build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопска обиколница [A2/A4]

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 21-May-2009 at 22:31
Јас мислам дека и двајцата сте до некаде во право. ТЕРНА си е компанија со големо реноме и брзо се развива. Такви успешни беа некогаш и нашите Гранит, Бетон, Маврово, Пелагонија и Илинден, но станаа жртви на транзицијата. 1) ТЕРНА стварно го доби теренот чист и можеа брзо да градат. А кои градеа? Македонските подизведувачи, ТЕРНА само ги координираше. Значи на нас ни фали добра координација и менаџмент! Имам неколку прашања:
-Зарем нема Владата КОНЕЧНО да почне да воведува рокови за компаниите кои градат, чиешто пробивање ќе значи солидни пенали за компанијата-изведувач? Да речеме 10+% од вредноста на зделката!
-ОЗНАКИТЕ ОФ ОЗНАКИТЕ!!! Сега кога бев во Скопје, приметив дека на влез во Скопје и од страната на Тетово и од Куманово/Велес не пишува ништо освен Скопје!!!
Како може Скопје-Запад да биде клучката кај некаков и Орман (кому му спотребал) а не онаа главната кај село Сарај!?!? Плус што ми значи мене Скопје!?! Треба да ги пишува населбите во градот.
-ЗОШТО НЕМА БРОЕВИ НА ИЗЛЕЗИ!?! Како може ринг, на кои што ќе има околу 10ина излези да не е секој излез означен со број?
-Таблите на ТЕРНА и таблите на Гранит не се исти!!! Дизајнот на Гранит е различен! Има ли некој токму надлежен за ова? Зашто ја плаќаме администрацијава неспособна, себе-задоволна и простачка?
-Каде се интернационалните ознаки за Центар, Гробишта, Автобуска и Железничка станица, Индустриска зона, Болница... Зарем Гл.Жел. Ст, ќе ја пишуваат со реферати на знак и тоа тројазичен? Central Railway Station/ Gare Central?!?!Question
-Знаците кои покажуваат смер право, односно продолжување по Обиколницата, не содржат инфо за следниот излез, нешто кое веќе се става на вон-урбани автопати, а камо ли за градски ринг.
-Каде се интернационалните ознаки за ИЗЛЕЗ и ЧВОР (точно немаме македонска терминологија за ова, во Словенија се вика ИЗВОЗ и РАЗЦЕП)!Еве што имам во предвид:



-9000 до 20000 возила!!! ЛУДИ СЕ! Поголем распон неможеа да предвидат? Еве и да се оствари бројката од 20 000 што не ми се верува, како тоа ќе го исчисти скопје од СО2 за 30%? Пресметкиве им се тотално сулуди!

еве една ад-хок мапа во пеинт и слики од Љубљана РИНГ:






Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 21-May-2009 at 18:36
Гитар не забегувај,  на Терна сепак и беше дадена чиста имотно-правна состојба на трасата, а тоа е главниот проблем во случајов со обиколницава. Виновници за епопејава треба да се бараат во нажите државните институции и агенции.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 21-May-2009 at 18:20
Абе скарајте ми се, истепајте ме, ама Терна си ја заврши работата пред другите само затоа што е грчка (т.е. не дека е грчка, доволно е да е било каква, само да не е македонска). Фирмата помага во градењето на метрото во Солун, ја одржува грчката железница (како кај нас што има МЖ отсек за тие работи, во Грција не е ОСЕ задолжена, туку баш Терна ја врши таа работа). Епа после нивната делница најпрва била пуштена во употреба.. Мислам дека ако биле сериозни и искусни нашите фирми ќе си ја завршеле работата совреме, без разлика на спорови и какви не глупости.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 21-May-2009 at 10:23
ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА ОБИКОЛНИЦАТА
Од јуни Скопје ќе се спаси од товарни возила

