build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нуклеарна електрана?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 18>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 19-Jun-2009 at 16:38

И за нуклеарка во Мариово ни треба амин од Грција

Најдобра варијанта е со нив заеднички да ја градиме атомската централа, бидејќи така нема да ни прават проблеми и сигурно ќе се согласат, сметаат експертите


Можно ли е ново вето, кое овојпат економски би ја дотепало Македонија? По блокадата од Грција за членство во НАТО, заканите за влегување во ЕУ, постои можност и за енергетска блокада, што ќе нé зацементира на дното и ќе ни ги отсече сите опции за брз економски развој. Дипломатски извори предупредуваат дека Грција (доколку сака) може да ни става сопки и за изградбата на нуклеарна централа во Мариово, опција што е предвидена во Националната стратегија за енергетика. Во документот се препорачува атомската централа да биде готова до 2026 година, но подготовките да почнат уште веднаш. Централата би се градела со учество на странски инвеститори и ќе чини 5 милијарди евра.

- Кога градиш куќа мора да го прашаш и соседот и да водиш сметка водата од стреата да не доаѓа до туѓиот двор. Развивањето на атомска програма е сложена постапка, за која треба согласност и од соседите - тврдат дипломатски извори. Во МАНУ ги отфрлаат претпоставките за грчко енергетско вето.

- Вето не може да стават, но во основа може да прават проблеми. Многу значаен е моментот за договарање со Грција дали ќе се најде заеднички интерес за инвестирање. Пожелно е да имаме согласност од нив - ни изјави академикот Глигор Каневче, раководител на тимот што ја подготви енергетската стратегија. Тој смета дека најдобро би било да нема противење од Грција, односно да добиеме согласност. Се работи за економски силна земја, која е членка на ЕУ и на НАТО, и може да најде начин за блокирање доколку сака, вели тој.

- Но, од друга страна, и Грција се подготвува за нуклеарна опција и за изградба на своја нуклеарна централа и доколку реши да го спроведе тоа, отпаѓаат сите овие аргументи и претпоставки. Зошто би се противела ние да градиме нуклеарка, кога и тие сакаат да градат - нагласува академикот Каневче.

Антонио Ефремов, експерт, смета дека во секој случај мора да се известат соседните земји.

- Според Аркузиската конвенција, сите трансгранични загадувања одат на посебен протокол. Најдобра варијанта е со нив заеднички да ја градиме. Така нема да ни прават проблеми и сигурно ќе се согласат - вели Ефремов. Тој нагласува дека нуклеарната програма е најдобра опција за Македонија доколку сакаме брз и долгорочен економски развој. Од земјите во соседството, Бугарија веќе гради нова нуклеарна централа во Белене, која треба да биде готова до 2014 година. Албанија исто така најави изградба на своја нуклеарка, во партнерство со Хрватска. Србија засега не размислува за оваа опција и повеќе се концентрира на гасот, бидејќи меѓународните коридори поминуваат низ нејзина територија. Останува единствено Грција, која нема атомска централа. Дека Македонија е привлечна за грчките инвеститори на кои не им пречат политичките несогласувања има многу примери. Но дали токму преку нуклеарката во Мариово ќе го најдеме заедничкиот интерес или таа ќе биде уште еден камен на сопнување останува да видиме.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61991158139&id=10&prilog=0&setIzdanie=21716
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 12-May-2009 at 11:38
Чернобил беше резултат на претеризам, сакаа душата да ја извадат на централата, а да не вложат ништо. Тогаш ја имаше железната завеса, немаше право атомската агенција да ги проверува, а сега ако само нешто не е во ред, ќе дојдат веднаш да ви досадуваат (ако сте мала земја, како нас). Така што дека некој е будала да нè остави да градиме вакво чудо ако не сме спремни (особено со ЕУ на исток и југ од нас), многу тешко веројатно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 12-May-2009 at 00:42
и јас мислев така но според кажувањата на експертите денешните нуклеарни централи скоро и да се безопасни!? еве некој аргумент плус во теоретски безбедната енергија... патем безбедносно гледано во костец со војна или терористички напад, мислам дека ќе бидеме безбедни со оглед дека ваквата безбедност ќе се погрижат да биде загарантирана и самите соседи (преку тоа нивниот пакт), кои сигурно нема да дозволат блиску до својот двор да ги сотре некаква радиација...
„Со хроничниот недостиг на енергија и увозот кој во наредните години само ќе се зголемува, Србија мора да размислува како да го надмине истото и да земе предвид изградба на нуклеарни електрани“, изјавува ексепертот за енергетика Зорана Михајловиќ Милановиќ.

Според неа, аргументот против нуклеарните централи, опасноста од инцидент и загрозување на безбедноста на луѓето и животната средина, не држи бидејќи во пречник од 100 километри околу неа работат 10, а во круг од 400 километри упте 20 нуклеарни централи и со тоа секаков страв од работата на сопствен ваков капацитет е беспредметен. Згора на тоа, денешните нуклеарни реактори се далеку побезбедни.

www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=746

или
...
Денес во светот има повеќе од 400 нуклеарни реактори во кои се произведува 16 отсто од вкупната електрична енергија на Земјината топка. Со оглед на општиот недостаток на енергенси, се очекува нуклеарните централи да доживеат ренесанса во наредниот период.
Процесот на добивање струја по нуклеарен пат има значајни предности, но и сериозни недостатоци. Главни предности на нуклеарните централи се: произведуваат енергија на чист начин, без испуштање јаглероден диоксид, кој е главен загадувач на животната средина и причинител за глобалното затоплување; стабилност на снабдувањето со енергија во услови на глобална нестабилност и недостиг на енергентите; докажана и проверена технологија која е стара над 50 години (современите реактори се безбедни и ефикасни); произведената струја е поевтина; а работниот век е речиси двапати поголем од тој на термоелектраните.се добива во текот на експлоатацијата. Секако, и наследството од Чернобил, кое покажува дека ризикот ретко се случува, но кога ќе се случи, последиците се стравотни.
Најголем недостаток е проблемот со складирањето на радиоактивен отпад, кој ...
www.vicepremier.gov.mk/?q=node/369

но има и реакции кои јасно укажуваат дека самите нуклеарки и не се баш најбезбедни, како што се честите истекувања на гориво, како пред некоја година во австрија, кои обично се заташкуваат експресно, или пак самото влијание врз здравјето на луѓето...
Деца што живеат близу нуклеарни централи се изложени на поголем ризик да добијат леукемија, покажуваат повеќе истражувања, чии резултати пренесе Шведската телевизија СВТ.

Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, сепак направените студии, една американска и една германска, наидуваат на оспорувања, на пример, во Франција, бидејќи во една француска студија не е констатиран никаков зголемен ризик од таков вид.

Според Ларс Барегард, шеф на Еколошко-медицинскиот центар при шведската универзитетска болница „Салгренска“ во Гетеборг, нивото на зрачење е мошне ниско околу нуклераните централи.

Но, Барегард исто така вели дека би сакал да ја испита појавата на детска леукемија околу шведската нуклеарна централа „Рингхалс“, со цел да ја намали вознемиреноста која и покрај се е присутна кај многумина што живеат близу таа нуклеарка.

www.mia.com.mk/default.aspx?vId=61678752&lId=1&pageNum=16

главен момент е мислам колку сме способни да изменаџираме со брзо темпо ваков проект! што вели акад.Бошевски треба и мозок и регулатива, кои сега допрва треба како што мене ми се чини, да ги увеземе. добро е бар не примија во некое меѓународно атомско тело, првиот чекор е направен а како и колкуќе успееме да држиме ритам тоа е веќе сосем друга работа која зависи од повеќе фактори. но доколку не се забрза пласирањето на ова фотоволтаичното масло набрзо, немаме друго ефтино чаре освен нуклеарка, која подобро е да почнеме да ја разработуваме бар како идеја уште сега, чисто бар како бекап план!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 11-May-2009 at 23:59
До сега ние имаме само закон за заштита од радиоактивно зрачење, а тоа е ништо.“

A sto ako ni se sluci Chernobil, zamislete(ne daj boze) na teritorija od 25 713 km2 se sluci eksplozija.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 11-May-2009 at 22:05
Неизвесно е дали Македонија ќе добие нуклеарка

Шансите Македонија да изгради нукеларна центара и на тој начин да ги реши сериозните проблеми во снабудвањето со струја ги подели авторите на енерегетската стратегија. Академиците Томе Бошевски и Глигор Каневче различно гледаат на потенцијалот на Македонија да го реализира овој скап и обемен проект. Дилемите се отворени и на само неколку дена од  долгоочекуваната јавната расправа за енергетската стратегија на земјата.

Според академикот Бошевски вели:  “Македонија ниту  има пари, ниту е на некој степен на развој за да гради нуклеарка на своја територија. Проектот нуклеарка  е комплициран. Потребни се само неколкугодишни подготовки само за регулатива, инфраструктура, способен кадар. До сега ние имаме само закон за заштита од радиоактивно зрачење, а тоа е ништо.“

Според одредени експертите можното решение за македонија би било и партенство со некоја земја од регионот која и самата нема централа. Засега такви најави дојдоа од Бугарија, Албанија, Хрвстска, Романија и Грција.

Академиците оценуваат дека главната причина поради која македомнија останува надвор од големите енергетски проекти е слабата економска моќ.Тие велат дека дури и во случај да бидеме партнери во изградбата мна нуклеарка, треба да понудиме барем 500 милиони евра. Оттука, тие сугерираат дека земјава треба да се ориентира кон изградба на големите термо, хидро и гасни централи.

Од друга страна пак, академикот  Каневче нуклеарката ја гледа како голем напредок за земјава и изводлив проект во кој треба да се инвестира.

Кој е концептот кој и е поблизок на Владата, изградба или не на наклеарна централа засега не се знае. Сепак, се очекува многу работи да бидат појасни по јавната расправа за енекретската стратегија.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=7916
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 28-Apr-2009 at 19:31


Дали нешто е мал или голем проблем е релтивна работа која зависи и од организираноста на државата. За нас, доколку не се воозбилиме, голем проблем ќе биде и електраната и персоналот. За нас во моентов голем проблем се и многу побанални работи... Затоа во никој случај не ни треба потценувачки однос кон овој крупен залак, туку конечно да си го преиспитаме општествениот менталитет и бројни лоши колективни особини.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 28-Apr-2009 at 19:23
Една лаичка констатација ама многу точна. Персоналот е најмал проблем, проблем е да се изгради некогаш тоа чудо, бидејќи објективно персонал ќе си најдеме, ако не наш, ќе си земеме од комшилукот, секогаш ќе се најде некој резерва (особено дури да се изгради централата таквите кадри можеби и технолошки вишок ќе бидат, да не речам ќе застари технологијата) Колку и да треба да ги плаќаме тие странци, сепак и да е наш сигурно со мала плата нема да биде, и сигурно парите вложени во неговото образование нема да бидат баш и мали. Звучи како да зборувам за 5 души, но во суштина и толку луѓе (ај не толку, ама повеќе од 20-тина не се) раководат со специфичните работи во овие централи, 'специфични'=работи кои се различни од обична термоцентрала. Сепак ова е термоцентрала, само со малку покомплицирано гориво. И онака само мал дел е задолжен за горивото (колку што знам), има многу повеќе луѓе за разладните кули, за трафостаниците, за генераторите, и за сите други делови кои не ми се познати. Но добро, веројатно не е толку просто како што мислам, но факт е дека кадарот не е толку голем прашалник колку самата централа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 28-Apr-2009 at 18:25
Нуклеарна централа не е шнајдер или грнчар или па некој занает за да треба искуство да е се влече. Све е наука и најблиската катедра за нуклеарна енергија апсолтулно задоволува потреби, без разлика дали било домашна или најблиска од комшилук. Тука нема место каке би се носеле субјективни одлуки па да се влече некое инскуство. Дури и да треба некоје "искуство" тоа е веќе вцртано во меѓународните процедури и протоколи за постапување со нуклеарни централи/погони/отпад и слично и нема простор за маневрирање. за да добиете согласност од совет за безбедност или од кај и да беше од ООН за изградба на целтрала, морате да обезбедит предходно гаранции дека максимално ќе ги почитувате меќународните договорени стандарди и проверени процедури. Буквално ќе ви пратат два вагона упатсво.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 28-Apr-2009 at 18:11
1000 vraboteni pa toa e dobro, znaeme kolku e tesko dense da se najde rabota,no se prasuvam dali ti sto ce bidat vrapoteni ce imaat iskustvo
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 28-Apr-2009 at 01:33

Академик Каневче: За Македонија е добро сама да гради нуклеарна централа

Станува збор за скап проект предвиден во Предлог-стратегијата за енергетика

Академик Григор Каневче смета дека за Македонија е подобро сама да гради нуклеарна централа отколку да учествува во заеднички проекти со некоја од соседните држави, иако станува збор за скап проект предвиден во Предлог-националната стратегија за енергетика што треба да се реализира до 2026 година.

„Станува збор за скап проект, но Македонија нема сама да ја гради нуклеарната централа и сигурно ќе има стратегиски партнери. Мислам дека е добро решение државата сама да гради нуклерана централа, бидејќи со тоа ќе се ангажираат и домашните фирми, а и централата ќе има околу 1.000 вработени што не е за потценување“, изјави академик Каневче, одговарајќи на новинарско прашање, пред вчерашната промоција на зборникот „Прилози“ .

Тој посочи дека Националната стратегија за енергетика во моментов е во постапка во Министерството за економија, и оти верува дека наскоро ќе биде разгледувана од Владата за потоа да се отвори јавна расправа.

Во врска со ХЕЦ „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков Мост“, чија изградба е ставена како приоритет во Предлог-стратегијата, а за кои подолго време не може да се најде инвеститор, академик Каневче рече дека верува оти наскоро ќе се најде заинтересиран инвеститор бидејќи, како што кажа, нивната изградба е инвестиција што брзо ќе се врати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D485724B6FCD684CA24E81784E7CA1ED
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 20-Apr-2009 at 21:10
Драган, горивото претставува обработената руда во случајот, рудата содржи секакви примеси (пишуваше горе имала оваа цинк, бакар, злато, не се сеќавам), така што тоа што го зборуваме е каде ќе се прочисти рудата за да се добие гориво (не гориво како нафта, туку гориво е нешто што ќе ја затоплува водата во реакторот, во случајот ураниум), значи од руда се добива гориво, ама каде ќе се пречистува не знаеме, само знаеме дека во Македонија нема теоретска шанса.


Edited by гитардемон - 20-Apr-2009 at 21:10
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 20-Apr-2009 at 20:22
a be kako jaglen vo vozovite taka i uraniumot ke se frla CrazyCrazy
Jas neznam moze nekoj od vas znae za nuklearna centrala treba gorivo ili ruda, no moe mislenje e deka treba ruda a ne gorivo.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 20-Apr-2009 at 17:52
Originally posted by lslcrew

Може се мисли дека во склоп на централата ќе има и постројка за производство на гориво од руда.
Изгледа многу малце се мисли и тоа е загрижувачко. Таква „постројка“ (всушност цел комплекс) е и покомплицирана работа него нуклеарна електрана, но тоа на страна, не знам кој ќе не остави нас да си играме со таа технологија (не дека имаме капацитет). Плус тоа такви комплекси за производство на нуклеарно гориво сигурно не се градат за секоја електрана по еден, туку еден таков би било логично да снабдува повеќе електрани, со што концептот ние да си направиме се на купче станува уште понаивен. Како и да е, не ни мислам дека плановите се отидени до таму за да се планираат вакви работи, туку дека ова се нафрлани муабети без врска. За некои очигледно темава е прилично забавна на сосема погрешен начин.
Според досегашниве написи и најави, ние крајно несериозно влегуваме во многу сериозна работа, а тоа нормално си влече последици.


Edited by Cloverstack - 20-Apr-2009 at 17:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 20-Apr-2009 at 15:33
Може се мисли дека во склоп на централата ќе има и постројка за производство на гориво од руда. Инаку локацијата на централата па и фабриката за гориво воопшто не е битно да биде рудникот, него единствено централата треба да има во близина вода за ладење.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 20-Apr-2009 at 15:09
Кога имаш сопствено гориво, многу поедноставно и поисплатливо е да изградиш и сопствена нуклеарна централа, сметаат експертите.
Нормално дека е супер да имаш своја руда, ама од руда до гориво за реактор има огромна разлика, а тој процес на трансформација извесно е дека би се одвивал надвор од Македонија.


Тоа значи дека можностите на рудникот се на 42-процентно покривање на потребите од нуклеарно гориво на идната домашна нуклеарна централа со моќност од 1.000 МЊ во тек на 12 години.
Па овие бројки и не заслужуваат баш толкава еуфорија и помпа... Се надевам дека во Мариово има повеќе.


Логично е централата да се гради онаму каде што се наоѓа рудата.
  Nuts

Може единствено да се заклучи дека дебатата по ова прашање кај нас се води на едно мизерно ниво, а тоа е недозволиво за прашање со ваква тежина и вакви специфики.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 20-Apr-2009 at 11:28
На планината Селечка(го дели Прилеп со мариово,видете на карта за поубава ориентација),од страната на мариово има два запечатени рудници,потекнуваат некаде од 1943-44,ги имаат направено Германците(ко му бил филмо на Хитлер со атомскава бомба)

Но за тоа дали и колку е вадено од таму не знам,руднициве ги има со сигурност.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 20-Apr-2009 at 09:28
ja kako sto znaem ima eden rudnik vo blizina na prilep ama zatvoren e uste vo vremeto na SFRJ, se vikase deka od nego se vadat bogat uranium  i eden drug metal sto mno mnogu mnogu retko postoi na planetata.
A za nuklearnava toa e dobro sto makedonija im uranium ne treba da kupuva ke ima domasen kapacitet za proizvosto.
Jas stravuvam samo od edno nesto nemoj da ni se sluci Chernobil,ne znam ama makedonija nema dobri rabotnici(moze ima neznam)koj znaat da rabotat na nuklearna centrala.
Vladata ako gradi nuklearna centarla od sega da praka kadar da se obucuva vo zemjite kade ima nuclearni centarali(Rusija Francija Engleska.....i dr.)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 20-Apr-2009 at 03:42
Македонија лежи на нуклеарно гориво

Македонија располага со огромни количества ураниум. На 5 километри источно од Кратово е утврдено големо наоѓалиште на руди на ураниум со површина од 25 хектари. Дознаваме дека уште во времето на СФРЈ експерти доаѓале и се интересирале за ископување на овој високореактивен метал, кој има најголема примена во нуклеарната електроенергетика. Збогатениот ураниум со изотоп ураниум-235 претставува и единствено гориво за нуклеарните реактори. Тоа практично значи дека Македонија има огромни природни ресурси за развивање на нуклеарна технологија.

Кога имаш сопствено гориво, многу поедноставно и поисплатливо е да изградиш и сопствена нуклеарна централа, сметаат експертите. Во долгорочната енергетска стратегија на МАНУ се препорачува изградба на нуклеарна централа во Мариово до 2026 година. Проектот го одобри и Владата.

Ураниумови наоѓалишта

- Дотогаш ќе бидат изградени „Чебрен“ и „Галиште“ и тоа е добра комбинација на нуклеарна со хидроцентрала и ќе има вода за ладење. Потребно е да се оформи посебно тело со активности на тој план, усогласување на законската регулатива со прописите на Меѓународната агенција за атомска енергија, планирање, едукација и редица други работи - ни изјави Глигор Каневче, раководител на тимот што ја подготви државната стратегија.

Владата најави дека во сферата на енергетиката во наредните седум години планира да вложи 3,85 милијарди евра. Изградбата на самата нуклеарна централа би чинела околу 2,5 милијарди евра. Информациите за големи наоѓалишта на ураниум дополнително ја подгреваат атмосферата.

- На територијата на Македонија уште во првата половина на шеесеттите години од минатиот век се вршени опсежни геолошки истражувања и се добиени многу поволни резултати за ураниумови наоѓалишта во близината на Кратово, Злетово, Радовиш, Мариово и село Двориште (општина Берово).

- Прва аномалија на радиоактивност е регистрирана со аерорадиометриска проспекција на долината на Злетовска Река. На пет километри источно од Кратово е утврдено второ по големина, на просторите на поранешна Југославија, наоѓалиште на руди на ураниум со површина од 25 хектари - вели Антоние Ефремов, металски инженер и експерт за обоени метали.

Според него, главни елементи во рудното лежиште се ураниум и ториум, а како придружни се јавуваат бакар, олово, цинк, железо и сулфур. Утврдените рудни резерви изнесуваат 1.300 тони, сметано во содржан ураниумов оксид.

- Тоа значи дека можностите на рудникот се на 42-процентно покривање на потребите од нуклеарно гориво на идната домашна нуклеарна централа со моќност од 1.000 МЊ во тек на 12 години. Доколку развојот на нуклеарната технологија овозможи користење на т.н. брз бридер-реактор со иста моќност, нуклеарната електрична централа ќе може да произведува 8,6 милијарди киловатчасови годишно електрична енергија, со домашно нуклеарно гориво, во текот на 40 години- смета Ефремов. Тој нагласува дека актуелната зелена револуција во светот е насочена кон наоѓање решение за смалување на глобалното загревање на планетата Земја. Така замената на фосилните со нуклеарни горива за производство на електрична енергија, станува императивна и безалтернативна потреба, вели Ефремов.

Мариово за нуклеарка

Месните жители и вработените во рудниците „Злетово“ и „Саса“ потврдуваат дека екипите испратени од некогашниот сојузен геолошки завод подолг период присуствувале во регионот.
- Тие беа сместени во Кратово. Констатираа дека на оваа локација има наоѓалиште на ураниум. Сепак, понатамошните истражувања беа прекинати - се присетуваат жителите.

Најверојатно тогашната СФРЈ немала интерес да инвестира во енергетскиот развој на Македонија. Истражувања на наоѓалиште на ураниум биле вршени и во местото Подареш кај Радовиш.

Пред неколку години австралиската рударска компанија „Јуниверзал мајнинг“ од Министерството за економија побара концесија за експлоатација на резервите на ураниум во Мариовско. Компанијата е еден од најголемите извозници на ураниум во западна Австралија и беше сериозно заинтересирана за експлоатација на резервите во Мариово и во источна Македонија. Сепак понатамошните истражувањата се одолжија откако Владата реши концесиите за геолошки истражувања на минерални суровини да се доделуваат на меѓународен тендер, а не по барање на заинтересираните правни субјекти. Изборот на Мариово како најпогодна локација за изградба на нуклеарна централа во Македонија се доведува во директна врска токму со споменатите наоѓалишта на ураниум. Логично е централата да се гради онаму каде што се наоѓа рудата. Тоа сепак мора да им се довери на искусни и големи странски компании, кои работат со ураниум, велат експертите кои ги консултиравме. Во земјите до ЕУ годишно се трошат 2.500 тони ураниум за производство на електрична енергија во нуклеарните централи.




Еден грам ураниум ослободува енергија колку 18 тони класичен експлозив

Производството на електрична енергија во нуклеарни реактори го овозможува процесот фисија. Процесот се изведува со бомбардирање со неурони на јадра на атоми на изотопот ураниум-235. Притоа јадрата се разделуваат во услови на ослободување на нови неутрони. Овие неутрони потоа бомбардираат други уранови атоми при што процесот фисија многу брзо автономно се проширува и ослободува огромна енергија. Колку за илустрација при распаѓање на еден грам јадра на атом на ураниум -235 се ослободува енергија што одговара на експлозија на 18 тони класичен експлозив. Она што претставува најголем проблем кај нуклеарните централи е безбедното складирање на отпадот. Потребното време за целосно разградување нуклеарен отпад изнесува стотици илјади години, па дури и милион години.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=370&ArticleID=22848
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 22-Mar-2009 at 01:13

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ЕНЕРГЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ

Чебрен и Галиште ќе ја ладат нуклеарката во Мариово

Владата го прифати предлогот на МАНУ со нуклеарка да се намали зависноста на Македонија од увоз на струја. Како можна локација за централата се посочува мариовскиот крај, а како можен извор на вода за ладење на реакторот се спомнуваат акумулациите за хидроцентралите Чебрен и Галиште чија изградба Владата вторпат ја понуди на тендер во почетокот на годинава

Владата планира да гради нуклеарка. За централата за спас од енергетска криза како почетна инвестиција премиерот Никола Груевски неодамна најави 1,2 милијарди евра. Конечната одлука за изградба на централата треба да ја донесе Агенцијата за имплементација на нуклеарна енергетика, која допрва треба да се формира. Според новата и сe уште необјавена Национална стратегија за енергетика, која по нарачка на Владата ја изработи МАНУ, рокот за изградба на нуклеарката е до 2025 - 2030 година.
Вака изгледа сценариото, иако ниту една институција сe уште нема направено анализи дали Македонија ќе има доволно вода за зафатот. Зашто, словенечката нуклеарка Кршко се наоѓа на Сава, бугарската Белене се гради на Дунав, а на истата река е и романската Чернавода.
Како можна локација на нуклеарката се спомнува мариовскиот крај, бидејќи е ненаселен и е блиску до Црна Река, од која треба да се обезбеди вода за ладење на реакторот. Таму се предвидени двете хидроцентрали Чебрен и Галиште од чии акумулации ќе се црпи вода за нуклеарката. На почетокот на годинава Владата нивната изградба вторпат ја понуди на тендер откако првиот го поништи поради несоодветни понуди од германски РВЕ и австрискиот Вербунд.
Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациска технологија вели дека ладењето на македонската нуклеарка би било со ладилни кули за што е потребно помало количество вода во однос на природни водни ресурси како река и море.
Од Министерството за економија не сакаат да ја коментираат идејата на МАНУ додека не го видат предлогот од академиците. Велат дека откако ќе ја добијат Стратегијата ќе почнат со детални анализи на водните ресурси во мариовскиот регион, каква е сеизмиката, како и каква инфраструктура е потребна за да работи таму централа. Ќе се испитаат и можностите за ископување ураниум во земјава, при што ќе се одлучи и дали е поисплатливо горивото да се обезбедува од странство или може да се добие од домашни рудници. Тогаш ќе се носат и потребните закони.
Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи тврди дека врз основа на нивните студии до 2025 година водните ресурси ќе бидат на ниво на 1961 година. Во тој период имало најмногу вода во Македонија. За истражувањето и проекциите на словенечкиот Универзитет Нова Горица во "Сценарио за климатски промени во Македонија" направени за перидот од 1961 година до 2100 година, според кои нивото на врнежи во следните 90 години во регионот на Битола драстично ќе се намали, Милевски вели дека станува збор за многу песимистички сценарија на кои не треба да им се верува.
Според словенечкото истражување, климатските промени до 2050 година треба да предизвикаат намалување на врнежите, и тоа до 2050 година ќе паѓаат само 65 отсто од врнежите што паднале 1961. До 2100 година, сценариото предвидува да паднат само 32 отсто од дождовите што паднале во 61 година.
Поранешната министерка за економија Вера Рафајловска вели дека недостигаат детални анализи за користење на водните ресурси од двете хидроцентрали.
"Подготвени се повеќе студии од странски куќи за оптимализација на системот на Црна Река за производство на електрична енергија, но во најголем дел не се земени предвид останатите можни користења на водите освен за електрични потреби. При изградбата на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште мора да се земе предвид користењето на водата и за други намени освен за електрична енергија", вели Рафајловска.
Академик Глигор Каневче вели дека Македонија нема време за чекање ако сака до 2025 - 2030 година да ја изгради и вклучи нуклеарката. Дополнителен притисок за реализација на проектот претставува и сe поголемата зависност на земјава од увозна струја, а до 2025 година на Македонија ќе $ требаат нови централи. Постојните термоцентрали дотогаш ќе бидат на крајот на својот работен век.
"Период на изградба на нуклеарна централа е најмалку 15 години, а ние уште немаме ништо започнато. А има многу чекори да се преземат. Стратегијата предвидува изградба на нови термоцентрали на јаглен и гас, како и нови хидроцентрали. Целта е да ги покриваме сопствените потреби од електрична енергија, но сценариото зависи и од глобалните случувања кои тешко може да се предвидат. Затоа производството не треба да зависи од еден енергенс", вели Каневче.
Според академикот, Македонија наместо да се вклучи во проектите за изградба на нуклеарки во соседните земји, треба да изгради нуклеарна централа на своја територија.
"Од еколошки аспект нуклеарната централа емитува многу помалку јаглероден диоксид од термоцентралите, а од економски аспект ќе се отвори работа за домашните фирми и ќе се креираат нови работни места", вели Каневче.
И професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациска технологија се согласува дека основна причина во Македонија да се искористи нуклеарната опција е немањето на други енергетски ресурси.
"Македонија има само лигнит со површински коп кој е веќе при крај на исцрпување. Со исцрпување на резервите и со стареењето на постојните капацитети на лигнит, потребно е да се градат нови термообјекти. Опцијата на отворање нови јамски копови на лигнит со изградба на нови современи термоцентрали на јаглен со еколошка технологија според директивите на ЕУ, е скапа варијанта, и е економски споредлива со нуклеарната централа. Македонија како земја што нема директен пристап на море, нема можност за континуирано снабдување на големи количини јаглен како увозна варијанта на гориво. Гасот како опција веќе се воведува со градба на новите гасни електрани, а хидропотенцијалот е со ограничени можности", објаснува Чаушевски.
Според професорот, нуклеарните електрични централи се скапи објекти, но предност е што трошоците за гориво и експлоатација се пониски отколку кај термоцентралите на јаглен и гас.
"Најмалите комерцијални единици за нуклеарна централа денес се 1000 мегавати и за неа се потребни околу 2,5 милијарди евра инвестиција. Ваков капацитет за Македонија денеска е голем, меѓутоа, за периодот кога треба да влезе во работа би бил доволен како за Македонија, а може и пошироко за регионот. Со сериозна нуклеарна програма, најрано што може да се изгради централата е периодот 2025-2030", објаснува Чаушевски.

Во Мариовско има ураниум за нуклеарка?

Во 50-те години, геолози од Нуклеарниот завод Винча од Белград три години ги истражувале резервите на ураниум на Селечка Планина, над селото Кокре, во мариовскиот крај. Резултатите од тоа истражување останале мистерија до денешен ден, но гласовите за ураниум го прават Мариово атрактивно за рударските компании.
Се зборува дека наоѓалиште на ураниум има и во месноста Јамиште кај кратовското село Луково.
Од Министерството за економија велат дека сe уште немаат никакви барања за истражување за експлоатација на ураниумот.

Во светот работат 437 нуклеарки

Над 16 отсто од вкупните светски потреби за електрична енергија се задоволуваат од производството од околу 437 активни нуклеарни централи. Од нив околу 80 отсто се лоцирани во развиени држави. Дури 38 отсто од вкупните потреби на ЕУ се задоволуваат од нуклеарки.
Нуклеарната треска го зафати светот по големиот раст на цените на гасот и суровата нафта на светски берзи, што директно влијаеше и на цената на фосилните горива кои се користат во термоцентралите. Изминатите неколку години за нуклеарки размислуваат речиси сите соседни земји, а некои стартуваа и со реализација на проектите. И во Азија и Русија интензивно се инвестира во нови нуклеарни централи, а се почесто се реализираат слични инвестициите и во земјите на ЕУ.

Нуклеарките еколошки почисти

Македонија до влезот во ЕУ треба да ги намали емисиите на ЦО2 или ќе плаќа пенали. Нуклеарната централа за разлика од термоцентралата нема емисии на стакленички гасови, кои предизвикуваат климатски промени. Радиоактивниот отпад, според Чаушевски, волуменски е далеку помал од пепелот од согорување на јагленот во термоцентрала.
"Нискорадиоактивниот отпад се складира на посебни места, а истрошеното гориво што е високорадиоактивен отпад е во специјални базени во реакторот. Неговиот третман се регулира во договор со испорачателот на свежо гориво за негово враќање назад на рециклирање или крајно складирање", вели професорот.
Во просек една нуклеарна централа годишно создава 20 тони високо радиоактивен отпад од горивото, а според Институтот за нуклеарна енергија, сите нуклеарни централи во светот, годишно би создавале 2 милијарди тони СО2 ако работеа на фосилни горива.

Словенечко Кршко наспроти РЕК Битола

Словенија веќе 20-ина години ја експлоатира нуклеарната централа во Кршко. Таа има инсталирано моќност од 2000 мегавати термална енергија, односно 696 мегавати електрична енергија. Нуклеарката годишно произведува над 5 милијарди киловат-часови електрична енергија, што претставува околу 40 отсто од вкупното производство на Словенија.
Најголем производител на струја во Македонија е Рударско-енергетскиот комбинат Битола, кој работи на јаглен. Вкупната инсталирана моќност во РЕК Битола изнесува 675 мегавати и годишно произведува околу 4,6 милијарди киловат-часови. РЕК Битола произведува над 70 отсто од домашната струја.


http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=28A9AC8B2D07594CBC4EC50BB0585300
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 22-Mar-2009 at 01:01

и двата случаи ми изгледаат за наши услови возможни. но доколку навистина и Албанија и Грција затераат нуклеарки во регионов процентот од  ваква опасност ќе се релативизира, до прифатливо ниво Question  

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.180 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.