![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 30> |
Author | ||
XRVOL ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Aug-2009 Location: Melbourne Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
http://ekonomski.mk/?p=43109Следната недела договор за вклучување на Македонија во Јужен тек
11/06/2013
- Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек, изјави вицепремеирот Ставрески, одговарајќи на прашање по презентацијата на проектот за задолжителна котација на Македонската берза. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Со оглед на тоа која екипа се потпишува позади порталот нова тв мислам дека е дегутантно да се коментира новинарското ниво и позадина. Но сепак не се согласувам дека ако е крак неможе да биде транзитен барем низ Македонија. Пример кракот може да завршува во Албанија а да поминува низ Македонија. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Авторот/авторката нека си купи правопис по македонски јазик. Самиот израз крак е повеќе од доволен за да се знае дека тој дел од трасата завршува на таа локација, односно дека не станува збор за транзитна траса. Edited by Dexter26 - 10-Jun-2013 at 21:06 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Кракот на Јужен тек ќе ни дојде од Србија и не е транзитенКракот на гасоводот Јужен тек за Македонија ќе пристигне од Србија.
Тамошниот министер за рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, за
Танјуг изјави дека неговото министерство во соработка со компаниите
Србијагас и Газпром почнало да ја собира неопходната документација за
изработка на просторниот план за јужниот крак на Јужен тек кон
Македонија. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=7&vest=4484 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Министерство за транспорт и врски денеска објави нов оглас за избор на компанија што ќе работи на физибилити студијата за дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
вероватно мерено во `руски` единици за растојание
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Кое е тоа многу кратко растојание за влез во земјава ![]() |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Македонско – руска фирма ќе ја приклучи Македонија на Јужен текПриклучокот на македонскиот крак на гасоводот „Јужен тек“ ќе го направи мешовита фирма во која по 50 отсто од сопственоста ќе имаат македонската држава и „Газпром“. Ова е договорено при последната средба на македонската владина делегација на Русија на која се усогласени сите детали околу овој проект, па останува истото само да се ратификува од двете држави, пишува Дневник. Притоа, станува збор само за многу кратко растојание од гасоводот, односно само за „влезот“ во земјата, а останатиот дел од кракот ќе биде македонска инвестиција. Kај нашите соседи, пак, Бугарија или Србија, каде што гасоводот минува во транзит, „Газпром“ има 51 отсто од сопственоста, а на државите им се оставени по 49 отсто. Од каде ќе доаѓа „Јужен тек“ во Македонија с` уште не е познато и веројатно, како што велат извори од овој сектор, ќе зависи од тоа како ќе биде конципиран гасоводот на Балканот чие исцртување постојано трпи промени. А тоа, пак, зависи од исходот на приватизацијата на грчката компанија за гас ДЕПА. Имено, освен можноста кракот да влегува од Србија (како што веќе пренесоа српските медиуми изјава од „Газпром“), односно преку Ниш и Врање да доаѓа до Македонија и истовремено да оди за Kосово, с` уште се отворени опциите тој да доаѓа од Бугарија и да биде паралелен со сегашниот гасовод,, но исто така влезот да биде од Грција. Што се однесува до делот од гасоводот кој ќе оди од Kлечовце до Kавадарци и кој треба да се изгради во голем дел со средствата што Русија ни ги должи од клириншкиот долг, упатени извори велат дека е при крај усогласувањето на деталите од договорот со руската фирма „Стројтрансгас“ која треба да ги заврши работите. Процени се дека изградбата ќе стартува во мај при што за целата должина од трасата веќе е завршена експропријацијата на земјиштето. Реализацијата на оваа делница ќе овозможи гасификација на повеќе општини кои во меѓувреме ќе добијат време да ја подготват инфраструктурата во своите општини за приклучување на гасоводната мрежа, пишува Дневник. http://ekonomski.mk/?p=31199 |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Македонија може да добие многу ниска цена за гас и на сите домакинства да им биде поефтино да загреваат дома во зимските услови ,да загреваат вода и да користат гас за готвење доколку целата таа мрежа се реализира и се приклучат повеќе домакинства ,исто така цената на електричната енергија би можела да се намали доколку погоре наведеното се случи ,тоа значи пониски трошоци за струја,греење итн, а според слободна проценка би рекол дека тоа би изнесувало за најмалку 15% поефтина цена.