Скопската обиколница, која се гради веќе седум години, ќе биде готова до средината на идниот месец. Ова го најавија надлежните од Агенцијата за патишта кои велат дека деновиве се завршува првата делница, просторот се уредува хортикултурно и се поставуваат огради и сообраќајни знаци. - Асфалтот е ставен на целата главна траса и до средината на јуни очекуваме да биде готова и да ја пуштиме во употреба. Сега се работи на поставување на оградата, таму каде што е потребно се градат ѕидови за заштита од вревата, се поставува вертикална и хоризонтална сигнализација и се врши хортикултурно уредување “ вели Катерина Панова-Илиевска од Агенцијата за државни патишта. Работата на обиколницата почна летото 2002 година и иако се предвидуваше да заврши за пократок период, проектот се одложи. Причина за тоа беа имотно-правните односи на дел од земјиштето, противењето на локалното население за изградбата и неколку далноводи кои требаше да се дислоцираат. Обиколницата се градеше во две фази, од Хиподром до Оризари и од Оризари до Сарај, со вкупна должина од околу 26 километри. Втората делница, во должина од 11,8 километри која ја правеше грчката фирма „Терна“, лани беше пуштена во употреба, а првата подолга траса ја гради фирмата „Гранит“. За оваа инвестиција беа дадени 70 милиони евра, од кои 32,3 милиони евра кредит од Европската банка за обнова и развој, 24,6 милиони евра од Европската инвестициска банка, а останатите од буџетот на Република Македонија. Автопатот кој има четири ленти почнува кај клучката во Хиподром, од каде што се разгранува од автопатот Велес - Скопје, а неговата северна делница завршува кај Оризари. Тој е дел од Коридорот 8, кој ја поврзува Македонија со Албанија и со Бугарија. Токму поради тоа, просторот околу обиколницата беше атрактивен како зона за привлекување инвестиции за општините во чиешто подрачје поминува трасата. Од Општина Бутел пред две години најавуваа дека за четири месеци ќе изградат индустриска зона на простор од 270 хектари што ќе се протега по должината на северната обиколница и ќе биде инвестиција од 200.000 евра. Планот беше да се развие лесната и еколошки чиста индустрија, малото стопанство, како и сервисните услуги, особено производството на здрава храна. Од Бутел велат дека и натаму стојат на идејата, со тоа што сега имаат и изработено идејно решение на планот за индустриската зона, а дополнително ќе треба да најдат решение за далноводите кои со новиот закон за градење треба да се наоѓаат на определено пропишано растојание од објектите. - Покрај трите пристапни патишта кои се во функција, а тоа се Бутелска, Марко Крале и клучката што ја премостува Бутелска кон населбата Радишани, планираме изградба на уште еден приклучок кон обиколницата. Но за него треба да се разрешат имотно-правни односи на земјиштето и да се соберат средства, бидејќи е многу скапа инвестиција. Таа е вклучена во програмата за работа и на градоначалникот Коце Трајановски и очекуваме дека ќе се гради заедно со Градот “ вели Снежана Клинчарова, портпаролка на Општина Бутел. Пристапни патишта до скопската обиколница изгради и Општина Ѓорче Петров. Автопатот кој ќе го заобиколува главниот град треба да ги растовари улиците од тешки товарни возила и да го намали загадувањето. Според првичните најави, по него треба да сообраќаат од 9.000 до 20.000 возила дневно кои за 30 проценти ќе го смалат присуството на јаглероден диоксид во Скопје.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1711&ArticleID=114314


Edited by lslcrew - 21-May-2009 at 10:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 28-Apr-2009 at 18:47
Како што се влечкаат работиве, добро ќе биде да не го пробиеме и последниот соопштен рок (крај на јуни).

Еве фотки од денеска. За жал немав време да поминам и од кај клучката Сичнгелич за да добијам поцелосна слика за тоа до каде се работите. Бев само во близина на клучката Стајковци. Темпото на работа е вистинска агонија, тоа може да се потврди и со неколку претходни серии на слики документирани во нишкава.

Сликите од 1 до 7 се од самата клучка Стајковци (инаку тоа е најмалата клучка на обиколницава)
42° 1'54.92"N  21°30'41.76"E

Сликата бр.8 е во правец према клучката Бутел.

Сликата бр.9 е од „новоникнатиот“ надпатник кој прв пат го регистриравме во овој пост:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=15898#15898 (сл. 11)

1


2


3


4


5


6


7


8


9

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 21-Apr-2009 at 00:51
По автопат од крајот на јуни

Овој инфраструктурен проект, кој досега требаше да биде завршен, најверојатно ќе биде целосно во употреба до средината на годинава, откако ќе се финализираат градежните работи на преостанатата прва фаза од обиколницата од Хиподром до Оризари


Конечно се наѕира крајот на изградбата на скопскиот обиколен автопат. По седум години откако беше ставен камен-темелникот кај Хиподром, од Агенцијата за државни патишта велат дека токму на истото место кон крајот на јуни ќе се сече црвената лента за пуштање во употреба на целата обиколница со вкупна должина од 26,7 километри. Инаку, од јули минатата година се вози по втората делница од автопатот и тоа Оризари до Сарај иако грчката компанија Терна подоцна почна да ја гради.

Доцнењето со реализацијата на овој инфраструктурен проект, кој ги проби сите изведбени рокови е токму поради изградбата на делницата од Хиподром до Оризари, која почна прва да се гради уште во август 2002 година. Од Агенцијата за државни патишта, велат дека интензивно се работи кај Стајковци и кај Кучевишка Бара, каде се завршуваа бетонските градежни работи и се поставува тампонскиот слој. Почнато е и асфалтирањето на неасфалтираните делови, се местат еластични заштитни огради и ѕидови за звучна изолација, со кои ќе се спречи жителите да не чувствуваат бучава од сообраќајниот метеж по обиколницата. Потоа ќе следи хортикултурно уредување на околниот простор.

Реализацијата на обиколницата почна со нерасчистени имотно-правни прашања со граѓаните на кои требаше да им се надомести земјиштето на кое минува трасата. Решавањето на овие прашања одеше етапно, при што беше проследено со поместување на трасата кон север, како и со протести на населението од некои околни села, а особено од Волково и од Стајковци. Тие ги попречуваа градежните работи на овој проект затоа што, според нив, трасата поминувала премногу близу до неколку од нивните куќи и со тоа ја загрозувала нивната безбедност. Поради тоа, во одредени периоди трасата на овој дел од автопатската делница мораше да се гради со полициско обезбедување. Лани, пак, инвеститорот и изведувачите доцнењето на изградбата го правдаа со неповолните временски услови, поради што, градежните работи се оддолжиле, па финалето беше најавувано за првата половина на годинава.

Обиколницата треба да го олесни транспортот и да го намали сообраќајниот метеж низ Скопје за 20 до 30 отсто, со тоа што возилата што од исток патуваат кон Тетово нема да имаат потреба да се движат низ скопските улици. Наместо да транзитираат низ Скопје, возилата ќе можат да се приклучат на новиот пат кај Хиподром и да возат по него до излезот кај Сарај и како што е првично најавено, без да плаќаат патарина. Преку девет клучки на обиколницата ќе се овозможи пренасочување на сообраќајот од скопските населби покрај автопатот, и тоа на исток кон Велес и Куманово, а на запад кон Тетово.

Вкупната вредност на целиот проект е 130 милиони евра, што се обезбедени од ЕБОР и од ЕИБ и помал дел од државниот буџет.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A1981620391E694B9BC8CA004E771236
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 01-Apr-2009 at 12:43

А што да се каже за имотно правните односи??? Од 2002 до 2009 за 7 години и најнеписмениот и неспособен правник досега ќе ги решеше споровите. За жал сведоци сме во Скопје на Водњанска и имотно правен спор со зградата на улица кој се решава речиси 12 години и мислам попрво земјотерс ка ја сруши таа куќарката, отколку имотно правно некој да се договори и да ја сруши.

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 01-Apr-2009 at 12:39
не можело да се асфалтира сега, влажно било!??? јас во Талин имам видено како асфалтираат нов булевар сред јануари на -5 со повремена лапавица или како работат на висококатница на бар 20ти кат на уште по-ниска температура, навечер во доцните часови + изложени на јак ветар од Балтикот!

Смешни и жални изговори!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 01-Apr-2009 at 11:54
Аман веќе со „лошите временски услови“ и со имотните проблеми кои по некое чудо цело време стојат на „90% решени“, што сепак не ги спречува од агенцијата за патишта да рециклираат оптимистички најави дека работите се движат во добра насока. А гледам го вратиле и оправдувањето дека трасата била поместувана (што се случи пред години), но смешно е да го користат тоа за повеќекратното пробивање на роковите после тоа.

Веќе и мало дете може да свати какво масивно потфрлање е текот на реализацијата на овој проект!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 01-Apr-2009 at 11:25
Обиколницата ги проби сите рокови за изградба
Автор:  Радмила Заревска
Скопје
Скопската обиколница како проект на Владата почна да се гради во септември 2002 година и беше предвидено градежните работи да завршат до крајот на 2005-та, но нејзината изградба се одложува веќе неколку години наназад. Досега нејзината изградба се најавуваше речиси секоја година, со што постојано се поставуваа нови рокови. Втората фаза од делницата од Оризари до Сарај беше пуштена во употреба во јули минатата година, кога беше и најавено дека до крајот на годината ќе заврши изградбата на делницата од Хиподром до Оризари, која почна прва да се гради. Но од Агенцијата за патишта, поранешен фонд за магистрални и за регионални патишта доцнењето на изградбата го правдаа со неповолните временски услови, па затоа градежните работи се одложија и крајот го најавуваа во првите месеци од оваа година. Последната најава од агенцијата за пуштање на првата фаза од делницата е за средината на годината, односно во мај или во јуни.

ИМОТИТЕ И ПРОТЕСТИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Најголем проблем за одложување на изградбата не биле само приватните имоти за кои било потребно етапно решавање, туку и поместувањето на трасата кон север и протестите на населението од некои околни села, особено од Волково и од Стајковци, кои ги попречувале градежните работи затоа што, според нив, трасата поминувала премногу близу до неколку куќи и со тоа ја загрозувала нивната безбедност, па поради тоа во одредени периоди трасата морала да се гради со полициско обезбедување.

Според првичниот проект, трасата на обиколницата требало да поминува низ две населени места, Ченто и Стајковци и со тоа да се урнат околу 60 куќи. Но поради тоа агенцијата, која е реализатор на проектот ја поместила делницата кон север.

- Во моментов се работи на две локации кај Стајковци и кај Кучевишка Бара. Се завршуваат бетонските градежни работи и се поставува тампонскиот слој, а се местат и еластични заштитни огради и ѕидови за звучна изолација со кои ќе им се овозможи на жителите да не го чувствуваат метежот од сообраќајот. Овој период не се прави асфалтирање на трасата, поради влажните временски услови. Преостанува да се заврши делот кај Радишански пат и клучката кај Хиподром, каде што треба да се стави завршниот слој на асфалтот. Покрај тоа, треба да се асфалтира кај каналот кај Стајковци и да се довршат уште некои земјени работи. Ќе се уреди и околниот простор, со насади и со зеленило - објасни Катерина Панова-Илиевска, шефица на кабинетот во агенцијата за патишта.

Таа додаде дека 90 отсто од имотните проблеми се решени и дека и покрај променливите временски услови со засилено темпо се одвиваат градежните работи на делот од обиколницата што се протега од Хиподром до Оризари.

Населбите со обиколницата ќе се поврзат преку девет клучки, како што се Хиподром, Сингелиќ, Стајковци, Бутел, Оризари, Стенковец, Волково, Стопански Двор и Сарај. Преку нив ќе се овозможи да се пренасочи сообраќајот од скопски6те населби покрај автопатот, на исток кон Велес и кон Куманово и на запад кон Тетово.

ПРОЕКТ ВРЕДЕН 130 МИЛИОНИ ЕВРА

Од агенцијата за патишта велат дека обиколницата е изградена според светски стандарди и очекуваат таа да го олесни транспортот и да го намали метежот низ Скопје за 20 до 30 отсто. Кога ќе се изгради целата обиколница, возачите што патуваат од влезот на градот кај Петровец кон Тетово нема да имаат потреба да се движат низ сообраќајот низ градските улици. За нејзиното користење нема да се наплатува патарина.

За транзит низ Скопје сè уште се користат булеварите Александар Македонски, Никола Карев, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Ѓорче Петров, чиј асфалт постојано се оштетува од тешките товарни возила. По целосната изградба на обиколницата возачите ќе можат да се приклучат на новиот пат кај населбата Хиподром и да се возат по него до излезот кај Сарај.

Вкупната должина на обиколницата изнесува 26,7 километри. Широка е 27,5 метри и има шест сообраќајни ленти, по четири за возење и по две за застанување. На делницата што е веќе пуштена во употреба се наоѓа и најдолгиот мост во земјава со должина од 630 метри.

Делот од обиколницата од Оризари до Сарај е долг 12 километри, а за неговата изградба беа потрошени 70 милиони евра. Од нив 32,3 милиони биле обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и разбој, 24,6 милиони од Европската инвестициска банка, а другите се од државниот буџет. Вредноста на целиот проект е 130 милиони евра. Вредноста на целиот проект е 130 милиони евра. Градежните работи на оваа делница ги изведуваше грчката фирма „Терна“, а тие се одвиваа побрзо бидејќи фирмата доби релативно чисто земјиште, немаше големи имотноправни прашања, ниту протести на населението, па затоа градежните работи се завршија брзо.

Делот до Хиподром, кој е долг 14 километри, го гради градежната фирма „Гранит“.

ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ОЧЕКУВААТ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈ

Обиколницата има четири сообраќајни ленти, широка е 27,5 метри, а поминува низ општините Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба, кои имаат послаба поврзаност со остатокот од градот. Многу пати досега од овие општини истакнуваа дека со изградбата на обиколницата ќе се олесни транспортот на нивните жители, како и дека таа ќе овозможи околу неа да се сконцентрираат индустриски капацитети и стопански објекти, како што е случајот во големите европски градови каде што таквите инфраструктури се наоѓаат покрај обиколниците.

Прв официјален документ со кој се предвидува обиколницата е Основниот урбанистички план на градот од 1965 година. Проектот за обиколницата го правеа „Прима инженеринг“ и „Балкан консалтинг“, а ревизијата ја извршил Градежниот факултет.

Главната студија за процена на влијанието на обиколницата врз животната средина беше изработена во 2000 година, а според неа загадувањето на воздухот ќе се намали за 70 отсто, бидејќи возилата нема да заглавуваат во сообраќајот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=356&ArticleID=21650
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 06-Mar-2009 at 01:49
Ајде некои ситни грешкио низ текстот ќе се направам дека биле печатни и нке ги поргледаме, ама најголема реакција имам на послениот дел за градските власти. Како прво они дали се свесни дека оба се вика обиколница значи да се обиколи градот. И тука јас не гледам причина воопшто граѓаните на Скопје да создаваат дополнителна гужва. Овој автопат е случајно скопска обиколница, а не дека е направен да биде исклучиво скопска обиколница. Ај сега кошијава нека си насади орев, ама ја да му се бунам зашто го насадил подалеку од мојата ограда, па ќе неможе кај мене у двор да падне некоја јатка! Crazy

Ако сакаме граќаните на Скопје да имаат корист тогаш град Скопје како институција нека се зафати за реалзирање на внатрешната обиколница составена од неколку булевари, оние кои ги носат имињата на бившите СФРЈ републики, нека се зафати со северен (докомплетирање), јужен и крушевска!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 06-Mar-2009 at 00:46

Обиколницата ќе биде погодок во центар

Товарниот сообраќај ќе замине од центарот на градот, ќе се намалат бучавата и загадувањето, ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, ќе се овозможи побрза комуникација помеѓу населението, а се очекува и забрзан економски развој со новите индустриски зони


Втората фаза од обиколницата, Оризари - Сарај, е долга 12 километри, а нејзината изградба заврши во јули минатата година: клучката кај Сарај

Скопската обиколница треба да донесе нов квалитет во живеењето на градот. Најголеми ќе бидат еколошките и економските ефекти, но секако дека ќе има други придобивки по завршувањето на изградбата, планирано за првата половина од годинава. Обиколницата како дел од Коридорот 8 ќе не' поврзува со Бугарија и со Албанија. Скопје ќе го добие својот „ринг роад“ како секоја метропола, што е важно за имиџот и на градот и на земјава.

Обиколницата ќе го одвлече товарниот сообраќај од центарот на градот кој оди кон Косово и дел од товарниот сообраќај кон Тетово. Со комплетното пуштање во употреба на обиколницата се очекува сообраќајот во градот да се намали за околу 30 проценти, со што ќе се намалат бучавата и загадувањето на воздухот. Ќе се овозможи полесна и побрза комуникација помеѓу населението, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот. Општините низ кои минува обиколницата очекуваат да се зголеми економскиот развој, бидејќи со детаљните урбанистички планови е предвидено деловите покрај обиколницата да станат индустриски зони.

ИМОТНО-ПРАВНИТЕ СПОРОВИ ЈА ОДЛОЖИЈА ПРОМОЦИЈАТА

Изградбата на обиколницата како проект на Владата почна во август 2002 година, а требаше да заврши кон крајот на 2005 година, но поради нерешените имотно- правни односи се одолжи. Како што објаснуваат од Агенцијата за државни патишта, средствата за експропријација на земјиштето се обезбедени од Буџетот и случаите етапно се решаваат.

- Најголем проблем кој ја оддолжи изградбата на првата фаза од обиколницата е поместувањето на трасата кон север, како и решавањето на имотно-правните работи. Голем дел од земјиштето низ кое треба да поминува трасата од првата фаза на обиколницата не беше целосно експроприрано. Ги решававме овие проблеми во 2004, 2005 и во 2006 година. Има мал број нерешени предмети за кои водиме преговори со сопствениците на земјиштето и во најкус рок очекуваме нивна завршница, објаснуваат од Агенцијата за државни патишта.Интензивно се работи на довршување на обиколницата.

- Се довршува кракот 3 од Миладиновци кон обиколницата, кај клучката Хиподром. Завршува и изградбата на клучката кај Стајковци, а се изведуваат земјени работи и се поставува тампонскиот слој на главна траса по подвозникот на т.н. Радишански Пат. Исто така, се поставува тампонски слој кај Кучевишка Бара и на други локации. Се поставуваат и одбојните огради за одводнување, се бележат вертикалната и хоризонталната сигнализација, а се поставуваат и звучни ѕидови за заштита од бучава - изјави Катерина Панова-Илиевска, портпарол во Агенцијата за државни патишта. Таа додаде дека очекуваат овој месец, изведувачот „Гранит“ да ја активира асфалтната базаако дозволат временските услови.

ДЕВЕТ КЛУЧКИ

Населбите со обиколницата ќе се поврзат преку девет клучки: Хиподром, Сингелиќ, Стајковци, Бутел, Оризари, Стенковец, Волково, Стопански двор и Сарај. Преку нив ќе се пренасочи сообраќајот од скопските населби покрај автопатот, на исток кон Велес и кон Куманово и на запад кон Тетово.

Се предвидува дека до 2020 година, над 12.000 возила дневно ќе ја експлоатираат оваа сообраќајница. По овој кружен пат тие ќе можат да се движат со максимално дозволена брзина од 120 километри на час. Ќе биде осветлена по целата должина со канделабри, поставени во средната разделна лента. Бидејќи е автопатско решение, за неа нема да се наплаќа патарина.

Обиколницата е со четири ленти. Широка е 27,5 метри и долга 26,5 километра. Се состои од делниците Хиподром - Оризари и Оризари - Сарај. Вредноста на целиот проект е околу 130 милиони евра. Првата делница е финансирана од Европската инвестициска банка, а втората од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и од Европската инвестициона банка (ЕИБ), откако пред неколку години Тајванската влада се повлече од учеството во проектот.

Прв официјален документ во кој фигурира обиколницата како решение е Основниот урбанистички план на Град Скопје од 1965 година. Проектот за обиколницата го правеа „Прима инженеринг“ и „Балкан консалтинг“, а ревизијата ја врши Градежниот факултет.

Втората фаза од обиколницата, Оризари - Сарај, е долга 12 километри, а нејзината изградба заврши во јули минатата година. Изведувач беше грчката фирма „Терна“. Првата фаза, од Хиподром до Оризари, е долга 14 километри и треба да заврши до првата половина на годинава. Изведувач е Гранит АД Скопје.

ПОТТИК НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ

Општините низ кои минува обиколницата, пред се', Гази Баба и Ѓорче Петров, очекуваат таа да им донесе значајна придобивка на економски план .

- Веќе се донесени ДУП-овите за делот од обиколницата, кој минува низ нашата територија. Со нив се предвидува изградба на индустриски капацитети по целата должина на новиот пат. Во принцип, во сите поголеми градови, индустриските капацитети и стопански објекти се сконцентрирани на периферијата, околу обиколниците. И ние се поведовме од тие искуства - објаснува Неделчо Крстевски, портпарол во Општина Гази Баба.

И Општината Ѓорче Петров, на чија територија минуваат осум километри од овој пат, со своите ДУП-ови предвидува изградба на индустриски капацитети покрај сообраќајницата. Со доизградбата на излезот кај Орман, во должина од 400 метри, жителите од населените места Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука ќе можат да се приклучат на обиколницата, а ќе се растовари сообраќајот на булеварот Ѓорче Петров - вели Момо Николовски, портпарол во Општината Ѓорче Петров.

Според првичниот проект, трасата требаше да поминува низ две населени места, Ченто и Стајковци, и да се урнат 60 куќи. Поради тоа, тогашниот Фонд за регионални и магистрални патишта, сега прекрстен во Агенција за државни патишта, кој е и реализатор на проектот, одлучи да ја помести делницата кон север, околу 7 километри од источната половина на обиколницата. Сега почнува во близина на Хиподром и завршува кај езерцето кај Смилковци и клучката кај Стајковци. Северно од Стајковци новата траса на некои делови ќе биде блиску до станбени објекти, а на други две места ќе треба да се уриваат куќи. Експертите велат дека со изградбата на оваа клучна инфраструктурна артерија нема да се промени нивото на миграцијата.

- Во последните децении, не е вообичаено да се населуваат луѓето покрај вакви обиколници од проста причина што градот е релативно близу, а дел од оваа обиколница минува низ населени места поврзани со неа со приклучни јазли. Но, не верувам дека ќе дојде до некој пресврт во однос на миграцијата, вели Илија Ацевски, професор по социологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Според него, миграцијата нема да се зголеми поради тоа што во тој дел не се решени имотно-правните односи, па никој не би се осмелил да гради на нерасчистен терен.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Главната студија за процена на влијанието на обиколницата врз животната средина беше изработена во 2000 година. Во студијата стои дека системот за одводнување ќе го сочинуваат цевки, а водата ќе се собира преку сливници на патот, со испусти кои ќе бидат опремени со сепаратори за масло за да се спречат еколошките штети на постојните подземни и површински водни системи.

Целата зона околу Ченто и Стајковци има ниска вредност на природната флора, но езерцето кај Смилковци има висока еколошка вредност поради карактеристичната вегетација и ретките влажни живеалишта. Од 57 вида птици што живеат на делот од Хиподром до Смилковци, четири вида се заштитени со Европската директива за птици. Особено загрозен е белиот штрк од густината на веќе постоејните надземни далноводи, близу трафостаницата во Бутел. Исто така, според Студијата нема да има загадување од олово поради законски предвиденото исфрлање од употреба на оловните бензини. Предвидена е и изградба на еко-дренажни системи. Во делот кај Стајковци, каде што зградите се многу близу до трасата, негативното влијание од загадувачите на воздухот ќе биде избегнато со поставување ѕидови, кои ќе бидат изолатори и од бучавата.

- Станува збор за проѕирни ѕидови, кои ќе се постават по целата должина на обиколницата таму каде што има поголема фреквенција на возила и каде што таа минува низ населени места. Вакви ѕидови првпат се применуваат во Македонија - вели Радојка Дончева, професор на катедрата за патишта при Градежниот факултет. Како што објаснуваат од Агенцијата за државни патишта, ѕидовите се од лексан и со алуминиумски профили и се во согласност со сите европски стандарди.

