоштадот.

Според информации на А1 Гранит бара околу милијарда денари или 16 милиони евра за изведена на проектот. Големата сума се објаснува со вградувањето на скапиот и редок мариовски камен травертин со кој се предвидува рачно да биде вграден во фасадата.

Оваа сума неофицијално е само за изградба на објектот без внатрешноста. Претходно дури четири компании се откажаа од тендерот. Бетон, Маврово и уште две фирми од кои една австриска немале доволно долг рок за да ја комплетираат целата документација. Извори од министерството за култура за А1 тврдат дека досега два пати го одложувале отворањето на понудите.

Изградбата на црквата е спорна уште од стартот. Со протести и тепачки се бранеа ставовите околу верскиот објект. Идејата ги разбуди уште повеќе и амбициите за изградба на бурмали џамијата кај камениот мост. Планот да никне верски објект на плоштадот изнуди и две иницијативи за преиспитување на уставноста на овој проект.

Спорно е дали државата смее да троши пари за изградба на верски објекти и дали со тоа ја привилегира само едната од верските заедници. Нов проблем сега се очекува да биде и сумата од 16 милиони евра само за градежниот дел од објектот.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109408
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 29-May-2009 at 12:00

Почна судска разврска за инцидентот на плоштадот

четврток, 28 мај 2009, 18:10

Студентите, организатори на мирните протести против црквата на скопскиот плоштад седнаа во судница. Иако насилството го предизвика противничката толпа, сепак први за тепачката одговараат студентите кои мирно го изразуваа незадоволството од архитектонското нагрдување на градот. Од прекршочниот суд уверуваат дека наредната седмица во судница ќе бидат повикани 20-тина учесници во толпата која во заштита на црквата ги нападнаа студентите. За организаторите на протестот нелогично е како полицијата ги сомничи за загрозување на живот и безбедност кога тие ниту провоцирале, ниту тепале, туку биле нападнати и спречени во изразување на ставот.

Со обвинетиот во суд се појавија и студенти од Архитектонскиот факултет. И тие негодуваат на процесот.

Други двајца обвинети од првата архи бригада немале уредна покана за денешното судење. Наредната седмица ќе се знае колкумина од анти- студентските провокатори ќе одговараат за клоците и тупаниците кои ги користеа за да покажат дека плоштадот заслужува црква. Казните со кои се соочуваат се ниски- до 1000 евра, но инцидентот ќе остане запаметен како обид за замолчување на студентите кои го кренаа гласот против урбаниот хаос во Скопје. 

Љубиша Арсиќ


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=3&eventId=8493



Edited by lslcrew - 29-May-2009 at 12:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.