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Истите одговори кружат уште од август 2012 година, верувајте дека нема апсолутно ништо ново променето:
Интервју - Се' е подготвено за старт на првата фаза од проектот Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси Повеќето од кандидатите за градоначалници во својата кампања најавуваат гасификација на своите општини. Колку се реални нивните ветувања, ако се има предвид дека станува збор за обемен и сложен проект? Тоа не е ни малку случајно. Кандидатите за градоначалници сметам дека имаат и обврска да ја почнат процедурата за гасификација, односно дистрибуција. Во Скопје, Крива Паланка, Куманово и Кратово има услови уште денес да почне ширењето на дистрибутивната мрежа. Но, не е различно и со градовите каде што почнува изградбата на првата фаза од проектот - гасификација на земјата, Клечовце - Штип - Кавадарци. Сите поблиски и подалечни општини на оваа делница можат паралелно да почнат постапка за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа. При тоа, на нив останува да одлучат кој најефикасен модел ќе го применат, дали ќе користат сопствени средства, грантови или ќе влезат во јавно приватно партнерство. Министерството за транспорт и врски во почетокот на 2013 година објави оглас за доделување договор за јавна набавка за изработка на физибилити студија за развој на дистрибутивни мрежи на природен гас во Република Македонија што претставува јасен показател за сериозниот пристап на Владата за обезбедување стабилно снабдување со енергенси. При тоа, треба да се спомене дека проектите за изградба на магистралниот гасоводен систем се завршени во 2012 година, а изградбата во првата фаза треба да почне со потпишување договор со руска компанија која ќе го гради овој дел од магистралната мрежа. Средствата, како што се знае, се обезбедени од клириншкиот долг со Русија од 60 милиони долари и средства од буџетот во висина од 15 милиони долари. Се очекува кон средината на 2013 година да почне реализацијата на овој проект. Значи, за гасификација на земјава не треба да се чека приклучувањето на Македонија кон „Јужен тек“? Така е. Не треба да се чека. Македонија веќе има гасовод со капацитет за пренос на осумстотини милиони кубни метри природен гас годишно, кој во изминатите петнаесетина години е искористен само десетина проценти. Постојниот капацитет е доволен за да се продолжи со процесот за гасификација на државата. Значи, постојат сите предуслови за почнување на проектите за изградба на магистрални и дистрибутивни гасоводни мрежи. Секако, со развој на гасоводната мрежа и приклучување на индустријата, комбинирани гасни електрани и градовите, планирано е потрошувачката на природен гас да биде и преку две милијарди кубни метри природен гас годишно. Поради тоа потребно е да се обезбеди нов влез на природен гас во земјава. Затоа приклучувањето на Македонија кон проектот „Јужен тек“ е исклучително важно и стратешко прашање, кое Владата го постави како приоритетно. Кои ќе бидат обврските на Македонски енергетски ресурси? МЕР АД Скопје е задолжен за изградба на нови преносни мрежи, односно реализација на националната стратегија за гасификација на Република Македонија, што е предвидено да почне на средината на оваа година со средствата од клириншкиот долг од Руската Федерација. А, продолжувањето со градба на останатите делници од магистралниот гасовод во 2014 година ќе биде со средства од кредитните линии на ЕБРД и други извори на финансирање. Постојат ли некакви пресметки колку ќе го чини едно семејство приклучувањето на гас? Има одредени процени за приклучувањето на домаќинствата на системот за дистрибуција на природен гас, како и краткорочни и долгорочни процени за цената на природниот гас, како појдовни параметри за изработка на студијата за гасификација. Интересот кај граѓаните за приклучување е голем и затоа треба добро да бидат информирани. Сепак, битно е дека приклучувањето нема да претставува обврска, туку, напротив ќе биде личен избор на секое домаќинство. Но, суштината и предноста е тоа што изборот ќе биде збогатен со уште еден нов, еколошки и секако конкурентен енергенс – природниот гас. Дали цената на гасот ќе зависи од бројот на општините што ќе бидат приклучени? Да, цената на гасот ќе зависи од бројот на општините што ќе бидат приклучени, како и од вкупната потрошувачка на природен гас во земјава. Што значи, таа ќе биде пониска со зголемување на број на потрошувачите, односно со зголемување на потрошувачката. Извор: Утрински весник, http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=048A51A1DC66D5429380119E2E4255ED |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Договорено е формирање на заедничка компанија помеѓу руски Газпром и
хрватски Плинакро во втората половина на 2013 година, а чијашто цел
треба да биде изградбата на кракот од Јужен Поток од Србија кон
Хрватска.
Иако засега ништо не е официјално потпишано и ратификувано, сепак самиот факт дека на официјалните веб сајтови на Газпром и на Јужен Поток е објавена информацијата дека е договорено формирање на заедничка компанија помеѓу Газпром и Плинакро, говори повеќе од доволно дека повеќе од сигурна е изградбата на гасоводниот крак кој ќе ја поврзува Хрватска со Јужен Поток од Србија, која досега беше само разгледувана како опција. Од друга страна, ниту е остварена ваква средба помеѓу македонски и руски претставници со цел преговарање или договарање било каква изградба на крак од Јужен Поток кон Македонија, ниту е договорено било што, а уште помалку е потпишано и ратификувано било што околу било каква изградба на крак од Јужен Поток кон Македонија. http://www.south-stream.info/en/press/news/news-item/sovmestnuju-kompaniju-dlja-stroitelstva-otvoda-ot-juzhno/ Joint company for South Stream gas branch construction to Croatia to be set up in second half of 2013
|
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Кога сме веќе кај гасифицирање на јавни установи, толку ли им е проблем од цефката што ги напојува гимназиите Георги Димитров и Здравко цветковски, да се пушти крак преку партизанска и да се покријат гиманзијата Никола Карев, Градинката Орце Николов, основното училиште Лазо Трповски, Поликлиниката Букурешт и Целиот објект на војна болница, да не спомнувам дека за Педагошки факултет потребно е само да се помине под бул Октомвриска револуција. А кога веќе ќе стигнат до војна болница не гледам причина зошто не се поврзат и Базенот Младост и СРЦ Борис Трајковски.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Средношколците од Георги Димитров први ќе се греат на гас
По "Георги Димитров" и гимназијата "Здравко Цветковски", следни за гасифицирање ќе бидат "Зеф Љуш Марку" и "Арсение Јовков". Со загревање на гас на овие училишта трошоците за греење ќе се очекува да се преполоват ![]() Средните училишта Георги Димитров" и Здравко Цветковски" во Скопје добија нови котли на гас за загревање на своите простории. Министерот за образование и наука Панче Кралев, заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, вчера го посетија СУГС Георги Димитров" со што ја означија гасификацијата. Програмата за реконструкција и изградба на нови училишта веќе е излезена, а согласно условите и можностите кои претстојат, во рамки на локалните избори, ќе се распишуваат тендерските постапки. -Гасификацијата е еден модерен начин на загревање кога се работи за јавни установи, побезбеден и поенергетски ефикасен, но и посигурен. Генерално, енергетската ефикасност на училиштата во Македонија останува приоритет за МОН. Се работи на проектирање за реконструкција на над 130 училишта. Таа фаза е завршена и следниот период ќе биде распишан тендер за реконструкција на овие 132 училишта или 192 градежни зафати на територија на цела држава, изјави министерот Кралев. Кралев очекува годинава да биде успешна за изградба и реконструкција на училиштата во Македонија. Тој потенцира дека Град Скопје е поуспешен од останатите локални самоуправи во Македонија кога станува збор за инвестиции во образованието и додаде оти тие се предводници на многу проекти и иницијативи кои се спроведуваат. Градоначалникот Трајановски најави дека годинава ќе се гасифицираат уште средните училишта Зеф Љуш Марку" и Арсение Јовков" бидејќи се најблиску до гасификациската мрежа. Градот Скопје изминативе четири години има вложено околу 80 милиони денари за подобрување на условите за средношколците, во 21 средно училиште. Реконструирани се покриви, променети се прозорци, врати, подови, клупи, санитарии, електрични инсталации. -Со загревањето на гас, трошоците на ова училиште ќе бидат помали за околу 45-50 отсто. Претходно во СУГС Георги Димитров" имало парно греење, преку Топлификација, а училиштето плаќало годишно околу 4,5 милиони денари за загревање. Покрај Георги Димитров" и средното училиште Здравко Цветковски" ќе се загрева на гас. Инвестицијата за овие две училишта е околу 6,5 милиони денари, изјави Трајановски. Тој додаде дека за загревање на Здравко Цветковски" годишно се плаќало околу 6 милиони денари, а со гасификацијата, како што рече, ќе се заштедат околу 3 милиони денари. Инвестицијата за овие две училишта е околу 6,5 милиони денари, а изведувач на работите е Гама" . До крајот на годината пак ќе се гасифицираат Зеф Љуш Марку" и Арсени Јовков". (С.Тр.) http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B245A39D65391D41832AA8A054E5AB17 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
valjda vo narednite 10 god ke ja zavrsat taa j.. studija.pa daj ne go lazete narodot kazete veke ednas nema pari za gasifikacija ima drugi prioriteti da ne se lazeme i gotovo ne mlatete prazna slama veke 7-8 god veke nikoj ne paga na takvi finti nema smisla veke od lazenje i mlatenje prazna slama. MOJ REVOLT
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
На официјалниот веб сајт на Јужен Поток, во секцијата News, над насловот на веста за почетокот на изградбата на Јужен Поток, објавена на 7 декември 2012, се прикажани знамињата на државите кои учествуваат во изградбата на Јужен Поток, а освен ако не гледам добро, не го гледам македонското знаме меѓу тие знамиња.
Исто така, во истата секција на истиот веб сајт, на 12 декември 2012 е објавена вест за планираната изградба на објектите кои треба да го регулираат транспортот на гасот низ Бугарија, чијашто изградба треба да започне во текот на 2013 година. Македонија, очекувано, не е спомната во ниту една од двете вести. http://www.south-stream.info/en/press/news/ ![]() Edited by Dexter26 - 14-Dec-2012 at 21:17 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ако добро се сеќавам од мојот разговор со директорот на МЕР, капацитетот на постоечкиот гасовод може да се зголеми со ваква надградба, но мислам дека ја спомна сумата од некои 20%. Тоа е премалку, ако земеме во предвид дека Куманово целосно ќе се гасифицира, речиси е сигурно дека ќе градиме гасовод до ТЕЦ Неготино која извесно дека ќе прејде во гасна централа, плус Штип и Неготино кои ќе се гасифицираат. Во Скопје е сигурно дека целата индустрија околу град ќе го користи гасот, така што тоа не е трајно решение...
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Кај Петрич? Да не е евентуално кај Перник, бидејќи комбинацијава со Петрич ми делува прилично чудно... Но многу поважно, дали е ова максималната граница до која може да се зголеми капацитетот на постојниот магистрален гасовод? Ако е така, а Македонија не добие нова цефка (без разлика дали таа нова цефка ќе се вика Јужен тек или некако поинаку), тогаш тоа ќе биде големо потфрлање на нашите политичари:
Edited by Cloverstack - 13-Dec-2012 at 16:26 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
abe koga stavreski veli ima znaci ima i tocka i crno da e ako kaze belo znaci belo e
|
||
![]() |
||
oTeget ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
мислам дека има добри шанси за доаѓање на гасот во Македонија,фирми од најмалку две држави пројавиле интерес да градат гасни турбини покрај ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Битола,а како услов нормално е да се доведе прво гасот.
како што имам чуено,фирмите(од кои едната е државна) сакале да го купат цело ЕЛЕМ па да градат гасни турбини,но нашите барале тоа да оди со метод на докапитализација. наводно начелно е договорено за грасните турбини,па живи били па видели |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |