build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 31-Oct-2008 at 00:25
Џуро не си ми јасен?! Question

Кај е изложен овој проект да го сликнеме?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 30-Oct-2008 at 23:20
За прв пат граѓаните со став како што треба. Нека не ви влева оваа реченица надеж, текстот е поразителен WallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbash

МАЏИРМААЛЦИ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН


Од атрактивна четврт направивте спална соба


Граѓаните велат дека ова не е план којшто е направен по нивна мерка. Не се сигурни дека нивната приказна која трае цели 50 години, период во којшто поради немање план не можеа легално ниту да ги санираат ни да ги доградат или надградат своите домови ќе заврши со хепи енд


Маџир маало како едно од најстарите скопски маала ќе остане амбиентална целина со куќи на два ката, а девет објекти ќе бидат заштитени споменици на културата. Ова е предвидено со Предлог Деталниот урбанистички план за оваа градска четврт којшто деновиве беше јавно презентиран и изложен во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин. Во следните денови граѓаните имаат можност детално да се информираат за секоја парцела, а своите забелешки и мислења да ги испишат на анкетните ливчиња.

На презентацијата, изработувачот на Планот Лидија Андреевска истакна дека трасата на булеварот Крушевска република којшто населбата ја дели на два дела останува на претходно предвидената локација, се до донесувањето на новиот Генерален урбанистички план во којшто се очекува оваа сообраќајница да се дислоцира лево и десно од Транспортниот центар.
Маџирмаалци не се задоволни од предвидените решенија. Не се сигурни дека нивната приказна која трае цели 50 години, период во којшто поради немање план не можеа легално ниту да ги санираат ни да ги доградат или надградат своите домови ќе заврши со хепи енд.

- Со планот, овој дел од центарот на Скопје е претворен во спална соба. Атрактивното земјиште сега чини пет банки. Наместо да се унапреди, да се развие, цела четврт се деградира. Сите знаеме колку инвеститори чекаат да градат - реагираа дел од присутните на презентацијата. Андреевска им појасни дека висината на објектите е мала бидејќи при проектирањето имале обврска да ја задржат автентичноста на сообраќајната мрежа и биле ограничени со тесните улици, но им посочи дека согласно новиот правилник семејното домување има можност за пренамена на просторот од станбен во деловен.

Незадоволни се и сопствениците на заштитените објекти. Живееме во куќа која е изградена во 1902 година, но низ годините е доградувана, адаптирана и нема врска со првичниот автентичен архитектонски изглед. Значи нема основ за заштита. Кои параметри се почитувани при изборот никој не знае, велат тие.

Поради немање на план, Маџирмаалци во 21 век живеат во субстандарни услови без водовод, канализациона и атмосферска мрежа.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC884F3B5CC4CA4EA2F71CBCDB7F2DC7


Edited by pbanks - 30-Oct-2008 at 23:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 30-Oct-2008 at 00:54
абе како појава ова кажува дека СК било урбанизирано уште во 19 век, интересно е што кензо како за местоположба на центарот на градот т.е. градска порта го зел баш тој дел од СК, па добива и некако урбанистички пиедестал ова место, навистина заслужува да му дадат некаква нагласеност на ова место, можеби возобновување на идејата на кензо или пак некој вид деловен простор со плоштад за Новото Модерно Скопје, па му прилега од секој аспект значи било во минатото потенцирана неговата положба, можеби е и подобро досега што не почнало да се гради се и сешто, па сега натенане нешто уникатно да се испланира на тој потег, незнам можеби и крушевска да се пушти и еден плоштад со нов македониум и некои спектакуларни градби! 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 30-Oct-2008 at 00:16
За крај, зар не треба да се прифатат залагањата и повиците на маџирмаалци?
НЕ! Не треба да се прифатат.

Преку таквото ми е од маџирмаалци и стари скопјани, кои прикажувајќи се себе како ариевска раса со плава староскопска крв, инсистираат на ексклузивитет над градот во секој поглед. На нив им сметаат сите "дошљаци" кои се навредувани на секој можен начин. Тоа што некогаш било маџирмаало сега е драчево или лисиче. Ако не сакаат да имаат комшија над глава нека идат у приградска населба. Се слагам дека маџирмаало заслужува ДУП, но ДУП кој ќе соодветсвува со реалноста и нема да предвидува маало со куќи у сред центар на неполн километар од плоштад. Тука се знае што прилега. Деловни згради, чатпат станбена, театри трговски. Но пред се хилта да свири, а багер да пее! Тој змијарник у сред Скопје повеќе неможам да го гледам, макар сакал и нека потекнувал од неолит, а за турско најмала работа. Ако некогаш тој историски ДУП бил дел од Скопје, слободно нека го изложат у музеј на град Скопје. Реализација на ДУП од турско не ни треба два века подоцна.


Edited by lslcrew - 30-Oct-2008 at 00:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 30-Oct-2008 at 00:05

мислам дека ова заслужува да се евидентра и да се поздрави, оваа информација за Маџир маало ја немав до сега чуено!

Маџир Маало - „урбан феномен“

(Повод: „Маџирмаалци ќе ги блокираат главните крстосници“, „Време“ 27 јануари 2007)

Се до 26.7.1963 година, кога се случи скопскиот земјотрес, животот во Маџир Маало функционираше според планот од 1890 година. Тоа е, ни помалку ни повеќе, период од 73 години. За сите што се сеќаваат, а особено за оние што изумиле, Скопје во тоа време се градеше, односно беше изградено на левата страна од реката Вардар.
Планот за Маџир Маало од 1890 год. проектира нова населба на левата страна од реката Вардар, со модерни сообраќајници за колска запрега, велосипеди и пешаци, станбени површини за домување, продавници, дуќани за разни занаети, маалски фурни и чешми, со други зборови урбано живеење за тогашните услови и потреби.
Распишаниот меѓународен конкурс за идејно решение за градското јадро на Скопје 1964 година и усвоениот предлог практично го запреа развојот на Маџир Маало. Се присетувам дека усвоеното решение предвидуваше колективно домување и булеварска улица среде маалото. Оттогаш до сегашно време вистина е дека за Маџир Маало во неколку обиди се изработувале ДУП, но никогаш не биле усвоени. Оттука, во право се маџирмаалци кога велат дека се уште живеат во 19 век. Судбината сакала Маџир Маало во изминативе стотина години да нема ажуриран документ за развој, да нема канализација, а поради тоа изградените објекти достоинствено и тивко да пропаѓаат…
Се поставува прашањето: зошто е тоа така, мора ли да се толерира таков однос спрема првото маало во Скопје со урбанистички план или до кога судбината ќе се поигрува со животот на маџирмаалци, а луѓето со објектите нападнати од забот на времето во очекување дека нешто ќе се случи, запаѓаат во очај. Одговорот треба да се бара во градската администрација, во ингеренциите на градоначалникот на општината Центар во согласност со Законот за децентрализација.
Долгот и обврската, според мене, кон маџирмаалци и Маџир Маало се големи ако се земат предвид ветувањата при средбите во предизборието. Долгот, исто така, е голем и спрема планот од 1890 год., бидејќи претставува прв плански документ - „урбан феномен“. Јас би рекол, маџирмаалци и Маџир Маало со поставките за планот 1890 год. заслужуваат да имаат ДУП, Маџир Маало да се прогласи за стар град со традиционалните вредности и потреби за новиот милениум - 21 век.
Со други зборови, ако скопјани имаат Стара чаршија, зошто маџирмаалци да немаат стар град со осмислено маалско живеење, без сосед над глава, со трговски и угостителски продавници, со занаети сместени во подрумските простории, за да не се загадува околината и да не се создава бучава, со инфраструктура за вода, гас, струја, греење, канализација и…
За крај, зар не треба да се прифатат залагањата и повиците на маџирмаалци?

Време - Душан Стојковски, архитект - 06.02.2007

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.