![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 29> |
Author | |||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Обем на стоковната размена со странство, јануари - февруари 2011
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-февруари 2011 година изнесува 599 115 илјади САД долари, а на увозот 1 097 068 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 54.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2011 година, изнесува 497 953 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, благородните метали во колоидна состојба; нивните органски и неоргански соединенија; амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-февруари 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (65.4%) и земјите од Западен Балкан (22.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (57.3%) и земјите во развој (26.5%). Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија (50.8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=13.01&rbs=1 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Индустриското производство во февруари пораснало за 10,9 отсто
Индустриското производство во февруари година пораснало за 10,9
отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за
статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот
рударство и вадење на камен во февруари 2011 година, во однос на
февруари 2010 година, бележи опаѓање од 2.7 отсто, во секторот
преработувачка индустрија бележи пораст од 16.6 насто, а во секторот
снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи
опаѓање од 7.9 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2011
година, во однос на февруари 2010 година, бележи пораст во групите
енергија за 1.2%, интермедијарни производи, освен енергија за 18.2%,
капитални производи за 81.9%, трајни производи за широка потрошувачка за
22.4% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.
Индустриското производство во периодот јануари - февруари 2011
година, во однос на периодот јануари - февруари 2010 година, пораснало
за 8,5 отсто.
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
http://www.time.mk/read/b49ccf2d61/0341386a1d/index.html
Македонија извезла земјоделски производи за 424 милиони евра Македонија, лани, извезла земјоделски прехрамбени производи
вредни 424 милиони евра, што е рекорден извоз, соопшти заменик-
министерот за земјоделство, Перица Ивановски. Според Ивановски, најмногу
се тргувало со земјите од ЦЕФТА и од ЕУ.Најголемо учество во извозот
има тутунот заедно со цигарите, а вкупниот извоз на оваа суровина
изнесува 93 милиони евра.
Приходот од извозот на зеленчукот минатата година изнесува 65,7
милиони евра. Од извозот на овошјето сме оствариле девизен прилив од 39
милиони, од виното 38 милиони, а од преработен зеленчук - 20 милиони
евра. Најмногу, пак, се увезувало, месо. За увоз на месо сме потрошиле
75 милиони евра. Вкупната екомонска размена на земјоделски прехрамбени
производи изнесува 955 милион евра. |
|||
![]() |
|||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||
Fakt e deka bezraboticata e golema,no so ovaa predstavena brojka od 32% od zavod za statistika mislam deka ne e bas realna,spored mene so takva brojka ne bi mozela da funkcionira samata drzava,a ne pak da ima drzaven budzet priblizen na onaj na Bugarija(sekako so presmetan soodnos na naselenie)
|
|||
build.mk, гради форумска историја
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Затоа и пишав. Македонија неможе да си направи проекции заради немање верни информации.
|
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
Па добро, сепак Државниот завод за статистика ја дава оваа бројка и таа е официјална и како таква се зема за релевантна. Ова е особено битно, бидејќи со таа бројка се прават сите проекции за економскиот раст, потребниот иден кадар, проекција на државниот буџет и собрани даноци, проекција на идни вработувања, инвестиции и слично. Другото можеме само хипотетички да го дискутираме.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Текст што влера го имаше на курир.мк околу вистинската бројка невработеност. http://www.kurir.mk/komentari/analizi/22749-Kolku-navistina-ima-nevraboteni-vo-MakedonijaДолго се шпекулира со оваа бројка, ниту па се најде некој сериозно да воведе методи да имаме вистински податоци. Во една прилика некој министер тврдеше дека само две третини од тоа што се рачуна за невработеност може да се земе. Во Македонија имае голема невработеност само незнаеме колкава. Третина од работоспособно население сепак изгледа премногу. Од луќе на моја возраст што знам што работата по кафичи, печатници, сервисери и слични дејности ретко кој е пријавен. Немаме вистински податоци да стварно знаеме. Висока е за нормални европки ритериуми но не знаеме колку.
|
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4771DB0814E3D54DA08D34873E5BB622 |
|||
build.mk, гради форумска историја
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Ставрески: „Џонсон мети“ очекува годинава производство од 300 милиони евра
- Вклучувањето на „Џонсон Мети“ и „Џонсон контрол“ во реалното рефлектирање на структурата на производствените компании во Македонија е еден од показателите дека македонската индустрија не е всушност во негатива, туку во позитивна зона еден подолг период. И ако се погледнат податоците и за крајот на минатата година и со оваа ревидирана основица, каде се вклучени овие претпријатија кои реално работат во земјата, таа покажува позитивни движења. Во февруари според информациите од Џонсон мети е рекорден месец за нивото производство и тие за оваа година најавуваат обрт од 300 милиони евра што е една фантастична мерка која ќе помогне во две насоки. Прво побрзо да дојде до преструктуирањето на македонската економија, оној процес за кој долги години зборуваме како треба да се случи преструктуриање на економија и ова е токму поиказател како се случува преструктуирањето и во делот на производството и во делот на извозот. Ако се погледне структурата на увозот и извозот од годинава не е веќе нафатата и автомобилите главна позиција на страната на увозот, туку тоа е платината и легурите слични на платина што се користат во производство на катализатори, а на извозна страна катализгаторите што ги произведуваат овие компании пред се Џонсон мети се пак главен извозен произозв во првиот месец од годината, изјави министерот Ставрески одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфернеција во Владата. Тој додаде дека Македонија со ова ја менува структурата во насока на тоа производи кои во себе имаат вградено повисока додатна вредност, поголема вкупна вредност и оти тоа е еден добар знак за македонската економија и за извозот. - Верувам дека во текот на годината уште повеќе ќе имаме дополнителни показатели дека вклучувањето на компаниите кои влегоа како инвеститори во Македонија имаат повеќекратни позитивни ефекти врз македонската индструја, производството и извозот, рече Ставрески. Во однос на зголемувањето на трговскиот дефицит, министерот истакна дека ако порастот на трговскиот дефицит се чита заедно со другите показатели за раст на индустсриското производство и посебно преработувачката индустрија, покажува дека е добар показател. Има, појаснува Ставрески, зголемен увоз кој резултира од зголемено производство и долгорочно тоа е начинот како практично ќе се трансформира економијата. Добро е кога тој увоз не е за стоки за широка потрошувачка, туку е главно за производи кои ги користат фирмите во Македонија за да ги преработат и извезат, рече министерот. Тој изрази уверување дека увозот што е направен во првиот месец ќе биде во преработена форма со дополнителна додатна вредност извезен во следните месеци и на тој начин македонската економија ќе има корист односно девизни приливи. За тоа дали Владата ќе ја намали акцизата на нафтените деривати по примерот на Хрватска, Ставрески рече дека секоја влада презема мерка во зависност од сопствените видувања и потребите на земјата. - Ние презедовме некои други мерки како што знаете во делот на интевенција на пазарот преку стоковите резерви со 40.000 тони пченица. Хрватска тоа не го направи така што не може да правиме директни споредби, бидејќи важно е да бидете ангажирани и да ги решавате проблемите таму каде што се најизразени. Ние сметавме дека кај лебот е најзначалјно да интервенираме бидејќи е основен прехранбен производ и затоа повлековме една таква силна мерка во насока на поголема интервенција отколку што бараа мелничарите се со цел да падне цената на лебот. Веруваме дека нашата интгервенција не само што треба да ја задржи цената на лебот туку треба да предизвика и намалување на цената на лебот и тоа е мојата порака до производителите на лебот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.скс/са/15:41 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81873882&lId=1&pmId=504 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Индустријата пораснала за 5% во јануари годинаваИндустријата пораснала за 5% во јануари годинава. Според податоците на државната статистика, растеле и преработувачката индустрија и рударството. ![]() Кај преработувачите најголем раст има производството на опрема за транспорт од над 320% и кај производството на моторни возила од над 140%. Кај рударството најголем раст има во делот вадење руда и камен од 98%. Покрај индустријата, раст бележи и градежништвото. Според статистичарите, годинава се издадени 11,7 отсто повеќе одобренија за градба, а предвидената вредност на објектите е за 105 проценти поголема од истиот месец лани. Бројките, според власта, покажуваат дека економијата се буди, а проекциите за 3% раст на економијата годинава не се недостижни. - Македонските фирми почнаа да инвестираат, покажуваат позитивни резултати, а ако јануари е предвесник за целата година, тоа значи дека ќе се остварат нашите проекции за раст на индустријата меѓу 5% и 8% - изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески. Податоците за јануари се правени според нов примерок во кој, за разлика од досега, конечно влегоа и фирмите кои почнале со работа по 2005 година. Ревидираните бројки според новиот примерок за 2010 покажуваат дека индустриското произвдство растело до последните 7 месеци лани. Бројките пак, што лани беа објавувани покажуваа многу послаби резулати во истиот период. http://daily.mk/cluster3/bb28dea91fc9479e4c6d0542dd7780c0/628602 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
НЕМИРИТЕ ВО АФРИКА ГО ПРЕСТРУКТУРИРААТ ПАЗАРОТ
Египет ќе ни донесе турски инвестиции
Наталија Скалова |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Бунарџик ја размрда економијата, расте обемот на разменаБунарџик ја размрда економијата. Во првиот месец од оваа година трговијата се зголемила за над 60% во однос на ланскиот јануари, објави државната статистика. ![]() Освен што се зголемува размената, за прв пат според статистичките податоци има промена и во производите со кои се тргувало. За разлика од досега, кога од Македонија најмногу се извезувале валани производи, сега на првото место се катализатори. А од увозните производи најмногу во земјава влегле платина и легури од платина за разлика од досега кога најмногу се увезуваше нафта. Промената се должи на зголемениот обем на производство во компаниите во слободната економска зона. Според информации на Сител, разликата ја прави Џонсон Мети. За разлика од лани кога работеле со само 30% од капацитетите, сега работат со близу 90%. Очекувањата се дека зголемениот обем на работа во Бунарџик ќе ги зголеми и бројките за индустриското производство. Досега двете компании во зоната воопшто не учествуваа во примерокот според кој статистиката ги пресметуваше овие податоци. Очекувањата на власта се дека годинава индустриското производство ќе порасне меѓу 5 и 8% во однос на лани. А НБРМ прогнозираше дека главно заради зголемениот извоз првиот квартал од оваа година економијата ќе порасне за 4,5%, а 3% до крајот на годината. http://daily.mk/cluster3/00711992531e72a45634862536b5a376/625273 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Трговската размена со странство во јануари 834,7 милиони долари
Скопје, 4 март 2011 (МИА) - Обемот на стоковата размена со странство во јануари годинава изнесува 834 милиони и 707 илјади американски долари. Вредноста на извозот на стоки е 273 милиони и 827 илјади, а на увозот 560 милиони и 880 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 48,8 отсто, а трговскиот дефицит 287 милиони и 54 илјади американски долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, благородните метали во колоидна состојба, нивните органски и неоргански соединенија, амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во јануари годинава најголемо учество во извозот на стоки со 64,2 отсто имаат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 21,9 отсто. Во увозот на стоки, исто така, најголемо учество со 63,5 отсто имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,9 отсто. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија во јануари најмногу тргувала со Велика Британија, Германија, Русија, Бугарија и Србија. Од вкупната надворешно-трговска размена 54,9 отсто од размената била со овие пет земји.скс/са/14:34 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81728821&lId=1&pmId= |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
![]() Кога ги спомна Винчини, почнаа да рекламираат своја линија на грицкалици (крекери, грисини, переци и сл.) Незнам како до сеа не се з'гна некој локален производител да прави такви прозиводи, со години наназад пазарот го држат пред се српските производители (Марбо, Штарк итн...) |
|||
![]() |
|||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||
Za Alkaloid mozam da potvrdam deka poleka no sigurno navleguva na bugarskiot pazar,ako dosega se prodavase samo Cafetin i nekoi lekarstva po bolnicite,sega asortimanot e zgolemen i se zabelezuva aktvino reklamiranje vo takanareceniot Prime-time po najgledanite televizii. I uste edna informacija zabelezav deka raftovite na germanskiot supermarket Kauffland ima proizvodi na Tikves i Vincini. |
|||
build.mk, гради форумска историја
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=768414A1DBC8E54AB8E2F078434BC319 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Извозен пробив на Фабриката за амортизери ДоJран - Фабриката за амортизери СТД од Нов Дојран, која е добитник
на меѓународната награда за најдобра иновација за хидрауличниот
телескопски амортизер, во почетокот на годината веќе ги договори првите
извозни зделки со меѓународни партнери од Босна и Херцеговина. |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=28741
Турски бизнисмени ќе инвестираат 100 милиони евра во Охрид
Градоначалникот Александар Петрески оствари работна средба со поголема група бизнисмени од Република Турција. ![]() На средбата се разговараше за инвестирање во градежништвото, инфраструктурата, изградба на болници, аква-паркови, водоснабдување и пречистување на отпадни води. ![]() Според првичните најави, вредноста на турските инвестиции во Охрид ќе бидат околу 100 милиони евра, а потпишувањето на првите конкретни договори се очекува за еден месец. |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Нормално е кога курсот ни е фиксиран во однос на еврото, кога ослабува еврото да трошиме помалку пари за да го одржуваме курсот, па се зголемуваат резервите.
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |