![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Скопје - Бунарџик |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
РУСКАТА „ПРОТЕКТ ГРУП“ ГРАДИ ФАБРИКА ВО БУНАРЏИК![]() Со поставување камен-темелник денеска во слободната економска зона Бунарџик почна да се гради нова фабрика на компанијата „Продис“ која е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“, во која ќе се произведуваат природни и здрави производи. Станува збор за инвестиција во вредност од пет милиони евра која ќе се одвива во две фази при што ќе обезбеди вкупно 300 нови вработувања, најави сопственикот на „Протек Груп“ Вадим Сергејевич Јакунин на поставувањето камен-темелник во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции. - „Продис“ ќе произведува хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Ќе извезува покрај во Руската Федерација и на пазарите во поранешните советски и југословенски републики и во прекуокеанските држави, најави Јакунин. Премиерот Груевски го истакна значењето на првата руската инвестиција во фармацевтската индустрија и изрази надеж оти ќе следат руски инвестиции и од другите сектори покрај енергетскиот и рударскиот. - Токму од Македонија гигантот „Протек“ преку нивната овдешна компанија „Продис“ ќе ги пробива своите производи во Југоисточна Европа, Русија и прекуокеанските пазари во САД и Австралија. Со тоа американскиот „Џонсон контролс“, британскиот „Џонсон Мети“, италијанскиот „Технокозе“ и американскиот „Кемет електроник“ добиваат нов сосед на Бунарџик, рече Груевски, оценувајќи дека Бунарџик кој пред две години беше ливада денес прераснува во вистинска индустриска база во која покрај компонентите за автомобилската индустрија свое место најде и фармацевтската. Груевски истакна дека е убеден оти таквите трендови ќе продолжат со оглед дека Владата продолжува со политиките за поттикнување и задржување стабилен економски раст и постојано унапредување на бизнис-климата. Договорите со кои почнува реализацијата на инвестицијата, денеска претходно во македонската Влада ги потпишаа директорот на „Продис ДОО“ Коста Димов и првите луѓе на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1 - Бунарџик, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега, во присуство на премиерот Груевски и високи претставници на руската групација. „Протек Груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија. Се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе. Нивното мото е „Ние ги чуваме луѓето здрави и убави“. „Протек Груп“ постои од 1990 година и е најголем дистрибутер на лекови и козметика во Русија. На рускиот и украинскиот пазар холдингот има 655 аптеки. |
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kamen-temelnik-na-fabrika-na-%E2%80%9Eprodis%E2%80%9C-vo-bunardzik |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
vcera imase kratko intervju so risto gusterov vo vrska so investicijata.kako sto kaza proizvodstvoto ke bide za fabrikata vo srbija na fiat,so doaganjeto na fiat vo srbija toa pozitivno se odrazuva i na makedonija koja ima poveke firmi dobovuvaci na golemite avtomobilski kompanii a kako sto gledame ima najavi i za otvoranje na novi
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Ауди премногу рано сакаше да дојде кај нас.бевме бебе-држава и боледувавме од дечји болести иако и сега не е баш ОК ама е значително подобро за влез на странски компании.Унгарија била држава многу многу поодамна од нас, и не сличајно кај нив заврши инвестицијата
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Тоа е тоа. Така одприлика се одвиваа работите и во Чешка и во Словачка. А така се одвиват во моментов и во Кина и Бразил. Значи малите се таму кај што се големите. Ова што се случува кај нас е дефинитивно исклучок од правилото и се должи на исклучително добрите бизнис услови и евтината работна рака , со што может да се покријат транспортните и останатите пропратни трошоци. Едно е да произведеш кабел и да го пратиш за Германија да се вгради во возило а друго е да го вградваш на лице место. Особено во денешно време кога е многу битно деловите да бидат во право време на право место и особено кога се практикува во автомобилската индустрија производство и монтажа по принцип „рибин костур„ кога малите доставувачи произведуват во близина на главната монтажна хала и со транспотни ленти ги доставуват своите производи директно на местото каде што се потребни. Во ваков систем го имам видено и Џејсон Контрол како доставувач на седишта.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Погледни само што се случува во Србија во моментов со бранот кој го донесе Фиат и се ќе ти биде јасно (BTW Џонсон Контролс се токмат и таму да прават фабрика, токму заради Фиат). |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Имав прилика пред некое време да зборувам со човек на висока функција во една голема компанија за автомобилски гуми и опрема. Го прашав какви се изгледите за инвестирање во земји како Македонија, одговорот беше дека доставувачките фирми во автомобилската индустија воглавно ги следат производителите на Автомобили и инвестират таму каде што инвестират големите. Одтука треба да знаеме колку е важна одлуката на Џејсон Мети и Џонсон Контрол кога инвестират во земја како што е Македонија. Но исто така несакам да знам што ќе се случеше во овој правец ако Македонија успееше да обезбеди услови за инвестицијата на Ауди која беше актуелна во средината на деведесетите. Но што е тука е да се надеваме дека ќе успее ова со Џејсон Контрол зошто навистина се работи за гигант, а кој знае може пак спротивно на трендовите, тие ќе успеат да привлечат некој атомобилски гигант иако сега за сега сите сили се насочени кон Кина во моментов.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Менаџери на „Џонсон Контролс“ идната недела во Македонијавторник, 09 август 2011, 17:01Сепак, според извори на Алфа, Американците веќе разработиле план за можните локации за фабриката – во игра е државната индустриска зона во близина на Штип, но и локацијата кај старите погони на фабриката „Македонка“. Ќе се произведуваат седишта за автомобили, а според најавите, компанијата главно ќе вработи жени со искуство во текстилната индустрија. Директорката на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Наташа Хаџи Лега, во телефонски разговор за Алфа изјави дека зоната во Штип е подготвена за во неа да почне да гради кој било потенцијален инвеститор, бидејќи е опремена со соодветна инфраструктура. „Џонсон Контролс“ е првата компанија која изгради фабрика во зоната „Бунарџик“, во која веќе четири години произведува автомобилски делови. http://www.time.mk/read/ce3a36fef6/d64f444f7e/index.html |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Руска фармацевтска компанија ќе гради фабрика во БунарџикКомпанија од областа на фармацијата ќе гради фабрика во Бунарџик, неофицијално дознава “Капитал“. Станува збор за инвестиција која доаѓа од Русија за која се преговарало подолго време. Според информациите, преговорите се веќе во финална фаза и се очекува камен-темелник да се постави за десетина дена. Во Бунарџик од неодамна почна да се гради и фабриката на американската компанија за производство на кондензатори Кемет, а доколку се остварат прогнозите на владините претставници, до крајот на годинава ќе завршат преговорите со уште три до четири компании кои најавуваат инвестиции во земјава. Неофицијално, освен фармацевтската компанија, интерес за инвестирање во Бунарџик пројавила и автомобилска компанија од Индија. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Интервју со Виктор Мизо, директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции
Зоните ќе се полнат со автомобилски компании!Маја Бајалска-Георгиевска![]() “На 15 проекти работиме активно. Најмногу заинтересирани компании има од автомобилската индустрија. Во моментов разговорите технички се завршени и начелни одлуки се донесени од неколку компании, но нивното објавување зависи од компаниите. Станува збор за компании од автомобилска индустрија, фармацевтскиот сектор, ИТ-индустријата и компанија од агросекторот. Во наредниот период очекуваме да потпишеме договори и со компании од Индија, Русија, Малта и САД и потоа тие да почнат со активности. До крајот на месецов американска компанија од автомобилската индустрија ќе дојде во посета на Македонија и се очекува потврда на инвестицијата“ “Тоа што е заедничко за сите компании кои сакаат да инвестираат во Македонија, а кои планираат многу вработувања е тоа што бараат локации надвор од Скопје, бидејќи цената на трудот во внатрешноста е пониска. Но, тоа е добро за регионалниот развој на земјата.