- Со проектирањето на обиколницата се проектирани и самите заштитни ѕидови.Целта на нивното поставување е да се доведе бучавата до законски пропишаното ниво, а тоа е 40 децибели - вели Панова-Илиевска од Агенцијата.Анализите од Студијата покажуваат дека количините на емитираните загадувачи во воздухот ќе се намали за најмалку 70 проценти . Квалитетот на воздухот се мери според амбиентот, а тој во делот на трасата се смета за рурален. Емисиите на загадувачите на воздухот, создадени од сообраќајот по обиколницата, ќе се проценуваат со метод, прифатен од Германија. За процена ќе се користи напредна технологија и имплементација на законите на ЕУ за употреба на еко-горива и мотори со технологија за ниски емисии.

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ НЕКОНСУЛТИРАНИ

Иако станува збор за проект што ги засега скопјани, при изградбата на обиколницата градските власти велат дека воопшто и не биле консултирани, освен за издавањата на привремени сообраќајни решенија кога се правени приклучоци во делот на Бутел, Радишани и на другите места каде што градските сообраќајници треба да се приклучат на обиколницата.

За Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот, граѓаните на Скопје првично и нема да имаат корист од обиколницата, иако таа треба да го олесни сообраќајното оптоварување во поширокото централно подрачје, што во случајов, според него, нема да се постигне.

- Дури за 10 години обиколницата би ја исполнила својата цел со проширувањето на градот во тој дел. Исто така, обиколницата не е изведена во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје, бидејќи е подигната кон север и е оддалечена од урбаното градско подрачје. Затоа и во наредните неколку години обиколницата не ќе има никаква искористеност од граѓаните - истакнува Христовски.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BD42F04729DA794590F1395B31440B1A

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 23-Feb-2009 at 01:12
Колку сензационален наслов, асамо во вториот пасус повторно кажува дека има уште по некој случај. Па добро бе мајку му стара овие стварно не заслжуваат ни денар ако прават вака по толку години!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 23-Feb-2009 at 01:09

Обиколницата излезе на крај со имотите

Поради нерешените имотно-правни односи изградбата на трасата долга 14 километри трае шест години

Завршувањето на скопската обиколница, потегот од Хиподром до Оризари долг 14 километри, е планирано за јуни. Надлежните велат дека поради нерешените имотно-правни односи и поместувањето на трасата, на сообраќајницата се работи веќе шест години. Во Агенцијата за државни патишта тврдат дека парите за експропријација на земјиштето и за надзорниот орган се обезбедени од Буџетот.

- На голем дел од земјиштето низ кое треба да поминува трасата не беше извршена целосна експропријација. Таа била главна пречка за тригодишниот застој во работата. Останаа мал број нерешени предмети за кои преговараме со сопственици на земјиштето и во најкус рок очекуваме нивна завршница - објаснуваат во Агенцијата.

Сега се довршува кракот од Миладиновци кон обиколницата, кај клучката Хиподром. Се изведуваат земјени работи и се поставува тампонскиот слој кај таканаречениот Радишански пат, Кучевишка Бара и на други места, се поставуваат огради, конструкции за сигнализација и се поставуваат ѕидови за заштита од бучава. Се очекува во март изведувачот „Гранит“ да ја активира асфалтната база.Дел од обиколницата - од Оризари до Сарај, долга 12 километри - беше завршен и пуштен во употреба во јули минатата година, а ја градеше грчката фирма „Терна“.

- Изградбата на овој автопат значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ Скопје. На обиколницата се предвидени девет клучки што ќе ги поврзуваат скопските населби близу автопатот и ќе ги спојуваат со патиштата кон Тетово, Велес и кон Куманово - изјави портпаролката на Агенцијата, Катерина Панова-Илиевска.

Вкупната должина на скопската обиколница е 26,5 километри и чини 70 милиони евра, обезбедени со кредит од Европската инвестициска банка. Таа е дел од коридорот 8, а има посебна важност за нашата земја бидејќи ги поврзува Бугарија и Албанија.

ИНФО-Обиколницата готова во јуни

 Скопската обиколница, од Хиподром до Оризари, е долга 14 километри. Се очекува дека изградбата ќе заврши во јуни 2009 година. Експропријацијата е главна пречка за тригодишниот застој во работата. Обиколницата од Оризари до Сарај е долга 12 километри и беше завршена и пуштена во употреба во јули минатата година, а ја градеше грчката фирма „Терна“. Вкупната должина на скопската обиколница е 26,5 километри и чини 70 милиони евра, со кредит од Европската инвестициска банка. Обиколницата е дел од Коридорот 8.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C2CA56EEE8DCE940AF2839F37CC1DEFD

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 05-Feb-2009 at 13:44
Западниот влез во градот заличе со клучката за обиколницата, претходно беше катастрофа. 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 05-Feb-2009 at 13:30

Налетав на сликава на страната на адинг, знам дека е постара али немаме од овој агол мислам Cheers

 


Edited by vardar - 05-Feb-2009 at 13:32
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 02-Feb-2009 at 02:41
Зошто ни се воопшто потребни рокови ако цело време ги поместуваме?


тие се ради реда да се лазе народ и надева....

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 02-Feb-2009 at 02:01
Аман, колку години треба да се дислоцира далновод???

Инаку интересно, и лани беше истата приказна - рокот беше јуни, а едно време го најавија април, демек ќе завршеле побрзо Roll%20eyes

Зошто ни се воопшто потребни рокови ако цело време ги поместуваме?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 02-Feb-2009 at 01:54

Нови рокови за обиколницата на Скопје

Далноводите уште не се дислоцирани, имотите не се обесштетени, ако се финишира во јуни, ќе биде дури и добро

Билјана Ангеловска

Обиколницата на Скопје треба да биде целосно завршена до април годинава. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на минатонеделната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање кога конечно ќе биде предадена во употреба обиколницата на Скопје.

„Согласно со договорот со кредиторот и динамичкиот план за работа, крајниот рок е јуни. Но, според состојбата на терен, очекувам тоа да се случи во април“, рече Јанакиески.

Дали ќе се исполнат очекувањата на Јанакиески изградбата да биде завршена во април, останува да се види. Но, според фактичката состојба на теренот каде што гради „Гранит“, реално, тешко е да се поверува во такво нешто.

Одговорните во Агенцијата за патишта тврдат дека веќе нема посериозни пречки за работа, проблемите со далноводите се решаваат тековно и само се чекаат повисоки надворешни температури за да се постави завршниот слој асфалт. Но, очигледно не е баш така.

Според она што може да се види на терен, реално е обиколницата да биде завршена најрано до јуни. Не затоа што се потребни високи температури за завршниот асфалтен слој туку зашто има уште многу да се работи. Точно е дека за полимеризираниот асфалт температурата треба да биде повисока од 10 Целзиусови степени, но повеќе од јасно е дека времето не е единствениот виновник за незавршената обиколница.

Оперативата на „Гранит“ и натаму има проблеми со далноводите кај Стајковци. Иако МЕПСО уште во октомври ветуваше дека ќе ги исклучи од напон за да може да бидат дислоцирани, досега тоа е сторено само на еден. Уште еден 35-киловолтен далновод чека да биде исклучен, а кај трет, пак, се' уште има нерешена експропријација. Имотноправни проблеми се' уште има и на неколку натпатници, како и на еден приклучок.

Очигледно, одговорните во Агенцијата за патишта (поранешен Фонд за магистрални и регионални патишта) не можат да се справат со проблемот со земјиштето. Доказ за тоа е шестгодишната работа на 15-ината километри од обиколницата. Всушност, изградбата на првата фаза од обиколницата на Скопје веќе е длабоко навлезена во седма година, а најголемата причина за маратонската изградба се нерасчистените имотноправни односи.

Првата фаза од обиколницата, делницата од Хиподром до Оризари, е во вкупна должина од 14,7 километри и почна да се гради во август 2002 година. Втората делница од Оризари до Сарај е долга 11,8 километри и ја изгради „Терна“. За разлика од „Гранит“, грчката фирма немаше проблеми со трасата, па бидејќи доби релативно чисто земјиште, брзо и ја заврши својата работа. Тоа е само уште една потврда дека квалитетот на изведувачот нема никаква улога во брзината на реализација на обврската. Доколку скопски „Гранит“ имаше слободен терен, својата работа ќе ја завршеше многу пред да стартува втората фаза, а обиколницата на Скопје ќе беше комплетно завршена во цела должина уште во минатата година.

Првата делница од Хиподром до Оризари што ја гради „Гранит“ е во вкупна должина од 14,7 километри, додека втората од Оризари до Сарај е долга 11,8 километри и ја изведуваше „Терна“.

Обиколниот пат на Скопје е дел од Коридорот 8 и има посебна важност за Македонија, бидејќи ја поврзува со Бугарија и со Албанија.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 30-Jan-2009 at 18:03
Да, таа врска е многу потребна... Или подобро кажано да беше готова обиколницата, врската ќе беше многу потребна Crazy

Гледајќи како се одвиваа(т) работите со обиколницата, се плашам дека врските што недостасуваат по ист терк дури уште повеќе ќе бидат одлагани и обиколницата нема да го постигне својот полн потенцијал уште долго време. Се надевам дека грешам...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.