Author |
Topic Search Topic Options
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#261 Posted: 23-Aug-2010 at 08:32 |
 Mene samo prviot mi se sviga, no i taj e kako kopija na Berovskiot Hotel Manastir!
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#262 Posted: 22-Aug-2010 at 23:55 |
Конкурсни трудови, учесници на БИМАС 2010: 1  2  3
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#263 Posted: 22-Aug-2010 at 22:07 |
Ovoa go zaslediv na net pa mi se čine deka bi moželo da stoji tuka? ГОРНА БЕЛИЦА Е СЕДИШТЕ НА
КЛИМЕНТ, А НЕ ПЛАОШНИК
 Стружани инсистираат да се каже вистината за свети Климент
Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја раководел
епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират
христијанството: Плаошник во Охрид
Непобитно е дека
свети Климент Охридски најмногу материјални траги оставил во Струга и во
Струшко
пишува: Виктор Цветаноски
Главното седиште на свети Климент Охридски и неговиот универзитет не
бил на Плаошник во Охрид, туку во манастирот во Горна Белица и други
места на Струшко. Ваквите тврдења беа изнесени уште во 1966 година од
струшкиот хроничар Петар Чакар по повод 1.050-годишнината од
упокојувањето на светецот, а неодамна одново се актуализирани во книгата
„Белички светости“ на д-р Стојан Ристески. Тезите на Чакар дека
светецот оставил многу повеќе траги во Струшко отколку во Охридско,
изнесени во фељтонот „Горнобеличкиот прв Климентов манастир“, објавен во
весникот „Нова Македонија“, ги надградува Ристески со нови факти кои,
според него, ги уриваат повеќевековните заблуди околу дејноста на
светецот и просветителот.
 ЕНТУЗИЈАСТИ Горнобелички ентузијасти
настојуваат да и' го вратат стариот сјај на црквата на Светиклиментовиот
манастир: Јоне Кленко, Паско Настоски, Иљо Дуноски и д-р Стојан
Ристески со камбаната на црквата
ТРАГИ
„Тоа дека свети Климент Охридски најмногу оставил материјални траги во
Струга и во Струшко преку стари храмови и бројни топоними е непобитно.
Така, прво е манастирот ’Свети Климент‘ на Беличка Планина. Седум-осум
километри подолу од него, во селото Вишни, има стара црква ’Свети
Климент‘. Во Струга маалото околу црквата ’Свети Ѓорѓија‘ се вика
Светиклиментова Маала. Откај исток на Црн Дрим до селото Калишта тој
простор се вика Светиклиментово (или само Климентово) Блато. На тој
простор, на околу 2 километра од Мостот на поезијата кон Калишта, лево
од патот бил потопен манастирот ’Света Богородица‘ во кој, според
народното предание, се вели дека престојувал свети Климент и во него
имал дел од неговиот универзитет. Реката што се протегаше откај ’Цареј
кладенци‘, минуваше низ Светиклиментовото Блато, врвеше низ Струга, се
вика Климетица“, ја образложува својата теза Ристески.
Истовремено
посочува дека во струшкото село Мислешево има стара црква која, исто
така, го носи името на големиот христијански просветител, во Волино има
месност што се вика Манастирот Свети Климент, а североисточно на десната
страна од реката Сатеска се наоѓа селото Климештани. И делницата на
патот Виа Игнација, кој минувал крај манастирот во Горна Белица, поради
светецот била наречена Света Долина.
„Вакви стари траги нема во
Охрид и во неговата околина. Со слично нешто не може да се пофали и
ниедно друго место што се врзува со месноста Кутмичевица и со
епископијата на свети Климент, која некои без малку ја врзуваат од
Родопите до Јадранското Море. Овој траен историски спомен сам по себе
зборува дека главната дејност на свети Климент Охридски се одвивала на
струшкото подрачје, а што тоа останало во сенка на Охрид е поради
неговата улога на државен и архиепископски план. Ако свети Климент
Охридски не бил на струшкиот терен, од каде се неговите неизбришливи,
длабоки траги? Тие се непобитен доказ каде да се бара првото доаѓање на
свети Климент Охридски во Кутмичевица и местото на неговата епископија“,
заклучува д-р Ристески, пензиониран професор од Охрид и истражувач на
македонското минато.
ЕПИСКОП Тој вели дека за
првиот Климентов манастир во Горна Белица пишувал и епископот Николај во
книгата „Охридски пролог“, но дека преку неговите укажувања и
укажувањата на Петар Чакар се минало премолчено тогаш и оттогаш до
денес. Петар Чакар во 1966 година, по повод 1.050-годишнината од
упокојувањето на свети Климент, ќе побара: „Се' додека не се спроведат
темелни проучувања, па и археолошки ископувања од се' уште зачуваниот
Климентов манастир во Горна Белица, кој всушност може да се смета за прв
Климентов манастир во Македонија, би било избрзано да се изведуваат
заклучоци како што е оној: дека во црквата на манастирот ’Свети
Пантелејмон‘ е откриен гробот на св. Климент, кој заедно со црквата си
го изградил сам. Дотолку повеќе што не е откриен само еден, како што се
пренесувало во преданието, туку се откриени два-три гроба. Можеби тој
единствен гроб, Климентовиот, е токму во горнобеличкиот Климентов
манастир, основан од него“, пишува Чакар во фељтонот во „Нова
Македонија“.
 Црквата на Горнобеличкиот манастир е со нов покрив, а
фотографијата е направена минатата година
Како дошол свети
Климент во Струшко и зошто токму во Горна Белица го изградил својот прв
манастир? Според Ристески, патот на просветителот не е докрај расветлен
поради тоа што не било зачувано првото житие за него. Житијата на
Теофилакт и на Хоматијан што се користеле како главен извор за неговиот
живот и дејност биле пишувани два-три века по неговата смрт и биле
скратен и изменет препис на словенското житие. И во двете житија немало
конкретни податоци како во житијата на неговите учители Кирил и Методиј.
И токму поради тоа во науката имало контрадикторности за животот на
светецот и големиот христијански просветител. „Не се знае точно кога и
каде бил роден свети Климент. Се претпоставува дека бил роден во
Солунската тема (меѓу Солун – Охрид – Струга). За неговите родители се
вели дека биле благородни и богати. Единствени се научниците дека свети
Климент Охридски им бил ученик на солунските рамноапостоли. Со свети
Кирил бил во Хазарската мисија (ок. 860)“, вели д-р Ристевски.
 Фотографија на партизани со петокраки на капите снимена ведаш
по војната пред црквата на Светиклиментовиот манастир во Горна
Белица
ЦАР Притоа, тој објаснува дека светото име го добил
по римскиот епископ Климент, кој од царот Трајан бил протеран во
Украина. Поради тоа што и таму го ширел христијанството, во 101 година
бил осуден на смрт и фрлен во Црно Море. Моштите ги пронашол свети Кирил
во денешното пристаниште Одеса и ги извадил од морето. Ги носел со себе
за време на Моравската мисија, а потоа му ги предал на папата во Рим.
Во чест на наоѓањето на моштите на римскиот епископ Климент, најдобриот
ученик на солунските браќа, нивни придружник и соработник од мали нозе,
го добил неговото име.
По смртта на Методиј во Рим, Климент
пристигнал во тогашната бугарска престолнина. Оттаму во 886 година од
цар Борис бил испратен во Кутмичевица, област што зафаќа поширок простор
околу Охридско Езеро. Најпрво пристигнал во тогаш најголемиот град
Мегалополис (Голем град), кој подоцна од Словените бил прекрстен во
Главеница. Градот се наоѓал на местото на денешното струшко село
Враништа и имал повеќе од 10.000 жители. Свети Климент не случајно го
избрал токму овој град. Според преданијата, во него апостол Павле ја
изградил првата црква на Балканот.
„Не може да се замисли дека
свети Климент не знаел за тоа што го сторил апостол Павле во Мегалополис
(Голем град) во крајот во кој се испраќа за свештеник и учител на
христијанството. Напротив, добро бил информиран за тоа, живеел со тој
култ, со култот за првата христијанска црква на Балканот и по истиот пат
на апостол Павле – Виа Игнација дошол во Главеница. За монасите е
планината – манастирот, а не градот. Затоа по кусо задржување и молење
во Светипавлевата црква ’Света Богородица‘, се повлекол во Беличка
Планина. Таму во близина на Светипавлевата црква, близу патот Виа
Игнација, го подигнал првиот христијански манастир во Македонија, кој го
посветил на некој светител, но на кој не се знае, па до денес е познат
исклучиво под неговото име. Оттаму ја ширел духовно-просветната дејност
во бројни објекти во струшкото подрачје“, смета д-р Ристески.
МИТРОПОЛИТ
Според житието на Теофилакт, свети Климент по осумгодишна работа, од
царот Симеон бил поставен за епископ на Драгвиста или Велица. За тоа
каде се наоѓала таа епархија има бројни спротивставени мислења. Се смета
дека најблиску до вистината се тврдењата дека седиште на епархијата
била Главеница, каде што свети Павле ја изградил првата црква на
Балканот. Во прилог на ваквото мислење оди и едно искажување на
бугарскиот митрополит Софрониј, кој за време на една прослава истакнал
дека Климент бил ракоположен за епископ на Дремвица (Дебрица) и Белица,
во северозападна Македонија. Ако се земе предвид тогашна етногеографска
Македонија, ќе се види дека Белица се наоѓа токму во нејзиниот
северозападен дел.
Д-р Ристески во поткрепа на тоа дека седиштето
на светецот било во манастирот во Горна Белица посочува дека
Светиклиментовиот манастир се издржувал од имот на селата: Вевчани,
Октиси, Долна Белица, Враништа, Ложани, Мислешево, Мороишта, Орман,
Кулин, Чифлик, Далјанот и Беличка Планина. „Нели сите тие месности се во
близина на Беличкиот манастир, а не на ’Свети Пантелејмон‘ во Охрид“,
заклучува тој.
Стружани инсистираат да се каже вистината за свети
Климент Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја
раководел епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират
христијанството. Јован Негриески, пензиониран новинар, кој прочитал
многу работи за големиот христијански просветител, вели дека вистината
може да се дознае само тогаш ако се извршат поопстојни ископувања и
истражувања. Тој верува дека со тоа ќе се отстранат многувековните
заблуди околу светецот за неговото дејствување во Охридско-струшкиот
регион.
Првични истражувања во Кралска Југославија
Ватикан ја крие големата тајна
Големата тајна за свети Климент ја крие Ватикан, пишува Петар Чакар,
тврдејќи дека Горнобеличкиот е прв Климентов манастир во Македонија. Во
1936 година во Струга пристигнале тројца научници од Ватикан, еден
археолог и двајца историчари на уметноста. Дошле по препорака на
загрепскиот бискуп и биле гости на тогашниот управник на царинарницата
во Струга, Драгутин Немец, инаку Хрват. Нивна цел била да истражат каде
се наоѓала првата црква на Балканот што ја изградил апостол Павле.
Според материјалите што ги имале со нив, црквата се викала Црква на
кралевите и била изградена во античкиот град Мегалополис, кој се наоѓал
на Охридското Езеро, и во кој многу векови подоцна било седиштето на
епископскиот стол на Климент Охридски. Италијанците со себе имале и
карта на која биле обележани локациите каде што требало да истражуваат.
Меѓутоа, само што почнале со работа, биле спречени од власта на Кралска
Југославија, зашто немале дозвола за ископувања.
Пред да си
заминат, Италијанците на својот домаќин Немец му дале некои основни
податоци за локациите од времето на свети Климент. Предизвикан од
тврдењата на неговите гости, заедно со тогашниот градоначалник на
Струга, Боже Шаин, решил да провери колку има вистина во она што им го
раскажувале. Ангажирале работници и ископувале на три локации во
месноста Климетица кај Струга. На нивно големо изненадување, на сите три
места нашле цели или делови од плочи и големи камења со разни
орнаментски шари, фризеви и крстови. Плочите и камењата биле пронајдени
на дното во самото калиште.
„Наодите не само што значат потврда
на легендите, според кои токму тука се наоѓал оној голем универзитетски
град од кој излегле 3.500 завршени ученици на Климентовиот универзитет,
како што е наречено неговото училиште, туку тие значат и факт дека во
ватиканската библиотека постои таква литература, како што е Римскиот
асиманов кодекс од 9 век, каталогот на Ѓуканжа и други, каде што
несомнено има драгоцени податоци за животот и дејноста на Климент“,
подвлекува струшкиот хроничар.
Желбата на горнобеличкиот монах
Пеш до Ерусалим и назад
Во манастирот „Свети Климент“ во Горна Белица имало и монашки живот
се' до 1961 година. Горнобеличани се сеќаваат на последните двајца
монаси Гаврил и Саво од семејството Ѓоргоновци. Постариот, Гаврил, кој
бил роден во 1848 година имал голема желба да го посети гробот на Исус
Христос и откако собрал малку пари, тргнал пеш за Ерусалим. Поминало
многу време, а него го немало, па соселаните помислиле дека некаде по
пат дал душа. На нивна голема радост, се појавил еден ден исцрпен, но
среќен што го посетил Божјиот гроб. Објаснувал дека на пат се задржал
толку многу поради тоа што до Ерусалим патувал пеш од каде што, исто
така, морал да се врати пеш, поради тоа што немал пари за превоз.
Починал во 1936 година на 88-годишна возраст. Неговиот гроб е на јужната
страна на манастирската црква. http://www.globusmagazin.com.mk
Edited by Makedonij - 22-Aug-2010 at 22:08
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#264 Posted: 22-Aug-2010 at 22:00 |
Обновени темелите на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник
Со пригодна свеченост, синоќа, беше
означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамки
на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник.
Обраќајќи
се пред присутните, премиерот Никола Груевски истакна дека кога се
зборува за Свети Климентовиот универзитет, тоа значи дека се зборува за
најсветото нешто без кое нема напредок. – Тоа значи да се зборува за нашата духовна и световна историја од
крајот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога на овие простори
функционирала просветна и културна институција која е позната како
најстар универзитет во Европа и пошироко. Првиот словенски универзитет ,
предводен од Свети Климент Охридски, просветител- чии ученици низ сите
словенски земји ја ширеле словенската писменост и наука, истакна
Груевски.
Одлуката на Владата на Република
Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет, е
поттикната од желбата да се оддаде должно признание на Свети Климент,
како еден од најголемите словенски просветитиели и епископи, додаде
премиерот.
Иницијативата
значи заокружување на една монументална културно-просветителска и
историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои заедно
се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има
специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на
светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со
световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во
близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата
тврдина, рече премиерот Груевски.
За 20 дена на просторот кај Плаошник, ќе
отпочне да се гради комплексот- Климентов универзитет, осмислен како
мултимедијален, високообразовен наставно научен центар во кој ќе бидат
сместени Св. Климентовата книжевна академија и македонскиот институт за
хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на
цивилизациите, културите и религиите кои постоеле на овие простори во
минатото.
Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски
факултет, Свети Климентова библиотека, галерија на икони, музеј на
Плаошник, Св. Климентова конзерваторска школа, академија и 7 депанданси
на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научно
просветен процес кој ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и
регионалниот образовно научен живот.
http://ohridnews.com
Edited by Makedonij - 22-Aug-2010 at 22:01
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#265 Posted: 22-Aug-2010 at 12:15 |
ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ НА НАУЧНО-НАСТАВНАТА И
КУЛТУРОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ НА СВЕТИКЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПЛАОШНИК ВО
ОХРИД
21.08.2010
Со промоција на книгата „Охрид Суб Специе Аетернитатис“,
авторско дело на Елизабета Димитрова и Паско Кузман, вечерва на свечен
начин беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност
во рамки на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник во Охрид. Обраќајќи
се пред присутните гости, премиерот Никола Груевски истакна дека
одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот
Светиклиментов универзитет, е поттикната од намерата да се оддаде должно
признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски
просветитиели и епископи. - Иницијативата значи заокружување на
една монументална културно-просветителска и историска содржина и
исклучителен културно-историски простор, кои заедно се од капитално
значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична
културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на
светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со
световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во
близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата
тврдина, рече премиерот Груевски. Промовирајќи го делото „Охрид
Суб Специе Аетернитатис“, инаку издание на издавачките куќи „Данте“,
„Мацедониа Прима“ и „Ѓурѓа“, министерката за култура Елизабета
Канческа-Милевска истакна дека книгата претставува возбудливо и поетично
пативање низ историјата, културата, уметничките одстрели и креативните
модели на Охрид, како водечки културен центар во Македонија и на
Балканот. - Користејќи ги хронолошко-методолошкиот пристап и
научната конзистентност во тематското вообличување на содржината на ова
монографија, авторите создаваат слика на Охрид, како културен центар од
митските дамнини, се до поновите времиња на неговото континуирано
цивилизациско егзистирање. На тој начин, тие ни презентираат една
раскошна визија за значењето на охридскиот култирно-историски и
уметнички трезор низ времињата, рече Канческа-Милевска.„Охрид Суб Специе
Аетернитатис“ Коавторот на книгата, директорот на Управата за
заштита на културното наследство, Паско Кузман, појасни дека во рамки на
Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе бидат сместени повеќе
културни и научни институции, со галерија на икони, библиотека, како и
дел од старите ракописи со кои располага охридскиот Завод и музеј. -
Археолошко-истражувачките, како и конзерваторско-реставраторските
работи на локалитетот Плаошник се во сосема завршна фаза. Завршен е
потесниот избор на фирмите што ќе бидат задолжени за градежните
активности на Светиклиментовниот универзитетски комплекс, така што
очекуваме некаде во првата половина на идниот месец да биде поставен
камен-темелникот на објектот, истакна Кузман. Во врска со
суштинскиот, функционалниот односно содржинскиот дел на проектот, Кузман
рече дека во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна
конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети,
музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди
на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со
стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони,
Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор
наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и
Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација. -
Ќе направиме една космополитска симбиоза, нагласи археологот Кузман. Планирано
е 14-те објекти во рамките на Универзитетот да бидат изградени во 2012,
најдоцна до 2013 година, а вкупната инвестиција за нивна изградба да
изнесува околу 18 милиони евра. http://vmro.mk/mk/zapis.asp?id=6620 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#266 Posted: 25-Jun-2010 at 21:07 |
Мислам дека овоа сме го испуштиле
Сто милиони денари за Светиклиментовиот универзитет Вкупната сума потребна за изградба на објектот, кој треба да биде готов за две години, и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година не се знае - рече Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Министерството за култура за изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид кој ќе почне да се гради во јуни годинава додели 100.000 000 денари. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, објектот требе да биде готов за две години. Вкупната сума потребна за изградба на универзитетот и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година, тој рече дека се уште не се знае.
Откако ќе завршат проектните документации и работата со конзервација на археолошките пронајдоци, во јуни би требало да почне возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет и со интензивно работење за две години би бил готов - рече Кузман. Доколку годинешната издвоена сума од 100.000.000 за универзитетот на Плаошник не биде потрошена, Кузман нагласи дека ќе биде пренаменета за Музејот на вода каде што треба да се изградат уште 16 куќи.
03.03.2010 http://www.spic.com.mk
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#267 Posted: 02-Apr-2010 at 15:53 |
Светиклиментовиот
универзитет на Плаошник готов до 2012. година
Охрид, 2. април (ИНПРЕС)
Заврши
меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за изгледот на
Плаошник односно на Свети климентовиот универзитет.

Меѓународната комисија составена од експерти од оваа област ја одбра
проектанската група „Идеа плус“ која до крајот на април треба да го
изработи главниот проект а веднаш потоа ќе распише тендер за негова
реализација, кој, според очекувањата ќе почне да се реализра на
почетокот од јули.
- Теолошкиот факултет е влезен во идјеното решение на
Светиклиментовиот комплекс и договрено е во согласнот со МПЦ ,
архиепископот Стефан, се знае дека тој ќе биде во Охрид, се разбира
откако ќе завршат сите активности.Се преговара и со филијалите на повеќе
светски универзитети.Не се брзаме бидејќи навистина имаме време, вели
директорот на Управата за заштита на културното и историското наследство
Паско Кузман.
Покрај Универзитетите во Колубија и Болоња, Кузман најави дека се
преговара и со светски признатиот Универзитет во Русија, Ломоносов.
Токму тие ќе треба да отворат свои филијали овде.Кузман најави дека
поради пролонгирање на одредени активности, најверојатно до крајот на
2010 година целиот простор ќе добие својот виситнски лик.
- Работите не зависат само од луѓето, зависат од околностите.На
пример никој не знае дека ако удри еден дожд и земјата најмалку 15 дена
држи влага ние сме блокирани.500 луѓе тогаш мора да прекинат со работа,
додава Кузман.
Работите на Плаошник на Светиклиментовиот универзитет воопшто не се
завршени. Во моментов се работи на рестварација и конезравија на сите
пронајдени предмети вели директорот на Управата за културно и исотриско
наследство Паско Кузман, при тоа негирајќи ги информациите дека на
Плаошник веќе неколку месеци има застој во работите. (Крај) http://www.time.mk/read/NONE/35cc4b1c26/index.html
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#268 Posted: 31-Dec-2009 at 17:57 |
АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И КОНЗЕРВАТОРСКИТЕ РАБОТИ ПРОДОЛЖУВААТ
Плаошник се подготвува за Светиклиментовиот универзитет
Скопско-охридската
проектантска група во текот на идните пет месеци треба да го подготви и
основниот проект за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Се
очекува и реализацијата на проектот да почне во првата половина на 2010
година
Возобновувањето
на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник треба да започне на
пролет, до кога ќе биде подготвен и основниот проект од страна на
Скопско-охридската проектантска група. Според надлежните во
Министерството за култура во текот на оваа година се работеше на
конзервирање и реставрирање на откриените архитектонски остатоци од
сите периоди. -На Плаошник континуирано без прекин се работи на
архитектонските остатоци од објекти на старите цивилизации, од
македонско хеленистичкиот период, римскиот, преку доцно античкиот, па
се до отоманскиот период. Сепак, најмногу е работено на истражувања и
конзервирање на остатоците од Св. Климентовиот манастир. Работите ќе
продолжат се до пролет кога треба да биде завршен проектот и тендерите
за градежните работи, објаснува Паско Кузман, директор на Управата за
заштита на културното наследство.
Според Паско Кузман во проектот ќе се води сметка и за остатоците од
градбите кои ќе бидат вклопени во ентериерот и екстериерот на
комплексот, а потоа и презентирани на јавноста. - Целта на овој
капитален зафат е да се откријат сите културни слоеви на локалитетот и
остатоците од манастирските конаци на комплексот Свети Климент и Свети
Пантелејмон" во кои се одвивала Светиклиментовата културна, духовна и
просветителска дејност, велат во Министерството за култура. За
возобновување на Светиклиментовиот универзитет од страна на Владата беа
предвидени шест милиони евра.
Инаку, Светиклиментовиот универзитет кој е прв на Балканот и еден од
најстарите во светот, бил просветно светилиште во 9 и 10 век. Во него
се описмениле над 3.500 ученици.
Комплекс со конаци, факултет, галерија... Проектната
програма за возобновување на Светиклиментовиот универзитет предвидува
повеќе комплекси. Во рамките на првиот се предвидени манастирски конаци
и објект во кој ќе биде сместен теолошки факултет. Вториот предвидува
Музеј на Плаошник и Галерија на икони, а во третиот комплекс ќе бидат
сместени Светиклиментовата библиотека со почетен книжен фонд од 100.000
публикации од областа на хуманистичките науки, Македонски институт за
хуманистички науки и Конференциски центар. Клоновите на светските
универзитетски центри, се планирани во рамките на четвртиот комплекс.
(Д.Т.) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7BACF0A26EAB884890E9BD3DEAD802C8
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#269 Posted: 24-Sep-2009 at 16:58 |
Originally posted by Дневник
Климентов универзитет, но каков?
Дилемата за
избор на архитектура за Климентовата школа само е привидна. Нема
никаква трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир.
Архитектурата од 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да
бидат постарите конаци од светогорските манастири, но и тие временски
не допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат
модерни хотели
Чувствувам обврска да ја довршам мојата реакција
за предлозите во буџетот за култура. Идејата за организирање и за
изградба на таква институција е добредојдена и за секоја пофалба. Со
таква интервенција ќе се збогати и сега импресивниот културно-историски
комплекс на охридскиот Плаошник. Се согласувам со изјавата на
директорот на Управата за заштита на спомениците на културата, дека
насловот е премногу претенциозен и треба да се формулира поскромна
варијанта (Климентова академија или како нашите слависти го
употребуваат вистинскиот израз: Климентова школа).
Заедно со
пофалбата ќе си дозволам да изразам едно предупредување. Пред неколку
години се изгради реконструкцијата на Климентовиот храм врз
археолошките остатоци на оригиналот од 9 век со претпоставена
архитектура на доградбите од 13 и 14 век, при што реконструкцијата на
камбанаријата е сосема произволна без никаква аналогија на сличен мотив
од истото време. Дел од оригиналните остатоци е зачуван, а голем дел
т.н. втора Климентова црква од 9 век, каде што беше гробот на св.
Климент, е поништен со претпоставената доградба од 13 век. И сега,
наместо вистинска гробница, која со високи почести
можела да
се создаде во 13 век (пример, гробницата на св. Наум) имаме неугледен
гроб затскриен зад еден столб. Во амбиентот на раскошна археологија од
4-5 век реконструираниот храм изгледа раскошно за просечно
информираните посетители, но научно неиздржано. Морам да потсетам дека
во дискусиите пред реконструкцијата имаше и спротивни мислења засновани
врз светски прифатеното правило дека уметничкото дело му припаѓа
единствено на авторот и не може да се реставрира од други. Според тоа,
интервенцијата на Плаошник можеше, со истиот монументален ефект да се
реализира со зачувување на постојните археолошки остатоци од 9 век и
дел од исламската надградба, но со проект за еден храм со архитектура
од нашето време.
При изградбата на Соборниот храм во Скопје,
владиците од МПЦ се покажаа крајно конзервативни. Имаше архитектонски
конкурс на кој едвај помина еден проект со модерна асоцијација на
традицијата. Имаше конкурс и за внатрешно сликање, за кое македонските
сликари прикажаа величествени предлози за современа презентација на
канонската тематика од Библијата (Димитар Кондовски). Но, владиците не
прифатија ништо ново и се одлучија за безвредни копии на
средновековните фрески. Пропуштена е голема шанса на светот да му се
пофалиме со современа македонска уметност како што се фалат Французите
со Париската опера: во една архитектура од 18 век, при секое влегување
на странец ќе му обрнат внимание на плафонот од гледалиштето
новонасликан од Марк Шагал.
Се плашам тоа да не се повтори и
со реизградбата на Климентовата школа. На погоре споменатиот конкурс за
Плаошник во програмата стоење и барање на проект за манастирски конак.
Имаше неколку предлози за овој проект и се одбра еден медиокритет -
имитација на македонската (Охридска) куќа од 19 век. Дилемата за избор
на архитектура за Климентовата школа, само е привидна. Нема никаква
трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир. Архитектурата од
нашиот 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да бидат
постарите конаци од Светогорските манастири, но и тие временски не
допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат модерни
хотели. Што ни останува како избор во нашиот проект на Климентовата
школа? Содржината може да биде и Теолошки факултет со галерија на
црквен мобилијар, со сликарски и конзерваторски работилници, библиотека
и сали за научни симпозиуми, гаражи за автомобили наместо стаи за коњи
и конечно со современи инсталации за електрично светло наместо свеќи и
централно греење наместо огништа и мангали. Но, архитектурата мора да
биде современа колку што може да создаде (а може) најмладата генерација
на македонските архитекти. Под услов и конкурсната комисија да биде на
соодветно ниво, без фосилизирани историчари на архитектурата и без
владици.
Овој проект, треба најпосле да покаже дека и
македонската архитектура може да се натпреварува со светот, а пред
туристите има нешто за себепофалување; сеедно што го немаме еден Марк
Шагал.
Борис Чипан (Авторот е архитект и универзитетски професор во пензија)
|
http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=A086A0767286E24E809FA28E0420A311&arc=1
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#270 Posted: 06-Sep-2009 at 14:30 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#271 Posted: 06-Sep-2009 at 14:05 |
 Забеган, ти стварно забега... УрбанФрик нема напишано никаков пост на оваа тема
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#272 Posted: 06-Sep-2009 at 13:50 |
Originally posted by UrbanFreak
Originally posted by zabegan
во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?
|
Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислење  Или можеби од некој друга нишка? |
се сложувам со твојот пост, сето друго е мое мислење без разлика на твојот пост
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#273 Posted: 06-Sep-2009 at 13:48 |
Originally posted by zabegan
во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?
|
Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислење  Или можеби од некој друга нишка?
|
 |
Mr.Edmund
Groupie
Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#274 Posted: 06-Sep-2009 at 12:27 |
Прво, во принцип не се пристапува кон реконструкција доколку нема доволно прецизни податоци за тоа како изгледал објектот во минатото. Во таков случај, наодот само се конзервира и се презентира пред јавноста (вклучувајќи ги и туристите) како урнатина....и во тоа нема ништо страшно, во Грција одат реки туристи за да гледаат урнатини. Многу повеќе би ценел доколку тие пари се инвестираат во современа музејска зграда со сите нишани во која би било презентирано целото културно и историско богатство на Охрид отколку ваква гломазна и неиздржана интервенција која само ќе го докусури и онака во голема мерка уништеното старо градско јадро на Охрид. Само ќе потсетам дека во стариот дел на Дубровник не се дозволени никакви интервенции освен поправки на постојните објекти.
|
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#275 Posted: 05-Sep-2009 at 17:21 |
во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме? туризмот е постојан изговор во последно време да се прават разни глупости што се однесува до архитектурата и историјата, а плаошник е постојан изговор (како успешен туристички елемент) за тоа како сите прво го плукале, па сега го сакале, и дека сето друго демек било иста приказна, на пример, такви коментари испаѓаа за црквата во Скопје
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#276 Posted: 05-Sep-2009 at 14:22 |
Eve ovaa ja najdeh na net  Vaka izgledala crkvata pred obnovuvanjeto
Edited by Makedonij - 05-Sep-2009 at 14:30
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#277 Posted: 05-Sep-2009 at 14:12 |
Se soglasuvam so tvojata izjava (The one)!
Kam nekoji pogolemi sliki, probav da idam na taa strana na društvoto od skopje koje bilo izbrano no mi pokažuva crv!
Bi sakal da vidam od poblizu kako izgleda
Edited by Makedonij - 05-Sep-2009 at 14:13
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#278 Posted: 05-Sep-2009 at 08:28 |
Нема да завлегувам во тоа што е “убава архитектура“ бидејќи тоа е ептен непродуктивна дискусија и нигде нема да стигнеме.
Но, интересно е како тендерите проаѓаат и пропаѓаат, и интересно се критериумите на комисијата. Интересно е што никој не ги објавува пропаднатите конкурси, и никој не објаснува зошто тие пропадале и зошто воопшто доделуваат награди ако тие се до толку неостварливи . Не учствував на конкурсот, но знам дека имаше доста млади луѓе што учествуваа. Знам дека имаше добри идеи и каква таква модерна естетика. Интересна е и комисијата, не можеш да кажеш дека не е симптоматично што речиси истите луѓе “судат“ за сите поголеми проекти на државава. Симптоматична е и естетската преференца, но тоа веќе не е битно.
Originally posted by theone
Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се
означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб
и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.
|
Не си единствен што не го интересира и тоа е проблемот. Сите работи што никнуваат во последно време се форсираат на таа логика. Историската оставина е само оправдување на таа локација да се гради. Ако градежните зафати се правдаат со историскиот момент тогаш логично е да се бара автентичност , во спротивно тоа е обичен градежен зафат. Најтрагично е што градењето (кое не е автентично) гордо се поткрепува со туристичкиот аспект. Ако не нека напраат еден референдум низ европа и
светот да видат дали можда туристите сакаат Плаошник вака да изгледа,
или можда сакаат мекдоналдс или шознам. Јас не сум турист во оваа држава, и не треба потребите на граѓаните да се шлепаат покрај оние туристичките. Ако мене не ми е гајле за моето, и ако на форумов не мрчиме, тогаш на туристите сигурно нема да им биде. Мене не ми се живее у дизниленд.
|
 |
theone
Groupie
Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#279 Posted: 05-Sep-2009 at 01:30 |
Не разбирам.
Не сум архитект, но ја сакам убавата архитектура. Но сакам и кога некој сака да направи нешто и да го збогати просторот. Сакам и кога некој кај нас ќе се сети дека може нешто да направи и тоа да натера некого да ни ја види државава. Сакам и добра критика.
Е сега. Се сеќавате ли што имаше на Плаошник пред 10 тина години. Затворена за јавноста полуразрушена џамија зад чиишто затворени порти се наѕираа темелите на постара црква и нечив гроб во неа и нешто погоре еден мозаик и ранохристијанска базилика потрупани со песок. Знаете колку туристи моќевте да сретнете таму? Ниеден !
Зимово и пролетта десетина пати го имав посетено Плаошник (ме интересираше до каде стигнале со копањето и што се "ново" изникнало таму) и секојпат налетував на нова група туристи организирана со водич , Германци , Азијати , Бугари, Срби и уште колку ли ти други . Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.
Така да доста пљукате по се. Позитивна критика секогаш е добра , но ако имаш знаење и идеја оди на конкурсот и ако имаш подобар проект и ако не те изберат имаш право да се љутиш.
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#280 Posted: 04-Sep-2009 at 15:42 |
Gahan ме претрка, башка и онака коментариве за конкурсиве ми се исти... Срамота, како можеле, квази-ретро срања blah blah blah Ја користам приликава срдечно да и честитам на комисијата за професионално извршената работа.
|
 |