“ “Во делот на подготовките за промоција на извозот, ќе се направи и анализа на кој профил на компании ќе им се даваат услуги од областа на промоција на извозот. Тука, всушност, треба да се искристализира одлуката дали Инвест Македонија ќе работи само традиционaлна извозна промоција, што вклучува помош со контакти и маркетинг, или ќе стане развојна агенција која ќе помага во градење и зајакнување на извозниот капацитет на компаниите.“ --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Вложувањето на американската компанија Кемет електроникс е најновата инвестиција во Бунарџик. Колку време преговаравте со оваа компанија, кои беа нејзините основни барања за да одлучи да инвестира во Македонија и што може да се очекува како позитивна последица од оваа гринфилд-инвестиција? Мизо:
Генералниот директор на Кемет, прво ја видел нашата реклама на
телевизискиот канал *CNN некаде во Европа. Откако разговарал со неговите
менаџери кои не знаеле за Македонија, почнале да разгледуваат и да се
распрашуваат за земјата. Првиот контакт беше направен на 12 јули
минатата година на една конференција во Милано. Три недели подоцна тие
ја посетија Македонија на највиско ниво. Во целата таа комуникација тие
кажаа дека сакаат да имаат нова фабрика во Европа за консолидирање на
производството, затоа што голем дел од растот на Кемет во последните
неколку години се засновал на аквизиции, но тоа создало ситуација во
која нивното производство е дисперзирано на многу места. Бидејќи тоа ја
намалува ефикасноста, тие сакаат да направат консолидација на европскиот
пазар во земја каде што трошокот е помал. По направената детална
анализа на локации во Источна Европа, во најтесен избор за оваа
инвестиција, покрај Македонија, им беа и Бугарија и Романија. Иако веќе
имаат производен капацитет во Бугарија, тие одлучија да дојдат во
Македонија. При изборот важни им беа повеќе фактори: каква работна сила
имаме, колку таа чини, која локација ќе им се понуди и дали постојат
бенефиции, дали економијата има историја на вакво производство (а во
Македонија пред 20 години се произведувале кондензатори) и друго. Но,
најважно им беше која е спремноста и капацитетот на факултетите и како
тие можат да им помогнат во процесот на едукација и селекција на
кадарот. На страна од тоа што ние кажуваме за нас, многу е важно што
компаниите од ваков ранг, кои соработуваат меѓу себе, ќе кажат за
Македонија. На пример, Џонсон контролс купува кондензатори директно од
Кемет. Џонсон Мети не е директен корисник на нивните производи, но тие
им го пренесоа позитивното искуство од работењето во Македонија.
Логистиката и транспортот на Кемет не им беше проблем, затоа што на 100
километри од Скопје, во Ќустендил имаат фабрика. Исто така, близината на
фабриката во Бугарија значи дека дел од тој меѓународен менаџмент лесно
може да се префрли тука. Со тек на време, освен почетната инвестиција
од 12 милиони евра и 200 вработувања, планирано е во Македонија да
вложат повеќе од 25 милиони евра и да вработат повеќе од 500 луѓе.
Конечната одлука за инвестирање во Македонија беше донесена на крајот од
јануари годинава, а оттогаш досега се правеа сите подготовки за почеток
со инвестицијата. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Нејасно е што сака да каже Мизо
|
||
![]() |
||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
|
А што е нејасно, не разбирам?
|
||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Па добро, и едното и другото е прилично различно од изјавата на Мизо.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
истото се дешава и со Фени и сите други печки,печката може да се загрева само ако е полна со материјалот кој се топи иначе ќе прегорат греачите било какви и да се(истото е да се пушти бољер без вода).На времето на Фени ми се десило тоа да се угасат печките на подолг рок,па материјалот внатре се вадел со динамит со постепено минирање
|
||
![]() |
||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
|
Па види не е буквално 15 години, но во право се до некаде. Во Макстил на пример печките за цела година смеат вкупно 24 часа да се во прекин. Значи зборам само еден ден од 365 во годината. На 15 години колку е тоа, 15 дена, затоа не треба да ве чуди. Тие печки кузнај колкави потрошувачи се и секој прекин е загуба. А најверојатно напишале 15 години бидејќи веројатно после 15 години ги менуваат, ја така гледам на тоа.
|
||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||
![]() |
||
antiuser ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 204 |
![]() ![]() |
|
15 години ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Петок, 08 Јули 2011 16:43
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели Турската компанија „Шишеџам“ не се откажува од планираната инвестиција во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за странски инвестиции.Бугарските медиуми денес објавија дека овој турски производител на стакло решил да инвестира 41,9 милиони евра во своите фабрики во Бугарија. Некои наши медиуми објавија дека ваквите инвестиции во Бугарија, значат откажување од планираните инвестиции во Македонија. За директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, ваквите тврдења се чудни и неосновани. - „Шишеџам“ во Бугарија е присутна веќе подолг период и со инвестираните над 400 милиони евра е еден од нејзините најголемите гринфилд инвеститори, всушност станува збор за зголемување на нивното производство во оваа земја. Оваа инвестиција во Бугарија не е поврзана со фабриката која треба да се гради во Македонија, а различни се и производите кои би треабало да се произведуваат во нив, ни изјави Виктор Мизо. Мизо не можеше да каже дали и кога ќе започне да се гради фабриката на „Шишеџам“, бидејќи како што рече конечното решение ќе го донесат луѓето во компанијата, но во никој случај не може да стане збор дека од компанијата се откажуваат од планираната инвестицијата во Македонија. - Компанијата „Шишеџам“ никогаш не се откажа од Меморандумот за соработка кој го има потпишано со Владата. Ние речиси секоја недела имаме средба со претставници од компанијата кои доаѓаат во Македонија, доколку би сакале да се откажат тогаш зошто би доаѓале толку често и би ја анализирале состојбата, нагласи Мизо. Тој нагласи дека од компанијата ги прават последните анализи кои се потребни со оглед на сложениот процес на производство. - Станува збор за инвестиција од 50 до 60 милиони евра, а производствениот процес е таков што ако еднаш се заплат печките тие нема да можат 15 години да се угасат. Па така ако на почетокот се погреши тогаш овие пари за турскиот инвеститор ќе бидат пропаднати. Поради тоа потребни им се подетални анализи пред да започнат со работа. Инаку „Шишеџам“ е еден од најголемите производители на стакло и производи од стакло во светот. Таа е една од многуте реномирани компании кои сериозно планираат да инвестираат во Македонија. Нивната почетна инвестиција во нашата земја би требало да изнесува 50 милиони евра, а фабриката би била наменета за производство на амбалажа. Но според некои најави од компанијата сериозно ја разгледуваат можноста да ја прошири првобитната намера за инвестиција во Македонија од 50 милиони евра на 150 милиони, со изградба на дополнителни две фабрики за производство на рамно и на автомобилско стакло. http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/35713-Sisedzam-ne-se-otkazuva-od-Makedonija |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Американската компанија Кемет влегува во Бунарџиксреда, 29 јуни 2011, 16:53Договорот за инвестирање помеѓу претставниците на Кемет и на Владата официјално ќе биде потпишан утре со што ќе се промовира американската инвестиција во Бунарџик. Засега и Владата и претставниците на Кемет кои се пристигнати во Македонија се воздржуваат од детали за договорот за инвестирање. Компанијата КEMET со седиште во Северна Каролина е една од најпознатите Американски компании што произведуваат делови за електроника. Нејзини кондензатори се користени во мисии на НАСА, како што се Аполо и за роверите што сега ја истражуваат површината на Марс. Во Северна Каролина има два центри за иновации, а освен во САД производствени погони има и во Мексико, Кина, Италија, Англија, Португалија, Финска, Шведска, Германија и Бугарија. Американска Кемет ќе биде четвртиот инвеститор во Бунарџик каде што засега работат Џонсон Контрол и Џонсон Мети, а се гради италијанската Технохозе. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=38580 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Почна реконструкција на халата на Витек во Бунарџик![]() Италијанската групација Витило е во приватна сопственост и се состои од два правни субјекти “Групо Витило СРЛ“ и “Текнохосе СРЛ“. Групацијата поседува шест фабрики во Италија и се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и армирани гумени црева со широка употреба во повеќе индустрии. http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/68740/pochna_rekonstrukcija_na_halata_na_vitek_vo_bunardzhik.aspx |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |