![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 84> |
Author | |||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Поправка и рехабилитација на државен пат Р1105 делница, врска со државен пат Р1401 Раброво-ГП Дојран
Должина: 7.80 км Вредност: 50.90 милиони денари. Активности: асфалтирање на завршен слој; изработка на канавки за одводнување; машинско гребење и профилирање на трупот на патот; изработен е првиот носив слој БНС 22 до просечна дебелина од д=6,0см; нови рабници на делот на влезот/излезот од граничниот премин во должина од Л=315,0 м; нови рабници заедно со ригола во должина од Л=120 м на дел од патот; комплетна хоризонтална сигнализација и изработка на банкини од тампонски материјал. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/drzavnipatista |
|||
![]() |
|||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
||
Државен пат Р1402 с.Банско-с.Колешино
Должина 5км. Ширина 6 м. ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
||
Па можам да кажам дека регионалниот пат Радуша-Јегуновце веќе го завршија, така што очигледно си работат на терен.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Реализацијата на капиталните инвестиции нема да запре поради корона кризата
Владата не планира да ја запре реализацијата на капиталните инвестиции во делот на инфраструктурата. Од Министерството за транспорт и врски во изјава за „Мета.мк“ посочуваат дека капиталните проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура ќе продолжат да се изведуваат непречено. – Министерството за транспорт и врски ги презема сите потребни активности за да нема застој во реализација на капиталните проекти – велат од ова министерство. Тие потенцираат дека кај голем дел од проектите од патната инфраструктура, кои во моментов се градат, постои дури и поголем обем на реализација во однос на планираната динамика. Кај железничката инфраструктура, од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека изградбата на пругата кон Бугарија тече тековно, но во овој момент изведбата на делницата од Куманово до Бељаковце е со намалена динамика поради настанатата состојба. Едно од ретките прашања со кои се сложија власта и опозицијата во периодот на корона кризата е токму реализацијата на капиталните инвестиции. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред јавноста изјави дека исполнувањето на ветеното кај капиталните инвестиции мора да продолжи. И опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение нагласи дека реализацијата на капиталните инвестиции не смее да запре, со цел да им се помогне на индустријата и градежништвото. Со молба за продолжување на изведбата на капиталните проекти се јавија и од стопанските комори во земјава. Од Здружението на градежништвото, индустријата за градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија посочија дека ги ставаат на располагање нивните капацитети за целосен ангажман за времетраење на кризата, но и потоа. „Светската историја покажала дека во вакви големи економски кризи преку реализација на големи инфраструктурни проекти градежниот сектор многу придонел за повторно заживување на економијата. Затоа, не треба да се кратат капиталните инвестиции што се проектирани во буџетот, а кои се однесуваат на инфраструктурни проекти и тие проекти треба да се реализираат“, посочуваат од Стопанската комора на Македонија. И покрај желбата за продолжување на градежните активности и понудата за ставање на располагање на нивните капацитети, кај градежниците сепак владее страв од финансиски крах поради проблемите со наплата на побарувањата и финансиските обврски на компаниите, но и неизвесноста за тоа што ќе се случува со тековните и со новите проекти за изведба. https://meta.mk/realizacziјata-na-kapitalnite-investiczii-nema-da-zapre-poradi-korona-krizata/ |
|||
![]() |
|||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
||
Па можеби и со намалена фреквенција на возила на патиштата и ќе го забрзаат одвивањето на реализација на проектите.
|
|||
![]() |
|||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
||
Вака патот го имаат проширено малце, или мене така ми се чини? |
|||
![]() |
|||
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
||
Коронавирусот нема да влијае на инфраструктурните проекти, се одвиваат тековноhttps://plusinfo.mk/koronavirusot-nema-da-vli-ae-na-infrastrukturnite-proekti-se-odvivaat-tekovno/?fbclid=IwAR1MhJKTbCr0PibSLxEqEfkvRM1S_qGfrHuQImaRgbLreOoRWGLsPpbLWX8
|
|||
![]() |
|||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Не е по врат, по шија. Не сум бил во право за соодносот бидејќи не било 50%-50%, туку 55%-45%. Можеби треба едно 25 референци да ставам во постот како Зелениково за да ми се попрецизни процентите. Процентот го сфаќаш буквално наместо како дискусија, а од друга страна фрлаш цифри од ракав дека црното сценарио би било до 40% (шпекулација) и дека требало да се надеваме на 200-250 км автопат во форма на грант (ова е уште поинтересна шпекулација и не знам која е конекцијата со буџетот за 2020). Иронија.
Патем, ние нема да добиваме пари од кохезионите фондови, така што примерот со Бугарија е несоодветен. Бугарија е членка на ЕУ веќе 12-13 години и за средствата што тие ги добиваат можеме да сонуваме засега. Ние ќе добиваме пари од претпристапните фондови кои се далеку помали, но истовремено добредојдени. |
|||
![]() |
|||
AleksandarTheGreat ![]() Groupie ![]() Joined: 12-Jul-2019 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
||
Извини брзав, ама еве сега подетално. Во право си за финансирањето дека е комбинација од странски и домашни пари, но не си во право за соодносот. Па така, во програмата за 2020 приходите се планирани околу 7,9 милијарди денари да се од домашни извори (акциза, патарини, регистрации и друго) а 9,1 милијарди денари се од странските донатори, плус има и пренесени 1,5 милијарди од 2019 (вкупно 18,5 милијарди денари). Ова кажува дека 57,3% се веќе обезбедени, додека кај останатите приходи еве нека има потфрлање и до 40% (црно сценарио) вкупната финансиска конструкција за годинава ќе е околу 15,4 милијарди денари, кои ако се искористат со 100% ќе биде слична ситуацијата како и со 2019. Не би сакал да додавам дека со самото изгласување на почеток на преговори со ЕУ ни се отвараат дел од кохезивните фондови, од кои по примеерот на Бугарија би требало да се надеваме на 200-250 километри автопат во форма на грант. Секако тие пари/автопати би требало најрано да почне да се реализираат во почетокот на 2021, но сигурно ќе има некаква помош за што полесно пребродување на оваа апокалипсна 2020
![]() |
|||
![]() |
|||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Историски гледано во ниту една од 30те години независност капиталните инвестиции не биле целосно реализирани и биле кратени од разни причини (неспособност за реализација, прераспределба поради недостиг на средства во друг сектор, итн.). Би бил позитивно изненаден да се случи обратното во вонредна ситуација како оваа, односно во случајов да не се скратат заради намалување на дефицитот (сега имаме и закон за рамките на дефицитот).
Ефектите од кризава допрва ќе се осетат по буџетот (втор и трет квартал) и не е точно дека не зависат од тековните приходи. Ако има недостиг на средства во кој било критичен сектор (сите државни фондови зависат од тековни средства и кредити за пополнување на буџетскиот дефицит) од каде ќе се префрлаат пари? Економската логика е дека во време на криза треба што повеќе јавни средства да се истурат во капитални расходи, но ние имаме бунари без дно како фонд на ПИОМ. Од друга страна капиталните расходи се широк поим и секоја година кратењето обично е на сметка на образование, здравство, спорт, одбрана. Ако го земеме само делот со инвестиции во патишта, тогаш буџетот на ЈПДП е 50% пополнет од кредити (Светска банка, ЕБОР, Ексим банка), а другите 50% од буџетот на ЈПДП се тековни приходи од патарини, акцизата од нафта и регистрација на возила. За мене е за очекување трите тековни извори да паднат на многу пониско ниво од проектираното поради намалена економска активност, намален сообраќај и веројатно непостоечки туризам во остатокот од 2020. Ако успеат да ги пополнат тие недостатоци тогаш ќе е успех за сите, но да нема кратења во капитални расходи претставува научна фантастика за Македонија. |
|||
![]() |
|||
AleksandarTheGreat ![]() Groupie ![]() Joined: 12-Jul-2019 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
||
Заев вчера на 360 на Алсат потврди дека капиталните трошења нема да трпат, туку напротив ќе се бара дополнителни пари да се истураат во градежништвото за да има начин да се одржува економијата. Голем дел од парите за рехабилитации и изградба се веќе обезбедени, и не зависат од тековните приходи во буџетот, па оттука парите не би требало да се причина за застој.
|
|||
![]() |
|||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Но, не значи дека за брзо нема да е погоден секторот, примарно од финансиски причини. Ако нема доволно приходи во буџетот во следниов период, први на удар ќе се капиталните инвестиции.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Nema nikakvi zastoi barem vo ovoj period i pokraj zaostrenite merki na fb stranata na JPDP ima redovni izvestuvanja za gradežni raboti na razni patni pravci... Mislam deka opšto gledano gradežniot sektor e najmalku pogoden od Covid-19 nikade ne sum primetil bilo kakvi otkažuvanja i prekini vo rabotenjeto. |
|||
![]() |
|||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Мислам дека засега нема никакви застои со оглед на тоа што се работи на отворено. На фејсбук нонстоп известуваат за работа од проекти (последно мислам беше за Крупиште - Пробиштип) и дека "градежната сезона била во полн ек".
