Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#261 Posted: 05-Dec-2007 at 20:18 |
pbanks, сликиве ти се од Порта 3?
Музеј на град Скопје е добро место за градска куќа, ама се плашам што би направиле после со плацот на плоштадот. Највероватно би го усрале како секое друго атрактивно земјиште во Скопје. Македонска опера и балет..ви текнува?
BTW, Виктор Михајлов, не беше тој истиот што ја проектираше Македонската Филхармонија?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#262 Posted: 05-Dec-2007 at 19:24 |
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#263 Posted: 21-Nov-2007 at 15:55 |
 Мене по се ми изгледа дека ја фатиле нејзе на пик. Ми делува она срчкана со ДПМНЕ нешто, и по аферата со становите, и што и ги одзедоа ингеренциите. Нели се обвинуваа јавно околу кафичите на кеј? У секој случај ако некој би сакал да лета од политичата сцена тоа е Аларова. Неможам да ја поднесам... ми се превртува стомаков кога ќе ја видам на вести.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#264 Posted: 21-Nov-2007 at 12:10 |
Originally posted by pbanks
Мене само не ми е јасна комбинацијава. Фактички искача дека Аларова блокира владин проект??? |
И мене ова ме буни... Едино што ми паѓа на памет е дека можеби владата тактизира околу проектов, па Аларова е одличен избор да купува време додека они се заебаваат.
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#265 Posted: 21-Nov-2007 at 11:46 |
Izgleda treba da ja 'snema' Alarova, zaedno so Trifun da gi pratat negde vo Mongolija.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#266 Posted: 21-Nov-2007 at 09:59 |
Originally posted by gotsomekicks
Те буни тоа што за време на изборите зад неа стоеше ВМРО или?
|
па не е само за изборите и понатака горе доле она иде во линија со нивните проекти. Ете прикаската со облакодерите ти е типичен пример.
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#267 Posted: 21-Nov-2007 at 09:53 |
 Те буни тоа што за време на изборите зад неа стоеше ВМРО или?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#268 Posted: 21-Nov-2007 at 09:36 |
Мене само не ми е јасна комбинацијава. Фактички искача дека Аларова блокира владин проект???
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#269 Posted: 20-Nov-2007 at 19:25 |
И од едноставни работи на крај прават каша...  Ние тука на форумов изгледаме како крајно негативно настроени спрема се, зашто 95% од нашите коментари се негативни, песимистички и сл. Ама за жал не е до нас туку проблемот е што реалните состојби се навистина такви.
Edited by Cloverstack - 20-Nov-2007 at 19:26
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#270 Posted: 20-Nov-2007 at 19:15 |
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#271 Posted: 20-Nov-2007 at 03:51 |
Od Dnevnik ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ
Виолета Аларова ја блокира изградбата на Градска куќа
Со новиот урбанистички план, наместо Градска куќа, на плоштадот е предвидено да се гради комерцијален објект, велат од Градот

Со новиот детален урбанистички план за Малиот ринг, маркичката за
изградба на Градска куќа на плоштадот е пренаменет за објект за
комерцијални цели, па неизвесно е дали проектот ќе биде реализиран - на
ова предупреди архитектката Љубица Петревска, претставничка од Градот
Скопје на трибината посветена на изградбата на Градска куќа. - Градот
Скопје ја изгуби моќта да одлучува за локациите откако, со
децентрализацијата, надлежностите од областа на урбанизмот им се
пренесени на општините. Моментно, во ниту еден детален план на
територијата на Град Скопје не е предвиден простор за изградба на
Градска куќа - рече Петревска на трибината што градските власти во
петокот ја организираа во Музејот на град Скопје, во рамките на
одбележувањето на празникот 13 Ноември.
Најновиот урбанистички
план за строгиот центар на Скопје, чиј предлагач е градоначалничката
Виолета Аларова, Советот на Општина Центар го донесе пред три недели.
Нејасно е како Градската куќа се претворила во комерцијален објект,
кога веќе се изработува главен проект за обнова на Офицерскиот дом,
според конкурсот што во јануари годинава го распиша Министерството за
култура. Во обновениот Офицерски дом треба да се смести кабинетот на
градоначалникот на Град Скопје, Матична служба за венчавање итн.
Архитектите
што учествуваа на трибината заклучија дека Градската куќа треба да биде
изградена на плоштадот Македонија, според примерот на многу европски
метрополи и дека е срамно за Скопје што веќе 40 години не успева да го
реши прашањето за објект за градската администрација.
- Јас се
прашувам дали ние имаме Град, односно некаква градска функција. Можеби
имаме служби и градоначалник, но градската функција едноставно како да
е перманентно тргана настрана. Политиката на делење на градот на десет
општини, всушност, ја растури идејата за јака градска функција - рече
архитектот проф. Ѓорѓи Константиновски.
Претставничката на
Градот, Петревска, истакна дека иницирале измени на Законот за Град
Скопје, за да вратат некои надлежности, со што очекуваат дека
состојбите ќе се сменат.
Архитектката Анета Христова потенцираше
дека кај нас не постои основна стратегија на едно ниво за да се осмисли
и организира просторот.
Обидите на Градот да го решат прашањето
за свој објект датираат од 1966 година, кога е распишан меѓународен
конкурс за урбанистичко-архитектонско решение на Градската куќа.
Првонаграден бил трудот на архитектот проф. Едвард Равникар, но не
дошло до реализација бидејќи, по земјотресот, приоритет имале шесте
капитални објекти: Транспортниот центар, Универзитетскиот кампус,
Културниот центар, Домот на спортистите - кој требало да се гради кај
денешниот Олимписки базен, Поштата и зградата на ЦК, односно на
Владата. Во 1978 година повторно е распишан анонимен конкурс за Градска
куќа, на кој првата награда била доделена на група автори предводени од
проф. Ѓорѓи Константиновски, но објектот не се реализирал.
Амбицијата
за објектот стагнира до 2004 година, кога е распишан конкурс за
реконструкција на Старата железничка станица, во која поранешниот
градоначалник Ристо Пенов сакаше да ја смести градската администрација.
Тогаш немаше прва награда. Советот на Град Скопје во 2005 година донесе
Одлука за изградба на Градска куќа, за која беа понудени четири
локации, од кои плоштадот е избран како најповолна. Годинава обврската
за изградба на Градската куќа ја презеде државата, односно
Министерството за култура.
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#272 Posted: 19-Nov-2007 at 23:32 |
abe za idioti,idioti se.so ova se baftaat kojznae od koga i uste nemaat niso napraeno(poso uste nemaat reseno koj da zeme najveke kesh  )
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#273 Posted: 19-Nov-2007 at 19:40 |
 Таленти се, нема што
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#274 Posted: 18-Nov-2007 at 23:42 |
Со што се занимава па сега Трифун? Паралелен проект ќе тера од оној на централната власт? Инаку интересно би било да се видат првите награди од 1966 и 1978 за градска куќа кои се споменати во овој текст.
Градскиот татко никако до куќа по своја мерка
И
последната можност првиот човек на Скопје да добие соодветно сместување
во обновениот Офицерски дом, што требаше да се гради покрај плоштадот
Македонија, остана да виси во воздух. Градските власти деновиве
повторно се обидоа да ја разбрануваат архитектонската фела во намера да
се изнајде нова локација за изградба на градска куќа
По
40-годишен обид да се изгради репрезентативен објект во кој би бил
сместен градоначалник и градската администрацијата, неколку распишани
јавни конкурси што останаа само на откуп на проекти и размислувања за
можни локации, градскиот татко се уште е сместен во дотраените бараки
во градскиот парк. И последната можност првиот човек на Скопје да добие
соодветно сместување во обновениот Офицерски дом, кој требаше да се
гради покрај плоштадот Македонија, остана да виси во воздух. Градските
власти, деновиве, повторно се обидоа да ја разбрануваат архитектонската
фела во намера да се изнајде нова локација за изградба на градска куќа.
- Ова веќе преминува во еден вид легенда. Поминати се многу
конкурси, за некои се изработени и главни проекти, но ниту еден не е
реализиран. Во моментот состојбата е таква да во рамките на она што е
предвидено со детални планови на територијата на Град Скопје нема
простор кој е предвиден за објект за градска куќа, изјави Владо
Петровски од Град Скопје.
Оттаму деновиве организираа јавна дебата на која беа повикани архитекти со цел да се понудат нови решенија. Интересно
е што идејата за нова градска куќа потекнува уште од 1966 година, кога
бил распишан и првиот меѓународен конкурс. Иако имало првонаграден труд
до реализација не дошло, бидејќи градската куќа не влегла во шесте
капитални објекти кои во тоа време според политичките власти требало да
се градат. Скопје тогаш доби транспортен и културен центар,
универзитетскиот кампус, пошта и зграда на ЦК, но не и градската куќа.
Вториот конкурс бил во 1978 година и тоа за зграда на собрание на Град
Скопје. Првонаградениот труд предвидувал репрезентативно здание на
плоштадот "Македонија".
Според еден од авторите на овој проект, Ѓорѓи Константиновски, и
неговата историја е "трагична". Бил донесен Закон за забрана за
изградба на инвестициони објекти. Ниту идниот конкурс од 2004 година за
реконструкција на Старата железнижка станица, во која би била сместена
градската куќа, не завршил посреќно. Првонаградени немаше а, градскиот
татко повторнио не доби куќа по мерка. Во септември 2005 година
Секторот за планирање и уредување на простор, по барање на
градоначалникот, одреди четири можни локации. Едната на просторот пред
Телеком, втората спроти "Холидеј ин" на просторот на сегашниот паркинг,
третата на платото пред МНТ, и последната на просторот на сегашните
бараки, каде постепено би се градел новиот објект, со оглед дека
локација е во сопственост на Град Скопје.
- Во 2007 година централната власт ја презема улогата за дефинирање
на локација за градска куќа, па Министерството за култура распиша
конкурс за реконструкција и обнова на Офицерскииот дом во кој требаше
да се внесе содржина, дел од градската куќа, односно кабинет на
градоначалникот и матичната служба. Според наши сознанија во фаза е
постапка за вадење документација, односно земен е извод од ДУП, а се
изготвува главниот проект за градската куќа. Дали ќе се реализира ќе
покаже времето, со оглед дека во меѓувреме е донесен новиот детален
план со кој се менува намената на маркицара, вели Љубица Петреска, од
Град Скопје.
ГРАДОТ НЕ ОДЛУЧУВА ЗА ЛОКАЦИЈАТА Местото на градската куќа е на главниот плоштад
Градот
нема ингеренции да одлучи за локација, бидејќи општините донесуваат
детални планови, додека Министерството за транспорт и врски дава
сопгласност.
Додека од Градот сметаат дека архитектите треба преку асоцијацијата
да извршат притисок на централната власт и да ја земат работата во свои
раце, од таму пак, велат дека Градот е тој што треба да генерира
процес, да утврди како ќе дојде до пари и да распише добар конкурс. Додека
топката се префрла од еден на друг, и архитектите и градските власти се
децидни, местото на градската куќа како впрочем и во сите европски
метрополи е покрај главниот плоштад.
Даниела ТРАЈКОВСКА
|
Извор: Вечер
|
 |