|
|||
![]() |
|||
AleksandarTheGreat ![]() Groupie ![]() Joined: 12-Jul-2019 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
||
Знае некој какви се состојбите со проектите кои сега треба(ше) да се работат на терен, земајќи ја во предвид новонастанатата ситуација со појавата на КОВИД-19?
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај
Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Стојановски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која е во завршна фаза. – Динамиката на активностите тече, се асфалтира и очекуваме во најбрз временски рок, веќе од наредната недела, овој дел на патниот правец Прилеп-Битола да биде пуштен во сообраќај. Ова е исклучително важен дел кој се прави за развој на локалната економија, па и за целиот Пелагониски регион, изјави Сугарески. Според директорот на ТИРЗ Александар Стојановски, изградбата на клучката која со придружните елементи е инвестиција од околу четири милиони евра, е во завршна фаза, а неколкумесечното доцнење е од објективни причини. -Моментално се асфалтираат приклучоците на клучката, која е во завршна фаза на изградба за да може да го оспособиме и да го пуштиме во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола. Како што течат изведбените работи, набрзо во целост треба да биде готова и клучката. Сѐ зависи од временските услови, но рабоите се при крај. Доцнењето на работите од шест месеци е од објективни причини: дислокација на кабелот со ЕВН и од други непредвидени, објективни причини. Изградбата на клучката кај технолошко-развојната зона Алинци е инвестиција од 254 милиона денари или околу четири милиона евра. Инаку, овде при крај е изведбата на водоводот, а во внатрешната инфраструктура на Зоната се инвестирани дополнителни 50-ина милиони денари, објасни Стојановски. Сугаревски нагласи сека овој месец градежните работи во Пелагонискп-прилепски регион е во голема офанзива. Се работи на повеќе патни правци. -Се работи и на реконструкцијата на делницата Фариш-Дреново на патот Градско-Прилеп и очекуваме тој дел доколку временските услови дозволат, веќе во наредната недела да заврши гребењето на стариот и да почне асфалтирањето со нов слој асфалт на тие 10-ина километри. Го очекуваме распишувањето на тендерот за делницата од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри. За останатите четири километри од оваа делница ќе има проектирање со две ленти и патот ќе се проширува со уште една, рече Сугарески. Интензивно, рече, се работи и на гребењето на стариот асфалт за да се стави нов на патиниот правец до Витолиште, Мариово. Продолжуваат работите и на регионалниот пат од Битола, преку Тополчани до Прилеп, а ќе се асфалтира и регионалниот пат Кадино Село-Галичани. Освен тоа, за локалните патишта и улици во Прилеп, од Министерството се определени еден милион и 250.000 евра. Што се однесува до комуналната инфраструктура, дел проекти се завршени, а сега преку Министерството ќе се работи на пречистителна станица за Мало Коњари. -Очекуваме и оваа година да бидат активностите на високо ниво, како и лани кога капиталните инвестиции беа на високо ниво од 85 проценти. Инаку, сите овие градежни активности се во согласност на предвидените планови, нагласи Сугарески. https://nezavisen.mk/sugareski-regionalniot-pat-prilep-bitola-idnata-nedela-kje-bide-pushten-vo-soobrakjaj/ |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Реконструкција на патот Градско-Прилеп(од Дреново до Фариш)-од фб
![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
Bakica ![]() Groupie ![]() Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
![]() ![]() |
||
I jas go slushav sega... Zbori za Petrovec-Miladinovci, a ne za Katlanovo-Veles.
Kje ostane ushte Skopje-Kumanovo i Katlanovo-Veles da se krenat na nivo na Avtopat. Za Skopje-Kumanovo neznam zasto ne go napravija toa pred 3 godini koga ja rekonstuiraa taa delnica (Togas ne bese Kitanov direktor). Katlanovo-Veles od druga strana e teska i skapa delnica. Edited by Bakica - 21-Jan-2020 at 13:53 |
|||
![]() |
|||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Така е, станува збор за Катланово - Петровец, а не за Скопје - Велес.
|
|||
![]() |
|||
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |